Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    9.277
    Пол:
    Женски
    Преку политички дил, како што прават се останато.
     
  2. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.557
    Допаѓања:
    39.548
    Пол:
    Машки
    https://libertas.mk/foto-kacheni-na-masa-bez-distanca-na-prviot-den-od-otvora-eto-na-kafeanite/ - Еден од милион примери.

    Филипче ви е крив?
     
    На *Amethyst*, elenaxbbg, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.735
    Допаѓања:
    322.943
    Шо му запна на Венко?!
    Оти НаќО не го дискутираш малку?
     
    На oblace1, Ivan4e04, *Amethyst* и 15 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Овие на маса се криви, таквите ко нив и полицијата која не казнува.

    Морее.. да бев јас на власт, ќе видевте шо е казнување.
    Ама и за то ќе баравте оставка... дека сиромашен народот. |(
     
    На *Amethyst*, neno0o, Annath и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Ако не им е до избори, ќе ги ставеа во септември.

    Ако имаше морал и доблест како министер ќе си дадеше оставка и јавно ќе се спротиставеше на владините одлуки, али го држат за мадиња, поради матните бизниси што си ги правеше Венко пред и за време на Коронава.

    За време на Велигден и Литијата во Струга немаше пандемија. Повторно вадите информации од ракав колку да оправдате наратив: „Сите сме криви, сите сме исти, народот е неодговорен“! Не е така.
     
    На orevokrsacka и veteruska им се допаѓа ова.
  6. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.241
    Пол:
    Женски
    После избори ќе го вратат полицискиот час,исто и нас дома
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.309
    Ааа сега гледам кому реплицирам.
    Од тие што поддржуваа изјавувач на следната изјава - СДСМ се моли да фати пандемија корона и кај нас за да нема избори. И тој шо идеше да вежба кога теретаните беа затворени.

    Батали.

    Не сакам избори, но и да има, најмалку ќе влијаат на корона состојбата. Иако, ќе куртулиме од замарања и кампањи. Колективна е одговорноста.
     
    На JuLleE, referentka и Ahoy им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Хмммм... пред да казнуваш треба да ги применуваш мерките за кои што ќе казнуваш и соодветно да го информираш народот. Оти да дојде џандар без маска да ме казни што не носам, ќе му плукнам во фаца :envy:

    Околу меркиве, полициски итн... сите вие што барате да бидете затворени ко глувци никој не ве тера со сила да излегувате, седете си дома. Се покажа дека радикални мерки глупаво смислени и уште поглуп полициски час се контрапродуктивни. На повеќето им е преку глава. Можеа многу подобра стратегија да применат, ама они го одбраа полесниот пат и си ја ишкаат одговорноста од себе. Народот бил крив? Јеа |(
     
    На Kitten, Bunny2, fana и 2 други им се допаѓа ова.
  9. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски

    Не сум политички одредена зошто веќе сеедно ми е кој ќе биде министер ама Филипче најмалку треба да сноси одговорност зошто знаеш како викаат? Памет со инка не се става.

    Филипче е единствениот ама единствениот кој се трудеше да направи нешто, било што.

    Пендаровски, градоначалниците и остало срање од владата кога почна ова само еднаш ги видов, и тоа по прогласувањето на вонредната состојба затоа што се замараат цело време за избори, јебем им избори и на овие и на оние.

    Конте се отепа од зборување за ситуацијата во Италија, исто така и градоначалниците на секој град во Италија или гувернер на регион, не знам како идат таму а и останатите од туѓи држави а ваму војна се води
    за датум за избори.

    Исто, веќе спомнато дека заболените не кажуваат со кого контакти имале, и за тоа ли е Венко крив?
    И тој е крив за ората по останатите градови?

    Криви се оние што немаат два грама мозок во црпката наречена глава што ја имаат. И оние што не казнуваат, Наќе на пример.

    Во ред е олабавувување на мерки ама дајте бе луѓе да не се однесуваме како пуштени од ланец, во затвор сме биле, немаме слобода.
     
    На *Amethyst*, elenaxbbg, јolene и 8 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Море!!
    Влада немаме.
    Парламент немаме.

    Најмал проблем се изборите.
    И во вонредна состојба можат да ги изведат.
    Не прај разлика.
    Ионака од 7 до 7 е гласањето.
    И полициски час може да има и се' со ред.

    Отвораат, оти сите други отвораат.
    Ама не сме ко сите други.. ко некои поинакви сме.
    Со дебели черепи.
     
    На green.eyes, elenaxbbg, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    А во казнувањето по мој терк (да бев јас на власт) полицијата дупло повисоки казни ќе кркаше за непочитување на мерките.
     
    На Annath, JoyJoy, An-na и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Се истрчаа пред три дена со олабавување.И полицискиот час не вредеше,која беше логиката кога сите до 7 ч.беа собрани.И никој не казнуваше.Овој народ ќе се опамети само ако неселективно го казнуваат.
    Двајца тинејџери имам дома,ни на крај памет не им е да седнат во кафич или да се качат во автобус.Збеснат е народов,посебно неразбраните што се собираа за вечери и тераа верски обреди.
    Сега ајде пак вонредна состојба.
    Животот на сите ни го пореметија,децата без образование ни останаа,луѓето без работа останаа,едвај се преживува.Од секоја страна себичност и самоволие.Не ни е крив ни Филипче,ни Петко ни Станко.Народот е крив,оној што го плукаме за се и сешто=ние самите.
     
    На Ivan4e04, green.eyes, duffi и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.313
    Допаѓања:
    158.309
    Ај, еве Ана ја имаш честа, да дадеш идеја за подобра стратегија.
    Еден пример само.
    Еве како ти мене ќе ме спречиш да одам на ифтар, ако јас немам свесност да не идам? Ќе ми влезеш дома? Ќе ми обиеш?
    Како ќе ме казниш? Кое право е да ми упаѓаш дома?
    Ништо не се почитува и до луѓето е.
    Не знам стварно како би било поинаку?
    На тв едуцираат, зборат, нет преплавен. Они пак, 5г, кемитрејлс, ќе не чипираат. Па онаа групана за спас од загадувањето, ве замолувам сите да ја пријавите на фб, јас ја пријавувам. Тоа е место на ширење на такви вести.

    Еве ок, часот не бил ефикасен сепак. Ама тоа што не е заради немање свесност е. И пак се враќаме на тоа - до луѓето е.
     
    На LivingGlam, JuLleE, M Bison и 4 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.735
    Допаѓања:
    322.943
    Во 13.30 т.е. секој.момент Венко треба да се вклучи.
    Ај да видиме што ќе "искашла".
    Кутриот и сам незнае каде се наоѓа.

    П
    .С. никогаш не разбрав зоЖто добри доктори се пикаат во политика.
     
    На *Amethyst*, Alishan30, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Сега ќе гледам прес после којзнае колку време. Баш да видам што ќе каже Венко и дали ќе даде некоја мерка.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.477
    Допаѓања:
    127.133
    Пол:
    Женски
    Треба да казнуваат повеќе и построго.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.267
    Ќе го зачекам пред врата тој шо ти иди на гости за Ифтар и него ќе го репнам.
     
    На st2007, Fallen.Angel, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.111
    Допаѓања:
    225.656
    Пол:
    Женски
    ми стигна дека почна ама не можам да гледам
    пишете што ќе каже
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    (y)Се бара казна од 10.000 евра за поранешната директорка на кожната клиника

    Објавено пред 7 минути


    - 29 мај, 2020 Од

    Макфакс
    [​IMG]
    Скопското обвинителство денеска до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против поранешната директорка на ЈЗУ Клиника за дерматовенерологија, Нина Цаца Билјановска, која е обвинета за кривично дело – пренесување заразна болест.

    Надлежниот јавен обвинител на Судот му предложи за обвинетата да изрече парична казна од 40 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 250 евра, односно вкупна парична казна од 10.000 евра во денарска противвредност.

    Билјановска на 29 февруари се вратила во државава од регион во Република Италија преку граничниот премин Табановце. Но, притоа таа постапила спротивно на мерките и заклучоците на Владата согласно кои сите граѓани кои се враќаат од ризичните земји со зголемен број заболени од COVID-19, особено од Република Иралија, имаа обврска да останат во домашна изолација во траење од 14 дена од денот на влегување во земјава. Исто така, со заклучоците, на сите вработени во државни и локални институции и претпријатија им беше наложено доколку во претходните две недели патувале или живеат со некој што патувал во земјите од среден или висок ризик за ширење на заразната болест, да не доаѓаат на работа и за тоа да ја известат институцијата каде работат.

    Но, обвинетата, иако како здравствено лице била свесна за ризикот, продолжила со своите работни обврски на Клиниката, а на 7 март била присутна и одржала предавање на симпозиум од областа на дерматолошките болести, со што ги довела во опасност сите учесници, предавачи, организатори и вработените на Клиниката. На овој начин таа заразната болест им ја пренела на седум свои колеги пред самата да биде хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести со позитивен наод за COVID-19.

    Во текот на претходната постапка, јавниот обвинител направи детални проверки и ја обезбеди целокупната релеватна медицинска и друга документација која беше неопходна заради утврдување на решавачките факти. Притоа, беа направени проверки и беше побарана и обезбедена документација од Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, ЈЗУ Центар за јавно здравје – Скопје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, како и од ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, а беа преземени и други истражни дејствија.
     
    На koritsaki, *Amethyst*, Bunny2 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Не ме интересира Мицкоски и ВМРО. Ако имаат докази дека прекршувал нека го казнат. И, тие играат лево-десно како им одговара. Не ми е поентата политика. Во сред пандемија и едните и другите си прават политикантство.