Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.673
    Допаѓања:
    253.084
    Кукличка, ова никако ли не може да се превенира?
    Има некои податоци кај кои оздравени се случува ова?
    Мислам дека ова се сериозни последици, особено кај млади луѓе.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.307
    Допаѓања:
    158.267
    Најранливите "пензионери" од петок на слобода?!
    Абе бравос.
    Ја сплескавме кривава.
    Ко и вчера, денес ќе речам, се осеќам како магаре.
     
    На cresa-jagoda, Sofi.ja, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.673
    Допаѓања:
    253.084
    Они се слободни оддамна, кога падна на Уставен забраната и ограничувањето џа движење.
     
    На cresa-jagoda и LejlaD им се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.052
    Допаѓања:
    26.532
    Не може. Не се знае како ќе реагира организмот. Кај некои пациенти дава резултат терапијата кај некои не. Вчера е почината 44 годишна жена без никакви претходни болести ( можеби е свекрвата на лејла за која пишува погоре). Од нигде никаде влошена состојба.

    Пред некој ден починатиот 41 година оздравел после многу недели лечење, таман да излезе од болница, добил тромбоемболија. Почина. Нов вирус е, сите различно реагираат. Немоќни се докторите.

    Затоа треба да се прекине со муабетот "и од грип ќе умреше". Сите сме прележале грип, имаме антитела во организмот. Тука искача све е среќа како ќе изреагира организмот.
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, green.eyes и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.553
    Допаѓања:
    39.538
    Пол:
    Машки
    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти.

    - Скопје 11
    - Куманово 4
    - Тетово 1
    - Велес 1

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Струга (58г) и пациент од Скопје (47г) и двајцата долго време поставени на механичка вентилација. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (41г) хоспитализиран на 19 мај.

    Во последните 24 часа направени се 622 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19.

    - Скопје 14
    - Куманово 2
    - Штип 4
    - Прилеп 1
    - Тетово 2
    - Струга 1
    - Велес 1

    Досега во земјата се направени вкупно 26463 тестирања на ковид-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 251 тест е во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Кочани, Куманово и Скопје, а регистриран е еден позитивен случај во геронтолошка установа во Скопје. Досега преку скрининг направени се 2680 тестирања на ковид-19, а регистрирани се вкупно три позитивни случаи на вирусот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2039, бројката на оздравени пациенти е 1470, на починати е 119, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 450.
     
    На Bunny2 и fana им се допаѓа ова.
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски

    Хмм 25:worried: жртвите се млади :u:
    Во Скопје е хаос моментално, маска колку носат, толку и не носат.
    Не знам што да кажам.
     
    Последна измена: 27 мај 2020
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Срце ми се крши кога ќе прочитам за починати.
    Вирусов никого не поштедува.
    Се надевам дека по олабавувањето на мерките колку толку ќе се има осет а не да се однесуваме како пуштени од ланец.
    Јас разбирам дека 3 месеци дома затворени се паѓа во депресија ама треба да се има и емпатија и внимавање највеќе поради ризичните групи а да не бидеме себични.

    Не знам, одбивам да читам понатаму.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.039
    Допаѓања:
    14.538
    Пол:
    Женски
    Можеш да отвориш практикум по судска медицина што е за студенти по Општа медицина, ако сакаш ќе ти кажам каде да купиш да видиш како се пишува причината, не да ти траскаш од памет :) ова што го имаш кажано е премногу безобразно
     
    На cresa-jagoda, Waverly Raven, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    Сочувство до фамилијата пред се.

    Али другиот дел не е точен. Од грип може се да се искомплицира. Исто како со корона. Затоа секоја година има вакцина за да не дојде до комплицирање на состојба. Исто грипот и кај млади луѓе знае да даде пред инфрактна состојба, белодробна емболија и тромб.
    Можеби нас ни е веќе одомаќен грипот и го сфаќаме као ајде бе грип. Реалноста вели 17.000 луѓе пред некоја година верзијата на грип испрати во смрт само во Германија. И деца и млади и стари.

    Секое релативизирање на грип во однос на корона не е во ред.
     
    На green.eyes, Shelea, Izaabella и 7 други им се допаѓа ова.
  10. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ифтарските прослави тек сега почнуваа
    25 новозаболени
     
    На cresa-jagoda, anastasijaki и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Lejlaah

    Lejlaah Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2018
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    БЛАГОДАРАМ.
     
  12. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Аман па ти со тие ифтарски прослави.
    Греота во секој случај.
     
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Ептен плански одиграа, за на крај одговорноста да ја фрлат на грбот на "неодговорниот народ". :D

    Лапнаа парички, го накушкаа Чулев да ја лабави полицијата за Струшката литија, и сето ова зошто? За да после ние немаме контра аргумент на прашањето зошто овие од другата страна на Вардар играле оро, оделе по гости и биле во џамија. Тоа ви се вика стратешко порамнување сметки...

    Меѓувреме, ако се смени власта дур се дојде до тој III стадиум пакет ветени мерки Врхушката веќе ќе биде опозиција, а ако не, како што ги исполнија сите претходни ветувања така ќе ги исполнат и овие...

    Економијата низ Европа сериозно крахира oд ден на ден, и многумина од политичката фела веќе се спремаат за 'worst case scenario' со обезбедување обврзници и залихи.
    Последиците според прогнозите и статистиките низ Европа кои ги следам на берзата од овој сајт долу, сигнализираат дека до крајот на годината ќе следат благи ups and downs оксилации кои ќе траат минимум наредни 8-10 години. И патем, ѕирнете ја кривата ретроспективно низ последниве 20 години.
    Не знам дали сме свесни дека ниту од донации нема да зависиме за некоја година од сега, туку ќе мора сами да се крепиме, а како тоа ќе го изведеме еве не знам, дури и со услов што сме веќе влезени во нато.

    Ќе треба повеќе од пазарување македонски производи и стимулирање на стопанството и агрономијата, тоа со сигурност. Читнете ја статијата, општо скроз...

    https://www.forbes.com/sites/kristi...-stock-market-after-a-recession/#4fd9b2e42afb

    А, еве и за време на lockdown, земји каде нотиран е процентот на невработеност. Додате го овој број минимум x2 минимум на кризава која следи, сите го знаеме одговорот како ќе се заврши.

    recesija.png
     
    Последна измена: 27 мај 2020
    На Abracadaver му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    И што треба да прави? Да затвора очи, да се прави слепа и глупа при памет?
     
    На bibiiii, anastasijaki и veteruska им се допаѓа ова.
  15. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Држи вода муабетов,можно е да има и такво сценарио.
     
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.553
    Допаѓања:
    39.538
    Пол:
    Машки
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не треба да бидеш аналитичар за да хипотезираш за задкулисните игри кои ги водат и Власта и опозицијата моментално. Башка што се веќе одамна прочитан селски буквар.
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    немој да ми настапуваш овде со таа медицинска надменост твоја и ароганција, јасно ?
    Ти ги помнам и претходните постови, се надевам дека бар пациентите, ако ги имаш, не подлежат на вакви испади од твоја страна, а верувам дека е така.
    Грипот може да доведе до посериозни компликации и не си потребна ти а ни @KuklickaSk за да дадете амин, кога тоа е факт. Во прилог се и годишните бројки за починати од грип, кои годинава се значително помали у однос на претходните години, пошто заслугата се препиша на, погоди што, короната.

    Конкретно завчера, блиска особа со скршена карлица, ја носат у болница, и рекоа дека за да биде примена и третирана ќе мора да се согласи да ја пишат како заразена од корона. Одговорно го тврдам ова !
     
    На Izaabella, anastasijaki, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Кажи ни ти ако знаеш.
    Или вака и со пациенти, те прашува нешто, ти му викаш - гуглај бе/отвори книга, шо замараш.
     
    На anastasijaki, fana и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  20. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Да не мислиш другачие дека е.
    Знаеме колку плачеше народов од хероиве , да не забораваме.
     
    На Izaabella, anastasijaki и fana им се допаѓа ова.