Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.601
    Допаѓања:
    104.323
    Пол:
    Женски
    Јас, цела фамилија мои роднини, од нив 2 досега починати. На мои познати исто 1 починат од вкупно 4 болни. Од фамилија исто уште еден на почеток ама добар е. Не е мит, далеку е од мит.
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.782
    Допаѓања:
    9.938
    Пол:
    Женски
    Дали е поминато во влада ова?
    Прашувам зашто цело време се надевав дека ке отворат а другарка чиј маж работи во МВР вели се дур не помине на седница не е ништо сигурно и е дезинформација. :worried:
     
  3. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.821
    Пол:
    Женски
    Пишува дека нема ни закажано владина седница. Само не ми е јасно Комињијава пред четири дена предложи карантин три дена, сега вика отворање на граници, а заболени растат. Многу конфузни некако.Полицискиов час може нема ефект, ама реално еве кај мене никој нема дојдено ниту јас имам појдено некаде затоа што до 6сите се со обврски. А верувам дека кога ќе нема ќе си има собиранки навечер.
     
    На Angie1432 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Не знаеш веќе на кој портал да веруваш.Претпоставувам и дека се пишуваат неофицијални информации.
    Не е ништо официјално,така прочитав,така пренесов овде.Ова се препорки од комисијата.

    https://fokus.mk/otvorane-na-kafuli...-chas-predlaga-komisijata-za-zarazni-bolesti/
    Еве и овде што пишуваат.

    Работава не ја бива.
    Тие што почитуваат мерки,ќе почитуваат и понатаму.Тие што не веруваат дека има корона,ќе си тераат како и до сега.
    Откога ќе има движење на луѓе надвор од границите,нема никаква контрола.Сега колку толку се знаат кластерите,тогаш како ќе биде,ќе му ја мислиме.
    Потфрливме како народ,не ни е владата крива,нашите навики кои не ги сменивме.


    Рефке,Драган Вучиќ сите го знаевме.
     
    На cresa-jagoda, Tajnaotrovna, green.eyes и 8 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.734
    Допаѓања:
    322.912
    Јас верувам во вирусот.
    Почитувам мерки.
    Се плашам.
    Ама понекогаш некои муабети ме разнебидуваат, затоа и прашувам дали некој познава некј заболен.

    Според мене е рано за се,и за кафулиња и за градинки и за граници.
    Се испости народ три месеци, сеа како залудени сме.
    Викендов имаше литургија во цривата во Калишта.Тутма беше, маска никој не носеше.Стоев надвор и гледав што се случува.Страв ме фати, збиен народ, полно деца.
    Соседите излагаат од епидемија, јас мидлам дека ние тек влегуваме.
     
    На Amelia, cresa-jagoda, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    252.997
    Корона има, познавав и јас 4 случаи од мојот град кои не заразија никој друг, а и сами беа асимптоматски.
    Дека постои вирусот, постои, но во позадина се случува и нешто друго.
    Какви работи се изнаслушав, што еве не се теории дека вирусот не постои, туку дека светот најверојатно нешто друго бутка во позадина.
    Не може вирусот магично да исчезнува во Словенија, Хрватска, Црна Гора, во Италија како по книга паѓа бројот, а веќе се олабавени мерките.
    Овде, не им се дава решение на асимптоматски случаи да седат дома, ниту на нивни контакти.
    Во Словенија личен пример, после 7 дена од влез му стига решение за самоизолација, тест направен оти е совесен, никој не го ни примети.
    И многу други чудни работи, кои се случуваат насекаде.
    Швајцарија ни маски не носат, овие нашиве само секој ден се собрани по 20 луѓе, еден заболен нема.
    Или вирусот не е толку вирулентен или си завршија целта и сега не оставија кој фати, фати. Кој ќе мине лесно ко лотарија, другите колетерална штета.
    Еве, не знам што да мислам повеќе.
    И не, мислењето не ми е само за Македонија, ние сме никој и ништо, за жал истите работи ги има насекаде.
     
    Последна измена: 26 мај 2020
    На marchi-cool, Ivan4e04, cresa-jagoda и 14 други им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Ако живееш во Скопје и немаш роднини во други градови до некаде логично е да не познаваш, но тоа секако не значи дека вирусот го нема.

    Лично, исто како тебе не познавам ниту еден заразен, но чуватвувам дека злото циркулира и не е фиктивно..

    А од продавница... може да се заразиш само ако некој несакајќи ти кивне во фаца, како на мене пред еден ипол месец, сред пикот, кога рендом средовечно чиче не ме разлигави на поминување гондола.
     
    На cresa-jagoda и Tajnaotrovna им се допаѓа ова.
  8. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    9.263
    Пол:
    Женски
    Јас знам еден чоек шо излезе позитивен и имаше симптоми, а го нашле поради контакт. Интересно е шо вели дека исти симптоми осеќал секоја година, како обичен вирус.
     
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Решиле овие од комисијата да го слушаат новопечениот младожења што кажа дека сме го победиле вирусот.
    Јас мислам дека вакви одлуки се носат под притисок од јавноста,не сакаме полициски час,гледаме што прават соседите со отварање на граници,избори мора да има,стопанството мора да функционира...
    Инаку,далеку сме ние од опаѓање на бројот,барем после она што го видовме викендов по џамиите и црквите.
    Не знам колку пати само се повторуваше едно исто,тие што слушаа,ќе слушаат и понатаму,тие што уво не ги боли,и понатаму ќе си тераат како до сега.
    Само што вирусов не напаѓа според степенот на свест,покрај сувото и сировото гори.
     
    На Ivan4e04, Amelia, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Тоа е проблемот. Што мислат луѓето деканастинка е и дека ќе им помине па не се јавуваат.
    Значи за корона, не се јавуваш заради себе, може ти лесно ќе поминеш. Се јавуваш заради другите. Ако видиш дека има било каков симптом, и на обична настинка да личи, треба да го третираш ковид, па на среќа да излезе дека не е, отколку да го третираш како грип па да излезе ковид.
    И на новинарот од Канал 5 татко му, цела недела најмалку бил болен ама чекал да му помине. И после? Е, после, чорба...
    Кај што се најдоа луѓе кои знаат како функционира вирус, па при појава на први симптоми или прв сомнеж се изолираа, таму немаше некое страшно ширење на вирусот. И во Македонија имаш такви случаи. Се посомневал на вирус, се тргнал. Изолирани и нивните контакти. Он заразил двајца, неговите контакти ни по еден. Тој ланец е прекинат, вирусот го снемало.
    Кога репродуктивната константа на вирусот е под 1, т.е. кога во просек заразен заразува помалку од 1 човек, вирусот се губи, се кине нишката, се прекинува ширењето. Затоа го снемува „како по книга“, не дека има некоја посебна агенда вирусот па бира по државата како ќе се однесува. Само следење на контактите и нивно изолирање, т.е. локализирање. Само тоа помага. Тоа е нешто што ни еден полициски час не го може
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.672
    Допаѓања:
    252.997
    Точно, и затоа нема зошто да има мерки кога еве никој не ги почитува, а реално економијата не може да трпи.
    Народот не може веќе да трпи. Еве трет месец без работа се.
    Зошто да седат дома кога еве луѓето си слават Бајрам и си прават собиранки на секој чекор?
    Многу од народот ова си го сфати како одмор. Плата редовна, на работа лабаво, за мерак. За останатите баш им е гајле.
     
    На LejlaD, Tajnaotrovna, elenaxbbg и 2 други им се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.599
    Пол:
    Женски
    Нека не ве чуди.
    Исто беше и во Италија.
    Премиерот министрите и комисијата за заразни болести никако не сакаше да чуе за олабавување, беа решиле дека од 1 јуни ќе се отвараат барови фризерници ресторани ... за молови и базенти плажи не се знаеше дали и ќе се отвара воопшто се додека не почнаа да протестираат насекаде, граѓанска непослушност, свашта правеа и една недела всушност касно навечер викенд соопштија дека се се отвара, од 18 ти па од 3 јуни граници региони плажи базенти моловите веќе отворени плажите исто така.
    Значи премиерот сам излезе и кажа дека ризикот им е искалкулиран веќе но за жал не можеме и не смееме повеќе да тапкаме во место.
    Од еднаш беше како гром од ведро небо ни соопштија дека за 5 дена се се отвара и така.

    Всушност, и самите кажаа дека не можеме веќе вака, сега се дискутира за обнова на економијата.

    Од четврток ќе имаме резултати од ослободувањето, интересно е што трентино на 11 отвори значи веќе е помимато доста време за потенцијални кластери и обонова на епидемија ама нема.

    Ме чуди и мене што се случи вака наеднаш како што се случи на почетокот се случи и сега тогаш нагли бројки сега нагли опаѓања.

    Стварно е чудно
     
    На LejlaD, mal.ecka, Tajnaotrovna и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    јас имам другарка позитивна, ама знае дека на работа го добила, впрочем и други 8 души од фирмата каде што работи се заразени од кои и газдата кој викал дека му е невалиден тестот и си терал по негово. А, исто и другар беше, тој веќе во оздравени го бројат. Ама за него ми е баш чудно. Татко му е колега со заразениот возач во брза помош, татко му негативен, баба му 90 год. негативна, само он позитивен. И кога се јавил на работа и со други што имал контакт сите на тестот биле негативни..еве не знам
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  14. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.649
    Општо познато каков и да е вирус, се изолираш, за да не ги разболиш другите. Како сите магично го заборавија грипот? Ама прост народ, грипосан со децении шета, немајќи осет за другите, ни мадиња да рече на работа дека е болен. Што се смени со коронава? Народот пак си остана ист..
    И нормално кој и да е од овие партискиве фодули, ќе го искористи тоа.
     
    На Tajnaotrovna, Angie1432 и nena2010 им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Овде се отворија ако ти е за утеха,уште хотели и граници останаа. А сега читам и нема новозаболени ноќеска.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Градинка ко градинка - небитна (facepalm)
     
    На Tajnaotrovna, fana и referentka им се допаѓа ова.
  17. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
    И јас познавам неколку луѓе што се заразија. Од кои едниот за жал почина. Некои поминаа тешко и страшно, некои полесно.

    Инаку имам чувство дека лудилото допрва следува, голема е бројката секојдневно на заразени, а ке се отвара се...Со среќа нека ни е, тоа е, работите мораат да функционираат.
    Да бевме малку од малку поцивилизирани и послушни можеби ке имавме само по неколку заразени дневно. Ама народот упорно сака да се докажува колку е прост, глуп, некултурен и себичен.

    А и многу битно, да имавме министер за внатрешни работи на место, а не Наќе човек од нафталин изваден, кој одработува само за партиски интереси ситуацијата ке беше каде каде подобра. Ич не му е гајле за здравјето на народот и сузбивање на вирусот, не води ред никаков во државата, нити си ги испонува должностите и мислам дека треба и кривично да одговара за сета хаварија што ја прави.
     
    Последна измена: 26 мај 2020
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Нека не ве чуди тоа со земјите кои живеат од туризам.
    Се случи, тоа што се случи..... :)
     
    На Tajnaotrovna, Bunny2 и Anie93 им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.734
    Допаѓања:
    322.912
    Ние со рестрикции се испозаразивме, ами БЕЗ?
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.038
    Допаѓања:
    14.536
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека тие што почитуваат мерки ќе продолжат да почитуваат. За тие што важи полициски час ќе важи дали од 16, дали од 19, дали од 21часот. После толку апели, истражувања за заштита од вирусот мерки и сл. Мислам дека може да се укине полицискиот час. Па нека биде природна селекција веќе :D
    Верувам во вирусот, внимателна сум , страв ми е но мислам дека ништо не менува ако сама се прошетам во 22часот по улица или во 18часот. Нека си биде совесен секој за себе, зошто кај нас селективно е и пишувањето на казни, така да се е ова ноу сенс.
     
    На LejlaD и Lima24 им се допаѓа ова.