Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.457
    Допаѓања:
    126.967
    Пол:
    Женски
    Подобро е да минимизираш шанси да заразиш некој со тоа што ќе носиш маска и ќе држиш дистанца,отколку да си без осет и да дозволиш капките од тебе да завршат на некој друг.
     
    На Angie1432, emiliana, HaleemO и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Луѓето се секаде неодговорни, не само во Македонија.
    И?
    Каков изговор е тоа?

    Пред да се пренемагате колку е некој свет, еден совет вака - тргнете си од себе, кои сте вие и што правите.

    Ме заболе Трпана што прави и како живее. Ако Трпана смета дека треба да да иде на спиење кај другарка и', дали и јас треба?

    И ова - амааааааа сите така прават, можам од средношколец да го очекувам.
    Од возрасни луѓе - не.

    И да, многу мои другари се утепаа од дружење. После прпче, кога едниот се разболе. Среќа не од корона.
    Ако тој самиот не е свесен дека живее со баба и дедо скоро 90 годишни, не мора и јас да не бидам свесна.

    Мислам, какви работи прочитав овде, што може проблем да ви биде, не знам, баш се разочарав пошто посебно младиве сегде ве бранам како добар пример, паметни, прогресивни, критичка маса во општество што и треба да бидете.
    Ама дека најголем проблем на некои им беа фармерки, извинете ама... не сте мали деца.

    Одете, купете, можете.
    Ама не го претставувајте тоа како круцијален проблем во вашиот живот.
    Сериозно, кешки да ми беа проблем фармерки. Не мене, него на огромен дел од луѓево.

    Закопуваш 50 годишен човек, ах да, болен (божем ако е болен, поише среќа следен пат, овој пат, јбг) и истовремено викаш ај да се навикнеме. Ок, не е татко ти, ама може да биде, како да ти кажам. Оти па 50 години не се старост.

    Иначе у болни спаѓаат и децана на онкологија, не знам дали знаете. Ама, шо бе, природна селекција.

    Сериозно, преиспитајте се.

    Вас нема да ве убие и ви е досадно, и сосема легитимно е да се плашите за работа и плата. И сум за делумно работење, со ограничувања. Ама дека треба да се стрчаме во "нормала"... извинете, вашите потреби од образование, социјален живот, фармерки, се далеку пониско од потребата некој жив да остане.
     
    На anggell, smooch, senjorita-v и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.259
    Допаѓања:
    181.685
    Јас за фармерките се зезав, ама некому се потреба. Луѓе се здебелиле, деца растат преку ноќ. Ама не е тоа тема.
    Тоа што можеби е тема е дали за поинаков вирус зборуваме во МК или за што. Затоа што ЕУ беше затворена, имавме сите свој пик, и тргнавме со отворање. Тоа ретко значи дека нема нови случаи. Кога 30 кога 60 кога 90. Ама се отворивме. Се направил кластер во фабрика, стотина инфицирани досега. Фабриката продолжува да работи. Сите биле без симптоми, некој рандом имал лесна клиничка слика. Училиштето го отвориле, на прв регистриран случај го затвориле. Што е правилно, што не е? Важно на весници го тргнаа ковид од хедлајн. Ќе живееме некоја нова нормалност. Кој со страв, кој без страв. Тоа е.

    Не можам да го тргнам пикот на МК, нека стои
     

    Прикачени фајлови:

  4. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Прв пат после којзнае колку време да прочитам нешто толку разумно и приземно во темава.
    После минимизирања на смрт на 300 000 луѓе и 5 милиони заразени, повеќе од потребно ми беше да се потсетам дека не е време да заборавиме на се' она кое го почитувавме на почетокот.
    Не верувам дека ќе има ефект на оние кои живеат во поинаков свет а од кои има и такви кои не веруваат во постоењето на вирусот, а пишуваат на темава (поголема иронија мислам дека нема).
    Но секоја чест на трпението кое го имате вие неколку разумни членки кои се броите на прсти да објаснувате на луѓе кои живеат во негација на реалноста.
    Јас кренав раце, но задоволство е да прочитам нешто паметно.
     
    На Angie1432, rainbowmama, Peperutce1115 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Ни "Европа" нема ништо унифицирано, од начин на тестирање, до начин на броење на тестови, до начин на броење умрени, до начин на превенција и начин на лечење.
    Кога било која држава ќе најде систем кој е успешен, а под тоа не подразбирам колективен имунитет пошто тоа е се', ама нема допира точка со расудување на свесни битија, која може да превенира смрт, која ќе најде начин да функционира скроз нормално - ок.
    Ама до тогаш, сите сме во лајново, и ние, и Германци, и Швеѓани.
    И сеедно ми е дали Швеѓаните одбрале да чекаат колективен имунитет, или Србите одбрале да прават полициски час, ме интересира успех на нивните мерки.

    До моментов, нема земја која може да се пофали со таков успех, притоа отварајќи граници и живеејќи најнормално.
     
    На senjorita-v, Peperutce1115, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Некој, како јас на пример, е со еден куфер алишта што ги спакував во февруари. Тоа е сѐ што имам со себе. :D
    Не планирав да заглавам.
     
    На senjorita-v и fana им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Можеш да купиш де.
    Физички, онлајн... како ти е поарно.
    Ама апсолутно не е тоа толкав проблем колку што се разглабаше дека е.
     
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Јас можам и да не мислам, и 100 евра да дадам за едни фармерки и око да не ми трепне. Во ни еден момент не ме фати паника дека немам облека.
    Нема да навлегувам во дискусии какво било, зошто било и што било. Грото ги гледаш мерките од ново на привилегирана средна класа, затоа ти е лесно да кажеш дека купување не е проблем.
    Да, јас може да купам нешто што ќе го носам сега и ќе заборавам на него, огромен дел од населението не може.
    И да не редам сѐ по ред.
     
  9. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.038
    Допаѓања:
    14.526
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање, дали може лица од 4 различни фамилии да се возат во ист автомобил? :)
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.259
    Допаѓања:
    181.685
    Не реков дека некој живее најнормално. Мислам дека сите живееме, као демек нормално, ама...

    Сепак, да се потсетиме- што значи успех во справувањето? На почетокот ја постирав, дали овде или во некоја друга тема, идејата зад рестриктивните мерки. Целта беше израмнување на кривата
    upload_2020-5-22_2-8-41.png
    Израмнување на кривата, значи да се спречи ерупција на инфицирани во пандемија, за да не крахира здравствениот систем. Здравствените системи не крахираа во повеќето земји, да речеме дека рестриктивните мерки, вродија со плод. Ама тоа не значи дека пандемијата завршила. Ниту завршила ниту ќе заврши (освен во некои островски земји, што биле среќни да имаат едноцифрен број на инфицирани). Значи здравствениот систем не крахирал, епидемијата е под контрола, сега треба да се спаси економскиот систем, оти сакале или не, од економијата го вадиме лебот. А и тој, спасениот здравствен систем, треба да се рестарира, за да им помогне на оние заради кои постои.
    Како понатаму, ќе видиме.
     
    На 1209, CameliaMiller, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  11. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.967
    Допаѓања:
    34.601
    Пол:
    Женски
    Со маски
     
    На Anie93 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.038
    Допаѓања:
    14.526
    Пол:
    Женски
    Каде може да се прочита официјално инфо знаеш ли?:)
     
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Оли не е „крив“, а бара избори во сред пандемија.
     
  14. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.967
    Допаѓања:
    34.601
    Пол:
    Женски
    Страната на Венко Филипче.... претпоставувам и на Владата...
    Некаде крај на април кога воведоа задолжително носење маски ...
     
    На cresa-jagoda и Anie93 им се допаѓа ова.
  15. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Не реков никаде дека не е проблем.
    Ама ако мериме колкав проблем е, просто немерливо е со една закана од која назад нема.

    Ништо против полека одење.
    Внимателно.
    Многу против избрзани одлуки.

    Реков пред некој ден ич ништо не им верувам?
    Уште ич ништо не им верувам.
    Ама гледам пред мене отпусти на умрени.
    Тоа е скроз опипливо, скроз аполитично и скроз финално.

    И под земја... сите сме исти.
     
  16. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Самите органи во Шведска си кажаа дека тестовите со антитела не се никаков показател што треба да се сфати ко апсолутна вистина пред се’ затоа што сеуште нема доволно добри тестови што даваат прецизни податоци. Повеќе беше направено како проект да се види што воопшто ќе покаже. Направени 1000 тестови на град со повеќе од 2 милиони жители не е баш меродавно :) Тие 750000 заболени ги имаа пресметано како потенцијално заболени а нетестирани врз основа на потврден број на заразени колку би можеле да заразат. Ова заради тоа што во пикот што они сметаат дека бил околу 15 Април кога имало најмногу заразени дневно, на секој потврден заразен имало потенцијални 75 непотврдени заразени. Секако и да биле стварно толку многу, кај многу мал дел од нив, поточно минимален, би се развил имунитет.


    @referentka , во сите скандинавски земји јачаат имунитет со бањање во ладните мориња и езера преку цела година, и во Јануари кога е -20. И за чудо, здрави се после потфатот :) Далеку од тоа дека само Швеѓаните прават така.
     
    На LejlaD, Biljarkata, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    @green.eyes муабетот ми беше дека секогаш сакаме да се рамниме со некого на кого не сме му ни до колена.
    Друг народ е тоа, друг ачин на живот, друго поднебје.
     
    На cresa-jagoda и green.eyes им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Вчера прочитав интересен податок.
    До сега од короната починале нешто повеќе од 350.000 луѓе.
    Секој ден во светот, во просек, починуваат по 150.000 луѓе.
     
    На P.S.love, BloodElf, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Смешното во темава е што луѓе кои се застапуваат за полициски час, локдаун и сл., кои морализираат фармерки vs храна, едното не мораш, другото мораш во пандемија, да им прочепкаш во секојдневието ќевидиш декаимале повеќе "ризични" и непромислени активности во време на пандемија (и за себе и за околината), одошто луѓе кои се против локдаун, полициски час и сл. и кои бараат друг начин да се заштитиме. Но ајде. Заради едни да се херои други негативци нек тече филмот. :D
    Истиот што го зборев пред некој ден #седи дома, бла, бла, кој се сликаше на маса до недоглед пошо е празник, вчера говор у статус имаше дека сите треба да се совесни и да не шетаат по гости оти може да заразат некој.
     
    На BloodElf, senjorita-v, christinnn и 9 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    D67F9264-8BDE-4D8C-A2D0-F54ACC9EBDE3.jpeg
     
    На BloodElf, christinnn, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.