Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.331
    Допаѓања:
    182.174
    Не е можно бе, значи стварно не се нормални. Од неделава, откако ја победија короната(facepalm)
    :clap:
    Дете од градинка поарно менаџира. Све тоа таму напикано по комисии и министерства е криво, па после оџи и попови, па после народ. Ете толку имам да кажам. Пошто извинете господа, со нивото на ингеренции иде одговорноста.
     
    На Rama, An-na, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.628
    Пол:
    Женски
    Излегувам надвор,милина,позитива, оптимистични луѓе у исто време претпазливи, доаѓам на темава, црнило,апокалипса.
    Излезете надвор, манете се од темава, од медиуми, друга перспектива ќе добиете.
    Поголема е веројатноста да се разболите од умисла и стрес, отколку од корона.

    Околу наводната мутација.
    У Србија исто насловни страни, измутирал вирусот,коси, за да некој ден после тоа бројките у минус константно.
    Кај нас наливот во болници е од оние кои Господ ги чувал. Ако почитуваш мерки, нема теоретска шанса да се заразиш.
    И смањите доживљај.
     
    На Ivan4e04, Harper, Rama и 16 други им се допаѓа ова.
  3. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    2.152
    Дечки нема потреба да си бидете на игнор ние прашавме некој кој е поупатен што работи таму , или има инфо од прва рака.
    Вие кажете ако знаете а некој ако не верува тоа е негов проблем нека иде па нек се увери.
    Имаме право да знаеме некои работи.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    8.980
    Допаѓања:
    273.767
    Пол:
    Женски
    Нешто што не ми се допаѓа во последно е намалената транспарентност за состојбава со која во почетокот се одликувавме.Дури и кај Филипче.
    Се премолчуваат некои работи се даваат погрешни информации за кој од каде е заболен и сл.
    Очигледно е дека се под притисок на јавноста,на екононистите, на политичарите и сл.
    Ама тоа ја зголемува недовербата во народот за се па и поголема непослушност се јавува.
    Очигледно е дека ситуацијава ни избега од контрола.
    А се отвараат факултети,градинки, уписи мора зголемен превоз,не можеш да спречиш целосно групирање ..
    Ќе се створи паника меѓу луѓето а тоа е уште полошо.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, green.eyes и 15 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.693
    Допаѓања:
    253.374
    Лов, за жал не ми се информациите од медиумите.
    Од таму од кај што ми се, воопшто не се среќни ради бројките и состојбата.
    Инаку и јас цел ден надвор бев, лабаво, луѓето со маски, полиција шета по кафичи, се внимава.
    Ама ова кај мене, а јас сум јужно.
     
    На ph.orhideja, LejlaD, princess5 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    60.953
    Пол:
    Женски
    Мене ниту еден ден ме нема вирусот уплашено. И ниту еден вирус не е толку страшен колку што е страшна нашата ниска колективна свест.

    Вирусот едно време го потиснавме у ќош и го минимизиравме. И после ни се случи народ и наместо со клоци низ врата да го истераме, ни го зеде сиот воздух во собата пак.

    Вирусот може за полов орган да ни се фати. Несовесни луѓе се тие кои ќе не докрајчат. И колку и да се лутам на све живо и диво што носи партиска вратоврска или штикла периодов, најмногу сум лута на сите несовесни луѓе кои пак го раширија. Џипетите. Кога можев јас да почитувам мерки а останав без работа, стигнав пак да зависам од моите, да не се видам со пријатели, роднини, сама да дремам дома, да се стегнам кратко за после да можам рајат да дишам, можеше секој.

    И цело време дробев едно исто затоа што е од ова ми беше страв. Не дека неќам економијата да ни тргне. Не оти неќам луѓето да продолжат на работа. Не оти неќам јас да тргнам на работа. Јас лично не направив ништо за да загрозам нечие здравје и со тоа не учествував индиректно врз катапултирање на економијата. Џипетите кои први скокаа дека нема ништо направија.

    Тоа е.
     
    На Ivan4e04, Harper, green.eyes и 26 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.693
    Допаѓања:
    253.374
    Мислам дека од поодамна пуштаат на тестирање иако немаш контакт со некој вратен од странство.
    Нека каже некој поупатен.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.331
    Допаѓања:
    182.174
    @duffi вика од неделава, јас и верувам. Небитно. Пред месец дена требеше да се тестира, секој ден се помасовно, ми ги бранеа овде на форумов, немале капацитет, имале методологија. Ептен е очигледна методологијата, секој ден, како што дува ветрот.
     
    На Rama, vitamina, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    9.278
    Пол:
    Женски
    Можда дури сега е тргнато од анкетата, ама за странство не спомнуваат од април. Температура и контакт со заразен им е најбитно.
     
    На Angie1432, LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.693
    Допаѓања:
    253.374
    Па се согласив со Дафи, и мене тоа ме прашаа само.
    Ама од поодамна тестираат и други. Мислам беше контакт со заразен.
    Сега веќе не е битен контакт туку симптоми.
     
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.331
    Допаѓања:
    182.174
    Ок, супер.
    За бројот на тестирања општо зборев. Цел свет интензивираше тестирања, таму се мудруваше со небулозни критериуми за тестирање,
    Не е тоа пропуст, изгубено време во минатото, изгубени случаи, нечија одговорност?
    Не е твоја сигурно, ама нечија одговорност е.
     
    Последна измена: 31 мај 2020
    На Rama, An-na и fana им се допаѓа ова.
  12. ludamaja10

    ludamaja10 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    900
    Не се само ифтарите, информирај се и ти :)
    Ти ко самата да си идела по ифтари па знаеш. 95% беа намалени големите ифтари оваа година. И пак ќе кажам, ифтарите неможеш да ги откажеш, и сам да седиш - ифтар е.
    Искрено ќе кажам, колку чистота и НЕ-КОРОНА има во лапање лажичка сите до еден иста во уста? На сите им одговара да има повеќе муслимани заразени за да можеме коронава и растот на бројот заразени на нивна глава да ги свалимњ
     
  13. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.461
    Допаѓања:
    60.953
    Пол:
    Женски
    Зашто мене не ме цитираш? Тврдеше дека немало големи ифтари, јас ти постирав 2 јавни слики каде се докажа дека имало.

    И до кога ќе го правиме овој муабет? До кога нема да си ја чукнете главата и нема да погледнете што се случува? Си живеете во некој филм дека некој е тим литија или тим ифтар, па сеа треба да се убедуваме овде кој кур е поголем. Подеднакво се виновни сите што вртеа ора, присуствуваа по цркви и по литии и по ифтари. Нема помалку и повеќе виновен, повели, прочепкај ми низ мислења, ќе видиш за литијата и за верниците наши колку гомна се имам изнајадено.

    Таму се падна паричката овој пат, ај еднаш имавме среќа со лажичката, ај уште еднаш по манастирите кругови кај што вртеа, ај три пати со ората, е четвртиот пат курац. Исто како со руски рулет, имаш повеќе играчи и еден куршум, некаде ќе опали истиот.

    До кога ќе читам мислења ааа не вие сте криви, ааа не не овие се повеќе виновни. Ко мали деца кога треба на учителката да се кодошат за тоа кој правел немир на час.

    Изговори, изговори, ИЗГОВОРИ. Ами овие вака правеле, овие така правеле, ами овие маски не носат, ааа штоќемуправамнадетето а искача со уште сто души, е да бе Славица нема корона зошто да не и идам на кафе, еее штоимаврска што сме по 100 души во парк.... До утре можам да редам. Никому не му беше забрането да си излезе надвор, да си прошета сам или со најблизок човек, да си седне и да го фати сонце. И јас одев сама у шума.

    Сериозно прекинете више да токмите кој е повиновен, дали некој што идел на ифтар или на литија. Чиста среќа беше тоа што немаше таму никој заразено. Е не може вечно среќа да не прати. Шпанија во тој период се играа по 30 утакмици со илјадници навивачи, доволно беше само на една утакмица што имаше заболен меѓу нив. И така почна таму да зема масивен моментум.

    Гледам дека имаш блиска другарка муслиманка и еве јас ќе ја пофалам, секоја чест што почитувала мерки и што си останала дома и така си го прославила нивниот најголем празник. И не е само таа, имаше многу луѓе кои се свесни и знаат дека така прават добро за колективот. Тоа што се критикуваат тие кои масивно се збираат не значи дека имаме нешто лично против нив, аман разграничете ги тие две работи.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, Harper и 24 други им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    9.278
    Пол:
    Женски
    Па сами шо не си седеле тогаш тие од сликите?

    На Катар пред се така му одговара?

    Знаеш што, не ме интересира, јас мислам дека за две недели ќе стивне сето ова кај нас. ;)

    Ама дека немале врска бројките со ифтарите хахаххахха
    Од Нова година се овие заразени сигурно.
    Сега за инает ако пишиме.
     
    На Rama, Ahoy и M Bison им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.331
    Допаѓања:
    182.174
    @KateKane и за ифтари и за дифтари си постојат одговорни, оџи, попови, да ги едуцираат. Ама не, и тие се оперирани од одговорност.
     
    На Harper, NarCis@, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    8.579
    Не е чудно вирусот да мутира, чудно е да мутира во полош, поагресивен. Како што читав, со мутирање вирусот фактички губи својства, а не добива нови (потенцијално поагресивни).
    А од друга страна наплив имаме на нови тешки и смртни случаи деновиве. Што пропуштаме?
    И не е лошо научната фела малку да се размрда и да следи што ни се случува. Нека земат конечно да истражуваат, споредуваат, нека разменуваат искуства со странски колеги. И најважно од се нека не' информираат, нека гукнат нешто ново за промена. А не шест месеци дрват дека само средновековни методи му е мајката, и тоа е се што треба да знаеме за вирусот.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.750
    Допаѓања:
    9.278
    Пол:
    Женски
    И @ludamaja10
    Намалете пречувствителност на тема ислам
    Не секој шо пишал ифтар ги напаѓа муслиманите, јас барем нема нив да ги обвинам за пландемијата сигурно ( таа си е штелувана, досега се најавено пред неколку месеци, се остварува :) )
    На овој форум како лошо зборуваат за православни, католици, протестанти, јеховини сведоци, скиентолози.... па никому ништо
    Не е важно што пишуваат тука
    Чил малце
     
    На Rama, Angie1432, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Еден мал update.

    Лани и преклани овој период беше толку топло што буквално едвај се дишеше. Оваа година кога очајно ни е потребен континуиран топол бран и сува клима, летото доцни. Парадоксално е што на моменти се добива чувство како и климата да работи против нас...

    Сериозно се прашувам како вирусот под наше поднебје би се однесувал кога температурите би достигнале близу 40 степени, за да утврдиме дали може да се верува на досегашните клинички иследувања, дека при топло трансмисијата забавува.

    Ако не стопли за една недела ќе почнам да верувам во лудите конспирации за ХААРП и дека 'клетата' Америка ни го прави ова. :)
     
    Последна измена: 31 мај 2020
    На candy.cane, Harper, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.114
    Допаѓања:
    269.103
    Страв?
    Ич страв не ми е.

    Лута сум.
    Лабаво само.

    И да си одите и по дискотеки ако милувате така. Мислам...
    Никој никогаш не ви рече од дома да не излагате. Освен за Велигден до душа.
    Три месеци ако сте седеле дома... ок. Јас не седев. Во нормален живот немам толку слободно време, па максимално го искористив, надвор бев во природа.

    Уште на некои не им е јасно дека не треба да се збираат луѓе на куп. Небитно е зошто се збираат.

    Не мора јас да ви кажам или некој друг. Сами си ги гледате бројките. Во "пикот" не беше вака. Од контролните тестови (едит: скринингот) малце се позитивни. Од оние со симптоми се најмногу. Тоа секој ден го објавуваат, секој го гледа.

    И џабе прст ќе вперуваме. Вирусот, како и секој друг вирус, го заболе дали сте муслимани, христијани, Македонци, Германци, мажи, жени. Сите сме во лајненцето заедно и еднакви.

    Бројките секаде паѓаат, кај нас се мислиме когажурче.

    МВР си се ептен криви што мижеа, и мижат, затоа што се занимаваа само со пол.час. А до 7? Па слободно бре пуни паркови, клупи. Дистанца? Што беше тоа?

    И да, сами сме си криви. Не знам што не беше јасно у недружење. Од недружење никој не умрел. Од корона да.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, cresa-jagoda и 25 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.315
    Допаѓања:
    158.331
    Јас дојдов да кажам дека Тања Царовска треба да се прими на психијатрија. Не ми стои за добра во паметот.
    Да пристапиме кон рипорт на профилот.
    Што е најтрагично луѓе кои мислев дека се со камн сенс ја поддрмуваат.

    Убаво направи некое си реноме ко пејач. Ама паметот не и е јака страна.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.