Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. flawless_

    flawless_ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2020
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Исто правило треба да важи за сите. Ако има забрана за христијаните, треба и за муслиманите бидејќи ситуацијата е сè уште таква каква што е. Вакви гужви не се дозволени, ни растојание ни маски гледам. Сè што гледам се луѓе кои прават хаос поради кој сите ќе сносиме последици.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, deskarada и 2 други им се допаѓа ова.
  2. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Се секаваш цел месец Април не држеа затворени и тоа имаше само 20 до 30 заболени на дневна основа,а сега воопшто не е подобро ситуацијата а Филипче ни кажуваа како коронова е под контрола,кој кого овде е.е или секса?
    Бадијала седевме дома
    Бадијала вонредна состојба
    Бадијала затворија ресторани,кафичи,молови
     
    На Stache и Цвет88 им се допаѓа ова.
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    А ти што предлагаш?
    Ако бевме во карантин ќе беше ок ли?
     
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.520
    Допаѓања:
    114.075
    Пол:
    Женски
    Дали ако паднам во депресија или добијам психоза каде што во конзилијарен извештај од 15 специјалисти ќе ја пишува причината "поради корона кризата, поради рестриктивните мерки заради корона кризата" имам право да ја тужам државата во судот за човекови права?
    Звучи смешно, знам, ама мене сериозно ме интересира, бидејќи не знам.
    Би била благодарна ако некој правник ми одговори.
     
    На 1209, Biljarkata и Bunny2 им се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Непопуларно мислење. Јас мислам дека треба се да се врати во нормала, и кафичи со фул капацитет да работат, и мој термин да проработи со на 10 мин. закажување (и следствено преполни чекални), и политички митинзи да има, и со автобуси членството да се носи од град во град. И во продавници сите да се пуштаат, без правење редови и носење маски и дезинфекување раце. Колективно да си е*еме матер, да се испоразболиме сите, да поумреме и после тоа не метар растојание ќе држиме, туку 5 метра, и не една маска, туку три ќе натегнеме. Вака, ништо не правиме. Пошто короната или не постои, или сезонскиот грип е поопасен, или Филипче лаже за да победи на избори (?)


    едит- зошто се друго изгледа е џабе. И спотови, и дигање свест, и делење промотивни материјали, и пресови. Короната е заговор, не постои, не лажат. Ок, ајде тогаш да се вратиме како што си бевме, да видиме како тоа ќе помине. Трагично секако, ама јбг, само така ќе научиме.
     
    Последна измена: 24 мај 2020
    На Ivan4e04, M.B., cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.717
    Допаѓања:
    35.699
    Пол:
    Женски
    Па, си подлажнува Филипче, не дека не. Не му е прв пат, еден ден едно кажува, друг ден се демантира и така...
     
    На Sejfullai, Tan4ence, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. mamaorhidea

    mamaorhidea Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    416
    Пол:
    Женски
    Карантинот не е решение кога надвор не се почитуваат мерките за носење маски, држење дистанца и што е најважно собирање на друштва за кои сум сведок во последно време дека на луѓево не им е гајле воопшто..затоа и се бројките вакви и нема да се одглавиме никогаш...нема колективна одговорност и после Филипче ни е виновен? Не зуцнавме за велигден 4 дена а сега бевме сведоци на закани ако не се отиде во џамија...епа извинете ама ова никаде не води. Сега карантин а од вторник јуриш по кафичи..на здравје нека ни е.
     
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @An-na, е ако де. Секако ќе давам неважечко ливче :) Ама вистината е дека постои корона и дека треба да се внимава. Вирусов е на светско ниво, не само кај нас за Филипче нешто да изводи. Меѓутоа, штом е очигледно толку тешко да се почитуваат препораките, нека се врати се како што беше пред Цаца :)

    Може звучи себично, ама јас моето го направив. Седев дома, еднаш неделно се одеше до маркет и толку. Тотална изолација. Тешко- не тешко, се издржа. Не одев по викендици, не се групирав, не се пијанчев по станови. Цркавам со маската ама ја носам кога треба. Сите мерки ги почитував и уште ги почитувам. Ама со секој поминат ден гледам дека сум во малцинство. Теории на заговор колку сакаш. Епа ок, ајде да се вратиме во нормала :)
     
    Последна измена: 24 мај 2020
    На Bezimenka90, LejlaD, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.717
    Допаѓања:
    35.699
    Пол:
    Женски
    А кој рече дека не постои вирусот? Постои. Препораките не дека сите не ги почитуваат, не ги правете луѓево неодговорни. Само, многу побомбастично е да се шеруваат слики со неодговорни граѓани, додека оние другите не. А зборев и претходно за мерките, препораките, итн... Едукацијата потфрли кај нас, па кој сака нека ми превртува со очи или нека ми се смее кога викам дека и на терен треба да има. Нит полиција сум сретнала, нит волонтери, нит Црвен крст, ништо... Само не испозатворија, не испоплашија и толку. Секојдневно контроверзни изјави, мерки кои самите не ги почитуааат итн... Да набројувам ли? И после му е преку глава на народов! И мене ми е! И одлучив да си продолжам со животов чувајќи се и пазејќи се според мои правила прибрани од релевантни информации собрани на интернет (за жал) Оти, ако се потпирам на нашиве, тешко мене :( Носам маска (ама во план сум да купам респираторна маска, оти другиве не ме штитат мене, а дискутабилно е и колку воопшто штитат) раце мијам, се дистанцирам и толку... Тоа е тоа што јас можам да го направам. Да се затворам и умирам по дома, немам намера. Вака или така, животот ќе продолжи. Дури и за оние најхардкор карантинци што се :D
     
    На 1209, Bunny2, Biljarkata и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @An-na, не се потфрли во едукација. Кој сакаше да се информира, имаше куп можности. Едноставно не сакаат. Верувај ми дека има луѓе што не веруваат во короната. Едноставно, од старт сметаат дека ова е заговор. И тоа навидум образовани луѓе. И не се замараат, зошто 1) не постои таков вирус 2) а и да постои, не е поопасен од сезонскиот грип. И како ќе едуцираш ти некој кој од сам старт не верува дека такво нешто постои. Исто колку на flat earther што ќе му објасниш дека земјата не е рамна.

    Јас, ти, куп ќе внимаваме, добар дел ќе се зае*ава и? И тоа е тоа. Затоа, не за карантин, не за полициски час, не за растојание во кафичи, нека се дозволи пробување во гардероба. Па да видиме во пракса дали е заговор или вистина сериозноста на вирусов.
     
    На Mishela, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.717
    Допаѓања:
    35.699
    Пол:
    Женски
    Знаеш што, на крајот пак ќе се сведе на тоа што го кажуваш во последната реченица.
    За едукацијата (ептен сакам да го тупам :D) немаат сите можности. Не секој гледа ТВ (или има) или интернет. Муабетов ми е, нели целта на рестрикцииве и меркиве е да се заштити населението и здравствениот систем. Потфрлија и во двата случаи т.е здравствениот систем го презаштитија, а народов не баш. Ако сакаш да заштитиш народ, го едуцираш, а не го затвораш, му се закануваш со казни, кои патем никој не ги спроведува ;) Да не должам, ова е мое мислење следејќи ја состојбава до сега. Во иднина може и ќе се смени. Може па и ја во петџи ќе поверувам :lol:, кој знае?
     
    На Stache, Biljarkata, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.462
    Допаѓања:
    127.002
    Пол:
    Женски
    @An-na Тој што нема,може да разбере од тој што има телевизор и интернет.
     
  13. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @An-na, најлесно беше полициски час, карантин, затварајте кафичи, молови, кој може нека работи од дома. Ама после што? И еве не сега, во „после што“.

    А за едукацијата. Кој има интернет за да може да се кара дека не постои корона, може истиот тој интернет да го искористи за да прочита малку повеќе. Нели, како повеќето што направивиме. Затоа, не е до едуцираноста.
     
    На Bezimenka90, candy.cane, Sejfullai и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    10.478
    Пол:
    Женски
    Еве да видите во Тетово случајни минувачи колку веруваат во корона (не знам дали претходно беше постирано видеово тука, два дена немам читано)

    Гледам да избегнувам луѓе, повеќе да шетам во природа, во планини, да се опуштам колку повеќе можам ама џабе е, пред два дена го имав првиот паничен напад во животов зошто слушнав дека родител мој пред 11 дена имал контакт со заболен (каде што работел).

    Си мислев дека се спремив за вакво нешто, дека се помирив со ситуацијата ама не, завршив во брза помош, пола саат не можев до воздух да дојдам, испадна не можам да си го контролирам стравот од вирусов, не можам да се помирам со неодговорни луѓе заради кои нема да стивне вирусов, си се нервирам, ни планини помагаат, ни дистанци ни ништо кога моите мораат да одат на работа каде што мораат да се мешаат со луѓе и тоа не можам да го сменам.

    До кога ќе трае ова? До кога ќе се чувствуваме вака? Кога и дали воопшто ќе се врати се' по старо...
     
    На Maro87, Bezimenka90, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Интересно и што многумина споредуваат со Шпанската треска и колку многу починале тогаш, а сепак баш таа треска била само грип.
     
  16. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.111
    Допаѓања:
    26.991
    Иста бев. Ме фаќаше ептен паника, си правев филм дека имам корона на секое поткашлување.
    И еден ден решив да престанам да читам теми за тоа, деактивирав фб, не гледав вести.
    За пет дена бев како нова.
    Направи си десерт, гледај серии, учи. Прошетај некаде подалеку.
    И ќе заборавиш и дека постои Корона.
    Најдобронамер совет кој сигурно функционира. :hug:
     
    На Bezimenka90, prominent, P.S.love и 3 други им се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.717
    Допаѓања:
    35.699
    Пол:
    Женски
    А тој што има ТВ треба да го едуцира тој што нема или државата и институциите кои ја имаат таа обврска?
    Џабе се објаснуваме, потфрлија во скоро сите аспекти.
    Се согласувам со @Nausicaa најлесно е полициски час, затвори се и после што? И после, еве ова се случува. Оти, полициски часови не може да траат бескрајно, вирусов исто така за два месеца не исчезна, така што... ќорсокак. Кога работат без план, идеи и цели :^)

    Вчера го начекав Филипче на ТВ имаше интервју (не го изгледав целото) Во многу аспекти ме потсетуваше на Груевски... истата самобендисаност, френетичност, крутост, неприфаќање на критики, непризнавање на грешки. Ама баш исто... Они знаеле што прават, се било плански, дрн, дрн... Се повеќе се разочарувам од човеков, а ми беше светла точка :doh:
     
    Последна измена: 24 мај 2020
    На P.S.love, beachedd, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Секојден пресови директно со министерот за образование и едукација фалела :D Телевизори немале луѓето, ооок, тие што немаат телевизори се тие што се собираат во групи низ чаршија, тие што одат по викендици скари да вртат, што се бутале секојдневно по продавници...тој што тв нема за греота ама сигурно е веќе изолиран (маргинализиран) па тешко дека тој е најголем причинител за ширење на вирус.
     
    На M.B., Bezimenka90, Ano и 4 други им се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.717
    Допаѓања:
    35.699
    Пол:
    Женски
    Ти му ги имаш гледано пресовите, или така си збориш? Му го виде вчера пресот за пресадувањето? Знаеш каков беше? Со маската на врат |( Така што... ете каква едукација имаме :rofl:
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @LovelyGirl3, најпрво една голема виртуелна гушка до тебе!

    Следно, апсолутно се сложувам со тоа што го пиша @GirlRose- симни си комедии (серија, филм). Ако сакаш, ќе ти пишам и предлози, јас што гледав периодов. Слушај музика. Мислам дека мене музиката најмногу ми помогна за да задржам позитивност. Ако си по книгите, читај книги. Многу книги!!! Батали вести, батали фб, батали твитер. Батали се каде топ тема е короната. Листај си страни со облека, прави си листа што се ќе си купиш кога ќе се вратиме во нормала. Избери си нова, храбра фризура со која ќе се почестиш понатаму. Животот ќе продолжи, и се ќе биде во ред :hug:
     
    На DraganFem, GirlRose и LovelyGirl3 им се допаѓа ова.