1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Има ли вести како е бебето, мн мало :(((
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Тие имаат право да протестираат. Се друго во твојот наратив е ирелевантно. Против 5Г има протести во цел свет. Ако не ти се допаѓа, направи утре протест, собери 5000 народ и докажи им дека грешат. И мене одредени протести не ми се допаѓаат, но тоа е мое лично убедување.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.226
    Пол:
    Женски
    Зошто не ги казнуваат овие пто велат дека нема пандемија?? Па од нив до овде дојдовме. Screenshot_20200531-161143_Chrome.jpg
     
    На cresa-jagoda, Angie1432 и Alishan30 им се допаѓа ова.
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Кај нас цели здруженија, организации со милионски суми и буџети се контролирани од одредени партии, а ти се фати за 5 старци лол.

    Навистина голем удар ќе направат овие 5 старци на Заев и СДСМ.
     
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Зекири за паметен го сметате?!

    Жално за бебенцето.

    Како убедување?
    Не може да е убедување кога зад тоа има факти, вистина, докази.
    Може да имам убедување за некаква вера/секта. Ама се останато зад кое има факт, не може да е убедување и нема што тука да оставам слобода некое си неедуцирано мнозинство да завлекува друго неедуцирано мнозинство.

    Старци кои се партиски испратени. Кои пренесуваат порака која е малте не потенцијално "убиство" на граѓани. И тој што стои зад тоа треба да одговара! И тоа сериозно да одговара.

    Се фатив, но не за ЗЗ и СДСМ туку зошто прети реална опасност и реален вирус со смртни последици.
     
    На cresa-jagoda, Amellie13, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Никој не го оспорува твојот наратив, слобода на говор и право да организираш протест. Организирај, собери маса на луѓе, приварзаници и бујрум. Покажи се. Убеди ме и ќе ти се придружам.
     
    На Different7 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Слобода на говор не треба и не може да има кога е во прашање човечки живот.
    Не зборуваме за легализација на канабис или проституција или за не знам што.
    Зборуваме за вирус, болест, смрт.

    Оваквиве потпалувања се ништо освен со политичка позадина. Среќа пресмешни се за да добијат сериозна политичка нота. Но идејата е да се создаде непослушност, излегување на луѓе, повеќе заболени за да се обвини системот за лошо справување, бројките да растат, а со тоа и да се пролонгира се. Да доведе до повторно блокирање на се и уште поголем економски проблем.

    И после ќе ми зборуваат за патриотизам, за љубов за својот народ, за имиња. Море марш.
    Имаш две страни, вакви ретарди што протестираат и Тања Царовска и друга страна ја нисам одавде што демек поим немаат и тераат виши политики. Циркуз.
     
    На rainbowmama, nena2010, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Човечки животи во прашање? Дали се шегуваш? Сериозно? Полициски час е укинат. Се отворија кафани, кафичи, ресторани, бутици, конфекции работат и ти се фати за 5 старци што протестираат? Твојата одбивност кон Мицкоски е лично твое право, но наративот ти е смешен. Нема основа. Протестираат, затоа што им е законски дозволено.
     
    На orevokrsacka, *Amethyst*, Different7 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    17.888
    Допаѓања:
    223.722
    Пол:
    Женски
    wrooong.
    протестираат зашо се амеби.
     
    На candy.cane, nena2010, Amellie13 и 8 други им се допаѓа ова.
  10. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Шо народ ќе бевме јас не знам :x
    Мува не ги лази ама баш за ништо, толку ли е тешко да се почитуваат мерки ?

    Полицијата каде е ? За време на полициски дури имаше си седеа по гости на викендици. Сега за живи ги нема.
    Кога сме толку несовесни треба малку полицијата да затегни, нека земи нека поработи нешто и повисоки казни за ваква стока. АМА да важат казните за сите, не за поединци.

    Се отворија, само библиотеките никако не му текнува да ги отворат, можи таму е заразата, па ќе ги чуваат затворени до август, ужас. Се обратно се работи кај нас.
     
    На Alishan30 и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Неспособниве нека замолат за експерти од Кина да им изготват план за побрзо напуштање на ситуацијата, тие ги опраја Италијанците
    Или не смеат, ќе спишти ЕУ
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    А освен наратив некое друго зборче?

    Законски дозволено? А уредбата за вонредната состојба?!
    Нека им е и законски дозволено, треба да немаш три чисти у глава за да протестираш за нешто што нема допир со реалноста и води кон поголема пандемија. Негираат дека постои вирус. Како да ти кажам...

    Отворија се, што не требаше да биде ет фрст плејс затворено, но притисокот на јавноста со особена поддршка и потпал од страна на Жмицковската партија на која не и се угоди зошто власта ја пратеше секоја нивна желба (грешка огромна).
    Едно е да седи некој у ресторан со мерки, а друго е некој да скандира дека нема вирус, а починаа еден куп луѓе.

    Протестираат зошто некој ги организирал. А тоа како сум упорна во докажување на срања знаат неколку феминки кои уште од времето кога Боки 13 продаваше пуфки дека е многу хуман, а сите му ги купуваа, заедно го прибивме.

    Тој што стои зад сето ова, треба да одговара.
     
    На candy.cane, nena2010, JuLleE и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    3.738
    Пол:
    Женски
    Kako e maliot sin i dali ste vo samoizalacija zaradi maloto?
     
    На Lejlaah и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Никој не може да знае како ќе биде утре, задутре, да се надеваме дека еве казни се затегнаа, никој не сака пак карантини чуда, и дека овие бројки се веќе лоцирани жаришта, откриени и дека ќе поминат лесно. И да биде се подобро. Не може секој ден да има 50,60 не сакам да верувам дека е така. Ако не треба се да се затвори пак само болници да работаат, мвр, арм и да не се мрда од дома. Да се надеваме на подобро.
     
    На Ahoy и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.450
    Пол:
    Машки
    Секоја партија си гледа интерес во ситуацијата.

    СДСМ и власта цело време тестираа малку, за да бројките бидат што помали, за да се оправда наративот за избори. Цело време верглаа на телевизии дека ситуацијата е под контрола, нема простор за паника, набргу се ќе се отвора, животот ќе се враќа во нормала. Луѓето почнаа да се опуштаат, маските станаа минато. Се укина полицискиот час со цел да се организираат избори на 21 јуни. Шеќеринска и Спасовски одат и се сликаат со УЧК знаме, Димитров објавува твитови само на албански јазик. Заев и компанија, на мотори, денес се собраа во дојранска кафана. Сигурно седеле на 2 метри растојание со маски на лицето.

    Тие што протестираат дека нема вирус се истите идиоти, кои тврдат дека ситуацијата е под контрола. Нема разлика. Освен што тие 5 старци на Жмицковски не го укинаа полицискиот час и не ги наполнија кафаните и рестораните. Некој друг го направи тоа. Не релативизирајте:)
     
    На ines.h, orevokrsacka, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.798
    Каде прочита дека ова е организирано од Мицковски?Има ли официјално?
    Или ти самата си правиш филмови?Може е од Заев ова намерно да за му направат проблем на Наќе,као еве полицијата не реагира.
    Мицковски ако организира ке биде многу масовно,ова е шака луѓе,мислам смешна си:D
     
    Последна измена: 31 мај 2020
    На ines.h, orevokrsacka, Different7 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Не релативизирам, напротив.
    А дека е јасно која е агендата, целта во обид и кој стои зад сето ова, говори фактот што ниту еден Жмицковски партиски мегафон кој е нели на "дрѕгата страна", здраворазумната, демек немаат веза шо се дешава, не пиша осудувачки коментар или повик. Туку молк... зошто е јасна целта.

    И не, не е време за партиски придобивки кога луѓе умираат. Ало бре!
    Не ме интересира кај е Заев у моментов и дали јаде шкембе чорба. Тој човек не знае ни како се доживува себе си, уште мисли дека е премиер.
    Ја пишав логиката. Организаторите од групата против загадувањето итн промовирачи. Мора да има официјално за да упитребиме логика и мозок?
    Кој Наќе? Тој шо имаше жал да казнува?!

    Ти од кои си? Има вирус или нема?
     
    На Annath, JuLleE и Ahoy им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.640
    Допаѓања:
    116.322
    Пол:
    Женски
    Човекот не се презива ни Жмицко,ни Жмицковски,ни Мицковски,туку Мицкоски.
    Тешко било да се запамети дека нема „в“ во презимето. :D
    Присуство на исти лица на повеќе протести не значи дека некоја партија стои зад тоа.
     
    На orevokrsacka, Different7 и veteruska им се допаѓа ова.
  19. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.151
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Еве да прашам сите се плашиме факт, се чека вакцина. Колку од нас би се вакцинирале со цел да се заштитат? Себеси, децата.
     
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека ќе има за децата вакцина.
    Јас лично ќе се вакцинирам.
     
    На elenaxbbg и ЕденЧлен им се допаѓа ова.