1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.244
    Пол:
    Женски
    Е, тоа е главното прашање. Толку е широк спектарот на симптоми и толку варираат од случај до случај... Затоа се решивме за тестирање. Не би ја коментирала одлуката зошто не закажавме тестирање преку матичен лекар.
    Среќа нема некои хронични болести.
    Гадење и висок крвен притисок, кој не бил случај претходно.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.256
    Допаѓања:
    166.129
    Ај видете што ќе кажат резултатите, ако немате дијагноза пиши во општи здравствени проблеми.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.701
    Допаѓања:
    14.244
    Пол:
    Женски
    Не побарав совет околу здравствената состојба, туку прашував каде се врши тестирање, а потоа споделив искуство за начинот на тестирање. Членките ме прашаа зашто сме се одлучиле да правиме тест и кои биле симптомите, па им одговарав на нив.

    Да не ја полнам темата, ако некој има некое прашање нека ми пише во лп.
     
    На cresa-jagoda, buba4e89, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.997
    Допаѓања:
    261.106
    Каква е одлуката, можеш само да претпоставуваш, а за да тврдиш, треба да си стручна во тоа поле.

    Патем, јас во првиот пост убаво кажав дека на сите нас заеднички став е дека веќе е време и има можност да се направи распоред за приоритетни работи - како карциноми пример.
    И од почеток сум на став дека не требаше цело здравство да биде во заложништво. Но тоа не го знаеа, не можеа да претпостават дека нема да ни' се случи Италија, затоа и overreacting имаше.

    Што се однесува до меркиве, се' си стои, секој може да види колку јас било кога сум поддржувала опресии. Ни еднаш не сум рекла дека се ок, јас лично не се согласувам, но ги почитувам затоа што сум должна на истото.

    И за да можат хирурзите нормално да работат, мора анестезиолозите да престанат да работат со ковид. Нема смисла поинаку, и човек од карцином болен не смееме да го доведеме во ризик од зараза. А и со цела опрема, нема гаранција.

    А зошто докторите се иселувале и не сме ги враќале (кои тоа ние, јас? јас да сум доктор шипки ќе седев овде вака искрено) е сосема друга тема, тотално небитна во оваа, затоа што не можеме да ги вратиме нареднава недела, кои и да им се причините.

    Приватните болници отстапија мн од своите капацитети за ковид, Систина конкретно посебна вентилација и ред др. работи направи, но добро е што немаме потреба од истите.

    Дали може да им се нареди друго да третираат на приватните - не знам, но клиниките и св. Наум Охридски во Скопје работеа.

    И бев како пациент со потреба од итна интервенција, немав ни врски, ни никој, бев примена, третирана и пуштена дома.
    Тоа и го напишав дента тука.
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, LivingGlam и 12 други им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Мислам дека и тие спаѓаат.
    За гадење сум сигурна.
    И за дијареата исто. Тие уште во санитарниот прашалник ми беа, како први симптоми. Заедно со осип, што многу ме изненади.
    Притисокот се дига од се и сешто, и од стрес.
    Со помин нека е, што и да е, со лесно да помине.
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata, Lianna Anna и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов само да кажам дека поглупо нешто од полициски од 11 не можеа да смислат.
    Подобро уште од утре да нѐ затворат.Вака во недела, дур да станам почнал полициски :D :$
    Иначе ептен ми е фер што има полициски најискрено.
    Не глеам по тоа ,,наши” ,,ваши”
    Ама Велигден и Бајрам се погодија во коронава шта чеш, боље дома славење со најблиските него по цркви/џамии и по гости.
    Колку што не оправдував за Велигден толку не оправдувам и за Бајрам.
    Мислам дека можеме да се воздржиме еднаш и да направиме исклучок.
    Ако сакаме сѐ ова побрзо да заврши де..
    Пошто мене искрено преку корона ми е дојдено.Маската, претпазливоста и дезинфицирање раце на пола саат (па и помалце) ми се во нерв влезени уште одамна, ама дека иам нерви цело лето да се акам по 30 степени место да сме без полициски или да киснеме пак во карантински викенди, па се помалце и помалце имам искрено.
    Веќе не ми е ни страв од коронава, мислам дека веќе не е толку многу страшно, туку дека бројките ги трупаат за да нѐ држат уште во полициски час :@
    -мое мислење
    Поздрав и убав викенд :inlove:
     
    Последна измена: 23 мај 2020
    На cresa-jagoda, LovelyGirl3, Цвет88 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
    Мора ли одма да значи дека одиш со пријатели или по гости ако не сакаме полициски??

    Ти не сакаш ли да излезеш на воздух, да отидеш на планина да дишеш чист воздух. Ти треба одмор, на секој човек што работи му треба одмор а не карантин 3 дена. А вие што не сакате да излегувате никој не ве ни тера со сила, седете си дома и до декември пошто нов бран иде. :lol:
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Ти можи не, ама многумина баш тоа го прават.
    Џабе ноќе полициски час, или наредните три дена, кога во време кога нема полициски, орланда е.
    Секој со секој се дружи.

    Ниту полицијата казнува, ниту народот пријавува.
    Си ќутат, за и тие да имаат лице да се групираат.

    Исто како блендирањето на автопат, ако има полиција.
    Повеќе од 100 години постојат возила, а луѓето не научија дека правилата се за нив да ги заштитат, па за коронава ќе научеле за некој месец.
     
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Секако дека нема да ги спасам сите.
    Најверојатно, никого нема да спасам, ама барем ќе споделам мислење...
    Дека форум и тие работи...
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Може да биде подобро, ако сакаме.
    Ама повеќето неќат.
     
  11. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
    Епа сега не можеме да изиграваме полицајци кој каде и како оди. Секој за себе си е одговорен. Мерките се кажани милион пати повторени. Оставено е на народот само да почитува. Јас кажувам за себе дека ако немаше полициски час би одела во природа да се одморам.

    Тие што одат по гости, кафиња и ред други работи не ги спречува ниту полиција ниту ти. Како и да е ќе најдат начин и ќе отидат. Така да џабе трубиме само.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Може да се санира со редовни патроли, како што имаше во комунизмот.
    Полиција пешки што ровари по секое маало.
    Сега, пошто е топло 90% од собиранките се надвор. Воопшто нема да им е тешко да ги видат оние кои ги прекршуваат правилата.

    Иначе, јас пријавувам.
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    не, не ја полниш темата, напротив. Сите сакаме да ги знаеме симптомите и најчудните па и ако има нешто, каде,како што да се тестираме. Ако не оди преку матичен.
    Се надевам личноста ќе биде подобро и дека не е корона или нешто друго,сериозно.
     
    На cresa-jagoda, KateKane, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
    Реагираат на пријавата или мува не ги лази?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Реагираат.
    Ама дали завршува со казна, или само со опомена, не знам.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.086
    Пол:
    Женски
    Кај мене полицијата им се придружува во муабетот во 22ч.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
    Леле колку не сум изненадена :D
    И такви случаи сум гледала.
    Додуша далеку пред короната... ама сепак...

    После нека не се чудат од каде се заразни и полицајци.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.183
  20. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    .

    Добро,но повеќето нема да одат од страв.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.