Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Фулипче на тв вика опремени сме ние и со резерви (мисли за докторите) за народот нема врска. Денес по болниците најнормално ни маски носат ниту ништо обичен ден.
     
    На cresa-jagoda и mariz им се допаѓа ова.
  2. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    @sjdgo и сите останати не паничете само за џабе се нервираат, прво ако вирусот стигна кај нас што е под знак прашалник веројатно нема да има повеќе од 5 жртви.
    Во Кина има околу 1 милијарда луѓе, колку е лесно таму да се прошири вирус не сте свесни плус и нехигиената, храната допринесува тој процес да се забрза и тоа како, исто така таму туристи има многу, во било кое место во било кое време постојано ги има, што е исто така фактор за ширење на вирусот.

    Италија е исто така населена околу 60 милиони, туристи исто така постојано има, за разлика од Кина многу почиста земја.Доволно е петмина со вирус да влезат за 20 луѓе да се запазат а таму секој ден по неколку милиони туристи одат така да...

    Сакам да кажам дека кај нас и да се појави нема услови за толку брзо ширење како кај другите земји така да паника за џабе се крева
     
    На nevermet18 и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  3. SofiMar_

    SofiMar_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 октомври 2016
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    66.687
    Пол:
    Женски
    Пред малце изјави дека немало недостиг од маски и друга опрема туку многу зголемена била побарувачката. (facepalm)
     
    На cresa-jagoda и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.938
    Допаѓања:
    123.513
    Зошто мислиш дека нема услови за ширење? баш кај нас и те како ќе се прошири,толкицка државичка
     
    На Bezimenka90 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Баш зашто сме толкицка нема да се прошири во Кина до работа да отидеш стапуваш во контакт со околу 8500 лица па и повеќе што значи дека 10 да се зарази и тие 10 да запазат уште 10 еве бројка од 100 заболени уште пак да се врати уште 10 ќе зарази итн. Во Италија исто така.

    А кај нас пола Македонија да ја прошеташ па нема да стапилш со толкав голем број на луѓе колку што 1 човек од понаселените земји стапува затоа и има помала шанса да се зарази исто така и ако видиш за бројката на заразени ќе видиш дека повеќе случаи има во по населени земји.
     
  6. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.147
    Пол:
    Машки
    https://www.worldometers.info/coronavirus/
    Тука може да следите апдејтирани податоци за вирусот, колку се заразени, каде и стапката на смртност.
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fluffym

    fluffym Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Треба да се има на ум дека периодот на инкубација трае минимум 14 дена, а се шпекулира дека трае и до 29 дена. Што значи во тој период може да го носиш вирусот во себе без да знаеш, и немаш никакви симптоми ама си заразен и можеш да ги заразиш и тие околу тебе. Големи се шансите во наредните недели да се појават повеќе случаи на КОВИД-19 во Македонија со оглед на тоа колку ни се отворени границите за цел свет. Доколку дојде до такво ескалирање на случаеви не верувам дека ќе има спас знаејќи како функционира нашиот здравствен систем. Како што прочитав по портали, моментално сме опремени со 40 000 маски, ракавици и скафандери и околу 500 реагенси за откривање на вирусот, што е еднакво на: доколку дојде вирусот во Македонија, само на 500 души може да се потврди дека се заразени.

    По се што прочитав и видов откако градови во Кина беа ставени во карантин, очигледно е дека пријавените бројки на заразени и мртви не се точни, односно нивната влада не му дава до знаење на светот што точно се случува моментално кај нив. Верувам дека многу повеќе луѓе се заразени, многу луѓе не можат ни да стигнат до преглед и да имаат симптоми, односно, не си прегледан, те нема во систем на заразени, и многу поголем број на луѓе се мртви.

    Во Кина ситуацијата е страшна, морбидна. Умираат цели семејства, крематориумите работат 24/7, докторите и медицинскиот персонал работат 24/7, спортски сали и објекти со голем широк простор се користат како карантини во кои што по 300 души и повеќе лежат на полски кревети одделени со “картони“ во улога на ѕидови, без достапност на медицински персонал и без услови за хигиена. Служби секојдневно ги дезинфицираат улиците, поставуваат метални инсталации на влезови од згради и куќи каде што има заразени, војската има надлежност да ги затвори и казни лицата што споделуваат информации во врска со вирусот на интернет (дури 7 години казна затвор), и згора на се гугл и јутуб цензурираат објави поврзани со оваа тема кои не совпаѓаат со условите на Кинеската Влада и најверојатно Светската Здравствена Организација.

    Нормално дека СЗО си презема мерки за да не се предизвика паника на глобално ниво, зошто нема крајот да ни се најде кога секој ќе трча да обезбеди храна и лекови за одреден период. Само трагично е што многу луѓе мислат дека грипот е поопасен и дека ова се случува само во Кина. Трагично е што во многу земји во светов се негира вирусот по упатство на нивните надлежни здравствени институции.

    Не сум тип што паничи, ама сметам дека треба да знаеме што ќе не чека ако се рашири вирусот тука и дека треба да бидеме алармирани и подготвени барем до некој степен.
     
    На Ivan4e04, theowndemon, VoodooGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.209
    Допаѓања:
    181.360
    Пол:
    Женски
    А некој од жариштето сигурно се прошетал по другите градови, само е прашање на време. Ама ако, среќен 8-ми март :f:
     
    На Ivan4e04, Harper, oblace1 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Не паничам и не ширам паника, само коментирам.
    Јас не паметам во Европа ваква ситуација како таа во Италија моментално и не верувам дека грешам (?)

    Но добро, ако е од некаква утеха, и во полоши услови човек може да излезе читав -
    https://off.net.mk/bookbox/poznati-lichnosti-koi-ja-prezhiveale-pandemijata-od-pred-eden-vek
     
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Кога може една огромна производствена Италијанска фирма, со претставништво овде, да прекине соработка на неограничен период, додека да се стиша вирусов, можете и вие да откажете 8мо мартовско патување.
    Општественото добро пред личното.

    Се надевам агенциите ќе ги вратат во целост парите за аранжманите на клиентите.
     
    На Ivan4e04, Harper, theowndemon и 17 други им се допаѓа ова.
  11. M.B.

    M.B. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2018
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    195
    Пол:
    Женски
    А информацииве за ситуацијата во Кина се точни? Дали би можела да поставиш линк да прочитаме повеќе?
     
  12. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Можете да се заразите од личност која е до вас во градски, на каса во маркет, додека одите на тротоар, работа, факс итн. таму каде што живеете.
    Не само во Италија.

    Ама ако, среќен 8ми март и на вас :f:
     
    На Stephen Amell му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NarCis@

    NarCis@ Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2018
    Пораки:
    11.209
    Допаѓања:
    181.360
    Пол:
    Женски
    ^Може, ако биле во Италија и после дошле да си пазарат лабаво во маркет :bug:
     
    На Harper, theowndemon, oblace1 и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    ^Или Кина. Секако, само лабаво. 8)
     
  15. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Не си во право ама ич.
    Секогаш сме со мислата, каде баш мене ќе ме снајде тоа нешто, ама понекад треба да се размислува рационално. Вреди ли тој еден ден што ќе го поминеш таму, за потенцијалниот ризик ?
     
    На Harper, theowndemon, Someonespecial и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Секој нека си прави што сака додека не ми загрозува живот и здравје мене и на моите сакани.
    Во спротивно, апсолутно немам намера да молчам. :)
     
    На Harper, Someonespecial, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Не е дека вакво нешто се случува секој ден.
    Исто така не паметиш затоа што не се изнесува во јавност а и да се изнесе не се обрнува толку големо внимание затоа што не се шири на ист начин.
    Исто така за информација во Сад секоја година 300 000 луѓе умираат од непознати вируси ама не се обрнува волкаво внимание затоа што ширењето не е како на корона вирусот.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Рационално е патуваш и шеташ, ако не одиш во околината на заразата во случајов.
    И дали е на еден ден или повеќе, не е важно. Сега што има повод токму на 8ми, уел, немам никаква допирна точка со агенциите за патување за да знам за каде се резервациите и според тоа да кажувам дали е право или криво кој да оди, кој не.
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.559
    Допаѓања:
    201.695
    Пол:
    Женски
    Ова од лице место пренесуваш? Во Кина си, или само филмови си правиш?

    Факт е дека се работи за прилично заразен и лесно пренослив вирус кој, споредено со другите од истава група вируси, нема висока стапка на смртност, но проблем е што инкубацијата трае долго и лесно се пренесува и од здрави вирусоносители. Затоа и наеднаш се појавија толку голем број на случаи во Италија.
    Проблем е справувањето со големиот број заболени, нема толкави капацитети. Тоа е маката.
     
    На theowndemon, H.VAGA, Bezimenka90 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.535
    Пол:
    Женски
    Цитираш дел од мислење. Повторно.

    Веќе одговирив на тоа што го пиша сега, штом не сакаш да си загрозена, има решение кое те вклучува тебе, а исклучува другите луѓе.
    Затоа што нема таква моќ која дава право некој да кажува на друг што може и не може да прави.
    Во случај на ескалирање, органите на државата ќе го напрват потребното и ќе кажат што и како да се прави.