Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.160
    Допаѓања:
    181.083
    Ај ЛП за неофицијалното ако не8-|. Има теории на заговор и логични заклучоци, тоа се две различни работи:).
    А има и глупости.
     
  2. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.234
    Пол:
    Машки
    За Нина Цаца немам зборови, а исто и за министерот Филипче. Треба да побараат сите институции да добијат маски и ракавици.
     
  3. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Терапијата е засега само симптоматска, но морам да те побијам за хронично болните. За Италија барем апсолутно се знае дека над 90% се луѓе со т.н. коморбидитет, односно хронично болни од други болести.

    Инаку, еве потврда дека ослободувањето важи само за деца од градинка/училиште и за сите фирми, и државни и приватни, освен здравство, војска и полиција.
    https://text.mk/за-оние-кои-нема-да-ги-ослободат-родите/?fbclid=IwAR2lvww27z84uIgD6wpEhR7pBIHwpX8xlDJCyuP1lilNlBcIWv0w8vzQmLM

    http://www.mtsp.gov.mk/pocetna-ns_a...uva-so-potvrda-od-gradinka-ili-ucilishte.nspx
     
    На ocicka2014 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  4. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Темава си плаче за метла. Тоа, секако.

    Се претера со паниката, и тоа е јасно. Мене повеќе ми е страв од самиот страв од корона, if that makes sense. :) Повеќе ми е страв од целото тоа лелекање и трчање по маркети, правење залихи. Ваквата паника е заразна и човек треба да е од камен за да остане недопрен од ваквата лудост.

    Сепак, одбивам да сум дел од испаничената толпа. Препораки почитувам, хигиена, забрани за собири, сето тоа е супер и е неопходно во моментов. Не за друго, за купување на време. Не е исто да имаш 20 заболени и 2000 во исто време. Дури и да не е нешто смртоносно, знаеме колкави ни се капацитетите за згрижување. Ете затоа меркиве имаат смисла. Се намалуваат шансите за зараза. Еден член оди на работа а не двајца, автоматски се намалува ризикот.

    Проблемот е што, и ако вие внимавате најмногу, ќе се појави друг што не внимава. Ќе се појави уште некоја Цаца и ќе за*бе работа.

    На крајот на краиштата, постои и друга страна: И да се заразите, според сите веројатности и статистики, ќе го поминете вирусот или без симптоми или во некоја блага форма. Не е крај на светот сега. А и да е... Не сме секогаш моќни, можеби. Што би се рекло, мора од нешто да се умре. Не зборувам за корона, зборувам општо. Ако денеска се чувствувам добро, денот ќе си го исполнам со насмевка, љубов и убави емоции а нема да мислам на тоа ама што ако се разболам утре.
     
    На sj *O*, candy.cane, Magic13 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Зошто го ставаш министерот во ист кош со дотичната ?
    Што сакате уште да направи човекот, на глава да застане и да труби, на колена да клекне и да моли да се почитуваат препораките ? Тогаш ќе речете дека дава се од себе и се труди ?

    Не можам да разберам стварно. Па нашето здравство и врвот, кои постојано беа предмет на ремет и критика, од населението, во минатото, во периодов прави се што може и тоа го прави подобро од многу други подобро стоечки држави и за тоа треба да им дадеме заслуга.

    Преиспитајте си ги критериумите, али залудно, пошто мислам дека ваквите коментари доаѓаат од партиска задоеност на опозицијата. Токсицитет.
     
    Последна измена: 11 март 2020
    На Ivan4e04, candy.cane, Alisa22 и 30 други им се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    Единствената мерка што е превземена е антибактериско гелче, што треба да го има во секое време, а не само сега.
    Работиме еден до друг, на растојание од метар или помалку, во кантина одиме во групи од 100-120 луѓе и седиме еден до друг, на растојание 0. Дезинфекција досега не е извршена, ниту има најава за тоа. Состаноци се држат со 50-60 луѓе собрани на купче еден до друг. Меркиве многу се јаки, нели?

    Јас пишав за лекарите што биле кај таа несовесната. Едната е жена на пеачот Зоран Илиев, има приватна ординација. И самите тие имаат потврдено со статус на фб дека била, ама по експресното тестирање била негативна.
    Ако јас лажам, еве :)
     

    Прикачени фајлови:

    Последна измена: 11 март 2020
  7. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    17.215
    Пол:
    Женски
    Браво за игротеките и ЗОО што ги затворија,зошто овој народ е без осет и свест.Еве јас сум канета на роденден во сабота,кога прашав дали ќе го одложат добив одговор Не,секој си ги знае своите деца какви му се????
    После ова немав ни што да кажам ни што да прашам
     
    На Sejfullai, Lolipop23, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.162
    Допаѓања:
    13.539
    Пол:
    Женски
    Само јас ли не разбирам што сака да кажат со ова "секој си знае децата какви му се"?
     
    На Sejfullai, Feminka22, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.249
    Допаѓања:
    39.625
    Пол:
    Женски
    Зашто си вака речита на форум, иди истово на шефот или газдата речи му го.
     
    На WildMk, Elaine и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.491
    Допаѓања:
    17.215
    Пол:
    Женски
    Веројатно никој нема да разбере освен туе што си го кажаа тоа,ама не верувам дека и они сами себе се разбираат.Нека им е они си знаат најдобро.
     
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Висок и среден според листава се сите што имаат над 30 пациенти. Малку им е неурамнотежена, 29 пациенти во Монако и 29 во САД не е исто на пример, ама јбг, тоа е. Озбилно ја сфатија ситуацијата на ниво на државата и ок е тоа. Или самоизолација или шанса да те гонат по кривичен законик.
    Сепак, да бидам искрена, како планираат да ги водат тие мерки за самоизолација на огромен дел луѓе што ќе дојдат во државата од скоро па било која држава? Кажи им да се затворат дома и ако прекршат препораки ќе идат во затвор. Храна, потреби, од каде?
    Некако се мислам порадо би во Хрватска и од граница во карантин одма да ме стават, барем храна и психолошка помош ќе имам, отколку да се потпрам дека на Македонија ќе и биде гајле за мене од кога се вратам во државава, посебно ако не покажувам знаци дека би била ризик.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Дали се затворени по мерка на Владата? Бидејќи не прочитав такво нешто.

    За сите родители што имаат деца до 10 год. а ќе седат дома, од утре па натака барајте ги класните да ви издадат потврда за да се правдате после на работа. Имам информација дека наставниците во одреден ден по 2 часа ќе бидат во училиште за да ги издадат,инаку и они се ослободени од работа.
     
  13. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    Затоа што во ваква фирма е речиси невозможно да дојдеш до нив, а ако реагираш кај претпоставен или креваат раменици или велат производството не смее да трпи, како што пишав и претходно, ако си прочитала.
    И убаво е да си речит на форум, многу поубаво можеш да ја доловиш ситуацијата. А јас само споделувам на кој начин нашите газди го почитуваат она - здравјето пред се. Такво ни е окружувањето, за жал. На исклучоците, секоја чест.
     
  14. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Не, не се затворени од владата, некои од фирмите тоа самите го одлучуваат и прават.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Не знам која е поентава за вака да се изразуваш, ама пак ќе речам со пишаново ни малку не помагаш.
    Разбирам дека можеби си испаничена бидејќи таму каде што живееш веќе имате доста случаи на заболени, но не знам како помага да ги паничиш и сите останати.

    Да, свесни сме дека и во Македонија бројката ќе се зголеми.
    И да, свесни сме дека можеби ќе има и некој лош исход.
    Но апсолутно бесмислено е истото да го повторуваме на секое идење во темава.
    Не грижи се, не живееме и ние со мислите во розов свет со еднорози и виножита, ама твоево веќе е нов левел на Нострадамус.
     
    На candy.cane, An-na, christinnn и 4 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    За фирма со 2000 вработени, која верувам интернационална е, ова делува мн несериозно.
    Еве мртва гладна сум, ама си чекам ред да одам на јадење.
     
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Не направив генерализација, и никаде не ја одреков можноста одредени пациенти со дијагноза да заболат и починат. Само не мора да значи дека подеднакво за сите ќе важи истото. Имунолошкиот систем за секого е индивидуален. Здрава индивидуа во одредени ситуации може да биде повеќе афектирана за разлика од некој со блага хронична слика.
     
    На Lianna Anna, Elaine и DAngel им се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Да сега прочитав за ЗОО, браво за одлуката,верувам дека да беше отворена ќе беше масовно посетена

    12:30 прес на Филипче
     
    На candy.cane, Mantub, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Нема да навлегувам. Ги имаш основните алатки на интернет за лесно да истражиш. Оставам на вас рационално да пребарате, размислите и простудирате. Ете ви задача. :)
     
  20. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.092
    Допаѓања:
    77.164
    Пол:
    Женски
    Треба изјава да потпишеме сите што сме ослободени и потврда од школо/градинка да добиеме за да се оправдаме. Меѓутоа, ние денес се слушнавме со наставникот на ќерка ми и ни кажа дека наставници нема во училиштето и нема кој да ни ја даде таа потврда. Тек кога ќе почнат со работа ќе добиеме.
     
    На KateKane и referentka им се допаѓа ова.