Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.674
    Допаѓања:
    253.095
    Бројката е страшна. 38 заболени.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Ај наздравје ..
     
  3. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    38 нови. :( Ужас..
     
    На cresa-jagoda, Waverly Raven, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Владата е во право и кога константно греши.

    Нема оправдување, Лилит. Тие ја усраа работата. Сите се криви, само владата е во право дури и кога највеќе греши.

    Аеродромите ги затворија дури откако печалбарите масовно се вратија од Италија и делови на Европа.

    Како се однесуваа Филипче, Оливер Спасовски кон крајот на февруари кога Корона се ширеше со брзо темпо во одредени европски земји. Да се надоврзам:

    „Нема простор за паника, пациентката е сместена на Инфективната клиника во Одделот за изолација, соодветно се третира нејзината состојба. Инкубацијата е помината и во моментот на транспорт веројатно таа не претставувала опасност за да ја пренесе болеста“, рече Филипче.

    „Сакам да упатам уште еден апел до јавноста дека нема простор за паника, имало и порано епидемии и сега има епидемиски грип и нема потреба од снабдувања и дополнителни залихи“, рече Филипче.

    Министерот, пак, додаде дека остануваат исти мерки за контрола на граничните премини и нагласи дека засега не се размислува за целосна изолација на сите кои биле на патување во ризичните подрачја. Апелираше до сите компании, чии вработени биле во Италија, да ги ослободат од работа, а тоа да го сторат и државните и локалните институции, а училиштата да не ги примаат учениците кои биле во таа земја.

    На смиреност апелираше и премиерот Оливер Спасовски.

    „Ситуацијата е под контрола, а сите државни служби се подготвени да реагираат. Нема простор за паника“, рече премиерот Оливер Спасовски.

    https://www.slobodnaevropa.mk/a/304...C_6Y4gnMkTGET2N36neo8cz64cSxfAzLj6aRQHuTbGWQo

    Немавме респиратори, маски. Тотално неподготвени ја дочекавме кризата. Да не зборувам за криминалниот тендер за порачување бразилски респиратори далеку поскапи од другите понудувачи. Имаме 5 пати поскапи државни тестови за Корона од приватните. Што е апсурд. Секаде приватното здравство е поскапо од државното.

    За такви работи, местење тендери, земање провизија падна министер за економија во Словенија. Кај нас тотален молк.

    https://www.slobodnaevropa.mk/a/30574369.html
     
    На renata77, tijanana и SeaMermaid им се допаѓа ова.
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    Да не сте писнале дека се страшни бројките, баравте олабавување, ќутете сега.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Тие самите си ги олабавија мерките, за да можат да организираат избори во сред пандемија. Свесно тестираат малку, за да се покаже помалку заболени со цел дека ја контролираат епидемијата и дека има услови за избори и нормализација на состојбата. Се е политика. За жал.
     
    На LejlaD и tijanana им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.434
    Пол:
    Женски
    А мрчењето на граѓаните дека се затворени, дека немале слобода, не можеле да шетаат?
    Кукање од сите страни.
    Ајде сега собиранки по кафичи, ресторанти а утре преку тастатура ќе галамиме колкава бројката била.

    Што сакаат нека прават веќе, сеедно ми е, ко преживи причаче.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  8. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    На 38 нови случаи ако можат да ги отворат студентските домови и ние студентите веќе од 1 јуни да сме во Скопје, не знам што да кажам.
     
    На cresa-jagoda, Nane2356, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Полицискиот час не беше во ред, пак шетаа се собираа. Сега можеше да си укине затоа што немаше ефект никаков. Ама не и да се отворат кафичите и кафаните сеуште...барем не уште некој период...
     
    На tijanana и Lima24 им се допаѓа ова.
  10. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.328
    Пол:
    Женски
  11. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Па овие 38 не се од вчера заболени. Сигурно е од пред отприлика 1 недела и повеќе. Сепак се чекаат симптоми па потоа тестираат.
     
    На Maro87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.674
    Допаѓања:
    253.095
    Вие не престанавте со собирите искрено. Групирања на сите страни. Е сега сесија има нели и ви пречи.
     
    На Konfetka, duffi, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Да овие не се од вчера туку се чека 15 дена па ги тестираат, може и не само со симптоми, можно е тие што немаат да се позитивни. Сепак биле во контакт со заболен..
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Кафаните и кафичите не се единствено тло за групирање на народот. Како не гледате, дека секојдневно улиците се полни со луѓе, собиранки по паркови, мезенки по дворови. Вашар.
    Која е разликата ако седнат истата група луѓе во парк или во кафич ?!
    Угостителството е презначајна гранка во државава и брои илјадници и илјадници работници. Тие луѓето, повеќето седат дома без скршена пара. Не покриени ни од државата ни од газдата.
    Имам доста пријатели и роднини по странство, во држави во кои сеуште постои вирусов,што е и нормално, па ставаат сториња од кафиќи,ресторани, сегде голема фрекфенција од луѓе.
    Доста правите циркус од ситуацијава.
     
    На LejlaD, Bunny2, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш си направија самите грешка од старт. Требаше тогаш целосен карантин месец дена и крај на приказната.
     
    На bicycle му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.471
    Допаѓања:
    127.070
    Пол:
    Женски
  17. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Сакам да прашам. Дали владините претставници првомајските празници ги поминаа дома изолирани? Дали не правеа собиранки преку викенди? Рашковски се шеташе во мол без маска. Заев возеше мотор во Берово после неговиот карантин. Значи, тие одговорни, а сите други неодговорни. Не е во ред таква реторика да се шири.
     
    На tijanana и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  18. chocolateheart

    chocolateheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    777
    Пол:
    Женски
    Да ме извиниш, ама јас не спаѓам таму и не чини да не ставаш сите во тој кош. Јас сум од тие што заради моето здравје, а уште повеќе заради здравјето на моите родители на прсти се брои колку пати другарките сум ги викнала кај мене дома на кафе, и тоа во месец мај. Иако живеам во град каде што нема заразени. :)

    А за сесијата, не сакам да дискутирам со луѓе кои што не се запознаени со што се соочуваат студентите во овој период, нормално студентите кои што се заинтересирани за факултетот.
     
    На cresa-jagoda, Marija_Magdalena, Nane2356 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Не се казнуваше доволно па и воопшто, затоа е вака. Оти мвр си траеше, видоа едноцифрена бројка, на скоро сите им се прегледува низ прсти дека овој со оној се знаел и така натаму. Не ми кажувајте дека не е така оти во мојот град е така. Сите имаат "некој" у полиција.
    Некако полицијата по она што видов ептен лагано си тера.

    Овде, за разлика беа сите исказнети, дали со пари дали со неизлегување од дома, дали со приведување и со тоа јасно и гласно го кажуваа низ страните за да прочитаме и се плашиме од истото.
    Абе 5 пати одев у маркет 5 мати полиција стоеше на истото место.
    Ги испогорија од казни луѓето

    А таму?
    Таму полицијата спиеше и спие...
    Затоа е вака!!
    И не велете дека не е вистина оти во мојот град е вистина
    Чиста вистина!!!
     
    На cresa-jagoda, oblace1, senjorita-v и 6 други им се допаѓа ова.
  20. allaround

    allaround Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    1.572
    Пол:
    Женски
    Никој не вика да нема сесија, ама не кога ситуацијата пак се влошува.

    За другото , добро што го укинаа полицискиот час ионака немаше некаков ефект во последно време, многу не го почитуваа. Ама отварање на кафичи , кафани се наеднаш и тоа до 10 навечер им беше лоша одлука. Бројката уште сега расте, а замислете го резултатот на пребрзо олабавените мерки.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, Waverly Raven и 4 други им се допаѓа ова.