Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Колку се точни информациите дека Нина Групер вчера си отишла расплакана после состанокот и расправијата со „Цар Самуил је пуно шетао, и Кирил и Методиј су радиле исте такве ствари“?

    Наводно Нина демантираше на Фејсбук. И на што да веруваме сега? :(
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Шо има врска ова со Корона?

    Жапче, кул сме.

    Светот викендов:

    https://www.facebook.com/1786599751616434/posts/2991896271086770/
     
    На ЕденЧлен му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.470
    Допаѓања:
    127.068
    Пол:
    Женски
    Nope,тоа е област во Кина,Северна Кина. :D
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Јеп, за се' од погоре. :smirk:

    Сега јас ќе те послушам и ќе ти кажам дека нема да ти реплицирам со ништо повеќе јер стварно не сфаќаш што пишувам, јасно пиша самата погоре, а воедно ќе покажам дел од мојот карактер кој укажува на фактот дека не водам дискусии со некој со кој сме на различни фреквенции, нема поента. И бидејќи знам кога треба да прекинам, ќе прекинам, покажувајќи го мојот карактер виртуелно повторно. :makeup:
    Прочитај си ги мислењата кои ги пишуваш само...
     
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Браво за тебе, извини од сите нас на темава што не можеме да бидеме во чекор со твојот карактер и што те вознемируваме, не знам како со тој прејак карактер читаш вакви теми кај што се собрани луѓе без карактер, стварно понижување за тебе, не се спуштај на наше ниво следен пат
     
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Има за тие што чекаат пари од државата, а пари нема. Пари нема, а има избори. Има избори, а нема услови. Нема услови, а некој вика се е под контрола. Се е под контрола, а 20-30 заболени секој ден на 300 тестови. Си играме со оган.

    Британија 4000 новозаразени денес и вкупно 37000 починати.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Има тема за економските мерки.
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.470
    Допаѓања:
    127.068
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star Не наоѓаш смисла во вонредна состојба и полициски час оти се ограничуваат човековите права и слободи (иако Уставот го дозволува тоа во воена и вонредна состојба,ама ај) и дека нема ефект,а потоа се буниш оти некои луѓе смениле ставови,што е нивно право дадено од Уставот. :drunk:|(:rofl:
     
    На Mantub му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.291
    Допаѓања:
    181.936
    Ти на сиот страв што ни го раскажа, би одела за Мк? Мене не ми се толку проблем моите, ама пошто народот беше многу неразбран па ,,мораше,, со полициски час да се контролира, сега без полициски час, сигурно апокалипса ќе биде:worried:
    Еуфоријава за срушен полициски час и отворени кафичи, еднаква на еуфоријата кога партизаните не ослободија од окупаторот :party:. Епски момент. Само не разбрав, кој јунак беше, што ја победи ламјата:wasntme:... овај короната:?:
     
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Што рече Џон наназад, Сзо менуваше ставови ко што дуваше ветер, толкава непрофесионалност и некоординираност јас немам видено ни чуено, а ни очекувано од една таква светска ќе речеш сериозна организација.

    Како да не смениме мислење кога ударни сцени по интернет беа од луѓе кои паѓаат по улица во Кина, на кои пена им излева низ уста, како властите ги заваруваат влезовите за да никој нема пристап надвор.
    Каде во било кој друг дел од светот видовме ваков епилог? Никаде.
    Сзо и остали експерти предвидуваа смртни случаи кои задираа у десетици милионити број, па колку имаме сега ?
    Јаките експерти не можеа да се усогласат околу ставот за дали треба или не треба да се носи ебената маска, дали е корисна или уствари поштетна.

    Не бев уплашена, бев преплашена.
    Позрело за мене е да смениш став отколку да се инаетиш колку да не испаднеш дека не си бил во право.
    Како што прават многумина овде.
    Али небитно.
    Циркусов заврши и се ќе биде ок.
    Заокружување на периодов : најлошиот сај фај филм кој некогаш го имам гледано.
     
    На Tajnaotrovna, Bunny2, MarigoldA и 6 други им се допаѓа ова.
  11. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    abdall-sulejman-rexhepi-1-492x415.jpg
     
    На Ivan4e04, smooch, Tajnaotrovna и 15 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.291
    Допаѓања:
    181.936
    Јас и верувам на @vitamina , не измислува мудри думи, пренесува информации. И фала и за тоа.:)
    За да се пренесе информација како ова погоре, значи некој, негде, излегува со ваква информација. Биолошка бомба?:^)
    Пошто ниту имам време ниту живци за Мк пресови, ниту па очекувам информации од нив, еве @DAngel со врски, ако може да шепне, дали негде другаде се споделени слични информации, за вирусот на времето (ехее, пред 2 месеци) и вирусот денес? Нас не држат во информативен мрак, ја тргнаа корона од хедлајн пред некое време, ваљда и тука победивме:wasntme:

    За конзистентни ставови, @WildMk @nextredstyle версус бандата џипетџии;) @zhap4e нешто прочитав ама ми избега, дали стварно 5г против педофили било, оти не споделувате вакво битно инфо навреме(facepalm)

    На следните избори молам категорија за конзистентен став, и вон конкуренција медал за @nextredstyle за ревносно и објективно пренесување пресови. Без иронија:bow:
     
    Последна измена: 27 мај 2020
    На vitamina, fana, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Извинето е во контекст на пишаното, не е извинет твојот начин на изразување кој е поразувачки, а си на форум па е единственото нешто преку кое се карактеризираш како член, и впечатокот кој го оставаш е како што кажав- поразувачки.

    Иии, во случајов има две опции, или си ги прочитала моите мислења пред тоа и си ги игнорирала за да кажаш што имаш да кажеш, оновано или не- неважно, или пак не си ги прочитала ама цитираш одредени мислења со цел да го кажеш тоа што имаш да кажеш, уште еднаш, основано или не, небитно. Која опција и да избереш, укажуваат каков пристап/став имаш, што како што пиша и претходно кога ме цитира прв пат, не го разбираш како поим и/лии ти е небитен.

    Сега, извини ти, што не се извинувам за сликата која лично ТИ ја доловуваш за себе тука како член преку тоа како "дискутираш" со мене и другите членови со спротивни мислења виртуелно. Зашто те карактеризира каква персона си зад екран, безразлика дали истата карактеризација ти значи нешто тебе, реална или не реална, кога веќе одиме лично во одбрана. И кога сме кај "лично" и кој каков е, слободно можат да се пребараат мислењата и да видат сите кои ги интересира какво мислење има секој член според темите во кои пишувал, па да формираат сопствено мислење... само се надевам дека нема да се спуштат на твое ниво преку читањето на твоите мислења.

    @nextredstyle изразување незадоволство спрема уредување и донесени одлуки во една држава е едно, и скроз нормална појава и должност на гараѓните во исто време, а изразување (не)почит спрема некој и нечиј карактер е друго и скроз поразлично нешто, и оди според избор и заслуга, како виртуелно, така и во реалноста.
    Жално е што како некој кој во иднина треба да се занимава со политика не ги разликуваш овие две нешта.
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Да, споделив веќе уште на почетокот на месецот, дека декодирање на нови геноми на вирусот покажуваат дека се случува негативно мутирање, т.е. нешто што се нарекува Muller's ratchet, кај што мутира вирусот така што слабее и станува толку слаб што во многу случаи не може да го помине имуниот систем на човекот. Тоа веројатно би оправдало толкав број на асимптоматски колку што имавме кај нас. Само не го декодирале геномот нашите :D
    https://www.indiatvnews.com/science...mutaions-sars-arizona-state-university-614854
    Хрватите го декодираа, и заклучок им беше дека кај нив се присутни две доста агресивни нитки и од Италија и од Австрија, дека се разликуваат ама се поприлично ужасни.

    @nextredstyle иако Хуабеи буквално на кинески значи „Северна Кина“ нити е провинција, нити е област, нити е било каква поделба.
    Провинцијата од која потекнуваше вирусот се вика Хубеи.
     
    На Bunny2, zhap4e и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    На fana и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.093
    Пол:
    Женски
    Значи мојот муабет нема веза со спротиставени мислења. Не знам што ми пишеш толку долги коментари, едноставно е. Ти викаш немале карактер тие што менувале мислење на темава. Јас и уште неколку ти укажавме дека нормално и здраво е во животов да смениш мислење и нема што некој да се подбива дека немаш карактер пошо си сменал мислење. Сзо менува ставови, ние не смееме?
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    60.932
    Пол:
    Женски
    Кога веќе збориме за менување на став околу скапаницава, кај мене си признавам имаше осцилации.

    Прво дури беше уште во Кина си се заебавав и си свиркав, бев ко оние што ги хејтам најчесто низ моите мислења, ехехехехех корона дај не ме заебавај. Не ни читав за него искрено, очекував да е нешто ко САРС, ко МЕРС. Знам дека Кина е циркулирачка земја за вакви мини епидемии и искрено не се потресов многу.

    Е коа дојде во Европа и коа почна јакото, тогаш ми дојде ко врела шлаканица. Јас си кажувам, да бев у Италија тој период, ко што животниот стил ми е апла ко расшетано говедо, меѓу првите ќе закачев гарант. Освестувачко видео ми беше тоа у болницата у Шпанија, кога лежеа луѓе заради преоптоварување на капацитет на болниците. Се освестив, свесна бев дека има вирус и дека мора да си ги променам животните навики. Така веќе не идеше.

    Дојде и кај нас. Знаев дека следува карантин, едноставно нема друг лек за вирус кој се пренесува аерокапково. Се затворив дома, приоритет ми беше да останам здрава, не се гледав буквално со никој. Еден и единствен контакт ми беше дм, и тоа се гледавме еднаш неделно. Почнаа да стигаат до мене случаи, едноставно во таква околина сум, пишав веќе дека дома имам здравствен работник, знам и други и веќе тогаш паниката ми достигна некој максимум. Знаев и за позитивни и за починати луѓе, сосе идентитет. Нормално дека не ги споделив јавно, никад не би. Задоволна бев од тоа како ја тераат нашиве работата, свесна бев дека сите сме луѓе од крв и месо и дека ќе се греши, ама се надевав дека нема да се случат фатални грешки. И до ден денес си стојам на тоа дека карантинот е најдобра мерка во вакви случаи и дека краток карантин каде апсолутно се почитуваат мерките е најпродуктивен.

    Е после почна на народов да му скиснува, почнаа да излегуваат многу, многу скандали и си ја треснав главата за она што други го збореа, дека економијата е пред колапс. Ама сама си се тешев дека живи луѓе можат да оправат, мртви не. Не ја разбирам таа струка, пишав и овде дека комотно може економисти да дадат планови и идеи. Од една страна знам што гомно е вирусот, од друга знам дека има луѓе на апсолутна 0. И тогаш ми се чини ми беше најлошо затоа што не знаев буквално што да напишам. Нема луѓе кои се во право, а нема ни такви кои се грешка.

    Кога искочија бројките од 5, 7 новозаразени немаше посреќна од мене, мислев дека се гледа крајот. И тогаш ни се случија Литии, Бајрами, групирања, глупирања и веќе се изгуби смисла. Колку и да не оправдувам групирања, јасно ми е зошто е народов толку исфрустриран. Ова денес што се случи е катастрофа, најголемо плукање у фаца, оксиморон, не знам веќе како да го наречам. И јасна е целта, избори.

    Лута не знам на кого сум, на моменти на мене лично, на моменти на одговорните, на моменти на народов. Не ја истеравме работава добро, мислам дека сите на темава сте свесни за тоа. И тоа на крај најмногу ја усравме. И искрено се надевам дека се било overreacting, дека навистина не е толку лошо. Ќе видиме, што да речам друго. Тоа не значи дека не се радувам за тоа што многу мали бизниси и компании пак ќе си застанат на нозе. Ако за нешто ми падна мило денес, тоа е за нив.

    Долг пост, ама ми тежеше веќе некое време.
     
    На Ivan4e04, green.eyes, Shelea и 17 други им се допаѓа ова.
  18. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.291
    Допаѓања:
    181.936
    Да не менувавте аватари може ќе ве запамтев кој бил конзистентен, вака само тие со конзистентен аватар ги трекувам:sweat:
     
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.127
    Пол:
    Женски
    не:))). 5г и тоа со педофилијата се две паралелни теории кои, ко шо разбрав, не се исклучуваат и во ист круг луѓе вираат. 1.Коронава е за да се прекине акцијата на Трамп, кој работи за да се открие целиот педофилски круг во кој биле замешани политичари, бизнисмени, глумци итн.
    2.во емисија кај нас:D еден објаснуваше дека дистанцирањето било намерно за да можат да не погодат со 5г. Корона всушност е 5г кое ни го ослабува имунитетот. Можда затоа некои луѓе се собираат со куп луѓе. Превентивно:tmi:
     
    На lovestoneddd и Biljarkata им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.518
    Допаѓања:
    17.538
    Пол:
    Женски
    Тука не се зборува за осцилации, барем јас не мислам на нив, туку крајности. Крајности кои имаат огромни последици, оти некој не размислил како неговиот пристап ќе има импакт за нешто поголемо од него. Не може да биде прифатливо некој да мисли дека е во ред да не почитува мерки, да се однесува не одговорно и да загрозува туѓо здравје, а после при прва случка што му докажува дека вирусот е реален, а можеби и самиот е дел од некој кластер и шири зараза, да има пу пу не важи и да продолжи како ништо да не било.

    Или пак да сподели некаква глупост на социјалните мрежи, кој некој може да ја прочита и да ја земе здраво за готово. Оти небитна е содржината што се пишува, исто како и тоа што се зборува и слуша... се' е небитно и се' има значење, уич уан ис ит?
     
    На Angie1432, KateKane и Biljarkata им се допаѓа ова.