Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.296
    Допаѓања:
    158.154
    Знаете кого го утепува стресот од седење дома?
    Тој што ден нема работено на себе. И бега од себе. Оти кога си дома, повеќе си фокусиран да размислуваш на некои теми кои ги избегнуваш.
    Мене ми фали само на работа се да ми е во континуитет, да си ги видам сите колеги.
    Инаку... одлично ми е.
    Читам, гледам филмови, се дружам на фб, си следам бесплатни курсеви. Со другарките комуницирам повеќе од било кога. И! Исончана сум од седење надвор на сонце - сами, ние двајца, не се мешаме. Да, да... и тоа работам од 8 до 4, некогаш и до 5-6.
    И тоа...имам сериозни причини за грижа што треба дома да полудувам. Кога велам сериозни, стварно се сериозни.

    Извинете ама си воља се се издржува.
     
    На Mishela, Annath, rainbowmama и 30 други им се допаѓа ова.
  2. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    42.020
    Пол:
    Женски
    Па ај да не носиме маски, да си продолжиме нормално и да го жртвуваме пола население само зошто треба да дојдеме во контакт со вирусот што побргу и ни се здосадило вака.
    Мерките се баш во согласност со опасноста и тоа баш поради вакви мислења. Шетајте и не носете маски, ама после не плачете ако не дај боже ви дојде до глава.
     
    На Peperutce1115, Purplelilac, oblace1 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Повеќе од ова не можам да се согласам.
    Денес на работа баш зборевме, време е да почнеме со најтешките да работиме, зборам се' друго освен корона. Веќе има услови за бар на нив да се посветиме.
    Не, не треба фул да се работи како претходно, тежок заеб ќе си направиме.

    Сфаќам дека ви е досадно, ама... ама не, не може да жртвуваме луѓе.
    Наместо да барате слободен живот, кој ох, сите го сакаме, барајте државата која МОЖЕ да помогне - тоа и да го направи.
    За погрешни работи протестирате.
    И еден ден дојдете, онака, чисто да се уверите, колку вирусот не е страшен и опасен.
    Оти ќе речеме само болни... ама, АМА, болни сме сите бе дечки.
    Освен ако сте студенти, или ептен млади, па можда сте супер со здравје.
    Ама многу не се, премногу не се.

    И овие бројки се СТРАШНИ.

    Ни се имам видено со некој, ни ќе се видам. А нели, “ми се може“ оти мојов административен газ има слобода да се шета. Со никој жив се немам видено. Со ни една другарка. Не оти не ми фалат.
    Туку оти моето, нивното здравје и здравјето на нашите родители, баби, дедовци е поважно од нашиот социјален живот.

    Сестра ми има 16 години, години кога дружба живот значи. Секој ден има часови, проекти, физичко час им држат и вежбаат. Ѝ фалат другарите, ептен. Ѝ фали шетање. Младост и детство дома губи.

    Па таа е посвесна од еден куп повозрасни и млади луѓе.

    Не, вирусот нема да си замине. Ама да им дадеме време да смислат лек, барем толку одговорни можеме да бидеме. Или не можеме?

    Можете во што сакате да верувате и да не верувате, само искрено, еден ден поминете со сестрине како космонаути кои по 8 часа не мочаат пошто прилично е тешко да се соблечеш и облечеш, не јадат... и истовремено на куп се занимаваат со скршеници, слепи црева, психијатриски болни, херпеси... на кои сите заедничко им е ковид.

    Вашето минимизирање на сериозноста, која ви прети и на вас, да, баш најбуквално, не е хумана. Едноставно така.

    И не, не сум за лок даун, уште пред два ипол месеци тоа го кажав - ни сметам дека некои мерки треба да постојат, ама дека се однесуваат многу луѓе како на распуст... и тоа е вистина. Прозорот ми гледа на булевар, па во секое време групи шетаат.

    И имам пријатели по фабрики, не знам кај вие работите, ама дека немале опрема и дека немало никакво пазење... ни еден такво нешто не кажува.

    Откази има, и ќе има, и тоа е нешто со кое ќе треба да се справуваме, пошто ни тоа не е мала работа.
    АМА за тоа можеме да протестираме, да се буниме, да гаѓаме со јајца пошто живееме во нели социјална држава.

    АМА, пак, за отиден живот, нема назад.

    И не, мојот административен газ не ми овозможува убав живот.
    Приватниот сектор во кој мојата фамилија работи ми овозможува.
    Сите тие сега страдаат, а поради тоа и мојот комфор и лагоден живот страда.
    И работодавачот по дома ноќе не спие за да најде пари и работа за да не отпушти ни еден.

    Најјаки сте на тастатура.
    Јас мислам дека треба една “екскурзија“ низ инфективна, да видите колку вирус како вирус е во прашање.
     
    На NarCis@, Mishela, Annath и 30 други им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.248
    Допаѓања:
    56.990
    Пол:
    Женски
    Од оние што се убедени дека измислуваат бројки за некакви политички цели :D уште понесфатливи ми се овие семе синапово мислења.
    Секој ден по десет пати на две-три теми истото го пишуваш.
    Позитива, пеперутки, виножита и еднорози, животот оди напред. |(

    И маските сега ти пречат. (facepalm) Што предлагаш еве кажи? Да нема никакви мерки?
    Ај те молам опиши ми го твојот ден денес, чисто да знам како и зошто си била ограничена. Не можеш со сите другарки да се извидиш и да се журкате во клуб? Не знам еве, најтажната виолина на светот нека свири за трагедијата, имунитетот ќе ти падне од стрес.

    Земи таа исфорсирана позитива насочи ја кон нешто продуктивно.

    И никој не ве тера да седите дома цело време. Ни еднаш не рекоа да не излегувате од дома.
     
    На NarCis@, Mishela, Lianna Anna и 16 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.596
    Пол:
    Женски
    Венето беше првото жариште на вирусот после жариштето во кодоњо, кога цел свет немаше појма за корона вирус.
    Сега прочитав и сум горда и среќна дека од едно од најголемите жаришта се претвори во 0 новозаразени на ден.

    Наместо ова да им дадеше воља на народот да продолжат ригорозно односно да пазат најмногу што можат ама ете.
    Искрено се плашам за едно недела дена што ќе се случи.
     
    На Ambitious, green.eyes, senjorita-v и 9 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Да, апсолутно можете да излезете.
    Природа, фала Богу, колку сакате има во Македонија.

    Има начини, не е лесно, ама има.

    Ни мене дома затворена не ми се седи.
    Со сестра ми сме нон стоп во блиската шума.
    Те со куче, те сами... воздух фаќа, и одма мозок се разбиструва.

    Ако седите 24/7 затворени пред монитор, не, нема да ви е ич лесно.
    Маска ви треба само во затворен простор, и отворен, кај што нема место, на пример пазар.

    За во парк, во шума, не ви треба.

    Ви треба само волја и одговорност, према себе и према другите.
    Ништо повеќе.

    А во однос на студентите... дечки, знам што значи факс.
    Ама у реду е, верувајте ќе завршите. Макар семестар, година покасно.
    Нема незавршени да останете, освен ако не ви се одучи, секако.
     
    На NarCis@, Annath, Peperutce1115 и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Како седењето дома го утепува имунитетот? Мислиш излегувањето после 7 навечер е клучно за имунитетот? Пошо пред тоа си слободна цел ден да шеташ. За шуми (кај што се јача имунитет) маска не ти треба.
     
    На NarCis@, Alisa22, Mishela и 7 други им се допаѓа ова.
  8. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Да така е, но и многу стерилност не е баш во корист на имунитетот. Не сум против носење маски, не знам кај го видовте тоа... оправдувам само во затворен простор, во гужва. Поминувам многу време во природа и на сонце, без тоа не можам. Сфаќам да се избегнуваат гужви, но верувајте, уште има луѓе што се плашат да излегуваат надвор дури и во природа, дури и сами, и затоа сум против ширење на паника како радијација да има надвор.
    Надвор никако маска, многу пати е кажано и зошто, да не се повторувам пак. Зборот ми е, и толку пазење и избегнување на контакти може да е контрапродуктивно.
     
    На lovestoneddd и An-na им се допаѓа ова.
  9. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Миење раце е многу стерилност? Пошо тоа се препораките. Не дека не те разбирам, не го романтизираме карантинот. Ама ете гледај се со колку можеш луѓе најмалку. На дистанца, со маска.
     
    На Peperutce1115, cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  10. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.456
    Допаѓања:
    126.962
    Пол:
    Женски
    @prominent
    Кој имунитет?
    Нема имунитет.Нема доволно антитела кои го неутрализираат вирусот.
    Земји пријавуваат дека некои лица станале повторно позитивни.
    Вакцината не е готова.И кога ќе биде,може нема да придонесе за добивање имунитет.
    Еве,многу луѓе често прележуваат сезонски грип,па и вакцина примаат и џабе е кога пак фаќаат.
    И за овој вирус ништо не е 100% сигурно.
    Што имаш против маски?
    И маски мора и на отворено каде нема можност да се држи дистанца од 2 метра.
    Астма,бронхит,алергии имаш ли?
    А,ние што ги имаме овие болести како трпиме и ги носиме?
    Сакаш сите да се разболат,сакаш да останеме без медицински персонал?
    Сакаш поголеми шанси да го донесеш вирусот дома?
    Сакаш некој да умре за да можеш да шеташ по цел ден?
    Нечие дете,нечиј родител...
    Малку ли ти е движење од 5 до 19 часот?
     
    На rainbowmama, Peperutce1115, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Има разлика помеѓу миење раце и компулсивно миење раце.
     
    На poenta и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  13. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.092
    Пол:
    Женски
    Ама ако сакаш можеш да не миеш, никој не казнува за тоа, ако тоа ти пречи и ти ствара стрес не миј компулсивно.
     
    На Peperutce1115, emiliana и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  14. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Со носењето маски се намалува уште толку имунитетот и има огромни шанси за втор бран. Значи немојте луѓе, не знам колку сте информирани во врска со се, ама ова е се плански значи има многу задни намери ова со Коронава, предизвикана намерно....
     
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.456
    Допаѓања:
    126.962
    Пол:
    Женски
    За тоа дека е можеби намерно предизвикан се сложувам,ама во услови кога нема имунитет не е во ред да се дозволи поголемиот дел од или целото население да се разболи.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Некои ќе се разболат, ама многу можат да се заштитат, ако се потрудиме да го појачаме имунитетот, секој за себе. ЗОШТО никаде ама баш никаде не се спомнува тоа да се потрудиме да го зајакнеме нашиот имунитет, нека даваат совети како да го постигнеме тоа. Сите знаеме за природни сокови од лимон и портокал, но ајде што би кажал ФИЛИПЧЕ и ред други што би можеле уште да направиме....
     
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Мала дигресија на темава.

    Дали знаете дека уште за време на Шпанскиот грип Властите во Америка се обиделе да ги употребат сличниве методи против ширење?
    На населението им билe давани препораки да седат дома, а доколку имаат заболен никако не смееле да го носат во болница, смееле само ако пројавел симптоми карактеристични на грипот, ако "посини".

    А, еве ви уште еден интересен ,,историски" извадок од култен црно - бел класик, 1920 година.
    Прочитајте ги упатствата за справување против "вампирската чума". Истите совети, истите мерки, кратко и јасно срочени!!! Доаѓа им ги соопштува гласноговорникот во дадената сцена.
    Скроз ми беше mindblown моментот кога го видов ова, најсериозно.

    mayor.png



    Инаку, уште по шокантно е тоа како помина речиси еден век, а човештвото никогаш не ја научи лекцијата. Никогаш не ја разбра суштината на сопствената демократија. (n)
     
    Последна измена: 21 мај 2020
    На emiliana, senjorita-v, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Ама види, има луѓе што живеат со параноја, не им требаше вирус за да биде така.
    Стерилност нема, валкајте се во земја и лежете на трева (ок, не баш денес на дождов) ок е.

    Мијте раце. Не мора кожа да извадите. Кога сте во маркет, аптека, пазар... носете маска.
    Кога ќе излезете на тротоар, ако нема гужва, извадете ја.

    Не е толку комплицирано.
     
    На NarCis@, Bunny2, Peperutce1115 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Ама каков црн Филипче.
    Сериозно доживеавте adulthood без Филипче (или кој и да е) да ви кажува како да се грижите за себе?

    Имунитет се јача со храна, ако имате дефицит на витамин некој се пијат суплементи.

    Млади сте, прави сте, не ви треба посебна програма на исхрана за да останете такви. Вашиот имун систем добро си ја работи работата, затоа млади не умираат туку така, не од корона, него од што било.

    На вас нема ништо да ви стане со пазење, ама на тие млади кои примаат пример имуносупресивна терапија, имаат и доктори кои ги следат и внимаваат на нив.
     
    На LejlaD, rainbowmama, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Јас може знам како, може еве некој не знае. Ама муабетот повеќе ми беше, како што тупат цело време за маскиве и дистанцава, оти не тупат и со имунитетот?