Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Исто како што седеа и мајките во Вухан, град поголем од Њујорк, дома со децата, ќе седат и во Италија и во Германија и овде.

    Нашиве деца попосебни од Кинесчињата или како?

    Прво сите бараа прекин на настава, сега како ќе доседеле?

    Ама лесно е да се коментира кога е за некој Х град во Кина шо не ни знаевме дека постои и кога слушаме само бројки, а многу тешко истото да се спроведе у пракса.

    Кинезите испаднаа далеку поспремни од нас Европејците. А ние демек нели поучени се сметаме.

    Ништо лично патем, само се надоврзувам на твојот пост.
     
    На Ivan4e04, *Amethyst*, smooch и 30 други им се допаѓа ова.
  2. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    @Rama јас секој ден одам во болница на терапија,па еве ме,до сега немам ништо.
    Немој да се плашиш,слободно оди на преглед,соодветно заштити се и не се секирај.Верувам дека си исплашена,но ќе помине и ова.
    Ти посакувам добри резултати од анализите утре на лекар.
    Ќе помине и ова.Животот нема да застане тука и сега.
     
    На Annath, LivingGlam, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.784
    Допаѓања:
    24.039
    Пол:
    Женски
    Нема што да мислиш.
    Кај нас не знам дали воопшто постои закон дете до одредена возраст да не се остава без надзор. Во Италија на пр. деца под 14 год. не смеат сами дома да останат ниту 5 мин.
    Ослободувањето е веројатно за родителите чии деца се под 10 год., без разлика дали идат, или не идат во градинка.
    Како би докажал пак воопшто дали имаш некој да ти го чува, или не?! Бесмислено би било така.
     
    На Lolipop23 и emiliana им се допаѓа ова.
  4. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    А ако ти откаже жената што го чува, а да не беше епидемија, ќе дадеше отказ?
     
    На ocicka2014 и referentka им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    За да не се злоупотреби, Манчевски кажа дека сите родители кои 14 дена ќе седат дома со децата треба на работа да достават потврда од градинката дека детето редовно ја посетува.Врз основа на таа потврда ќе му биде оправдано отауството.

    За двајцата родители на детето да не отсуствуваат туку само едниот, оној кој останува на работа некоја изјава ќе пополнел.
     
    Последна измена: 10 март 2020
    На Bezimenka90, eli25, NarCis@ и 5 други им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Мерката е за деца што одат во школо/градинка, каде повеќе време се во затворен простор со поголема група на деца и е поголем ризикот да се заразат и да го рашират вирусот.
    Мерката е за родителите на овие деца кои сега одеднаш нема да имаат решение за новонастанатата ситуација дома, па им се овозможува за истиот период да останат и тие и да ги прочуваат.
     
    На Bezimenka90, eli25, LivingGlam и 4 други им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.529
    Допаѓања:
    251.618
    Ова со доседувањето го сфаќате како ајде тешко е па ќе шетаме. Вусшност се жалиме, оти е мачно да, ама пак стравот од епидемија и ескалирање на состојбата е поголем.
    Совесни сме, а вие почнете да ги сфаќате постовите и да разликувате одење по молови и шетање на воздух.
     
    На eli25, LivingGlam, prominent и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Што се случи со првиот заболен?
     
  9. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека да, ама како што гледаш нашите мајки тоа не го мислат. Имам комшивка која вели па што ќе му правам јас на моето дете, како само дома итн.

    Ама сметам дека би било лесно да се изведе, ама не сите го делат моето и твоето мислење.

    Инаку знам дека не е ништо лично

    Постот не е напишан за тебе, ама прочитав многу жени не на форумот кои се жалат зошто да седат само дома, што ќе им правиме итн

    Не мислев на излегување на воздух.
     
    На Elaine, emiliana и Doozy им се допаѓа ова.
  10. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.086
    Пол:
    Женски
    Се трудам да не се плашам, ама посилно е од мене...чувствувам дека од контрола ќе излезе и кај нас работата знаејќи колку сме несовесни како народ, плукаат во автобус и по улици, ркаат секрет, ти дишат во лице, киваат и кашлаат а не ставаат рака или палома..ете од тие причини се плашам, едни велат носи маска, други не треба да носиш, тоа треба само заразените и ај кој да го слуша човек...
    Знам дека не можеме да се изолираме како да сме сами на свет, ама јас периодов навистина избегнував голема маса на луѓе и често се миев раце, и сега не сакам на болница од неодговорни пациенти да закачам нешто, или чувај Боже од медицински персонал ко што не носат ни маски, ни ракавици, и како што не знаеме каде се биле за празникот, исто ко дотичната докторка:worried:
    Аман, аман како ми се поклопи ситуацијата, морам да правам две испитувања и двапати да ми земат крв, и не можам да одложувам веќе...тоа е тоа, готово се тргам од темата оти почнува да ми се лоши:@

    Фала ви на сите за советите:f:
     
    На Elaine, prominent и emiliana им се допаѓа ова.
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.670
    Допаѓања:
    35.491
    Пол:
    Женски
    Само за овој дел да се надоврзам...
    Да беа поспремни, немаше олку да се рашири вирусот, туку ќе затвореа граници со време. Да, можеби ја имаат веќе состојбата колку толку под контрола, ама откако заразија пола свет.


    За децава и седењево дома... Јас сум за меркава и ја поздравувам во целост.
    Мајка сум и од сега се мислам што и како ќе правиме овие 14 дена и страв ме фаќа. Не за друго, ќе најдеме занимации, ама деца си бараат физичка активност, а ако се затворени дома 24/7 ќе здиват. Тоа не значи дека ќе ја шетам по игротеки или паркови, само споделувам дека не е така едноставно. Како и да е, ќе издржиме некако. Кај нас планот е јас и ќерка ми дома, а мажот ми по потреба ќе излегува за пазарување. Среќа е што работиме од дома, па во тој поглед имаме големо олеснување.
     
    Последна измена: 10 март 2020
    На Stephen Amell, H.VAGA, Purplelilac и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.156
    Допаѓања:
    181.062
    Реално, има разлика меѓу карантин, како што имаат сега кај Витамина и прекин на наставата како во Мк, Романија и незнам каде уште.
    Прекинот на наставата е да се успори ширењето на вирусот, затоа што:
    - училиштата се големи колективи (да речеме 4 генерации по 8 класа по 30 ученици, цирка 1000 деца во гимназија). Тоа се 1000 фамилии на кои може да се рашири евентуална зараза.
    - децата полесно го поминуваат вирусот, некои и без симптоми, ама може да го пренесуваат, најчесто на домашните
    Карантин значи законски сте обврзани да не излегувате од дома, затоа што сте потенцијално заразени или загрозени.

    Е, колкави колективи, фреквенција на луѓе и опасност се молови, кафиќи и сл. не знам.
     
    Последна измена: 10 март 2020
    На Bezimenka90, SandStorm, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    Тоа и го зборував погоре, зборевте за тука кај мене дека не одат децата на школо дека сме во карантин итн ама дали некој помисли во себе како ни е? Како родителите се справуваат со децава додека се на работа а тие дома. И сега боли? Епа боли нормално , зборот ми е додека не осетиме на своја кожа не знаеме како е, и некој овде ќе чита и чита и ќе се изгаси и ќе си го тера животот нели и ќе си рече, 7 заболени не е страшно.
    Ама страшно е оти и кај нас беа 17 заболени а сега се преку 10 000 и сме во карантин сите до пред влезот..
    Апелирам на некоја граница, нормала, воздржување, поука за оние што ќе седат дома за да знаат зошто седат наместо да се собираат во групи. Овде групите одамна беа забранети, Конте пустион плунка снема од зборење ама на кого? До вчера се собираа по групи и коментираа за вирусот со аперитив у рака.

    Најважно е да знаеме зошто децата не се на училиште и зошто ние сме дома како превентивна мерка со 7 заболени (до сега) најважно е ова да го ставиме во глава, после се ќе е џабе.
    Имаме сите во Мк најдраги и постари старосни групи, јас до сега се расправав со моите за сестра ми за да биде важно зошто не сме на школо не е мотив за собиранки и дискотеки.

    Знаеме сите какво е здраството во Мк, овде се е истрошено замислете во Мк?!
    Покос.

    Да, јас имам едно дете од 3 години, најтешка фаза до сега, има неверојатно лоши тантруми во периодот па затоа и ме снема од форумот, знае да застане на врата и да гребе или да чука по терасата у знам на протест, играме, де со боици де со пластелин де со 3 д табла де со животни де со коли, у меѓувреме знам во када да го ставам да се измори и изнаигра за да средам нешто, гледаме маша и медо итн, во последните 2 3 недели може имаме излезено 5 пати во маркет на кратко и 2 пати до лулашки или по улица.
    За жал.
    Тешко е но помислата од затвор ме плаши најискрено, а тие се спремни во моментот да заплажуваат бидејки се виде дека друг начин нема.

    Ќе искористам прилика на сите да се заблагодарам за подршката многу ми значи да знаете, полесно ми е да се искажам овде искрено оти ионака ми вришти главата и склети секакви ме фаќаат. Многу ви благодарам.
    Нека ми биде ова запишано за да сетам некогаш, да се сетам на животецов....
     
    На Ivan4e04, *Amethyst*, TheGoldenPeach и 41 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    @smile:) слободно кажи за кого е постот;).
    Не вади од контекст моја и на Јуле конуникација што ќе правиме во изолација:), демек како другите можат и знаат.
    Оставете ги луѓето да се советуваат за сите прашања и новости кои ги чуле и прочитале;)
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.055
    Допаѓања:
    40.396
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам дека треба да е само за децата кои одат во градинка/школо.
    Прост пример: на пријателка детето и го чува мајка и која е жена од 65 години и спаѓа во ризична категорија. Таа за да дојде да го чува патува со јавен превоз. Мерката и препораките се и старите да не користат јавен превоз во наредните 14дена што значи таа не треба да патува. Логично е ова?! :?:
    Кај мене на работа самохрани родители, возрасни, хронично болни и трудници се ослободени 14 дена. Ние останатите 7 дена. Ова во приватна фирма зборувам.
     
    На Bezimenka90, LivingGlam, kukla21 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Уште една прилика за да македончето си ги покаже врлините - снаодливост и итрост. Преку прст, рака.

    Не е срамота бе да признаете дека ви се лежи дома, на платено.
    И јас би, ама јбг нема.

    Се надевам ќе поведат ред надлежниве и ќе спречат силување на меркава.
     
    На Ivan4e04, candy.cane, Lella и 14 други им се допаѓа ова.
  17. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Како да прочитав погоре дека ослободувањето од работа важело само за оние чии деца одат во градинка:?:
    Не е точно.
    Се однесува на сите кои имаат деца до 10 год.
    Јасно е наведено во третата точка. Screenshot_20200310-224347_Drive.jpg
     

    Прикачени фајлови:

    На Elaine и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Да, ама чекај малку, зарем никој не ја приметува контрадикторноста на тоа што го изјавуваат па се запнале за маската дека треба да ја носи само оној што е заболен. Но нели викаат дека може и да немаш симптоми а да го пренесуваш вирусот така? Башка докторот кој збори дека маска не треба да се носи затоа што ќе се научиме со неа да се фаќаме за лице и нема да внимаваме буквално прстот го држи во уста додека збори и ги чеша очите?

    Едит: Кога си имаме работа со нешто што уште не е откриено треба се со резерва да зимаме, а башка што кажаа дека може да се пренесе и ако немаш симптоми.
    21:06 Прстот во уста а едно 5 пати сигурно се фати за лице и за очи.
     
    Последна измена: 10 март 2020
    На mimiiiii, Biljarkata, Elaine и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Elaine

    Elaine Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    @vitamina ние сите тука треба да ти заблагодариме за посветеноста со која известуваш и преведуваш секојдневно точни информации како е во Италија:hug:
    Се ќе помине како и со вирусите во минатото.
    Мерките за карантин се само за да има што помалку лош исход по населението и се надевам ќе вроди успех.
     
    На Lianna Anna, faye, dunika и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Се согласувам за тоа, и утнаа со криењето и заташкувањето тие од власта. Можеа уште во декември да затворат граници.

    Ама народот одлично се справи. Стоички, цврсто и дисциплинирано. Слушаа упатства.

    Одете на Јутјуб да видите како моча медицински персонал во пелени, оти не можат да сменат униформа за да одат во вц додека се во инфективниот дел. Или како седат со денови во болница едни исти сестри и доктори. Или како јадат еднаш дневно оти се прекапани.

    Нашата гревна Инфективна ќе се распадне, некна сестра Маја сликана, без очила, со едно танко скафандарче, а у позадина едно дипличе од 1991. Има ли сестра Маја каде да се истушира пред да си оди дома?

    И ти им викаш мијте раце, седете дома со децата, они ти викаат ама како ќе доседиме.

    Абе абе... не знам, еве.
     
    На Ivan4e04, *Amethyst*, candy.cane и 30 други им се допаѓа ова.