Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Многу сте интересни вие политички определените.
    На Сдсм, крив е Наќе. Не дека не е. Полиција немаше никаде. Кажав и претходно. За мене е најлош министер што имало МВР до сега. Нема врска што решил да не казнува. Ама! Полиција на терен да растерува луѓе мора да има. Доволно е луѓево да ги гледаат и колку-толку да пазат. На најупорните да не слушаат - казна.

    За вмро, криви сдсм дека сакаат избори. И тоа е точно. Не ги олабавија мерките заради медицински причини или дека се намали бројот, туку од чисто политички причини. Сметаа дек Филипче добар рејтинг им држеше и сакаа да го искористат моментот.

    Што значи држава без Собрание, многу ми е јасно. Ама па и Собранието што ефикасно е години наназад. Спроведува што ќе му се каже од партија. Се прави пазар и тие таму креваат рака. И сега исто се пазарат на Владина и си носат уредби.

    Моментот не е за избори, по мене. Се избрза. Требаше да се почека бар до 10.06, да поминат сите собиранки, празници и после да се почне олабавување. Во петок е задушница. Можам да замислам па на тоа што ќе биде!

    Каков народ, таква власт.
     
    На Harper, Ivan4e04, Nausicaa и 20 други им се допаѓа ова.
  2. Lima24

    Lima24 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 август 2014
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    3.088
    Пол:
    Женски
    Се виде колку се почитува полицискиот. Еве пример ќе дадам:
    Деца на газди, седат за време на полициски час во маало собрани 10 души, мине полиција и ги одминува. Другиот викенд комшија излегува после 15 минути од кога е почнат полицискиот да фрли ѓубре. Го казнуваат 800 евра. Не бива, додека е вака џабе полициски. Ако е од 21ч младите пак ќе се соберат. Значи треба казни.

    За македончето треба да го удрат по џебот за да му дојде паметот у глава.
     
    На bibiiii, WildMk, dankee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Perelex

    Perelex Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2019
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    241
    Пол:
    Женски
    Да бираш помеѓу ВМРО и СДС е ко да бираш помеѓу кој канцер повеќе го сакаш. Али океј тоа е мое мислење, има секакви луѓе.
     
    На Ivan4e04, bibiiii, *Amethyst* и 13 други им се допаѓа ова.
  4. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Останува свеста на граѓаните. Имаше мерки, вонредна состојба, полициски час, и ништо. Сега нека укинат вонредна, пуштија што пуштија да работи, греота и за нив. Е сега, не се почитува ли носење маска, работи по протокол казнувај. Др нема, само покрај сувото гори и суровото.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Јуле, мислењево ти вришти од еднстраност. Исто како мислењата на спротивниот табор.
    Од двете страни има виновници. Чулев е виновен за неспроведување на мерките, Венко, Оли и компанија за глупите, ненавремени мерки, па и за политичкото олабавување на истите (иако јас бев за тоа)
    И на двете страни им е гајле за народот и јавното здравје. Имам претходно пишувано, вака, со вакви мерки не се чува јавно здравје, не се подига свест, не се справува со состојбава. Се видоа сега резултатите.
    Прво, ифтарските вечери, кога веќе имаше полициски час, требаше на терен да одат по населбите каде што се збираа. Јавна тајна беше, на ФБ јавно постирани слики. Ако сакаа, можеа, како што ги најдоа ороводците од Гевгелија. Ама тука политика играше од двете страни. ВМРО оти не го спроведе полицискиот час (дури и со тенкови да им отидат, ко што спомна некој погоре |() а Филипче и компанија оти не направија скрининг и не го спроведуваат истиот правилно на тие подрачја. Се знаеше дека ќе ескалира, што седеа со скрстени раце.
    Второ, полицискиот час како таков. Глупа, та поглупа мерка не може да биде за ваква состојба. Зборев и претходно, Германија беше добар пример како се спроведуваат мерки, без полициски часови и слично. Само немојте ве молам народот, та народот. Македонец / Албанец во Германија се однесува сосема поразлично отколку тука. Тоа до што е, до народот или до државата или системот? Исто и за Шведска вчера некој го спомна народот, истово важи и за таму.
    И ако веќе полиција нема на терен, зошто војската не се активираше? Нели Пендаровски е главен таму?
    И зошто побогу не го сменат Наќета ако не го бива? Нели можат? Или не?
     
    На Harper, bibiiii, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Во едно Тетовско село, на локалниот матичен доктор му доаѓале многу луѓе на преглед, со симптоми на корона, му барале инекции да им помине побрзо и секако му се ЗАКАНУВАЛЕ дека не смее да ги пријави.
    Ги пријавил, ама заканите не престанале и моментално е под полициски надзор.
    Толку имам да кажам за овдешната свест.
     
    На Harper, Ivan4e04, bibiiii и 25 други им се допаѓа ова.
  7. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.558
    Допаѓања:
    39.551
    Пол:
    Машки
    Не, Филипче е крив! (facepalm)
     
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    Oвa кo зa некoи Афрички селa дa читaш.
     
    На Harper, Mami3, happygirl и 14 други им се допаѓа ова.
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    ^ Тетово одамна е бетер од Африка, од многу аспекти и на скоро сите полиња, ама да не одиме оф-топик.
     
    На Harper, Ivan4e04, *Amethyst* и 11 други им се допаѓа ова.
  10. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Бројки нешто за денеска има некое инфо?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.723
    Допаѓања:
    35.717
    Пол:
    Женски
    Истите овие несовесни граѓани кога ќе отидат во Швицарска, Немачка, Шведска итн. се однесуваат цивилизирано. Да се запраша човек зошто? До народот ли е или до државата т.е системот?
    Дали нешто се презема околу заканувачите или единствена мерка е заштита на докторот? Во горенаведениве држави ќе ги апсат и казнат дебело, тука само на форуми ќе пишуваме за ова. Е, тука е разликата!
     
    Последна измена: 30 мај 2020
    На Harper, Ivan4e04, *Amethyst* и 13 други им се допаѓа ова.
  12. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Ама многу генерализирате со тоа како се понашале иселениците во Македонија и таму кај што се одселиле. Сите во еден кош ги ставате, а врска нема со вистината.
    Оние што јас ги знам, тука се вбројувам и себеси, се понашаме исто, т.е. сум примерен граѓанин, почитувам закон и општествени норми. Сакам слобода на мислење и немешање во туѓи животи, ова ми е скоро најважно. И баш заради ова си заминавме од Македонија. Заради однесувањето и сфаќањата на грото од луѓето налик на тие што играат по маси и слават победа над измислената корона, мислиш Нобелова награда земале.

    Секако дека има и овде луѓе што не се држат до препораките. Ама генерално во помал број се тие. Па и што беа тешки за спроведување.... :) Растојанието го држат од секогаш, тоа им е дел од културата на живеење. Ама најтешко им падна забраната на посетите во старечките домови. Токму таму и е најголемиот број заразени и починати.
    Од вчера почнаа со укинување некои рестрикции. Средните училишта и високите школи/универзитетите почнуваат со настава (беше само онлајн од средина на Март па наваму), продолжуваат групните спортови на отворено ама натпреварите ќе бидат без публика, сега разгледуваат како да ги решат патувањата во рамките на државата за летото, забраната нема да се укине само ќе бидат сменети ограничувањата за дозволеното растојание што ќе смее да се патува. За надвор од земјата има силна препорака да не се патува, башка веќе сите други земји не’ прогласија за непожелни летово :)

    Едит: има ли некаде официјални податоци која возрасна група е најзастапена меѓу заболените и починатите во Македонија?
     
    На Ivan4e04, ph.orhideja, buba4e89 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.558
    Допаѓања:
    39.551
    Пол:
    Машки
  14. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.014
    Допаѓања:
    11.018

    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda, Harper, happygirl и 24 други им се допаѓа ова.
  15. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    38.522
    Пол:
    Женски
    @green.eyes Еве од ијз
    Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (просек – 44,7 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 463 (21,7%) со инциденца од 120,8/100.000, а највисока специфична инциденца од 155,7/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (433 заболени). Најниска инциденца од 37,6 и 40,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 86 и 102 случаи соодветно (Графикон 1).

    29.5.2-300x204.jpg
     
    На cresa-jagoda, WildMk, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.035
    Пол:
    Женски
    И сега секој втор пост вие политичките определените. Не е човек да пише дека една група членови на една партија се амеби заедно со раководство. Одма мора да пишеш и за другите за да бидеш политички коректен. Аман со демагогијава 20 години истото. Еве не пишувам за сдс и сега партиски ли сум определена?:worried:

    Простотилок секаде е простотилок. Дали во Македонија живеел или во Берлин исто му се фаќа. Човек кој не почитува правила и прописи никаде не ги почитува.

    Слобода мила моја, за слободно убедување и размислување, за почитување на норми и закони, пристојност, култура, заштита на жив свет, формирање фамилии во непартиски околини и криминални дувла, избањати и свесни.
    :rofl::rofl: Ауу точно во целта!
     
    На Ivan4e04, M.B., 1209 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Шест лица од вчерашните 26 случаи на Ковид-19 регистрирани во главниот град се од општина Сарај, покажуваат статистиките на Министерството за здравство.

    Нови случаи од Скопје, освен овие, има и во Чаир (4), Бутел (4), Кисела Вода (1), Арачиново (1), Карпош (1), Студеничани (2), Шуто Оризари (2), Аеродром (3).

    На врвот на листата е скопската општина Чаир со 54 случаи на заразени, а зад неа се Сарај со 39 случаи, Гази Баба со 34 случаи, Аеродром со 29 случаи и Бутел каде се регистрирани 25 активни заболени од коронавирус.


    http://skopjeinfo.mk/nad-polovina-od-novozarazenite-vo-skopje-se-od-saraj-butel-i-chair
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    @Herrera , многу е јако :D :rofl: Ова важи за северните делови кај што има многу ретко населени места :)

    @kristina.k , фала :l: Деновиве баш ги кога ги читав бројките од прес -конференциите се сетив дека цело време наназад е исто, односно доста помлади луѓе починуваат во поголем број во Македонија :( Овде далеку најзастапена група заболени и починати се над 80 години, ама па од друга страна и поголем процент на лица на таа возраст има овде, стара нација се. И за жал тие го изедоа стапот :(
     
    На LiliBoz, kristina.k, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  20. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ми нема логика ни вонреднава кога владата прави погрешни уредби и мерки,незнам по кој пат ке се повторам све беше добро до велигден со меркиве и ги подржував,но отогаш натака грешка до грешка,кога Заев јавно си кажа дека е за избори што побрзо дури и датум кажа 22 јуни,отогаш натака Венко и комисијата за заразни болести се под притисок и носат погрешни одлуки во корист на сдс.
    Тек сега видоја дека тоа е погрешно поради покачувањето на бројката на новозаразени и сега нема за што да се фатат се фатија на Наќе(facepalm)
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.