Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.157
    Допаѓања:
    181.067
    Е не знам. Ваљда симптоми се висока температура над 38, кашлање не е специфичен симптом. Како поинаку би се пренесувало, нели е капкова инфекција?
    За докторот незнам, не сум го гледала, се надоврзав на твоето објаснување.
     
    На stoimanovskamarija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Се разбира дека читањето на форуми и тоа да го осетиш на своја кожа не е исто.

    Додека читаш на форумот за некој друг си во топла постела, мирна и спокојна и да ќе исклучиш и тоа е тоа крај на приказната.
    Ама да го проживуваш тоа е многу различно. Не завршува со одјавување од форумот, дури и кога спиеш чувствуваш страв за своите најмили што ако... прашање кое постојано ќе те измачува.

    Луѓе имаме и тоа голема шанса да го спречиме вирусот ајде да ја искористиме. Сите ние имаме некој кој ни значи мајка, татко, брат, син, ќерка, сестра, сопруг итн.
    Доколку се заштитите вие не го правите тоа за мене, го правите за вас и оние кој ви значат.
     
    На Purplelilac, Elaine и Rama им се допаѓа ова.
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Малку офф ќе одам од темава.
    Не знам на кој му е потешко,на вас со мали деца или на оние со тинејџери што на забранава и се израдуваа како на распуст.Оди додржи дома деца со зовриени хормони,кои за час си го воспоставија режимот што го имаат за распуст(читај:неприбирање дома,седење до ниедно време,дремење пред комјутер итн...)Само зборам,досадна сум,ама барем ме слушаат да не одат по кафичи и да не се возат со автобус.Собиранки по две три деца во домашни услови или надвор да возат точаци.Сега за сега вака,после ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

    Муабетот ми е дека не може целосно да се изолираме и целосна стопроцентна заштита не постои,затоа што ние како единки живееме во општество.Секаде може да се заразиме,и во маркет и во болница и во аптека,било каде.Секој може да биде преносител,несвесно.
    Најважно е само следење на препораки.
     
    Последна измена: 10 март 2020
    На Stephen Amell, Love 83, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Ама зошто драматизираш?

    Рече некој-нема да се мијат раце, нема да се седи дома?
    Како ке се доседи дома е проблем на индивидуата а не нечиј !

    Релакс малку
     
    На eli25 и PUPICA им се допаѓа ова.
  5. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Да но и епидемиологот што збореше претходно на Канал 5, истото го кажаа дека се пренесува и асимптоматски, што значи дека носителот не знае дека е заразен, а пренесува. Така да не разбирам зошто апелираат маска да носи само оној што е заразен. Малку ми е нејасно.
     
    На eli25, Sofi.ja, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  6. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Не е за никого на форумот никој се нема подготвено за ваква ситуација.

    Конкретно ќе ти кажам за кого е напишан постот за жената во маркетот која што со своето дете во наредните 14 дена планира да си шета, да оди по игротеки итн. Ама не само таа како неа размислуваат уште 1000 жени
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    И да нема симптоми, вирусот се пренесува преку плунка, нема магично да се пренесе само затоа што некој го има. Затоа препораките да се држи дистанца меѓу луѓе.
    Ја не знам кој доктор зборел кај Јанко. На канал 5 докторот баш убаво објасни. Медицинските маски после пола саат не вредат ништо, но вели ако сте во близина на лице кое кашла, а не носи маска, тогаш е подобро и вие да носите маска.
    Screenshot_2020-03-10-22-47-05-942_com.android.chrome.jpg
     
    На Bezimenka90, ivi1987, NarCis@ и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам би земала денови од одмор и сл и би барала друго решение (го зборувам ова во трето лице оти не сум јас лично засегната). Но во време на епидемија кога се ограничува движење и препораките се што повеќе да се изолираме мора одлуката да важи за сите подеднакво.
    Јас лично ќе продолжам да одам на работа иако моето дете оди во градинка а мм е во странство... не ми е дојдено до лежење. :nod:
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    После 18 дена самостојно дише.
    Пишав вчера.
    Сакав истото да го кажам ама дека од странција па ќе сум нападната.
    Зборот ми е знаете какви се болниците по Мк затоа седете дома колку што можете повеќе за ваше добро.
    И на нас така ни се велеше ама ете..
    Се случи дека децата не можат дома да доседат и ние.
    Дека беа побитни моловите збирштините и слично.

    Моето дете знае дека надвор има корона вирус :). Се справуваме колку што можеме. За наше добро за да се справиме за брзо време и за да излеземе оти вака како што е нема ни да излеземе за долго.
     
    На Ivan4e04, Stephen Amell, Annath и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ако ми се обраќаш можеш да ме тагнеш, не касам. Убаво шо објасни докторот на Канал 5, но во продавница автобус или во болница кој носи маска? Народов е свесен па ај ќе кашлам јас ќе ставам маска за да не ги заразам другите, кога баш оние што треба да внимаваат и плус знаат дека биле во Италија и се заразени одат на работа. Мислам ств убаво е вака коа ќе се каже, но во пракса е друго. Треба јас ушите радари за да видам кога некој ќе кивне одма маска да вадам. Башка што се вадат на алергии, обични настинки и слично што можеби е точно можеби не. Докторот на канал 5 се искашла у студио чу? Исто така среќа и народот почитува личен простор па не ти се пика у врат и не ти диши.
     
    На Elaine му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Ама побогу зошто се пронаоѓаш во постови што не се напишани за тебе?

    Не те ни прочитав што планираш да правиш, си коментирам инспирирана од тоа што го гледам онлајн и офлајн. @JuLleE ја прочитав дека планира на лулашки да носи, а Јуле не е ни во Скопје

    Да, гледам дека луѓе НЕ планираат да седат дома и ДА, тоа е загрижувачко.

    Вирусот мене не ме плаши, ме плаши личната неодговорност. А гледаме од тоа има на претек.
     
    На НаталиЛили, Stephen Amell, LivingGlam и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Elaine

    Elaine Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Маската е физичка бариера и за преносителот( независно дали има или нема симптоми) а исто така и за секој кој не е заразен.
    Прв облик на бариера.
    Можеби препораките му беа повеќе во контекст дека неправилно се користи маската и чепка со прсти цело време испод неа па се сее насекаде со така контаминирани раце а се под маската е поконцентрирано со вируси дека се собира содржината подолго време колку е маската ставена.
    Иако спомна дека цената на маските драстично им порасна што е профитирање на туѓа мака.
    Баш сега би требало превентивно насекаде да има апарати за бесплатно подигнување на маски и контролори кои би следеле секој да зема маска за себезаштита.
    Инаку зборувам за препораките на докторот од емисијата на Канал 5, професор и епидемиолог Драган Данаиловски.
     
    Последна измена: 10 март 2020
    На H.VAGA и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.852
    Кој рече дека јас се наоѓам во твој пост?
    Зошто сите постови ти се со обвинување дека ете ти препораки даваш а останатите се неодговорни?
    Побогу:D
     
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.971
    Допаѓања:
    219.543
    Пол:
    Женски
    @ph.orhideja те разбирам, објаснував на моите преска за сестра ми што веднаш излегла надвор да шета.
    Дека треба да се биде претпазлив треба, и дека тинејџерите појма немаат од ситуацијава немаат појма тоа е факт.
    Ќе има дупки распустот, тоа секако.

    Овде строго забрануваа и забрануваат збирштини на куп, тоа било помеѓу најопасните работи.
    1 метар дистанца исто е многу битна мерка па и 2 метри.

    Министерот Филипче е само за пофалба и бидете среќни што еден од вас ќе може дома да седи бидејки тука таа опција ја нема.
     
    На Ivan4e04, Stephen Amell, Bezimenka90 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    За сите е,не само за тебе, башка од тел ме мрзи да тагнувам.
    ОСД работава уште малце. Кусур парите од продавница го пребришувате со алкохол?
    Следете ги препораките,целосна заштита освен комплетна изолација, не постои.
     
    На BlackNight, LejlaD и Biljarkata им се допаѓа ова.
  16. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Па да претпоставувам дека му беше повеќе за тоа дека треба да се внимава ако се носи како се носи, но се запнале сите дека само болните или заразените треба да носат што ми е апсурдно, настрана од тоа што народот нема осет и купува у големи количини, но не можам ниту да ги обвинам знаејќи каков народ сме колку се неодговорни останатите и дека мора да превземеш се за заштита па макар и на своја штета.
     
    На Alishan30, emiliana и Elaine им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Оти се неодговорни.

    Ти го сметаш просечниот граѓанин на Мк за високо одговорна и свесна единка?

    Ако да, нема шо да се плашиш. 8)
     
    На Stephen Amell, LivingGlam, Bezimenka90 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Еее и тоа пак не одговара. Повеќето места кои работат се ослонуваат на тоа ве молиме ако сте биле во Италија или не се чувствувате добро да не доаѓате. А тоа се апелираше уште пред една недела и више и кога докторка не испочитува и кога други не испочитуваа сега треба пак ли да се ослониме на вербата на луѓето? Не. Зошто ќе ескалира, а немаме капцитети. Кога кажав дека ќе биде погубно зошто кај народот не слуша па и медицинскиот персонал ни е за никаде (поголемиот број што нагласив и реков секоја чест за останатите) ми рекоа дека требало да ми е срам. Ова сега не е паника, далеку е од тоа. Паника ќе настане недај боже ако има смртни случаи и се влоши состојбата. До тогаш ќе си викаме дека секаде постои можност како погоре во постот и парите што ќе ги земеме да ни пренесат и така ќе си бараме изговори во се', неаме навика да учиме од туѓи грешки туку да ги повторуваме.
     
    На Bezimenka90, emiliana, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Затоа нема да не биде.
    Инаку детето се снаоѓате го чуваат дома не оди во градинка, а сега кога даваат платени денови ќе се потепате да ги искористите и као демек ама не е изводливо, одвај се снаоѓаме(иако сте се снаоѓале) , стара е(инаку до вчера не беше стара), далеку е (до вчера блиску беше) ова она... Нема грешка.
    Ако било тешко околу организирање оти детето не сте го пуштиле во градинка?
     
    На Stephen Amell, Lianna Anna, Annora и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба да дојдат марсовци да не' нападнат за да се сплотиме да имаме ист непријател зошто ние луѓето меѓусебе ќе се убиеме. Во периоди коа треба да сме сложни и да пазиме и на себе и на другите околу себе зошто тоа е единствен начин да се заштититме и ние и нашите сакани ние ќе се убиеме дали треба да идат на работа или не и дали сакал некој дома да седи за пари. Ало бре нормално коа има паника и епидемија никоја жена не би се нафатила да чува некое дете и да си донесе ризик дома. Кај живеете бе. Треба да бидеме солидарни и за другите не да бараме трн у сено. Ако рекле за до 10 год 1 родител нека е. Секоја мајка сака да си е со детето посебно ако е мало и посебно ако има шанса за тоа. Не се правете џекови сите сме у исти го*на.

    Патем јас сум си дома моментално и сум ослободена од секакви обврски, но тоа не значи дека не треба да ми е гајле и да сум против другите што сакаат да останат дома.
     
    На НаталиЛили, Lolipop23, BlackNight и 6 други им се допаѓа ова.