Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Па во оваа бројка хоспитализирани спаѓаат и претходните заразени, предифтарски,кои сеуште се лечат.
     
    На лукајана му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.147
    Пол:
    Женски
    Не знам дали се разбираме, ама сакам да кажам дека оваа бројка 100 што ја пишале е на моментално хоспитализирани, а многу од тие што биле претходно или оздравеле или починале.Затоа викам не може да се рачуна од вкупно сите заразени како помалку од 3% туку само од овие сега што се водат како активни кај што спаѓаат и тешко болни и оние без симптоми...
     
    На LivingGlam, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.018
    Допаѓања:
    130.812
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 Да се надоврзам,моменталната бројка на хоспитализирани е 137.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    Да ве претепа некој, а полицијата ку*от не го помрдне за да го пронајде и казни, или пак го пронајдат, а не добие никаква казна, ќе се лутите само на насилникот или и на тие што треба да ја спроведат правдата?

    Одамна збориме неколку, ако веќе беше нефункционален меѓуградскиот превоз, требаше градовите да се затворат со посебни дозволи само за тие што одат на работа и за тие што одат на лекарски преглед во друг град.

    Жал ми е за угостителите најмногу. Беа оставени на милост и немилост два ипол месеца, почнаа, се зарадуваа малце и сега пак живеат од заштеда. А државата дека им помогна нешто многу...јок

    Странана kupuvamdomasno уште неактивна. Се израдувавме и студенти и млади на пусти 3000 денари, овие другиве една факинг страна не ги бива да направат. Како што лани месец дена нигде ги немаше господата од МОН да се изјаснат до каде се резултатите од аплицирањата за стипендија

    И ова карањава христијани vs муслимани. И едниве и другиве за нигде. Ако може образованието да трпи, ако можат угостителите за леб да трпат, нивново е нај нај најнебитно покрај сe' друго. Криви се тие што дозволија молитва во џамија, криви се и тие што не затворија цркви за Велигден.
    И ако си ги сакате блиските и сте верници само на празници, не сте верници. Или сте, онакви верници какви што ги познавам повеќето.

    Секоја чест САМО до оние медицински лица кои скромно си ја работат професијата и од самиот почеток биле свесни во што се впуштаат, не и до оние кои глумат посебни снегулки по километриски статуси.
     
    На sj *O*, Ivan4e04, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  5. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Еден лош прес и сите сменивте мислење за Венко.
    Можеби едноставно човекот толку може, му висат над глава политичарите. И сами кажувате дека не е он тој што ги тегне работите и што ги носи одлуките.

    А сепак, тој е напаѓан иако од day 1 не известуваше за се и сешто и одговараше на најглупи прашања на најдостоинствен начин.

    Луѓе, не знае кај му е главата, не мора хејт толку шознам :?:
     
    На raww, k.frosina, CharmedGirl и 10 други им се допаѓа ова.
  6. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.707
    Допаѓања:
    213.470
    Пол:
    Женски
    Човечки е да кажеше дека направија грешка(Филипче),вака што,како некој да си тера мајтап со нас.Ќе разберевме и ете народ ќе беше крив оти не почитува мерки....Да кажиш ок е што шетале а при тоа празни гробишта со полиција да чуваш...абе ајде...Шетачите да носеле маски и ок било,еми на гробишта голи не ќе одевме-маски ќе носевме...илјадници луѓе се измешаа ама на гроб зараза ќе ширевме....Вака како да си играат и се заебаваат со чуствата,болката,на добар дел граѓани кои ете сме почитувале мерки:@
     
    Последна измена: 5 јуни 2020
    На Herrera, sj *O*, tijanana и 11 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Јас разбрав севкупна бројка, не моментална. Ебати порталите.
    Колку е вкупната ондак, има таков податок ?
     
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    Прашање до сите вас, сега го мислев ова и ме интересира одговорот.
    Не може ли некако општина по општина, град по град да се тестираме?Околу плаќање мислам најфер би било кој може да плати да си плати, кој не може да му помогне државата.И секако некои разумни цени за тестовите.
    И тие што се заболени моментално да се испитаат дополнително и сите со кои биле во контакт да се стават во самоизолација.
    Пошто реално има многу заболени кои не сакаат да се пријават и се ,,самолекуваат” што не е добро, исти такви и шетаат надвор, си одат по фризери ваму-таму, некои рипаат преку прозори да не се тестираат..и тоа придонесува нели во зголемување на бројот на заболени.
    Мора да се најде според мене нова тактика за справување со вирусот.Дека ова вака не иде.Мислам дека ако потрае уште неколку месеци вака со полициски со карантини и глупости дека ќе се самоубијам.
    Ама сериозно..имам некогаш bad vibes и колку и да сум оптимист како човек и секогаш викам ,,биче боље”, кога повеќе ќе overthink-нам (што ми е маана иначе) околу бројките, околу ситуацијата, кога ќе видам коментари од малограѓанци, муабети за чипирање, па верници , па неверници итн ми се враќа како трака во главата сѐ што се деси од март навака и колку ми беше тешко кога бев затворена и колку се ,,гушев” дома.
    И не сакам да се повтори тоа.Прво роденден ми е за некоја недела и стварно не сакам тој ден да бидам дома сама со моите цел ден ;(
    Сакам бар макар и со маски да се потам на +30 али да бидам и со некој од поблиските личности тој ден..
    ова може да ми е карма :wasntme: многу родници и другари имаа родендени во текот на карантинов и ги зезав со прашањето ,,А тортата како ќе ја дуваш?Со вентилаторче или со фен?” :lol: :rofl: Епа карма ис а бич Феминке (погрешка името ќе си го пишев :tmi: )
    Доста зборев :drunk:
     
    На sj *O*, Spidy, emiliana и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.309
    Допаѓања:
    189.940
    Мислам нема таква бројка. Ама средата или вторникот беа 100 хоспитализирани денес се 137 вели @nextredstyle . Не е мал пораст.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Amelia

    Amelia Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    2.300
    Допаѓања:
    1.734
    ЌЕ ги казнат ли овие од Охрид и Дојран што изнајмуваат смештај, бидејќи во оваа ситуација тоа е кривично дело?
     
    На sj *O*, LivingGlam, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    А 137 не е малку ни за капацитетите на нашите болници, уште помалку за бројот на доктори и сестри на располагање.
     
    На cresa-jagoda, mimiiiii и LejlaD им се допаѓа ова.
  12. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.236
    Допаѓања:
    15.434
    Пол:
    Женски
    Јас од 1на 1 емисијата сменив :Dшала
     
  13. Mini95

    Mini95 Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2020
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Nisto cudno da gi kaznat zosto sekogas makedonceto go kaznuvaat
     
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Би требало да дадат таков податок. Да покаже колку бил искористен капацитетот со кој сме располагале.
    Како и да е, навидум огромните бројки, те 180 новозаразени, од кои околу 160 биле асимптоматски, е добра вест, вирусот слабее.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.309
    Допаѓања:
    189.940
    Кој ќе го знае, дали слабее дали се дебелее. Се договоривме да се пресметаме на крај, ако има крај и ако има што да се пресметува, пошто све е многу чудно, што мака ги фати сега да тестираат по 1000 теста...
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    Ееееее, од кога јадам го*на јас за бандава криминална што ни ја води епидемијава и за нивната неефикасност, приученост, корумпираност, итн...
    И по стоти пат ќе повторам, не е крив народот. Они се!!! Они имаат алатки да го корегираат однесувањето на народот, ама или намерно или од што се глупи, не ги користат.
    Реков јас, ќе го продолжам животов колку-толку нормално. Ќе се чувам како знам и колку што сметам дека треба. Оти ако ги слушам овие, тешко мене. Мака ми е само за здравството што уште повеќе го укакаа. Што луѓе до нужен и итен преглед не може да стасаат. И за ова зборевме одамна. ТоВа е :(

    Некој ми се смееше на прашањето за кривична одговорност |( Всушност, сосема легитимно е, само дека во МК живееме, па е научна фантастика, во други држави веќе осудени ќе беа. Ем за корупција, ем за криминални тендери, ем заради загрозување на јавно здравје, итн...
     
    На sj *O*, faye, La.RagazzaMisteriosa и 4 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    Кај и да е вирусов ќе го снема ете од понеделник кажа Филипче, јер избори се ближат га*зови ќе се лижат.
     
    На sj *O*, Magic13, faye и 9 други им се допаѓа ова.
  18. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    На фб гледам муабети за заразени здравствени работници од 8ми септември. 11 души за сега. Наводно.
     
    На cresa-jagoda и LejlaD им се допаѓа ова.
  19. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.762
    Пол:
    Женски
    2020та до сега (03.06.2020):

    -Изгоре пола Австралија (угинаа 480 милиони животинки).

    -Коби Брајант се одјави.

    -Каубојциве го убија иранскиот генерал Qasem Soleimani и беа на работ на војна со Иран.

    -Кинез зготви чорба од лилјак. Останатото е историја, сегашност и иднина.

    -Tedros Adhanom (СЗО) рече вирусов не се пренесува од човек на човек. Цаци нокти ефтино рече нема вирус. Цаци си остана на зборот.

    -Д-р спец. Нина Цаца Биљановска го понесе лауреатот "Гром во коприва не удира".

    -Харалампие и Меган се откажаа од кралскиот корен и бофчите шо ги следвеа. Живеат од социјална помош.

    -Украински патнички авион се сруши над Иран од натприродни сили и погинаа 200 луѓе.

    -Боки 13 се спореди со Тито.

    -Се покрена постапка за импичмент на Трампета.

    -Се деси Брегзит.

    -Харви Вајнштајн после 40 години успешна кариера во директно барање да му дадат во замена за успешна актерска кариера, се пензионира.

    -Лиде Лиде отворено му се нудеше на Филипче.

    -Светската берза го забележа најголемиот пад од 1987ма, поточно пад од 2997 поени. Кај нас не се ни осети.

    -Kim jong-un на здравје го умреа.

    -Се утврди и докажа дека 5G можит да те оглупит до точка од која нема назад. Никогаш...

    -Берни Сандерс на 78 години се повлече од политика.

    -Се покажа дека бугариве не сакаат повеќе од грциве.

    -Драган Вучиќ се одјави.

    -Александар Вучиќ прозборе кинески.

    -Оливер прозборе клингонски.

    -Кристијано Роналдо смени фризура.

    -Мала група македонци пресадија срце. Поголема група не мијат раце.

    -Рејсов си фати пиче 40 години помладо, ја погреба короната и го разрешија (све ова во 1 недела).

    -Америка е на работ на втора граѓанска војна.

    -Ката се слече гола....

    ...а не сме стасани ни до пола...2020та.



    Tose Mitreski.
     
    На T.e.d.d.y, sj *O*, Ivan4e04 и 32 други им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.972
    Пол:
    Женски
    119 во вторникот :) а од тогаш се потврдени околу 480 нови случаи, значи некаде 5 до 10% е бројот на хоспитализирани.
     
    Последна измена: 5 јуни 2020
    На cresa-jagoda, Angie1432, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.