Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    А што, ги ослободиле и тие чии деца не одат во градинка?
    Па како ќе исконтролираат чие оди?
     
    На WomanInLove му/ѝ се допаѓа ова.
  2. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    9.156
    Пол:
    Женски
    Со потврда.
     
  3. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Сите заклучоци на Владата.
    Извадок од Нацрт-записникот од Петнаесеттата седница
     

    Прикачени фајлови:

    На macush1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Е да, не ми кажаа од работа што треба да однесам... Ваљда отом потом...
     
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.529
    Допаѓања:
    251.620
    Не би рекла, умираат и Италијанците. Постари претежно, ама многу е.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Кај нас огромно влијание имаат медиумите. Застанав да купам нешто. Маркетот како затворен изгледаше. Ни една кола надвор на паркинг. Само јас бев таму. А огромен маркет, со кафетерија и игротека каде секој ден имаше огромна гужва.
     
  7. S.J.Parker

    S.J.Parker Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2014
    Пораки:
    1.086
    Допаѓања:
    7.346
    Јас на страната на министерство за здравство гледав, и од таму е принтскринот,Допис од Влада на РСМдо Министерство за здравство, башка и кај мене на работа не е наведено дека треба потврда да се достави за тоа дека детето е во школо/градинка. Официјален документ/извор за тоа дека не се ослободени тие родители што децата не им се запишани во градинка, или дека не важи за родители вработени во мвр, арм и слично?
     
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Мора да важи за сите деца. Може жената што го чува од утре да ти откаже и што ќе правиш? Може старите сакаат да се стават во изолација поради претпазливост бидејќи се најранлива категорија...
    Не смее да биде услов детето да оди во градинка!
     
    На Rama, emiliana, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    13.899
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека во конкретниов случај тоа е услов, да оди во градинка. Тебе жената може да ти откаже и друг пат и старите да не сакаат да дојдат да го Вардат. Во случајов се издава мерка затворање на градинка, а детето кое одело во таа градинка која е затворена ќ, треба да го чува родителот и поради тоа да не оди на работа. Малку ми е искористување од тие чии деца не оделе во градинка, па ајде сега и они дома.
     
    На nena2010, Bezimenka90, ocicka2014 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200310-211823_Samsung Internet.jpg Screenshot_20200310-211843_Samsung Internet.jpg

    Бројот на заболени денес е 529 што е одлична вест за разлика од вчера 1800. Но, не стигнале сите резултати од Ломбардија, да така сигурно е поголема викаат.

    Причина за големата смртност.
    Ова се луѓе веќе со претходни болести во мошне лошо издание, еве го погоре процентот на умрени по години.
    Генерално, Италија ја има најстарата популација во Европа, па од таму и тие бројки, да, премногу за жал.

    Завзема удел и тоа што го кажа Дафи, на пример за случајот во Наполи со сестрата на човекот што објави видео, биле тотално напуштени, секоја институција и кренала рамења и и затворила слушалка, исто и матичната на заболената.
    24 часа (може и повеќе ) лежела во креветот почината, откако видеото закружи дошле соодветни институции и констатирале смрт од корона, најверојатно и братот е заболен бидејки покрај се и давал дишење со уста, вика можев 24 часа да шетам и да заразам се а јас останав во карантин.
    Апелира дека состојбата е лоша.
    Со оглед на тоа што знаеме како фунционира Наполи, генерално и јужниот дел, имаме среќа што сме на северот.


    Нема поента Словенија да затвора граници кога ни е забрането од самото место и адреса на живеење да излегуваме вон. Ако ме сретне полиција ќе морам да го оправдувам поводот за излегување од дома.
    Затворени сме, во карантин до влезна врата.
    Се зборува и дискутира на целосен блок на 2 недели, е ова ме плаши.
    Се надевам дека нема преку ноќ да затворат се оти јас залихи дома немам.

    Кој каде си има продавница таму ќе си оди, како на пример многу луѓе што живеат во туристички места како золва ми па цените им се до плафон за обична вода, цели 3 ипол недели за сега. Тука е што е пак ќе кажам си сеевме ќе си жнееме, мислеа обична глупост е, кога децава ги распуштија мислеа распуст е се рашетуваа по мек донландси натаму наваму, беше лагано, баш како што претпоставувам е во Мк сега, се беше лежерно лагано, си одеа по ски центри на прошетки по трговски по ресторани никој увото не го болеше за ништо, користеа одмор нели, ама ете ценава скапа излезе, мислам прескапа.

    Сега како сега ни е страв да излеземе од влезната врата пошо ќе треба да се правдаме и зошто одиме 15 мин на воздух до пред зграда а камоли нешто друго, Милано нагласија дека е новиот Хонг Конг, се е пусто, како и цела Италија, не потсека на оние филмовите што ги прават од можни епидемии до истребување на човештвото со осѕанати 2 3 луѓе што се борат за вакцина се сеќавате? Не дизволувајте ова да се случи, им објаснував преска на моите каква е ситуацијата и дека сестра ми наместо да се радува што може да се дружи треба да е среќна што има шанси да е дома да се заштити.
    Поштено колку од луѓето во карантин ќе заболат? Кажете ми.
    Вака почна и во Кадоњо, човеков недела дена зарази доволно луѓе за да сега сме на дереџе до што сме.

    А знаете колку е лесно да се збори за карантин? Многу! Ама дојдете да живеете тука вака да видете колку е само лошо да ѕиркаш од тераса или џам.
    Пишувавте тука ги затвориле школите ама сега кога ги затворија доле зошто ги затвориле ве боли нели?

    Мислам давам само претстава за општото кај луѓето дека искрено лесно е да се зборува како е тука ама е тешко да се живее во моементот тука.

    Мм оди во Венеција, застанува, потоа оди во Падова, застанува, и оди во Болцано и назад дома, за 10 часа шансата да заболи е голема, иако со соодветна опрема, вели никој не е заштитен, себични се прости и се смеат, се прашувам колкав треба да ти е мозокот да се смееш и да не ставаш ништо? И после заразени, епа заразени бе.

    Искрено никој не веруваше дека до тука ќе дојде, дека на ден ќе умираат по 100 души па и повеќе, дека здраството ќе ескалира, тоа во моментот е најбитно, бидејки ако ескалираме што веќе и се ескалира се нема доволно персонал сили и време да се реагира кај секој што дојде или се јави, просто невозможно е, и ќе умираат а искрено може дел од луѓево можеби и можеле да се спасат, потребата за апарати ја имаат многу луѓе што можеби можат да се спасат ама не да можат од луѓево како кај маж ми колегите ама неинформираноста убива.

    И да тешко ми е, многу ми е тешко јас не би во детаљи како живееме ама живееме во моментот лошо. И ќе живееме тек. Не паничам, едноставно знам дека ако заболам ќе заболам, може ќе немам ништо може ќе имам, тоа е. Таква сум. Мора да се бориме.

    Една резонанца само, дали сте свесни ако заболи пола Мк дека болниците ќе немаат како да помогнат на луѓето што ќе заболат? Затоа останете што е можно повеќе дома. Да не ви дојде филмот со епидемија дома пред врата како кај нас.
     
    На Ivan4e04, ruruk, *Amethyst* и 48 други им се допаѓа ова.
  11. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.282
    Допаѓања:
    5.549
    Пол:
    Женски
    А што со оние кои и покрај тоа што одат во градинка, има кој да ги чува? Има куп деца запишани во градинка и ретко одат и такви кои има кој да ги чува кога ќе решат да не одат. И такви кои имаат кој да ги преземе и чува школските деца, ама ќе седат од утре дома барабар со старите кои во други околности им ги чуваат и гледаат децата.
     
    На An-na му/ѝ се допаѓа ова.
  12. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    За заболените се знаат само проценти на заболеност и старост, само неколку пациенти се откриени.
    Не кажуваат друго ништо.
    Јас имав ставено табела каде што покажува дека луѓе од 45 до 65 години се најзаразени.
     
    На LejlaD, Elaine, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    @vitamina фала ти за неизморното известување и апелирање на грешките, но и секој ден по 50 пати да не известуваш пак ќе им е проблем на луѓево, на едните казна ќе им е шо се дома на другите казна зошо ќе изгубеле пари фирмите. Здравјето? Шо е битно дур не е на своја кожа.
     
    На Bezimenka90, LivingGlam, Среќичка и 9 други им се допаѓа ова.
  14. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    @vitamina ако добро сфатив имаш деца.
    Па како вие го поминувате времето затоа што некои мајки прашуваа што ќе прават нивните деца затворени во 4 ѕидови наредните 14 дена.

    Не прашувам за мене ама мислам дека многумина не сакаат да прашаат
     
    На LejlaD, vitamina и emiliana им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.092
    Допаѓања:
    135.070
    Лани 3 месеци бевме дома заради морбили, не беше страшно. Зимно време.
     
    На faye, LivingGlam, SandStorm и 6 други им се допаѓа ова.
  16. No Makeup

    No Makeup Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2017
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    2.048
    Пол:
    Женски
  17. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Дали некој го гледаше докторот кај Јанко во емисија. Да не се носеле маски, добро, зошто? Зошто кога луѓето носеле маски се фаќале за лице, очи, уста кога не носеле посвесни биле што прават со рацете. А дали видовте тој колку пати се фати за лице и очи и дури си пикна прст у уста буквално?
     
    На Rama, eli25 и emiliana им се допаѓа ова.
  18. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.867
    Допаѓања:
    13.505
    Леле, навистина ли ова? Т.е. во право си, и мене ништо не ме чуди.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.157
    Допаѓања:
    181.062
    Има нешто во тоа објаснување, има и друго. Не знам како е со маски кај вас, ама резонот е дека маски се попотребни за заразените да не шират, отколку за здравите. Велат не штителе здрав да не се зарази, ама спречувале заразен да не ја шири заразата. Се е ова ново и многу се спекулира, ама реално побитно е тој еден заразен да има маска, за да не зарази 10 или 100 други, дури кашла наоколу без маска и летаат бацили. Оти, како што велат, вирусот преживува со денови на површини, метал, стакло, хартија.
    Логиката на себичност вели, сега ќе купам 100 маски да се заштитам, и сите со таа логика водени, па брзо ќе снема маски за тие на кои им се приоритет.
     
    На Lella, Bezimenka90, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Така беше пуштено на почетокот кога вирусот се појави во Вухан. Кажаа дека е лабораториски произведен во Сад и намерно пуштено во Кина ради лошите односи меѓу нив две. Но,после кога се појави случај во Сад оваа информација падна во вода. Иначе имаат многу зголемена популација Кина нажалост.

    После излезе дека е мутиран вирусот. Немаше да е толкава паниката доколку имаше лек за него пошто од др болести умираат повеќе луѓе отколку од корона.

    Сето ова започна кога Кина потфрли и не реагираше на време,не ги затвори границите. Доколку ова беше на време спречено,светот ќе беше безбеден.

    Отворете гугл и пишете лајф кам италија и ќе видите дека се е празно,пусто речиси секаде. Како на филм да е. Језиво е луѓе.

    Мора да се бориме.
     
    На SandStorm, Kimberly11, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.