Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.150
    Колку нови се денес?
    40 или 26?
    Колку и да се х3 е бројката.

    Сепак 40.
    Не ни иде памет.
     
    На Peperutce1115, LejlaD, princess5 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.456
    Допаѓања:
    126.950
    Пол:
    Женски
    Вкупно 40 нови,од кои 26 во Скопје.
    Screenshot_20200521-191543_Facebook.jpg Screenshot_20200521-191559_Facebook.jpg
     
    На magnolija09 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Со 40 новозаразени, ако уште ви сметаат мерките, ако не ви се седи дома и ви се шета, ако ви се оди по гости и по кафичи/кафани, тогаш треба стварно да се преиспитате не уште еднаш, туку уште сто пати. Се намали полицискиот час, се отворија молови, толку ви требаше да се опуштите сите. А муслиманите што се прават над законот и не почитуваат мерки, што се собираат ко глутница волци, наместо дома да седат, од нив дополнително уште повеќе коса ми се крева. Кои се тие за нив да не важи полициски час, да не важат мерките за групирање?
    Добро јас глупава ли сум, будала ли сум, што не сум мрднала од дома, што почитувам мерки, што си го чувам здравјето?
    Туѓата негрижа, штом јас седам дома нема да ми влијае, немам опасност да се заразам. Ама тоа што страшно ме иритира и нервира е што наместо да бидеме сите паметни, некои мора да си тераат по свое, па наместо да се стабилизира состојбата и да можеме да се вратиме во нормала, ситуацијата се разгорува. 40 и те како не е ни најмалку наивна бројка.
    И уште сакаат јунска испитна сесија со физичко присуство, не се способни да организираат онлајн полагања, сакаат избори, е тек тогаш кај ќе ни биде крајот. Убаво рече @Dream-Girl дека далеку пострашни бројки ќе имаме на дневно ниво, ако се одржат јунската испитна сесија со физичко присуство и изборите.
    Вие само продолжете да плукате по мерките и кукајте како не ви се седи дома, некои нека си тераат празници и гослуци, па уште долго ќе бидеме далеку од враќање во нормален живот.
     
    На Peperutce1115, senjorita-v, oblace1 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.477
    Допаѓања:
    11.476
    Пол:
    Женски
    Србија пуштаат да влезеш така?
    А кај нас уште важи ако ја напуштиш државава да не се враќаш три месеци? :?:
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.634
    Допаѓања:
    252.630
    Гледам слики од Словенија. Уште се мислам како немаат заболен. Да ви пуштам и од пред 2 недели.
    Моите се дружат оддамна.
    Ни дистанца ни ништо.
    Како, еве не знам.
    И Мекдоналдс отвори.
     
    На LejlaD, vitamina, Lilit и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    За се ова си во право. Но јас мислам дека и за време на полицискиот се групираат, особено младите по викендици.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    На терен да едуцира??
    Ај те молам, да не сакаш конференција да свикаат ,а миење раце и носење маска.
    Кажуваат, зборат на ТВ и тоа постојано.
    Незнам зошто секогаш е некој друг виновен.
    Малку самокритика и осврт врз себе не е лошо.

    Шведска не ја гледајте.Тие и децата во март ги капат во тие нивните ледени мориња за имунитет.Сосема друг свет е тоа.Ете ги си сакаа колективен имунитет па си го добија по нос,.па почнаа да квичат.
     
    На oblace1, g8lQQk, elenaxbbg и 5 други им се допаѓа ова.
  8. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.627
    Пол:
    Женски
    Да не претерувате малку ?
    Идеш на испит во претходно дезинфицирана просторија, со маска, саат време и си одиш, просторијата повторно се дезинфицира.
    Луѓето моментално работат во фабрики и погони, по стотици души внатре, ни дезинфекција ни бутур, ни маски, ни дистанца, па еве ниеден заболен нема ниту пак запечатена фабрика жариште на вирус.
     
    На BloodElf, Ivan4e04, Nigredo Odor и 13 други им се допаѓа ова.
  9. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Кои фабрики се тоа?! Инспекции хараат по фабрики. И маски и визири се носат, дезонфекција се прави.
     
  10. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    32.757
    Пол:
    Женски
    Не претерува. Пред да стигнеш до дезинфицираната просторија треба да се возиш во ЈСП, дел од нас мора и во меѓуградски автобуси. И сите испити не се полагаат еден сат, некои се подолги.
     
    На Peperutce1115, oblace1, Lalalala99919 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.109
    Допаѓања:
    26.989
    @cresa-jagoda најтрагично е пример конкретно на мед.факултет предаваат професори што се доктори и тие се најсилни за физичкото присуство.

    Што знам, пример и да влегуваме по 2-3 со маски и се тоа ќе трае долго време па и дезинфекцијата што одзема време.
    Нема меѓугратски превоз. Тие што немаат кола не знам ни како ќе дојдат, каде ќе престојуваат.
    Тие што се од други држави ич не знам како ќе дојдат, дали треба да се самоизолираат.
    Каша стана со високото образование никој ништо не знае.
     
    На Peperutce1115, glosipgirl, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.399
    Пол:
    Женски
    Бројката на заболени е таа веќе 2ипол месеци, каков пик какви глупости, еден ден имаше 100 и тоа беше пикот?
    Бројката ќе си остане таква секој ден бидејќи не се почитуваат мерките.Секојдневно слушам со маска не можеле да дишат и не може дистанца да одржуваат бидејќи Митра и Перса мора да се бацат кога ќе се видат после 2дена.А и најважното, како барате да седат дома?Значи има фраеришта и препи*ки што мора да искочат за време на полициски час за да стават стори на Инстаграм.Со овој менталитет Корона нема да си оди од нашите животи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    ЕЦДЦ: Европа мора да се подготви за втор бран на вирусот

    - 21 мај, 2020
    Од Макфакс
    [​IMG]
    Европа мора да се подготви за вториот бран на новиот коронавирус, предупреди директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), Андреа Амон во време кога голем број земји започнаа со олеснување на рестриктивните мерки.

    „Прашањето не е дали ќе има втор бран на инфекција, туку кога и до кој степен ќе биде“, рече Амон во интервју за британскиот весник „Гардијан“.

    „Вирусот е околу нас и циркулира повеќе отколку во јануари и февруари“, додаде таа и истакна дека податоците за имунитетот на населението не се охрабрувачки затоа што „85 до 90 проценти“ сè уште се изложени на инфекција со Ковид-19.

    „Не сакам да претставам катастрофална слика, но мислам дека мора да бидеме реални. Сега не е време за целосно опуштање“, додаде таа.

    Европа е континентот кој е најпогоден од пандемијата со близу 2 милиони случаи на инфекција, од кои починале 169.932, претежно во Велика Британија, Италија, Франција и Шпанија, пренесува Франс Прес. Вкупно, на планетата има повеќе од 5 милиони заразени лица, од кои 328.220 починале.

    Центарот за превенција, мала агенција на ЕУ со седиште во Шведска која има советодавна улога во контролирањето на заразните болести, соопшти на почетокот на мај дека почетната фаза на пренесување достигнала врв, со пад на нови случаи во повеќето земји од ЕУ.

    Додека многу европски земји ги укинуваат ограничувањата, Андреа Амон верува дека вториот бран би можел да биде поблаг, доколку луѓето продолжат да ги следат правилата на социјална дистанца.

    „Уморни од ограничувања, особено сега кога има помал број на заболени, луѓето мислат дека е готово. Но, не е“,предупреди таа.

    ©Makfax.com.mk
     
  14. Maslany

    Maslany Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2016
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    127
    Пол:
    Женски
    Се слагам со тоа дека не се почитуваат мерки и дека треба да има пак полициски. Меме само едно не ми е јасно, ете и да немаме заболени од утре пример, што ќе праиме кога ќе се отворат граници, кога ќе почнат одмори. Луѓе ќе идат на одмор, а Србија пример има уште болни, да бројката се намалува ама пак си има заразени секаде. Луѓе ќе се мешаат, пак ќе има новои кластери.

    Врти сучи, нема бегање од вирусов. Мора да се научи да се живее со него до некој лек или вакцина.
     
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.627
    Пол:
    Женски
    Зашто сте вака наивни ?
    Така рекоа на Тв ?
    Имам неколку члена во фамилијата што работат во фабрики и знам каква е ситуацијата.
     
    На Alisa22, buba4e89, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.317
    Допаѓања:
    19.693
    Пол:
    Женски
    Да ти се плукнам во државата во која поединци си тераат како сакаат за нив закон не важи одма бунт ќе кревале ако има полициски, а од кај нив намногу заболени. Како што седевме за велигден 85 часа дома така и за бајрам ќе седиме, неможе они да се заштитени мечки. Закон треба да важи за сите без разлика на националност и вера.
     
    На bicycle, cresa-jagoda, eli25 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Не. Работам во фабрика.
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сега со мајка ми зборев. Комшијата полицаец со колегите правеле журка пред некој ден во полициски час, до полноќ.
    Кој сакате мерки да почитува?
    Државата уште ништо од економските мерки не исплатила, кафичи кои до сега си ги држеа вработените и осигурани и на плата ги одјавиле, во малите места во државата кафичите буквално живуркаат и повеќе служат да има каде да идат луѓето што живеат таму, отколку за печалба. Немаат заштеди што ќе им обозможат со месеци да не работат и да плаќаат персонал.
     
    На Alisa22, princess5, СуперДевојка и 5 други им се допаѓа ова.
  19. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    На канал 5 наводно со помош на амбасадорите се збори да се најде датум за избори едниот е за 5јули а другиот 26јули.
    Дали значи јули ке има избори?
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.150
    Истото е како кај нас.
    Комуницирам со роднини од таму кои се декади веќе таму и се државјани, добро ја знаат структурата.
    Се молчи, зошто Словенија е мала, но значајна земја за регионот. Економските интереси се пред се. Само они од секогаш биле надмени за да признаат шо ги мачи, тоа им е како да капитулираат. И во екс ју еве постарите нека кажат какви биле по однос на сите прашања.

    Кој знае што е се ова...
    Искрено веќе не знам што да мислам.
    Лок даун е мерка зошто го минимизира моментот да се собираат луѓето. А ние не сме луѓе кои треба да бидат пуштени, немаме совест.
    Сите влијателни фацки со соц.медиуми што викаа седи дома - се дружат, залепени едни до други. Госпожа Миа е една од тие.
     
    На Peperutce1115, oblace1, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.