Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.137
    Допаѓања:
    3.726
    Пол:
    Женски
    Дали ќе има полициски од петок?
     
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Од наша група нема ниеден таков.
    Имавме и повеќе онлајн квизови и чуда 90% и повеќе од студентите во генерација се приклучија.

    Во средните имаа формулари и само 2-4% во просек у едно школо немаа услови за онлајн настава.
    Им обезбедија привремено компјутери.

    Речиси нема кој не седи по социјални мрежи, па за онлајн полагања проблем било сеа...
    Со мал број исклучоци (навистина социјално загрозени) ама мислам дека веќе бројот на луѓе што поседуваат телефони или лаптоп и интернет е веќе огромен...

    Ете доколку има такви нека се полага за нив спроведено некаде и онака би биле во мал број.
    Или нека им се обезбеди додека трае испитната компјутер или засекогаш нека им го подарат и така се утепа државава од крадење.

    Има решение за се ама како да не сакаат да се потрудат.
     
    На MrenaRiba, BlackMistery, ElenaOfRivendell и 12 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.985
    Тоа се толку малку луѓе, што е срамота да се спомнат како проблем. Дали ќе им подарат, дали ќе организираат само за нив, дали нешто трето ќе смислат... ова не може да е изговор за физичко присуство.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, LejlaD и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.787
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Утре ќе одлучувале.
     
    На ЕденЧлен и злоба им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.787
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    На cresa-jagoda, LejlaD и referentka им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.296
    Допаѓања:
    119.117
    Пол:
    Женски
    А сега контролирано се шири? :rofl:
     
    На Harper, Ivan4e04, *Amethyst* и 24 други им се допаѓа ова.
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.345
    Не ти е страв Вајлд оти не мрдаш од дома.
    Ние останатите одиме на работа. И функционираме колку да се каже нормално.
    И јас да седев дома со мм и малото, ќе викав не не ми е страв.
     
    На Harper, eli25, mal.ecka и 20 други им се допаѓа ова.
  8. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.326
    Допаѓања:
    278.498
    Пол:
    Женски
    Не карантин не полициски час само локдаун како во Италија што беше.
    Суштествените гранки да работат се со строга заштита а никој да не може беспотреба од дома да излага.Само најблизок маркет и аптека.
    Не дека сакам ама ова веќе хаос постанува.
    И казни казни огромни..за овој народ....малку е....
     
    На mal.ecka, Martka, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Незамисливо ми е ова што го зборувате за селата и народот. Незамисливо.
    Онда, ситуацијата не да е избегана од контрола туку пребегана трчајки.
    Добро, како може низ цел свет полицијата да ја работи својата работа а во Мк да е исклучок?
    Уникат сме бре!

    Ај и порано знаев дека не работат односно дека секој има некоја врска ама па да бегаат да се кријат да одбиваат тестирање и слично?
    Многу лошо ова што го зборувате. Не е лошо ужасно е.

    Може е време Мк како држава малку да се преиспита до каде оди.

    Овде знаете каква сила употребуваа врз народот? Па поготово ако сретнеа позитивен да се шета?
    Одеа со снајпери и со дронови.

    На крај што се воспостави кој е во право а што мислите?
    За наше добро тоа го правеа, за да денес сме повторно слободни!
    И тука ги апсеа застршуваа и т н.
    Колку само јавни фаци и политичари си платија казни ехее.

    И нема вирус, епа ќе нема.

    Не ме ни чуди и полошо да е во Мк
    Со такви постапки искорумпирани до бескрај.

    Разочарана сум што читам.
    Тоа таму не е држава бе, и крај.
    За срамота сме луѓе, за срамота.

    Да не смееш да припариш во албанско село, еден албанец да има привилегии над полиција?
    Незамисливо.

    Колку сакате лутете се на мојот коментар ама ова е ужасно што се дешава таму.

    Да, и кога збореа во штип да се затворат конфекциите не, никој ништо не направи сега чорба епа чорба.
    Кутар народ и женички таму што работат можам да замислам сега како и е :(

    Јас сум вчудоневидена од Мк не верував дека е "до волку" отидено се таму.
     
    На Harper, Black_Widow, Ivan4e04 и 18 други им се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    101 потврден, машала машала
     
    На Spidy, cresa-jagoda, fana и 5 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Можеби е заради тоа, ама не е битен тој дел.
    Она што сакав да посочам е, дека кога некој зборува за некој ризик од короната, не значи дека паничи и дека се обидува да направи паника... туку само споделува сознанија.

    Едит: Многу убаво беше објаснето тоа во видеото на Телеграф што го постирав пред некој ден.
    Користењето на зборот 'паника' е контрапродуктивно во криза.

    Едит2: Еве го:
     
    На LejlaD, CameliaMiller и duffi им се допаѓа ова.
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Нема лабаво,идеме само јако,утре 200.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  13. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.747
    Допаѓања:
    13.627
    Пол:
    Женски
    101 сега напишал Венко.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  14. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.792
    Допаѓања:
    145.345
    Машала... 101
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Ама важно избори да се одржат сега(facepalm)
    Како беше првично мора на 21јуни:D
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  16. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    Имам пријатели што студираат во странство.Онлајн полагаат , и на пример за 40 прашања имаат 40 минути,за 30 прашања - 30 минути. Скриптите се околу 100 страни,па не верувам дека некој ќе може за една минута да ја разлиста цела да бара прашања,и па уште 30 прашања така. После автоматски им се исклучувало,нема уште 5 минути. Камера уклучена,микрофон.
    Ама ајде,ние можда најучени ќе испадниме па ние, отпорни сме на вирусов.
    Еве за ова се нервирам,од дома не ќе излезиме,океј,ќе седиме дури можеме.
    Ама па не можеме сега цел живот на пауза да го ставиме, факултет зад нас,работа зад нас.
    Еве вака ќе излезиш за некоја битна обврска,ќе закачиш вирус.
    Неорганизираност на ниво.
    Барем тука што можат.
    Ај за жениве што работат по фабрики за шиење , маркети итн, ми е прежал,ниту да одиш на работа ниту не.
    Не можат онлајн да сошијат ништо.
    Ама со факултетиве крајно се разочарав.
    Затка,еден до друг,ти дишат во фаца,асистентите што не чуваа со маската под нос,па мора семестар да завериш 15 души чекаат документи,ама не се криви,студентските не ги отварале,становите откажани,превоз една линија во 6 сабајле една во 6 вечерта,мораат сите на едно одење да средат..
    Тотално разочарана.
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda, andrejko82 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.787
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19.

    - Скопје 59
    - Куманово 12
    - Штип 7
    - Прилеп 1
    - Тетово 5
    - Струга 6
    - Велес 1
    - Охрид 1
    - Кавадарци 1
    - Гостивар 3
    - Кочани 3
    - Пробиштип 2

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.

    - Тетово 8
    - Велес 2

    Досега во земјата се направени вкупно 32161 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, бројката на оздравени пациенти е 1605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
     
    На cresa-jagoda и Ang_ela им се допаѓа ова.
  18. dev08

    dev08 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2020
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    491
    Пол:
    Женски
    Го избегнавме италјанското сценарио, ама затоа пишуваме македонско :)
     
    На Ivan4e04, *Amethyst*, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.155
    Допаѓања:
    221.772
    Пол:
    Женски
    Колку јас што сум упатена со локадаунот што го имавме ние франција шпанија и т н едноставно вирусот нема простор каде да се шири и ослабува -мутира. Нема тразмисија и ја менува својата агресивна форма.
    Многу нечовечки ама најефикасен лек против вирувчево е тоталниот карантин.
    Се воздржавме, не дека не беше тешко ама успеавме.
    Ова се покажа ефикасно прво во кина па од после во многу еу земји.

    Баш читав додека бевме во локдаун дека ова го прогнозираа, колку само виролози го кажаа истово и на крај испадна точно.

    Иначе, вирусов овде е ослабен и тоа како, не само официјално анализирајки го истиот туку затоа што веќе месец дена подобро кажано од кај 10 април веќе нема ниту еден човек стапнато на интензивна нега.
    Од 10 април се намалуваа секојдневно луѓето на интензивна и ниту еднаш не се зголемија.

    Јас шетам, и тоа здраво шетам, се е нормално, верувајте дека се е нормално, збирштини има, маски неносење има, има од се по ред а вирусот не се прошири повторно бидејки транзмисијата му е опадната како и агресивноста.

    Ова се само некои инфо што ги имам читано од тука.
     
    На Ivan4e04, *Amethyst*, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.787
    Допаѓања:
    41.876
    Пол:
    Машки
    Еееј, стигнавме до 980 активни случаи, мислам таа беше бројката во пикот, паднавме на 360-370 за сега пак да стигнеме до 750 и растеме. Катастрофа сме.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, zhap4e и 7 други им се допаѓа ова.