Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.401
    Пол:
    Женски
    Има два типа размислувања за вирусот.
    Првите мислат дека Корона не постои и си тераат како сакаат.
    Другите размислуваат дека имаме мали бројки во однос на другите држави:rofl:.ОК, дали сериозно се споредувате со Германија во бројки(facepalm).Колку жители имаат другите држави колку ние?На 1.000.000 жители сме меѓу државите со најмногу заразени, ама никој не проценува така, туку на вкупен број жители.
    Во многу држави состојбата се смирува кај нас не, а тоа е така бидејќи сме многу "паметен народ".Митре правел роденден и мора да му отидат 50гости, мора да се соберат во викендичка 20луѓе за да снимаат на Инста и МОРА сега секојдневно да се оди во кафичи бидејќи е срамно да не излезеш.Сите што не веруваат во Корона и не почитуваат мерки треба да потпишат изјава дека кога ќе се заразат нема да одат во болница бидејќи греота се здравствените работници да се оптеретуваат со такви будали.
    Сега сфаќам дека економијата не била најголем проблем во државата туку толку им е капацитетот на повеќето овде.Со таков начин на размислување секогаш ќе бидеме на дно.
     
    Последна измена: 2 јуни 2020
    На CameliaMiller, tijanana, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    Брутално искрено (y)
     
    На LejlaD, Broken♡ и Принцезичка1 им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.741
    A што е поверојатно- контакт со асимптомски заразен или зараза преку предмет?:?:
    Ако следеа како што треба да се следи, ако преземаа мерки соодветни на ситуацијата и условите, помалку инфицирани ќе беа, па и асимптомски нека се. За надлежните праам муабет, никој не е крив што се инфицирал, крив е некој што не ги изолирал носителите на инфекција.
    Зараза преку предмет- реков пред месеци и пак ќе речам, не ми е некоја веројатна опција.
     
    Последна измена: 2 јуни 2020
    На zhap4e, Spidy, An-na и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.310
    People could catch COVID-19 by touching contaminated surfaces or objects – and then touching their eyes, nose or mouth.
     
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.799
    Допаѓања:
    41.935
    Пол:
    Машки
    О боже господе:
    *сликата е преземена
    Филипче е крив! FB_IMG_1591089967778.jpg
     
    На WildMk, Ang_ela, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.242
    Допаѓања:
    48.662
    Пол:
    Женски
    Затоа велам дистанцата е најбитна од било кој.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    На azelea, Waverly Raven, Spidy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.741
    Абе и дистанца и свети дистанца. Ако ми кивне некој во канцеларија/погон и го разнесе тоа вентилацијата, џабе дистанца. Најбитно е случаите да се изолираат. Ама многу работа треба- е треба. Некогаш треба и нешто да се сработи.

    Туку, што беше инфото за специјалниот аранжман на МК со СЗО, нешто ми пролета таа информација, ама не разбрав баш. Има некој линк, нешто?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Интересен ти е начинот да оправдаш некој што не си ја врши должноста со претпоставка ако бил некој од СДСМ истото ќе го правел:)
    Во секоја нормална држава министерот за внатрешни работи ќе одговараше за предизвикување на општа опасност со последици по здравјето на населението или како и да е тоа правно.
    Еве јас ќе се согласам со тебе, премиерот не најде храброст да ги затвори верските објекти за време на кризата. Да стави клуч на црквите онака како што џамиите беа затворени скори 2 месеци. Да забрани посети, причест и литии за време на кризата. Да го направеше тоа ќе имаше лице и џамиите за Рамазан да ги затвори. Да имаше тридневен полициски час за 1-ви мај ќе имаше владата лице и за Рамазан тоа да го направи. Ама да те потсетам кој беше против полициски час или си знаеш?
    20200526_152213.jpg

    Никој не ја напаѓаше полицијата до Велигден, додека си ја бркаше работата. Ама се исплашија од рејтингот на Филипче, па чекај сега, друга тактика. Ќе изигруваме 'добар полицаец', а народот е стока кога му се може.

    Тестирањата, да можеби еден период не се правеа доволно, тоа не значи дека тие што се пријавиле не беа тестирани. Сега се врши скрининг, ризични групи се тестираат, вработени во градинки, старечки домови, се врши тестирање на семејствата на заболените без да се чекаат 14 дена, се тестираат работничките по конфекции каде се јавиле заболени.Уште се прават малку тестирања?

    Набавка на респиратори по двојно повисока цена. Можеш да ми ставиш линк за кои респиратори зборуваш? Јас колку што знам МЗ нема набавено респиратори досега. Сите што пристигнаа се донација. Имаше неколку тендери кои се поништија.
    Зборуваш за цената на респиратори кои некое новинарче ги нашло на некој сајт во време кога најголем дел од државите забранија извоз на медицински материјали и апарати?
    Па министерот не го праќаме да набави респиратори како на пазар, се прави тендер. Имаш доказ дека е отфрлен вендор кој ја имал таа цена на респиратори ? И да е така, а не е, при итна набавка најбитен е рокот на испорака, не цената. За жал или за среќа тендерите не се реализирани, а не се затоа што фирмите не можеле да ги достават. Сите респиратори се донација од амбасади и приватни компании.

    Околу карантинот околу ризичните општини еве ќе те поддржам, ама не знам дали ќе е од корист кога тројца со адреса во Чаир живеат во мојата зграда во Карпош.

    И уште ова, уставот ти е достапен на интернет, прочепкај кога се прогласува воена состојба:)
     
    На Bubish26, Broken♡, M.B. и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.398
    Пол:
    Женски
    Најјако ми е политичар кога ќе заболи. Пошо цело време тие трубат мерки мерки, тие почитуваат нели за да бидат пример за сите и на крај тие позитивни. Циркуз
     
    На Broken♡, zhap4e, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.704
    Допаѓања:
    192.741
    Сега? Дури сега?:o А од Март колку време помина, 3 МЕСЕЦИ? Што е ефектот од пикање под тепих? :^)Полициски час да, тестирање кобајаги, мерки ич- стратегија мхм:|.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.335
    На почетокот цело време трубев дека кога сѐ е затворено, цркви и џамии најмалку се потребни да работат и треба да се затворат, ама не.
    Поповите ќе останеле без финансии.
    И тогаш јасно ми беше како ќе тече сѐ.
    А...да не мислите сега дека верниците ги обвинувам само за ситуацијава.
    Ама дека беа привилегирани, беа.

    Без разлика дали од литии и ифтари се влоши вака или не, многу си дозволија.
     
    На WildMk, SuperGirl24, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.768
    Сега е ШИК да си политичар или градоначалник и да си во самоизолација + да нагласиш како продолжуваш со работа од дома.

    http://ohridsky.com/2020/06/02/Заврши-состанокот-на-Комисијата-за-за/
    Еве немало многу нови.
    Значи оној постот погоре кој од некакви извори кажува дема има 900 заболени кои ќе ги распоредуваат наредните денови е лажна информација.
     
    На LejlaD, cresa-jagoda и Mantub им се допаѓа ова.
  14. Ang_ela

    Ang_ela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2019
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    1.179
    Пол:
    Женски
    Кога веќе се фаќаш за зборот сега, еве тоа сега е скоро месец дена. А за какво пикање под тепих збориш?Не те разбирам.
     
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    Абе овие и маски викаат да не се носи. Едно време ја ругаа Шведска, сега ја воздигнуваат. И така... некое мерило не ми се.
    Да се заразиш од површини можеш единствено ако некој пред тебе кивне, ти веднаш ја допреш површината и се допреш до уста, очи... Во спротивно е тешко веројатно.
     
    На WildMk, Kitten, Bunny2 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Леле не е можно бе што е најтажно, сигурно има 1000 споделувања.
    Дали го слушавте чичково експерт за 5G, јас не знаев дали да плачам или да се смеам.
    #Macedonia
    #Macedonians
    #Macedonian upload_2020-6-2_11-41-30.jpeg
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.401
    Пол:
    Женски
    Бутел, Чаир, Сарај подитно да се затворат.Пошто утре пак ќе имаме по 80
    А може и кафичите да ги затворат.Реално не е зорт да се пие кафе у кафич.Не знам што чекаат, ја уште денес би ги затворила пошто не се почитуваат мерки.
    Во два денс поминав низ кебапчилница и 3 кафичи и НИГДЕ ама нигде немаше по 2ца на маса.
    Сегде беа повозрасни луѓе тоа ме зачуди највеќе.Немаше тинејџери нигде.Се беа испоседнати на кафе пауза, некои да си ручаат и по 5 души на маса.
    Другарка моја со цел памет отиде во Броз на кафе, и сите што биле на кафе ми се чудат дека сум ,,ненормална” пошто не идам.
     
    На Broken♡, cresa-jagoda, thequeen95 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.799
    Допаѓања:
    14.721
    Пол:
    Женски
    Баш!
    На пр. им даваш изјави на домашните :D
    Во регистар за вакцинирање ќе ги стават и? Што после? Значи пресмешно...

    Инаку, едно прашање имам. Пошто не излегувам, ме интересира како е низ град, по маркети, ресторани, кафичи...? Има ли гужви? Дали има разлика по маркетите кога беше ограничено раб.време поради полициски час и сега?
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  19. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Нема да функционира. Во чаир кафичите беа отворени цело време, барем повеќето.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.048
    Допаѓања:
    37.477
    Пол:
    Женски
    За билдање резултати погодни за избори. Пред повеќе од месец и пол божемски го досегнавме пикот, па потоа магично почнаа да се спуштаат бројките на заразени. Со акцент на заразени, а не на направени тестови. Јасно дека ќе има 5, 10 заразени на 100, 200 тестови :^)
    Масовен скрининг требаше од почеток да се прави, глупавиот алгоритмнот требаше да си го стават, ај да не речам каде, исто и глупавиот полициски час, кој е неефективен и контрапродуктивен.
    Не знам зошто воопшто го спомнуваат пак? Чуму?
    Ситуацијата може да се контролира и без полициски многу едноставно, полицајци пред гробишта Бутел и останати, па да видиме дал некој ќе оди. Само, така губат политички поени, полициски посигурно им е.
     
    На Kitten, Nigredo Odor и Biljarkata им се допаѓа ова.