Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.169
    Допаѓања:
    207.844
    Пол:
    Женски
    :bow:Ете така јасно кажано
     
    На Rubiii и LiliBoz им се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Како ќе спречиш некој да оди на Ифтар ако нема свесност? На истиот начин на кој ги спречија Македонците православни.

    Сите теории на заговор доаѓаат од западната хемисфера. Ние само преземаме.

    Едукација е тотална глупост. Само казни даваат резултат секаде. Во сите земји се казнува за фрлање ѓубре, возење над дозволеното, градење без дозвола, поставување тераси на кафичи на пешачки зони, паркирање на недозволено место, неплаќање на струја, вода, ДДВ. Кај нас се толерира заради партиски гласачи и поени. Сега таквиот однос и пристап доаѓа на наплата.
     
    На neno0o, orevokrsacka, jacqueline.s и 2 други им се допаѓа ова.
  3. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.435
    Пол:
    Женски
    Проблем е што на секое шетање луѓето се групираат и тоа без маски.
    Треба да се има и емпатија малку посебно ако дома имаш луѓе кои спаѓаат во ризичните групи, за прошетка во природа немам ништо против.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tsukinory

    Tsukinory Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2019
    Пораки:
    1.103
    Допаѓања:
    5.864
    Пол:
    Женски
    Стаповите од Индија и не изгледаат веќе така лошо. Стока народ...Стока решение. :D
     
    На Ivan4e04, green.eyes, smooch и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    За маските и групирањето треба полицијата да си ја заврши работата ако граѓаноте не се совесни. Милион пати е кажано за маски и групирање. Ама добро разбирам секој има 20 евра да даде за казна и пак да се курчи.
    @buba4e89 кај вас ли беше казната 4000 евра за не носење на маска? Епа стави казна 1000 евра за не носење па ќе видиш дали некој ќе ја симне од лице.
     
    На cresa-jagoda, Angie1432, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.903
    Допаѓања:
    13.527
    Епа не е народот крив тогаш. Штом изборите се поважни, се гледа кој е виновен.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.074
    Допаѓања:
    33.097
    Пол:
    Женски

    Така пријателе нападни на партиска основа.

    Ама немаш среќа зашто не сум од партиски штаб.

    И пак си го браниш Чулев. Јасно ни е на сите.

    ОК е. Ќе си седиме твака како што е кај што полиција не казнува зашто Министерот си изјави дек нема да казнува. Еве ти од твојото табор вести: https://kurir.mk/makedonija/vesti/c...ez-rabota-i-se-vo-losha-psiholoshka-sostojba/

    И ама веќе. За неказнувањето се знае во ситуацијава кој е крив.

    А за Коронава секаде се иде со казни. Секаде има глупи, прости, тие што не веруваат дека вирусот вистина постои и слично. Само секаде има спроведување на ред и закон и затоа секаде се заведе ред. Само кај нас не и се знае зошто сам кажа човекот.
    Премногу сум паметна јас пријателе за да бидам член на партија. И читам секакви вести и од тие и тие па сама донесувам заклучоци.

    Спречувањето да се оди по ифтар е лесно. Ќе поставиш патроли секаде и ќе пазат да не одиш надвор од дома. Исто како што пазеа во Шпанија, Италија и на слични места.

    Еве ако сите знаат дека не се почитуваат мерките кој треба да казнува кажи ми те молам (https://sdk.mk/index.php/naslovna/n...rugi-odbivaat-da-se-testiraat-reche-filipche/). Да оди Филипче ако не да им опне една казна на овие што ги знае дека не почитуваат мерки. Ќе им каже вака фино: Јас како министер за здравство имам мандат да казнувам и ајде вадете пари сега да ве казнам. Пошто еве он ти е крив за се. Нека оди човекот нека казнува. Или нека ги прати лекарите да казнуваат зашто за тоа ги плаќаме лекарите да казнуваат не да лечат луѓе. А овие од МВР нека одат дома зашто Министерот одбива да казнува. И никому ништо.
     
    Последна измена: 29 мај 2020
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    4650 евра или три години затвор.
     
    На cresa-jagoda, Angie1432, bicycle и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Треба повторно да се продолжи вонредна очигледно... Ако ништо други барем за полесно и побрзо носење одлуки. Се гледа дека ситуацијава оди кон полошо. Јас не сум да има повторно полициски, треба други мерки построги да се воведат. На пример казните да бидат поголеми за не носење маска и за групирање над 5 лица.
     
    На monibejbi, Angie1432 и Ahoy им се допаѓа ова.
  10. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    А до кога е вонреднава?
    Требаше прво да ја укинат па после да се олабави се, а не во време на вонредна состојба граници, кафани отварање.
     
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.735
    Допаѓања:
    322.943
    А замисли се чудевме кога гледавме клипови и се прашувавме ЗОШТО ги шибаат така:D
    Имало зошто.
     
    На LejlaD, cresa-jagoda, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Така е. Никој не сте од партиски штабови. Пола држава работи во јавна администрација, вработени врз база на партиска книшка, али никој не е партиски определен. Доста со тие приказни. Биди си партиски определена. Тоа е легитимно право. Секаде е така.

    Чулев тактизира. Игра педерски. Како му одговара.

    Се е во ред тоа, но што правиме со најголемата и најкардинална грешка?

    Зошто навремено не се затворија границите и аеродромите?
    Зошто се дозволи илјадници печалбари од кризни подрачја да се вратат во Македонија?
    Зошто не се изолираа, тестираа и ставија во карантин?
    Зошто немавме маски и ракавици?
    Зошто се купуваа поскапи респиратори, а имавме понуда многу поевтини?
    Зошто државните тестови беа неколкукратно поскапи од приватните?
    Зошто не убедуваа на почетокот дека се е под контрола и дека сезонски епидемии се нормална работа?
    Зошто тестираме најмалку од сите региони? Албанија не ја сметам ни за држава. Башибозук.

    Некој прати полиција во Сингелиќ, но друг им вадеше лисици. Ти текнуе?
    Некој стави карантин 3 дена за Велигден, но некој им дозволи 2 дена да си слават Рамазан без проблем? Ти текнуе?
    За литијата во Струга, Филипче бараше казни, а за Рамазан мудро си молчи. Ти текнуе?

    За вас Чулев е лигле, но кога Филипче е во прашање тогаш народот е недисциплиниран и неодговорен. Никако Филипче, никако државните институции. Тоа сакам да кажам. Гледате низ призма на партиска припадност, а не фактичката состојба на терен.



    https://www.slobodnaevropa.mk/a/304...Kk8m8ojY0ZkPiqAahCUriUE06yqt9Vvp5JqFJlMWD7-yQ

    Прочитај го ова многу убаво и споро, за да некои работи ти станат појасни. Првин потфрлија државните институции, а подоцна граѓаните. Казни за граѓани, а никако за политичари? Јас сум граѓанин, а не политичар. Нема да дозволам некој да ме секса при здрав памет.
     
    Последна измена: 29 мај 2020
    На Marija_Magdalena и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  13. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.477
    Допаѓања:
    127.133
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200529-134441_Facebook.jpg Screenshot_20200529-134446_Facebook.jpg Screenshot_20200529-134450_Facebook.jpg
    1.Во Инфективната Клиника во Скопје примен е 1 пациент,а вкупно хоспитализирани се 43 пациенти,од кои 17 се на кислородна поддршка,а 1 е на механичка вентилација.
    Во ГОБ-8-СЕПТЕМВРИ примени се 6 нови пациенти,а вкупно хоспитализирани се 28 пациенти,од кои 6 се на респиратор,а 7 се со потешка клиничка слика.
    Во Битолската Болница хоспитализирани се 6 пациенти.На домашно лекување се следат 3 лица.
    Во Штипската Болница хоспитализирани се 11 пациенти.На домашно лекување се следат 11 лица.
    На инфективните одделенија во Велес,Куманово и Прилеп вкупно хоспитализирани се 30 пациенти,суспектни и позитивни на вирусот.
    2.Болничките капацитети се 11 посто исполнети и можеме да кажеме дека здравствениот систем е во добра кондиција. :rofl::rofl:
    Претходно немаше доволно информации за вирусов,а сега се знае повеќе.Со мерките се амортизира состојбата. :^)
    За жал,многу се зголеми бројката овие денови поради непочитување на мерките.Се собирале,а не носеле маски.Новозаразените генерално се од познати кластери,а 30 посто се контакти од надвор со кластерите.
    Најголемо непочитување на мерките има во неколку Скопски општини,Тетово и Штип.
    Била прекршена и мерката за самоизолација.Лицата имале решение за самоизолација,но се шетале надвор.
    ДСЗИ ги издава тие решенија,а казните се во домен на МВР.Министерот апелира до надлежните институции да вршат подобра контрола.
    3.Може да се воведат ригорозни мерки за некои општини,на пример како што беа во Дебар.За ова ќе се направат анализи и веројатно следната недела ќе се донесе одлука.Министерот можеби ќе препорача продолжување на вонредната состојба.
    Во Штип 17 заразени се од конфекција.Не се почитувало правилото за транспорт-не носеле маски и се возеле лица од повеќе места.
    Во Струга има 2 нови случаи.
    Министерот нема информации дали е направен скрининг во Геронтолошкиот Завод во Битола,а за во тој во Скопје вели дека не е направен.
    Во однос на новинарско прашање за направен погреб на лице пред да биде познат резултатот од тестот,Министерот вели дека епидемиолозите имале потешкотии во комуникацијата со семејството околу добивањето податоци за контакти и за организирањето на погребот.
    Запрашан за тоа зошто некои лица во тешка состојба биле препраќани во повеќе клиники,Министерот нема доволно информации,а смета дека веројатно било потребно конзилијарно мислење.
    Нема да се брза со отворање на градинките.Паралелно со процесот на отворање на градинките ќе оди и постапката за уписи во нив(според протокол изработен во соработка со МТСП).
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Мислам дека до понеделник истекува. Нема врска отворањето граници и кафани. Вонредната е за да носат побрзо и полесно одлуки. Бидејќи ако нема вонредна мора да има избори. Имаме техничка влада моментално.
     
    На cresa-jagoda и JoyJoy им се допаѓа ова.
  15. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Дали се сериозни со карантинот на населби на пола Ск?
    Нели запнаа за испитна со физичко присуство, па ние коа рековме онлајн, па демек не сме учеле 3месеци, па сме се бореле да не е така, сега нека стават карантин на пола Ск и ич да не полагаме?
    Еве ја живеам у Гази Баба, цела ако ја затворат ко шо спомнале дека имаат план, значи ич нема да смеам да идам некаде уопште така и со тоа автоматски да си пропуштам цела испитна?
    Не се нормални значи, не е можно вакво нешто да напраат.
    Циркуз е ова.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Аха. Понеделник како тргнало ќе ја укинат, или ке се продолжи и ќе се вратат мерките од претходно. Нема логика сето ова избрзување за време на вонредна состојба. Ќе се укинеше, согласно резултатите од се и нека се отварат после ресторани и се.А и со избориве им се брза.
     
    На Lima24 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    А зошто сега да стават карантин на некои општини во Скопје?
    Па што правеа минатиот викенд полицијата кога имаше полициски? Нели заради празникот и беше полицискиот?
     
    На cresa-jagoda и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.837
    Допаѓања:
    17.685
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека Гази Баба цела општина ќе ја стават во карантин. Многу е голема, има многу фирми (Алкалоид, Пивара, Европа итн.) и ќе отсече други оштини скроз (да речеме Петровец) пошто нема друг пат за нив од таму.

    Не знам што ќе направат, ама ова би било тешко изводливо.
     
    На Dream-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе затворат, иако би сакала да биде така. Само што мислам дека доцнат. На почетокот вака требаше да се спроведува, како што почнаа со Дебар, требаше и со другите општини.
    Иако, ова може да послужи како закана за непочитувачите, особено за оние неиздаицине :^)

    Има ли некој инфо каде може да се види статистика на вкупно заболени, новозаболени и активни случаи по општини? Особено за Скопје ме интересира?
     
  20. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.288
    Допаѓања:
    5.573
    Пол:
    Женски

    Ќе се оди на работа со дозволи за влез и излез од општината. Во дозволата точно ќе се наведе кој каде и колку работи )часови, смена). Но, за други потреби нема да може да се напушти , освен претпоставувам за итни медицински интервенции, ако не можат да се извршат во рамките на општината.
     
    На cresa-jagoda, Feminka22 и JoyJoy им се допаѓа ова.