Поголем број од агенциите ги откажаа патувањата во Италија за 8-ми Март. Мислам дека до тогаш ќе се затворат границите. Не треба другите човечки животи да се изложуваат на опасност, обично агенциите ги држат цените исти, така да ако сакате да одите за Италија, ќе одите и во лето, за иста цена.
Сабајле на работа колешка лута оган,немало да иде во Венеција за 8ми,агенцијата откажала. И викам шо ќе ти стане ако не отидеш,гледаш каква е ситуацијата? Е шо сме паничеле со маски ке шетале низ Венеција заштитени ќе биле
Ако според неа е фер за нејзино шетање да ризикува илјадници животи, океј.. Нем, Италија ќе им избега.
Не е баш точно. Вчера кај Италија повеќе заболени од сега покажуваше, плус 11 смртни случаеви беше вчера.. на ова истото гледав. Не ми е јасно како вака брзо се шири во Италија во градовиве. Како во Виетнам сите 16 души се опоравиле и нема нови заболени? Значи деф не се преземаат мерки како што треба.
Мене ми фати во око со што ги лечат во Виетнам 16 биле болни сите се излечени а еве во други земји 20 случаи сите починале Мислам знам дека мала е шансата за смрт ама само мене ми е чудно или...
Може сите биле со појак имунитет и немало постари лица, што знам. Но како спречиле ширење? Како што прочитав уште од 13 Фев немало нов случај таму.. Највеќе се криви сами луѓето. Еве како овие што се налутиле дека им откажале агенциите за 8ми Март Што бидна со вториот сомнителен кај нас?
А да и за нов случај знам дека нема и се тоа ми е сомнително зашто мислам и дека сите заболени се вратени од Кина значи никој не го пренел на никого а не се пријавени веднаш во болница
Каде виде? На вести, на страна некоја? Зашто има само инфо на нет дека се проверува дали има, а нема инфо никаде дали има или нема.
Таа прашуваше за сомнителниот од Дубаи А инаку од каде тие информацијата за девојката од Милано што е сомнителен случај
Па официјално никаде не пишува изгледа дека е дезинформација. Линиите до Италија се отворени па постојано ќе се пишуваат вакви лажни вести
Зошто се примаат луѓе од страна без да се врши проверка на истите?! Зборуваше вчера на вести жената што се вратила од Италија,воопшто не биле проверени? Каде се превентивните мерки? Од толку луѓе кои доаѓаат во Мк,небитно од каде,многу веројатно е дека некој ќе има вирус. И тоа додека да дојде некој таков,после тоа многу брзо ќе се рашири меѓу народов. А за смртноста,кога би дошол кај нас,верувам дека би била голема,ем има доста хронично болни,ем останаа повеќе стари во државава. А овие па со патувањава,и логично е да ги откажат,и треба Како воопшто некој и би сакал да патува кога е таква ситуацијата Дали јас сум паничар ама многу брзо се шири. Дури и како намерно да се шири и да не се превзема ништо да се спречи. Дај боже да не одмине Имаше во 12 на сител на вести,дека другиот патник сеуште се проверува,а тој од Дубаи дека не е со вирус.
Јас не знам што се чека и зашто уште линиите со Италија се отворени па прво колку држави ги затворија границите за луѓето од Италија додека не се смири состојбата. Ама па ние се последни па ајде и во ова
Кај нас се е отворено, слободно може кој сака да си дојде, вратата ја знае. Шала на страна, и мене малку ме фаќа страв од целава ситуација. Ние не можеме со обични вируси да се справиме ко што треба а не со Корона. Се надевам ќе не одмине иако нешто ми кажува дека ќе биде обратно.