Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    @WildMk чергата гледај ја.
    Остави го светот и светски статистики.
    Ако следиме глобално ниво , тогаш да глобализираме во секој поглед а не само каде има тесно грло.
    Каде биле докторите.
    Има доктори,.секоја генерација излегуваат најмалку 400 доктори и специјализанти.
    Не сите одат надвор.
    Приватно си работат.
    Имаат свои бизниси кои не се поврзани со медицина, знам такви.

    И да, короната не е помината.

    Допрва доаѓа.
    На отприлика 5 јуни ќе видите резултат.
     
    На Alishan30 и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Па чергата си ја гледам, затоа пишувам.
    На таа черга на која зависам од функционалноста на здравствениот систем лежам.
    Здравјето и животот ми зависат од тоа.

    Во глобална (и локална) статистика, спаѓаме и јас и ти.

    И ако вам ви е во ред да мора да фаќаме врски за преглед, мене не ми е.

    Едит: Немаме сите пари за приватно да се лекуваме.
    Едит2: Ете идеја.
    Оти не ги отповикаат и приватните доктори да работат во служба на државното здравство?
     
    На christinnn и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    Во глоб-статистиката ние сме МРВКА.
    Не не сметај за многу важни во покренување на глобална статистика.

    Врски за на лекар...
    Го имало и ќе го има.И го има секаде,.само што надвор од тука најважни се парите...а не влијателноста во политичкиот систем.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ако си во држава која мора да фаќа врски за преглед, тогаш да ескалираше ситуацијата без контрола, ќе фаќаше врски за живеачка.
     
    На Stellata, CameliaMiller, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Аха... треба да се помириме со нефункционалноста на системот...
    Ок.. ако ти можеш.
    Јас сакам да оставам поубав свет за ќерка ми.

    Се согласувам.
    Затоа велам дека решението треба да е некаде измеѓу ова и она претходно.
     
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.713
    Допаѓања:
    35.678
    Пол:
    Женски
    Пошто запнавте за продавниците и облеката... кажи ми еден заболен од маркет еве, не мора од продавница за облека? Еден?
    А што се однесува до патетичниве изјави од типот: ми донесоа пациент едвај жив... |( Знаеш колку многу ги има такви и без корона? Колку допрва ќе бидат во уште полоша и безизлезна состојба благодарајќи на коронава? Колкумина (меѓу кои и јас) имаат потреба од контролни прегледи и на кои треба да им се следи состојбата, ама ете короната е побитна? И на крај, мене или на некој друг може толку да ни се влоши состојбата што ќе бидеме жртви на короната, а не од неа?! Аман!!! Ја направивте чума на 21 век! Ниту смртноста е толкава како што не убедуваа на почетокот, ниту пак здравството ќе биде преоптеретено дури и 5 пати повеќе заболени да имаме! Требаше правилно да се распоредат здравствените ресурси, а не се да биде во служба на короната, а другиве како им даде господ!
    И за крај... ниту една срцепарателна или хорор слика од Инфективна не може да ме потресе толку како сликата кога моето дете лежеше таму, така што, после тоа се ми е чил... И друго... никакви срцепарателни или хорор приказни, казни или не знам што нема да ме натераат да се чувам и пазам, колку што може да ме натера потребата да бидам здрава и силна за своето дете! Аман, значи аман, претеравте со мешање во туѓиот живот и навлегување кој, зошто и како?! Секој треба да се грижи за себе. Ти ако си одговорна и се пазиш ти гарантирам дека нема да заболиш. Е сега, ако ”неодоговрниве" ти сметаат затоа што заради нив нема да можеш на одмор да одиш, што да ти кажам :D Ај да ги затвориме ако не! И јас сакам да одам на одмор, да не мислиш ти паметувам тука, ама не можам до бескрај да разглабам за другите и да очекувам сите исто да се однесуваат или размислуваат како мене. Патем, вчера на Референтка и спомнав, едукацијата кај нас потфрли. Страшно сме мизерни на тоа поле.
    И за крај, ниту една срцепаретелна приказна или слика на заболен од корона нема да ме потресе толку колку што ме потресоа сликите кои лично ги видов на деца заболени од канцер или приказната на една жена (сега почината, за жал) за темнината и тишината на Онкологија :( Али еј, коронава е нај, нај, пренајбитна!!!
     
    Последна измена: 22 мај 2020
    На BloodElf, Nausicaa, Bunny2 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    Коа ќе бидеш ти на чело со твојата партија, ќе оставиш како што ти сметаш.
    Ама за жал...
    Гледам,.се бунеле па карванот одел.
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Тоа е проблемот.
    Што се' гледате низ призма на партија.
    Политичка е секоја одлука која ја носите во денот.

    Граѓански активизам ... тешко се учи... очигледно.

    Политика не е исто со партија!
     
    На Annath, referentka и Ahoy им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Ти па со ова чаталењево ради припадност на партија...олади малку, барем да не е толку очигледно. Врвел караванот, многу длабоко.
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Толкав пост за да сфатиме дека твојата болест (веројатно си имаш една терапија што долго време ја примаш и веројатно истата ќе ти ја препишат и сега, ама си пропуштила термин за контрола па сега драми дека готово, крај е со тебе) и твоето дете се најбитни. Тие деца заболени од канцер за кои ти многу потресена си, не се оставени на милост и немилост заради коронава, туку први ќе страдаат заради такви како тебе.
     
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Ок.
    Стварно конструктивни решенија во моментов.
    Муабетот Вајлдке тука ни' завршува.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Сите се оставени на 'милост и немилост'.
    И за карциноми не оперираат...
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Шо му фали на идејата приватните болници да се пренаменат во болници чии трошоци ќе покрива државата и нема да наплаќаат додатно, додека трае пандемијата?
    Што и' фали на идејата да се отповикаат приватните доктори да работат во државно здравство, за да не фали толку кадар?

    Има начини.. сигурно и милион попаметни од овие, пошто има милион пати попаметни луѓе од мене.
    Ама најлесно е да се оди по линија на помал отпор... очигледно...
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.086
    Допаѓања:
    269.024
    Дали знам колку ги има?
    Сигурно повеќе знам од некој што не работи со нив.
    Помалку знам од некој што работи на ургентен пример.

    Од контролен преглед имам потреба и јас, па никому ништо.
    Добивам терапија и без спец. извештај.
     
  15. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Во други држави со години се чека на операција, месеци за термин за преглед па нема статистика која вели дека умираат по дома затоа што не им е пружена медицинска помош, напротив, се вбројуваат во држави со најдобар здравствен систем. Знам како е во Мк, научени денес те заболува утре веќе си кај докторот.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Аааа... па ко така, ти треба да се буниш таму каде што живееш.
    Не знам шо чекаш? :lol:
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Не се бунам, видов дека (замисли) ако не отидам уште утре на преглед не било толку страшно :o
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Можеби за тебе и твојата конкретна состојба.
    Ама тоа е анегдотален доказ, не статистички.
     
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Си имаат систем, не како ќе им текне или според расположливост на кревети чиниш хотел е, има или нема соба. Знаат што е приоритет а што може да почека.
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Море сонце мое.
    Оптималноста на системот е направена врз база на пресметките за профит.
    Не врз база на зачувување на општото здравје на граѓаните.

    Се' може да се подобри.
    Секаде.

    Ако не размислувавме на подобрување, сеуште во пештери ќе живеевме.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.