Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    И после ќе им бидат пак Шиптарите како што викат виновни...Абе самите од себе си патиме, еве за нив можеше за нас??? Вака не се попаметни воопшто, самите си се уништуваме и никој не ни е крив..
     
    На elenaxbbg, thequeen95 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  2. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    Епа народот си вели штом тие журки прават, чекај и ние. И да,се подебаваат со нас, не ставаат три дена во карантин. И јас да имав викендица надвор од Скопје,ќе отидев. Ми препукна веќе истото место, истите луѓе три месеци.
     
    На Rama и thequeen95 им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Каква е прогнозата за денес? :worried:
     
    На Kimberly11 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Е извини, накај среда ќе те прашам дали можам да останам тука или смеам и да се вратам:D
     
  5. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Сонце, ај еден пример ќе ти кажам.

    Ти текнува случката со детето што беше фатено во полициски час и кучето?
    Го фатија џандарите, народот се крена, казна ќе му плаќала, бездушни цајкани како можат да го напикат во комбе?
    Го ослободија детето, за да истото дете подоцна направи сличен прекршок за време на полициски час.
    И?
    До несовест е, а не викам дека и владата е најдобра, нит ги сакам едните ниту другите, дали ќе одам на гласање се уште се мислам. Мерките се катастрофа, ама замисли да дојдевме до лок даун?

    Ете, сега се собрале пред моја куќа дуканџии, отвориле, се молат да не помине некој за да види дека не почитуваат тоа што е неработен ден и да им направи проблем.
    Другите носат маски, освен еден што се смее зошто сме носеле маски, да ги тргнеле, смешни биле.
    И?
    Убаво е кажано, неработен ден е за сите граѓани, што фатиле мајка да отвараат?

    Чекам да се врати брат ми, да сврти број два кај другар му и да ги пријави. Собиранки пред мене не сакам и не дозволувам, ама џабе им зборувам, ако не кај мене, спроти мене ќе се соберени.

    Од полицијата не очекувам ништо, ниту пак од владата, пак ќе кажам и едните и другите се срање ама барем да имаше малку само малку совест кај луѓето и да имаат емпатија кон другите, заболените, кон фамилиите кои што изгубиле некој.

    Мислам, видовме што се случуваше во Италија? Италија издржа, затоа сега бројките се намалуваат а кај нас се качуваат. Они почитуваа лок даун, не ја злоупотребуваа дадената дозвола за свои потреби секогаш, @vitamina нека ме поправи дали грешам.

    Моите се исто во странство ама не паметам еднаш да кажале дека приведиле некој за непочитување на мерки, не дека и таму нема ама не голем број како овде.

    Пред некој ден, другарка славеше роденден на син и, собиранки дома 2 дена иако креваше паника за вирусот, на крајот собра роднини и пријатели од град каде што има заболени во град каде што има 1 заболен, на што личи тоа? Убаво е кажано, без собиранки, исти курац.
    Оди преку два дена во соседен град, мал провинциски град каде што има доста заболени, за шишање, шопинг, шеткање без заштита и се враќа назад во град што има едвај заболени.

    Кај кого да ја барам вината сега?
     
    На pdb123, Doozy, Rama и 7 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Сакаш ти да излезиш.

    Сенкир некој од мерак седи дома.
    Требаше Шпанија да бидиме сега, ама не сме, ниту во Битола сум пошла мајка да ја видам.
    Оти знам дека има ризик да си пренесеме едни на други.

    Си играте играчки, па после власта ви е крива.
    Не дека не е за ништо крива и власта, ама и вие сте, и тоа како!
     
    На pdb123, oblace1, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    13.757
    Јасно ми е мене. Ама народот се опушти оти и полицијата крена раце. Еве кај мене во комшии си дојдоа на кафе со кола, си седат во двор. Затоа велам. Џабе полициски кога не работи полицијата. Како овие не ги стопирале?
     
    На bicycle и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.673
    Пол:
    Женски
    После викендашиве кои без грам срам и совест за јавно здравје заминаа на прошетки властите да излезат и да прогласат укинување на сите мерки.
    Покажавте дека ви одговара пролонгирање на состојбата до недоглед.
    Нит ви е гајле за јавно здравје,нит ви е гајле за економија,ништо.
    Па и не само накај Охрид и Дојран,и накај Битола отишле,која е 13 дена без случај.
    Без памет луѓе.
    Со причина требаше во Скопје да останете.
     
    На Ivan4e04, pdb123, oblace1 и 26 други им се допаѓа ова.
  9. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    За мене а и за повеќето секогаш е власта крива,неможе бе 2 милиона народ да е крив и поглуп од неколку луѓе поставени на власт од страна на народот.
    Немој молим те со тие демагогији
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Може.
    Таа власт од тој глуп народ е излезена.
    Во иста култура се растени и живеени и исто се способни колку и народот што е.

    Власта е само слика на народот.
    Плус, ние ја одбираме и ние и даваме моќ да прави или не прави нешто.
    Ако чинеше народот, немаше да има ваква власт.
     
    На pdb123, cresa-jagoda, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.745
    Пол:
    Женски
    Маж ми имаше дозвола да се движи кај срце му сака, имаше дозвола да оди во Италија и вон Италија ако е за дозволата.
    Му беше у џеб и уште му е.

    Замисли никаде не отиде освен до работа и назад, бидејки преминува региони за на работа.

    Освен до маркет, јас во 70 дена бев се на се 4 пати во маркет излезена од дома, тој беше 10 пати во маркет и само на работа.

    Имаше несовесен и подол народ, па и со дрога се расправаа низ улица е до толку, си печалеа, можда се биле 5 осто од население, ама полициски патроли 24 часа, дронови низ шумите, снајпери, војски, врагови чуда.
    Баш беше лоша глетката, како во војна бевме.

    Го сотревме вирусот, изгуби сила после 70 дена. Бројките паѓаат а народот се опушти комплетно.
    Шетаме, водиме нормален живот.

    Го обвинував Конте кога ми се смаачи од локдаунот при крај, сега му велам браво!! Да не пуштеше не знам дали ќе шетавме сега и утре дали ќе одевме на плажа, одмор што год било.
    Ама се исплати

    Подобро човека да се стрпи 2 месеци отколку да одевме до недоглед, оти јас и вас совршено ве разбирам. Не е лесно 2 месеци дома па сега уште 2.
    Психички попушташ многу, ич не е во ред. Поготово мали дечиња врзани во зграда :(.

    Знам како е. Ужасно е.

    И ми е жал, многу ми е жал, велев и велам барем полицијата да имаше храброст да спроведе ред и мир сега ќе беше друго, па и сите други од прв до последен.
     
    На Ivan4e04, Martka, cresa-jagoda и 12 други им се допаѓа ова.
  12. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Ќути, не да ми е препукано од 13ти март сум дома излегувам само по потреба, се шекнав.
    И сеа, заради овие шо си пијат кафе покрај езеро во Куба либре ќе си го јадеме стапот и овој месец.
    Затоа сум нервозна и прва прилика ќе се иселам .
    Во државчево никакво како што иде време, така ќе биде полошо.
     
    На cresa-jagoda, DraganFem и WildMk им се допаѓа ова.
  13. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Се слагам со тебе.Можеа да ги затворат сите градови и да не пуштаат никој да искочи.После ваков пропуст ја сум да ги укинат сите мерки и да нѐ остават да се испозаразиме.
    Март, април, мај три цели месеци едно те исто се вергла и место во 4от месец да имаме најмалку заболени и најголема свест, ние си поставуваме ,,рекорди” со најголем број новозаболени.
    Зимоска бевме први со загадување сега со заболени :clap:
    Секогаш за убави нештс сме први пупу, едни совесни едни паметни.
    Мислам дека највеќе патиме од оние што мислат дека нема корона.
    Еве и ја искачам и се мешам со народ повеќе од 3 недели, али ниеден од нас (среќа) нема закачено до сега бидејќи се пазиме.
    А оние што мислат дека сме чипувани и дека ова не постои стварно им треба некој чип во мозокот :@
    P.S извори од Охрид викаат
    A0DDDB72-2A3E-4B66-953E-7F5DAAABA86F.jpeg
     
    Последна измена: 5 јуни 2020
    На pdb123, Rama, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.414
    Допаѓања:
    90.673
    Пол:
    Женски
    Каков народ ,таква власт.
    Како не е народот крив?
    Без насоки од власта,човек сам не знае да мисли?
    Немаа над глава човече наречено совест кое им вели не биди себичен,не е во ред да одиш да шеташ.
    Заради јавно здравје, побрзо да заврши,луѓе да почнат да работат,деца и млади да излезат од дома,да одиме на одмор,да дојдат дијаспорци кај родители ама не,нели?
    Тие ќе шетале.
    Вчера се покажа одговорноста на народот
    0.
     
    На Ivan4e04, Martka, pdb123 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Умрел Бил Гејтс за да не чипира нас. :D
     
    На black-angel и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    За оваа влада на сдс не сум баш сигурна дека е од народот,вмро победи ако си заборавила,оваа власт дојде со сила и подршка од западот,тука ај да не отвараме друга тема сега.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.280
    Допаѓања:
    259.146
    Градот ни е полн со СК регистарски таблички. Сите кои се во Ск, се вратени дома, во град каде што нема корона, кај родители кои се секако над 50 години, со разни хронични болести.
    Зборувајте ми за совест и почитување на мерки.
    Добар дел си појде во Охрид, во сред економска криза, али добро, знаеме кој може да тера викенди.
    Седат дома, не работат, платичка и најгласни се, ама затоа први во Охрид и останатите туристички места за да го разнесат вирусот.
    Себични.
    Со вакви бројки, нема работни места, угостителски објекти дишат на шкрги, ама види господата не може да седат дома 3 дена, јер они имат деца, мора на воздух. А другите што имат деца и што треба да ги прехранат, кој ги *бе.
    Власта пак, упорно не забранува излегување од општина во општина. Амеби. Изгледа не сфатија дека кај нас совест нема.

    И така, додека едни се курчат, други не знаат како ќе се опстанат. Колективна свест немаме, колективна одговорност немаме.
    Себичност колку сакаш.

    Дали би се селела од овде? Да.
    Заради народот. Од него си патиме. Оти и тие во Влада, ние си ги избираме.
     
    На Harper, Ivan4e04, pdb123 и 26 други им се допаѓа ова.
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ма немој?
    Па што не се побунивте ако не се согласувавте?
    Чекате партија да ви кажи шо чини, шо не чини.
     
    На oblace1, Annath, elenaxbbg и 2 други им се допаѓа ова.
  19. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.081
    Screenshot_20200605-114130_Facebook.jpg
     
    На pdb123, Rama, edna_malecka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.745
    Пол:
    Женски
    Себичњаци ти се вика тоа Косми.
    Нив не ги интеррсира тоа што Битола, или друг рандом град е чист, нив ги интересира да се прошетаат дека нели смачено им е од дома, вие не сте луѓе со потреби и чуства што седете дома и имате совест и свест, битно е газот да се припрошета колку се може.
    Мислиш гајле им е дали ќе заразат или не или воопшто дали е чист градот каде што одат? Не, баш напротив тоа дека е чист одат плус бонус да се прошетаат.
    А дека Охрид ако беше ко Чаир, Скопје мислиш ќе одеа, НЕ.
    ТОГАШ ќе се плашеа ќе имаат свест за сопствениот газ и живот вака воопшто не им е гајле.
     
    На Ivan4e04, Martka, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.