Би било добро да се намали со паника, и да се размислува рационално. Значи вирусот има 2% смртност. Главно базирано на случаите во Кина, кои се и најбројни. Можеме само да ги следиме препораките за превенција. Зголемена паника ама баш никако нема да ни помогне, каде и да сме. Секоја држава се справува/ ќе се справува со ситуацијата најдобро што знае, на тоа не може многу да влијаеме. Може да трае со месеци на глобално ниво, не гледам како би можело да функционираме со месеци под постојан страв и паника. Многу епидемии се случиле и поминале минатава деценија, и ова ќе помине.
Во моментов на Инфективната клиника во Скопје се врши тестирање на корона вирус на едно лице со симптоми на грип. Типот се вратил од Милано и има мала кашлица. Најверојатно ништо не му е, ама кутриот мора сега у карантин 14 дена
Па баш дека е само кашлица е сомнително ,некаде прочитав дека симптомите на корона вирус се сува кашлица без течење на носот. Така да подобро така отколку да се ризикува.
Тестот е негативен. Дечкото нема корона вирус. Али касно е веќе, сега цела година ќе го избегнуваат другарите
Ти работи на имунитетот, зошто легендата вели дека паѓал од сарказам. Не за друго, после и тебе да не почнат да те избегнуваат другарчињата.
Дали во Бугарија е дојден вирусот знае некој? Деновиве треба да патувам таму скептик сум ради вирусов
Читав скоро, во близина Пловдив има H5N8 т.н. птичји грип. Ако не одиш натака, нема што да се секираш. А ти секако заштити се пред да патуваш.
Јас не би одела никаде надвор од земјава. Патници од секаде насекаде циркулираат секојдневно. Мене ми е шубе што морам од дома да излегувам... Пред една недела еден Азијат што не познава бон-тон и не се движи по своја десна страна, помина покрај мене и ми дојде ептен непријатно. Ние сме имале имунитет, а старите изнемоштени лица кој ги тркала. Лошото справување од страна на надлежните во повеќе држави, е пострашно од самиот вирус.
Не е за чудење, нормално беше се ова со оглед на тоа што народот нон стоп транзитира а вирусов се шири како пареа насекаде, поготово кај милано регионот ломбардија е најпогоден па отпосле кај нас во венето. Знаете колку граници се затворени за нас конкретно од ломбардија и венето? Ми се чини само во мк ги пуштаат. Политиките мк ги знам не ме ни чуди се ова.
Верувам дека Ќе се прогласи пандемија.Пола Европа веќе брои заразени. Во Хрватска има два потврдени случаи. Светот е во постојано движење,ова не е нешто што може да се сопре.Посебно затоа што е пренослив од луѓе кои се вирулентни и немаат никакви симптоми. Дополнително е што се поклопува со сезонскиот грип кој се манифестира со истиве симптоми. Она што можеме да го направиме е да подигнеме ниво на лична хигиена и да избегнуваме масовни собири. Паниката веќе владее и без потврдени случаи кај нас.Лоша услуга си правиме,а стравот ни е најголем непријател. Вирусов е посебно опасен за старите и хронично болни лица. Да се надеваме дека ќе пројде во поблага форма. За вакцина е се уште рано,барем уште неколку месеци ќе поминат додека не биде тестирана и одобрена за хумана употреба.
Сега прочитав на неколку сајтови Словенија изгледа ќе ги затвори границите како превентивна мерка. А и оф топик инаку за полицијата вчера пред државна е поради затвореник а не заради корона вирусот,ако некого го интересира
Пренапумпана работа. Според пандемискиот план на една ЕУ држава, кога вирусот би се ширел како грип, за период од 2 недели би биле инфицирани 30% од популацијата. Колкав % од Кина е инфициран за олку да се паѓа во паника? На ниво на држави, не на ниво на поединци. Психолошки експеримент?!
https://www.worldometers.info/coronavirus/#countries Не знам колку е точно, моментална ситуација на заразени лица.