Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    18.071
    Допаѓања:
    77.966
    Пол:
    Женски
    Не е само од албанците, од сите е. Одма штом го укинаа полицискиот сите како улави се опуштија. На љуљашки фул гледам, јас будала што не ги носам моите веќе 3м. И другарки искрено кажуваат дека шетаат, уште прв ден надвор на љуљашки до вечер... тинејџери без маски шетаат по 10 души во групи надвор по улици. Се собираат и слават родендени со по 20 души, па дури и трубачи на една веселба видов на стори на инста, слават матури, зборам се што гледам... И се се македонци ова. Во маркет баби со внуците, без маски... бабата носи децава не. Многу деца имало заболени прочитав. И уште план за отварање градинки има, како ке се изведе тоа? Кога децата се најголеми асимтоматски преносители..
     
    На nena2010, cresa-jagoda, Bratot и 3 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.794
    Допаѓања:
    323.771
    Да видиме што ново ќе искашла
     
    На *Amethyst* и LejlaD им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.992
    Допаѓања:
    276.414
    Преку 20 мои познаници до сега - Македонци.
    Не се тапшајте по рамо напразно.
    Глејте си го здравјето.
    Совет ова. Вие како сакате.
    Секој со свој ум.

    Да се едитирам: 20 во самоизолација се.
    Не потврдени 20.
    Дај Боже ни еден да не испадне позитивен.

    Во самоизолација ради дружби се со заболени.
     
    На Cutiepie1, cresa-jagoda, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  4. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.368
    Допаѓања:
    19.982
    Пол:
    Женски
    Гледам на стори кај мене се слават имендени, веридби, родендени и тоа во градовиве кој се најзагрозени. Џабе тука бистриме политика се препукуваме народот си прави како сака. Нека излезе Филипче на прес нека каже од денес правите што сакате кој преживее преживее немој да се буните ако нема место по болнициве па умирате по дома или по улици, секој за себе нека си гледа.[​IMG]
     
    На Harper, Ivan4e04, НаталиЛили и 15 други им се допаѓа ова.
  5. rokmibejbi

    rokmibejbi Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Машки
    Ако некој нема ум у главата, толку е изгорен за шетање, слободно нека оди.

    Почеток на мај стигнавме едноцифрени бројки, ама недела дена после веселбите за први мај бројот почна да расте и не застана. Олабавија мерките, масовни собири и сега крајот не се гледа.

    Македончето тешко се прилагодува на новонастанати ситуации, он си го тера тоа што си го знае.
     
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    20.460
    Допаѓања:
    130.687
    Пол:
    Женски
    Македончето ти е чудна појава. Да си во контакт со болен треба тој да е толку морон да излегува и покрај што е болен!!! Ама па и болни со грипови, кои за некој може да е фатален се шетаат, зашто не им се седи дома, а не па сега за 5Г корона!!
     
    Последна измена: 4 јуни 2020
    На LejlaD и rokmibejbi им се допаѓа ова.
  7. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.020
    Допаѓања:
    42.287
    Пол:
    Женски
    Ајде да бидеме реални - и македонци не се цвеќиња за мирисање.

    Постојано гледам луѓе кои се собираат по домови, кои прават журки во викендици.Јас кај што си идам со семејството на планина, сами да нагласам, во комшиите постојано има собрани друштва - возрасни луѓе.
    Ме викале тука и сум одбила собиранки .... ама не е веќе страшно, ама еве само ние сме....не.
    Тоа што сите упорно го забораваат е дека на никој не му пишува на чело дека има корона, аман.

    Си патиме ем од глупи луѓе ем од себични.И зашто стварно се осеќам како да сум одговорна и не го загрозувам јавното здравје во ситуацијава, мислам дека имам и право да навредам еден огромен број на луѓе како прости и глупи.

    Почнувајќи од луѓе на моја возраст кои пукнаа да се соберат да се пијанчат, до верници на кои власт им е верски лидер, а докторот лаже.Колку порелигиозен тврдоглав народ, толку попропадната земја.Не сакам да навредам никој верник, само луѓе кои се исклучително прости а воедно "многу побожни "а испадна дека создаваат огромен процент во земјава.

    А за уште нешто да бидеме реални и да не релативизираме - законот не е еднаков за сите во земјава, ако ви е толку тешко да прифатите, не знам што да ви кажам.Полициски час имаше, ќе има - ама самиот факт што не е на сила секаде, доволно ми е за да знам на која позиција сум во сопствената земја.
     
    На Ivan4e04, Waverly Raven, Hulya1901 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам, никако значи не оправдувам, но не е исто мајки и деца на лулашки, млади во парк или гужва во маркет.
    За да бидеш заразен освен изложеност на болен, многу важно е време на изложеност.
    Парк и лулашки се на отворено. Еден ден два сати.
    Маркет е затворен но носиш маска, брзаш да завршиш и толку. Од овие собири ќе има и имало заразени, но не до над 100 на ден.
    Семејни вечери т.е ифтар беше цел месец секој ден по два саати. Не само што секој ден се изложуваш на заразен туку јадеш од истата трпеза. Бројот е таков бидејќи непочитувачи на мерките меѓу нив е над 70 посто.
    Имендени и скари е еднократна изложеност од која ќе се заразиш неминовно, но исто не може да придонесе за до над со на ден бидејќи непочитувачите и собирачите на имендени се 30тина посто од нас и не се случуваше со сите секој ден.

    На кратко зошто е како што е.
    Може не сум во право 100 посто, но блиску сум.
     
    На Angie1432, zhap4e, fana и 6 други им се допаѓа ова.
  9. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    29.222
    Пол:
    Женски
    Ама се запнавте за ифтари,па ифтари...дај луѓе малку олабајте!
    Вината е во сите!
    Откако се укина полицискиот час,социјалните мрежи беа преплавени со собиранки,родендени,имендени,слави,веридби итн..
    Синоќа на стори на инста,еден куп луѓе на имендени и на слави...ние пак сме запнале за ифтарот,оти ние цвекиња за мирисање сме.
    Нели треба да се слави ја поведивме светската пандемија.
    Да живее корона вечно!
     
    На cresa-jagoda, Hulya1901, JuLleE и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Отишле на журче во викендиче, на слава, на именден, на викенд до Охрид, и се заразиле и сега плачат, цмиздрат. Како да ви кажам, емпатија во минус имам за такви селјаци. Кога не ти влегува во глава со убаво, можда ако не можеш воздух да земеш тогаш ќе ти влезе. А можат да им влезат во главите многу информации пошо се празноглави, има место. Ифтарите беа разочарување, ама и ние сме стока
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Estranged и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    165.761
    Не беше поентата само да држат под контрола моментално, требаше да ја предвидат и психологијата на овие граѓани.

    Сериозно веќе кога има лок даун треба да си седиме кој каде се нашол.
    Идејата беше да се однесуваме како да сме ние заразени, а не менеништонемие.
    Од такви, еве кај сме.
    Гледам детски роденден си слават, именден, матури, свадба у двор...

    Има кај да одиме на "слобода", ама луѓе... 127... каде одиме вака?!
    Од се ќе избегаш, ама од себе самиот не можеш.
     
    На 1209, cresa-jagoda, JuLleE и 10 други им се допаѓа ова.
  12. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Нормално вината е во сите , но од друга страна пак 1% од македонците кои се заразени при анкета не би ги дале точните информации и нивните контакти. Од друга сана пак на сите пресови слушаме како албанцијте, односно муслиманите(одреден дел) одбивале тестирање, пополнување анкети, не кажувале контакти или пак во најлош случај не ни седеле во изолација и се шетале. Тука е разликата во почитувањето на законите и човечката одговорност, кон сите не само кон својте најблиски.
     
  13. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Сме стока, но пријавуваме симптоми и почитуваме самоизолација. Не се криеме од тестирање и споделуваме контакти. Соработуваме. Тоа барем и стокава по имендени и слави го прави.
    И пак ќе речам, од такви собиранки ќе има и има заразени ама кругот не е ист и бројот на заболени да зависеше само од стокава немаше да биде над 100.
     
    На fana, anastasijaki и Cosmi им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Не е битно. Кога ќе ти се рече не се собирај, значи да не се собираш. Не можеш да се собереш и ако имаш среќа да не се заразиш, после да викаш еве заради овие со ифтариве е бројкава. Тие се собрале, вие сте се собрале, вината е иста скрос. Казните не се за тие што ќе се заразат после собиранка. Туку за тие што ќе направат собиранка. Јас не знам како да ви се нацрта, не се собирајте.
    И ја отупевте малце со тие што не се кажувале. Едно семејство беше што не се кажуваа и го тестираа и заврши таа приказна. Одвреме навреме вперете прст кон себе за промена. Стока сме биле ама сме почитувале самоизолација, ова е некој вид на шега или? Има премногу македонци што не почитувале самоизолација. Оди во темана за кршевки и кажи ми дека не сме стока. Бебињата не си ги штитат, му е гајле за друго
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.320
    Допаѓања:
    68.109
    Пол:
    Женски
    Јас не разбирам која е логиката да е Скопје во карантин, ама да не е затворено и да може да се излезе. Се спакуваа сите и заминаа негде, што не е баш дека сите имаат викендици во кои ќе бидат сами. Ќе одат и ќе се прошетаат и по другите градови. Поентата нели треба да е да сме сите по дома и да не се рашетуваме?
    Ама и логиката одамна си ги има спакувано куферите од овде, го гледаме резултатот.
     
    На Harper, Chanell*, Cutiepie1 и 26 други им се допаѓа ова.
  16. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    29.222
    Пол:
    Женски
    Вие се тешите со тоа што,ние можиме да се собираме оти ке соработуваме и ке си ги кажиме контактите,а тие не можат да прават собиранки оти немало да соработуваат?
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Се согласувам дека пред се поентата е да се почитува, но сеуште стои likelyhood за заразеност од разни причини и сакале ние признале или не, муабетиве што ги вртиме држат вода.
    Не може син ти да е заразен па ти да не почитуваш самоизолација туку да идеш на пазар да бркаш бизнисот и да продаваш.... значи не можеш и точка.
    Веќе ви завидувам на тие што не живеете тука, а не беше така до пред 3 месеци кога цврсто бев решена за никогаш селење.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  18. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Само тие што имаат роднини кај што можат да појдат или викендици, само тие можат да излегуваат пошо секако приватно сместување и хотели е забрането.
     
  19. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Не се тешиме воопшто луѓе. Зборувам за придонес кон ширењето на вирусот! Секоја наша постапка од несобирање или собирање па се до понатамошна соработка влијае на ширењето. Не е утеха ниту причина зошто да се собереш со друштвото, само е факт кој стои во дијаграмот на варијабилност.

    И се согласувам со реин, скопјево требаше да се затвори а не да се рашетаме и да расееме низ мк.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.399
    Пол:
    Женски
    Не знам за кого збориш, јас во македонија живеам.
    Нема никаква врска likelyhood. Ако е забрането, забрането е за сите. Ако ти одиш во викендица, и друг сака. Ако ти не почитуваш, (дури и да не се заразиш) како можеш да му се лутиш на друг што не почитувал?
     
    На LejlaD, CameliaMiller и Igle им се допаѓа ова.