Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    Драмсли ефект при памдемија:worried:
    Каде оние кои биле во контакт се во изолација и чекаат(facepalm).
    Драмски е , нема што:nod:.
    Слепо црево е заразно?
    И не е фатален вирусов.
    Никој не го спомнал, незнам ни дали постои.:|
     
  2. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Сега чув дека дури во 17.00 ќе има седница на влада на која ќе расправаат за тоа каков ќе биде продолжениот викенд.
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Не би било воопшто трагично да биле во самоизолација, штом се знаело дека е од ЕБР заразен и биле во контакт со него.
    Чим се знае од кого се заразиле, ич не би требало да има трагедии. Тоа е најдобро можно сценарио.
    Ама јок, што е тоа самоизолација?
     
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.643
    Допаѓања:
    252.697
    Ако не плачеме по форум, не значи дека немаме маки.
    Многу поголеми од скршен колк.
    Ама не вреѓам овде членови и не прозивам дали некој имал врски или не.
    Со сериозни дијагнози и одложени испитувања и контроли не плукам кај стигнам. За жал засегната сум, и овде и во странство.
    Короната многу повеќе од тебе ми го комплицира животот, верувај.
     
    На CameliaMiller, *Amethyst* и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.265
    Не прозиваш за врски оти фаќаш врски.
    Башка... не ти смета фаќањето врски.
    Задоволна си да е вака како што е.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.510
    Допаѓања:
    114.013
    Пол:
    Женски
    Во последните 24 часа регистрирани се 23 нови случаи на заболени од Ковид-19.

    Резултатот е добиен по изработени 702 тестови.

    По градови: Скопје – 12, Куманово – 4, Tетово – 4, Прилеп – 2, Неготино – 1.

    Со ова вкупниот број позитивни тестови во земјава достигна 1921.

    Истовремено, 9 пациенти се излекувани, а не е регистриран ниту еден смртен случај.
     
    На Bunny2, emiliana, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.260
    Допаѓања:
    181.689
    Ама сега може ти да си играш со стилски фигури колку сакаш. Нит реков нит ќе речам дека вирус не постои, ама многу, веќе премногу реклама му правите.
    Самата пандемија е со драмски ефект. Кој дефинира што е битно? Еве, во моментов дупло повеќе фатални исходи има од Сида отколку од Ковид. Заразно е. Зошто нема пандемија? Зошто нема вакцина? Зошто нема сексуална едукација?
    Толку е тешко да се одберат вистински зборови? Не се потенцијални жртви, потенцијални инфицирани можеби, ама тоа не ги прави жртви. Ќе си поседат дома и ќе им помине. По дефиниција не се ризична категорија.
     
    На *Amethyst*, lovestoneddd и christinnn им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.549
    Допаѓања:
    39.531
    Пол:
    Машки
    Ова е ок бројка според бројот на тестирани.
     
    На Bunny2, fana и WildMk им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Зависи, колку од тие тестови биле од скринингот?
    Од скринингот до сега само 2 позитивни излегоа, инаку стандард се негативни.
     
    На cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    365 теста се од скринингот, пак доаѓаме горе доле на истиот процент на заболени, нема тенденција да се намалува..
     
    На cresa-jagoda, oblace1 и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на ковид-19. - Скопје 12
    - Куманово 4
    - Прилеп 2
    - Тетово 4
    - Неготино 1

    Направените 702 теста. Досега во земјата се направени вкупно 24018 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.
    Во ГОБ „8 септември“ утрово почина 47 годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид, а потврден позитивен денеска.
    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти. - Скопје 3
    - Прилеп 1
    - Струга 1
    - Велес 3 - Кочани 1

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.

    [​IMG]
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Уау, уште еден посмртно дијагностициран, и тоа со симптоми, на променет алгоритам не се тестирал пред прием во болницата.
    Да, да, исто се справува Македонија како другите држави.
     
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.510
    Допаѓања:
    114.013
    Пол:
    Женски
    Ако. Нели цело време се пишуваше: малку тестирани - малку заболени. Ко божем требаше од улица да мкнат луѓе за да има многу тестови. Еве овие од градинките нека бидат тие кои ќе ја билдаат бројката на направени тестови :)
     
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.733
    Допаѓања:
    322.892
    А зошто не-скрининг на население.
    Секој Градоначалник со екипи на свои жители.
    Па шалтери -општо СЕ што е шалтер , од кофи ту гоу до институции и банки.
     
    На cresa-jagoda и oblace1 им се допаѓа ова.
  15. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Машки
    Ма бројките у принцип не ми значат многу Фанке, знаеме дека е можно да подлежат на манипулации. Да ти кажам право веќе не верувам на никого.
     
    На zhap4e и fana им се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Искрено ни јас не верувам во бројките колку сакаат сега нека прават скрининг,све е веке калкулирање само поради една причина а тоа се ИЗБОРИ!
     
    На kikin и fana им се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    60.894
    Пол:
    Женски
    Другар едно е аерокапково пренесување на вирус, друго е преку крв. ХИВ е далеку, далеку полош вирус од корона ама има една разлика, а тоа е не можеш да го закачиш толку лесно колку што можеш коронава. За ХИВ ти треба инфицирана крв која најчесто се пренесува преку незаштитен секс, преку користење на исти игли или евентуално кај луѓе на дијализа што се. Корона можеш да фатиш доколку некој кивне или се искашла во тебе. Со ХИВ позитивен можеш да се гушкаш, да лежиш во ист кревет ништо нема да ти биде. Од корона не е тоа така.

    Дијаметрално различни се, а инаку да се слагам дека мора уште многу да се зборува за истиот затоа што постои стигма околу него. Иако нема лек и вакцина која ќе го отстранат од телото, има толку усовршени лекарства што го прават малтене недетектибилен во крв, па мислам дека има случаи каде со моногамни партнери можат дури и заштитата да ја укинат. Има лек каде мајка може толку многу да го спушти нивото на ХИВ за да не се пренесе на своето дете. Друг пат за тоа ќе правиме повеќе муабет.

    Вакцина нема затоа што премногу брзо мутира самиот вирус, имам многу да кажам за тоа, ќе си се префрлиме во соодветна тема.

    Гледам и за СЗО сте искоментирале. Според мене најголема грешка им беше таа првична информација дека маски не штитат и не треба да се носат. Сфаќам зошто го направија тоа, затоа што маска немаше никаде буквално и народов да не почне да се убива меѓу себе од паника. Памтам коа беа првите случаи таму почеток на Фебруари колку беа сите испаничени дека маски нема нигде. Ама можеа да речат дека устата и носот може да се покријат со марама, некако поинаку да го изведеа сето тоа. Вака има само народ кој го слушна тоа не носете маски, па носете, па пак не носете, па носете и се изгуби сиот кредибилитет.

    Јас уште си стојам на моето дека маската е најдобар начин за заштита сега. И си ја носам, си се навикнав со неа, си пазарам со маска, си плаќам сметки со неа, како дел од облеката ми е. Ако тргнам од старт дека ќе ме нервира навистина ќе ме нервира. Вака не ја ни перцепирам.

    Носете луѓе коа се мешате со народ, досега сите инфективни болести сите доктори со маска на себе ги прегрмувале. 1000 пати ми е напишано ова, уште 10000 пати ќе го напишам, носете маски. И носете ги правилно.
     
    Последна измена: 22 мај 2020
    На cresa-jagoda, rainbowmama, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  18. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.157
    Пол:
    Женски
    Ние ги носиме правилно, но што кога други не ги носат :( пишував минатата недела бев до Дм, до Кипер, Рамстор, вработените со маски под уста :( се тргаш од нив па те гледаат со потсмев. Ако не носи и другиот ние колку сме заштитени...
    или случај нарачав нешто по карго, доаѓа курирот маската обесена на воланот, битно ракавици ставил, јас подалеку од него он се смее, де бре девојче што бегаш не сум лепрозен:^)(facepalm) џабе е, некој едноставно не се плаши.
     
    На emiliana и KateKane им се допаѓа ова.
  19. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    Во најмала рака не си фер кон луѓето и не ги гледаш работите правилно. Исто ко што во темава еден куп си го бранеа ставот со “оди на инфективна и пробај да фатиш корона па кажи ми/ни како е“ и слични алапача клетви на теткици од прошли век.

    Не, не и одговара нит на Јуле нит на било кој тоа што треба да фаќа врски. Им одговара само на една мала категорија на луѓе пошто, така се привилегирани пред останатите нас. Ништо добро нема да направиш ако денеска умреш. Орден никој нема да ти стави за тоа дека не си потегнала врски, иако ако си потегнала, ќе си преживеала и можда и повеќе ќе си сторела потоа. Ако мислиш дека со смртта ќе докажеш поента - нема. Само гордоста и егото работат пошто си се тапкаш по рамо и си викаш дека си држиш до принципите и гордоста. Светот и системот нема да се променат ако во итна ситуација одбиеш да бркаш врски. Па и да не е итна. Светот и системот ќе се сменат ако создадеш услови да работите функционираат да не си во состојба да бркаш ти или било кој врски.
     
    На oblace1, Bubce38, Kom.pot и 6 други им се допаѓа ова.