1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Oтвaрaaт пo истa лoгикa пo кoјa и зaтвaрaa -сите тaкa прaвaт. Се oстaвa нa свеснoст нa нaрoдoт и нaдеж декa немa дa се пoвтoри.

    Кaрaнтин oд 2 недели зa тие штo ќе влезaт вo Мк? Се нaдевaм тaкa ќе oстaне дo крaј нa летo дa не мoрa дa идaм. Не мoжaм дa се рaспрaвaм сo мoиве дoмa :D
     
    На *Amethyst*, dunika, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Нема Бриџо. Ако идеш без тест само :D
    Моите запнале да доаѓаат сега, и јас се чудам како да ги разубедам. И во карантин ќе седеле, ама ќе дошле. Сега кога го укинаа карантинот, ич па не ни прашуваат.
     
    На Izaabella, dunika, Biljarkata и 2 други им се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    си се едитирала, Лилит. Јас не прочитав прашања. Се гледа по цитатот. Така што...не знам што ти е муабетов со цинизми. Не е цинизам, прашање е пошто, поставуваш чудно прашање без да се изјасниш. Добронамерно дека е..тешко. Се гледа и по прашањата. Се гледа и по реакцијава.

    Корона дали има? :D Нема, се е 5г и за да се растури педофилијата во светот. Сите шо ја следат темата и ме читале им се јасни моите ставови. Тоа што тебе не ти се е друг проблем. Не е поврзан со темава. Личен однос е. Но нејсе. Не многу ме тангира.

    јас шетам со маска од почеток на март, корона тема следам уште пред Италија. Не оти ми е посебно интересна тема, следам странски медиуми ко грото. Држам дистанца од многу пред, заради настинките од кои не се умира али...работам со купови луѓе,деца мали, млади луѓе. Можам да си дозволам да одложам, превентивно и го правев пред, го направив и по веста за корона тука. Го правам се уште.

    Дали требаше затварање со денови? Не.
    Дали требаше школи, кафичи да затворат ? Да.
    Дали требаше граници да затворат и контрола на граница? Да.
    Дали требаше задолжителен карантин? Да.
    Зошто сето требаше во почетокот? Веќе имам пишувано, податоците, информациите што циркулираа во "стручна" јавност беа страшни. И пријатели од таа стручна фела кои не се паничари, не беа оптимисти за ситуацијата секаде.
    Дали откоа почнаа да излегуваат поинакви информации ко пример, не стои корона во воздух, шанси да се заразиш од квака се мали до непостоечки требаше да седиме затворени? Особено ко кај нас со денови? Чуму? Заради некој будала шо не носи маска, се збира со луѓе? Ма немој.
    Што мислам за короната? Попаметни и постручни за темата од мене и тебе кажале веќе. Чуму да се објаснуваме јас и ти на темата? Јас да ти елаборирам за смртноста и опасноста.
    Што требаше/треба да се прави? Ти ко некој кој еве, мене не ми е јасен околу економскиот дел шо мисли дека требало да се прави, појасни ми. Пошто баш би сакала да ти го чујам ставот на темата пошто и не се сеќавам дека сум те прочитала освен за страшните болки на некој и како не било ко грип.
    Друго...не знам шо очекуваш да ти се елаборира во еден пост сега, после толку дискусии шо сме ги имале сите тука со месеци.
     
    На green.eyes, Izaabella, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  4. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.837
    Допаѓања:
    2.073
    Не не е готово и не епоминато и јас сум на тој став.
    Сега некои ке се опуштат и мислат готово веќе вирус нема веќе.
    Мене највеќе тоа ме плаши.Сега еможе поослабен ово период но да не се лажеме дека го нема.
    И треба и понатака да се пазиме со мерките што остануваат.
    И сум за тоа помасовно да тестираат овој период.
    Ке видиме како ке бидат заболените.
     
    На Biljarkata, oblace1, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    ХУАБЕИ провинција рече Караџоски.
    ХУАБЕИ
    три пати премотав, се смеша малку со Хуавеи изгледа :D
     
    На ЕденЧлен, prominent, senjorita-v и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Личен однос?! Немам ништо лично со тебе, дури напротив, ти ги почитував мислењата.

    А моите мислења можеш да ги најдеш наназад на почетокот кога сите сакаат затварање на се, бев против. Очигледно ти не си ме читала и имаш "личен однос". И мислам дека си на погрешна адреса, ама сериозно.

    "прочитала освен за страшните болки на некој и како не било ко грип."

    Ова не знам како да го сфатам, освен како безосетно и со едно чудење. Никогаш не би била цинична за туѓа мака, а особено ако не знам па од другата страна во која корелација се. Многу некултурно.

    Еве ти едно мое мислење од дваесет и некој март:
    Не знам што ти се дешава и не знам дали сакам да знам. Ама жал ми е.
     
    Последна измена: 26 мај 2020
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Јас не сменив став од сам почеток на кризата, сфаќајќи ја сериозноста кога стана јасно оти е нешто повеќе од обичен вирус и се шири многу побрзо. Можеби малку покасно како за во светски рамки, ама таман кога дојде кај нас.
    Обично нема причини за да се случува тоа често, менувањето мислење за сериозни проблематики, и немам респект за такви личности. Сакам да го потенцирам тоа.
    Според тоа што го чита(в)м тука, сите што скокнаа на почетокот оти сум "таква како мене", повеќето станаа како мене. (highfive)

    Не сметав дека има потреба од полициски час, затворање на се' живо и диво на начинот на кој се одвиваа работите, и толкав организационен хаос кој не даде ниту еден позитивен резултат покрај посакуваните очекувања на овлатените, туку само уште една дополнителна пречка за нефункционалниот систем кој го имаме.
    Уште имам исто мислење.
    Оти сметам дека и јас знам од каде доаѓам, ама пак не се задоволувам со глупости и (по)лоши сценарија. Ваков однос не толерирам, не гледам зошто некој би, али јбг, не одговарам за сите што живеат во Вечнава.

    Знам како се справуваше здравството од прва рака, испитав страв невиден за тие по дома, уште се плашам на секаков контакт со луѓе од страна и бегам повеќе од 2 метра ако има простор, се дерам по тие со кои одам да се тргнат понастрана од другите како лудача, и останувам на мислењето дека вакво неосновано самоволие само ние толерираме, заедно со уште неколку други системи кои имаат сличен закоравен ментален склоп и подреденост над власта.

    Да те затвори некој 84 часа и да ти честита заради тоа. Уау, ги иседовте затворени, бравоссуперсте, таквивесакаме. :mm:
    Да те држи во неизвесност и да менува мислење на секунда, и исклучиво се' да се знае од денес за утре. До денес ситуацијата е лоша, имаме поголем број на новозаболени деновиве и ќе организираме избори во исто време, а од утре, паѓа полицискиот час и после 1 ден се отвараат кафулињата кои се очекува да бидат нападнати како од кучиња пуштени од ланец, само тука овој пат станува збор за луѓе кои им е ск*рчено и не знаат повеќе што сакаат, мислат и очекуваат. Контрадикторност до контрадикторност.

    Петка. Друго нема потреба да коментирам, не се знае што со образовниот систем, не се знае кога граници ќе се отвараат и како ќе оди процедуарата, нема бројки кој кога зошто како ќе прави за важните прашања... после 2 и пол месеци.

    Да, јас сакам нормала, и не верувам дека е недостижна покрај апсурдниов парадокс каде се наоѓам кој не ми дава никаква сигурност.
    Ниту пак очекувам нешто невозможно според новозададените услови.
    Знам дека најтешкото сега почнува, кога човештвото ќе учи да живее со болеста и со сомнеж за секоја наредна која ќе претставува опасност за него. Соочувајќи се со сите последици и проблеми кои беа ставени на стенд бај од пандемијата.

    Не сум во заблуда. Сакам дејствување, да живеам слободно, ќе се прилагодувам како и досега и повеќе.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Не го гледајте бројот како број.И на почетокот имавме по 30 на ден,ама не е исто.Тогаш имаше скриени кластери,луѓе што не се кажуваа па касно им се дознаваа контакти.А сега имаш од 30,20 од 2 фамилии.Така да бројот како број ништо не ми значи.
     
    Последна измена: 27 мај 2020
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    А што има везе кој сменил став на темава? Па едно СЗО 10 пати менуваа ставови, што останува за нас обични лаици
     
    На CameliaMiller, Izaabella, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Лилит, така почна, таков одговор доби. Толку имам прочитано од тебе. Да. За болките нечии...не претерувај со емотивни додавки. Коментирај другото. И, што со моите ставови?
    Под "следам" и "читам" немав предвид темава.

    Е:
    шо да кажам за ова? Шо врска има ова со мене:^)
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Не додавам емотивни додавки и не го анулирај тоа што го рече, зошто сериозно? Втф? На крајот од денот дури и да го мислиш тоа, изразов - болките нечии...

    Ставив цитат од дел од тоа што сум го пишувала, но... нели, сама рече - личен однос за кој јас еве до сега врска немав дека бил специфичен. На почетокот особено бев активна на темава.

    Не, Жабо, не сум поставила никакво прашање за да добијам некаков- таков одговор. Сериозно не те разбирам.

    Нема врска со ова со тебе де, ама еве зошто ти го почитувам мислењето и не ми беше целосно јасен, те прашав што мислиш, тоа е се. Или и ова мора да не е добронамерно и вистина?!
     
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Ништо.

    Денес еден ќе предлага полициски час и затворање дома, утре ќе се буни оти нема право да излегува за основни потреби, ама погоди, касно е веќе.
    Друг смета дека вирусов не постои и нема да почитува мерки, утре ќе се разболи негов близок со можност и тој да е заразен, веќе знае оти ситуацијава е реалност ама касно е веќе, можеби пренел и на друг.
    Трет се буни против сите групирања, ама доаѓа 1ви мај, се отвараат и кафичи, одма мора да се оди на кафе, преку глава од изолација, редно време е да се социјализира и вирусот се игнорира на најјако, додека не е засегнат негов близок или самиот, и после пак ќе биде за полициски и затворање дома, несовесен е народот, ама касно е повторно.

    Пристапот не е битен, воопшто. Денес вака, утре онака. (fingers)
     
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Среќа па комисија за заразни болести не ја чита темава, инаку немаше да знаат како да постапат слушајќи го гласот на народот...
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    И пак не кажа зошто е битно да задржиш ист став. Не ми реплицирај со тоа дека јас не сфаќам пошо и ти не знаеш. Вирус што многу малце се знае за него, допрва ќе се истражува, многу работи се на претпоставка ама на фемина морало сите да имаат ист став од пред 2 месеци :?:
     
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Комисијата е исто толку битна колку и секој човек, оти секој има некаква улога во ова. И повеќето не знаат како да постапуваат, да. Слушајќи или не слушајќи гласови, народни или комисиски... темава е пример за тоа, точно.

    Кажав @Mantub . И ништо не мора никаде, освен секој за/кај себе. Не фемина или во реалност, карактер е во прашање. Верувам дека истиот се препознава и виртуелно, и во живо, и обично е еден ист.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Врати се на темата. Повели...во врска со мојот чуден став за короната и во врска со твоето мислење што требаше или треба да се направи. Другото... јас не сум човек што би го дискутирал пошто, нема зошо да се дискутира
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  17. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.388
    Допаѓања:
    34.212
    Пол:
    Женски
    Читаат, читаат...

    За промена на мислење. Еве јас сменив :D (не целосно, ама добар дел)
    Јас пак сметам дека личности кои упорно си стојат до ставот, иако нештата во меѓувреме се смениле, околности, нови информации итн.. се незрели или да не речам глупи. А нашиве власти се добар пример на ова: иако меркиве одамна се покажа дека немаат ефект, тие се држат до нив ко пијан за стап, оти недај боже да признаат дека згрешиле, или пак да се обидат да сменат нешто... :^)

    Така што... признавам, непостојана сум, лабилна, и то |(
     
    На John Snow и fana им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Карактер бил во прашање бе :rofl: карактер е да си со отворен ум и да не даваш отпор на промени, а не цело време со глава во ѕид колку и да се менуваат работите околу тебе ти да не мрдаш пошо си "карактер". Ако ти се дискутира за вирусов дискутирај, што поента да ги коментираш луѓето како немале карактер пошо сменале став кој што го менуваат епидемиолози и инфектолози низ цел свет. Тоа карактер е, да вреѓаш? Повеќе ми личи на себе утешување, другиве не чинат, јас сум најјак
     
    На Amellie13, jacqueline.s и fana им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.074
    Пол:
    Женски
    Пијан за стап :rofl: знаев дека некој збор не ми текнува ко што треба, еве ова сакав да го кажам :D
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Оф леле :D :D:D:D:D нешто не ти се овците на број.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.