Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    189.641
    Види во темата корона во Германија, имаше некое инфо. Преку Бугарија во моментов невозможно, бугарите си тумачеле нешто по бугарски.
     
  2. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    3.725
    Пол:
    Женски
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Поздрав, дечки. Поздрав!
    https://citaj.mk/2020/06/07/situacz...EVezyh2PtZuOzJWlfCyTdPTjzNm3FUPiHNAFn5p_FvU2k
    Вечерва околу 20 часот се случи немил и страшно вознемирувачки настан во Капиштец. Полицијата пуштена на најјако…демонстрираше сила и бруталност до максимум врз едно семејство кое на терасата од својот дом, на улица Народен фронт бр. 19, имаше некоја прослава со музика.

    Наводно, на некој мргуд му пречела музиката и расположението на семејството па пријавил во полиција. Дојде полициско комбе на интервенција, ги повика луѓето да се симнат долу, се симнаа мајката, таткото и синот и од тој момент започна хаосот.

    Не знам од кој причини, земаа да ги приведуваат таткото и синот, наводно синот не сакал да им даде лична карта (ова е претпоставка), мајката почна да вика да и го пуштат детето и настана тегнење, влечење, бутање од страна на полициските службеници, насрнаа и на жената, и неа ја влечеа да ја приведат, а од сите страни почнаа да се редат полициски возила, искачаат полицајци, трчаат да им помогнат на колегите во невоља (чиниш се апсат тешки вооружени криминалци).
    Се слушаат пискотници од жената и две помлади жени/девојки, членови на семејството, од зградите искачаат луѓе, викаат по полицијата која ги влече, тегне членовите на семејството и ги пика во комбе како да се вреќа компири, притоа една од жените паѓа на улицата пред комбето и останува да лежи, наводно и се слошило?!(имала кардиоваскуларни проблеми)…се повика амбулантно возило, а во меѓувреме доаѓаат уште полициски возила и искачаат полицајци, мислам дека пола полициска станица беше на улица…се насобра народ (време за кучошет), стоиме скаменети и не ни се верува што гледаме и што се случува, негодуваме, Капиштец ечи од сите страни, од улица од згради, пискаат жените, плачат, а еден многу јак припадник на полицијата доѓа до нас и со најдрзок и најбезобразен тон ни се обраќа “да не сме стоеле и гледале сеир зошто и нас и кучињата ќе не соберат топтан”, нормално не ги послушавме, очигледно не сакаа да има сведоци на безумната ситуација што ја направија.

    Конечно дојде амбулантното возило, хаосот сеуште трае, продолжува изживувањето и демонстрирањето на сила од страна на припадниците на полицијата. Дојдоа уште двајца полицајци со возило, искочија и прашуваат што се случува, имале повик од колегите за напад на службено лице (ова не се случи, ова е најверојатно бек ап сценарио) и мислеле дека се работи за вооружен напад, кога сфатија за што се работи, се свртеа, влегоа во возилото и си отидоа.

    Во меѓувреме повозрасната жена која тежи едвај 45 кг ја приведуваат четворица полицајци до едно возило, а останатите ги следат растрчани околу нив и повторно прават тензија, младата жена збори со некого на телефон, бара помош, еден од полицајците ја влече за рака и и збранува да збори, се трга, плаче и продолжува да бара помош…повозрасната жена буквално ја бутаат во возилото, ја затвараат вратат но успева да ја отвори и искача од возилото…”најхрабриот и најјакиот” полицаец со панцир ја фака и буквално ја фрла во возилото…побрутална сцена не сум доживеала.

    Стоиме, сите видно потресени и не ни се верува што се случи и на што бевме сведоци. Ми беа потребни 6 часа да се приберам малку за да можам ова да го напишам и не знам дали воопшто успеав да објаснам што и зошто се случи.
    Не знам што се случи со жената што ја однесе амбулантното возило, се молам и се надевам дека е во ред, не знам што се случува ни со другата девојка, која очајно бараше помош на телефон, не знам ни со останатите приведени членови на семејството што се случува…постојано ги мислам и се молам за нив.

    Едно време полицијата служеше за помош и барање спас од невољи, сега, за жал служи само за сеење страв а според овој настан претставува генератор на невољи.

    Од една обична ситуација успееа да направат хаос, со демонстрација на непримерна сила, да уништат една семејна прослава на најбрутален начин и да вонемират стотици граѓани.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    Вака да ги бркаат низ Чаир, а не од таму да се курчат дека нема полициски за нив.
    Ти ибам државата пореметена... Пробувам да не ги осудувам, ама нивното однесување е целосно непочитување кон нас како народ!

    Едит: нашиве "цајкани" очигледно се инспирирале од Америка. Значи тоа е тој цајкански менталитет, бре!
     
    Последна измена: 7 јуни 2020
    На Ivan4e04, sj *O*, Doozy и 25 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.266
    Допаѓања:
    189.641
    Капиштец лајф дазнт метр. :worried:
    Музика и шетање кучиња е најголемиот криминал против ковид и јавно здравје.

    Шо магаре кога имаме самар- стара македонска поговорка.
    Кретени.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, P.S.love и 11 други им се допаѓа ова.
  6. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Лошо ова што го направиле во Капиштец, многу лошо. Наместо ред да се поведе во оние општини кои требаа да бидат под карантин удри мавај по невини, зошто затоа што пуштиле музика (facepalm)
     
    На sj *O*, P.S.love, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Протест!!!

    Подобро ќе загинам од вирус отколку од бруталноста на полицијата. Проклето време, проклета држава. Болест!
     
    На Ivan4e04, sj *O*, Cherry333 и 17 други им се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Определени населби се журкаат викендов, во Капиштец и музика смета. Ако, ако :) Доаѓаат избори.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  9. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Ма само за изборите им е гајле и собирање ситни партиски поени. Удираат и се насилни по население кое пази и почитува мерки, а племето уште не верува дека постои ковид.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    И јас сум викала полиција за гласна музика од балкон, три дечки замараа за време на полициски час и полицијата културно интервенираше и ги замоли да ја допрат музиката.

    Уште една немила случка на која сведочев денеска од балкон.

    Човек со точак во полициски час го допира полиција и го прашува каде оди. Тој објаснува дека се јваил во полиција да каже дека ќе оди до некој ресторан пица да земел за дома за ручек.

    Полицијава почнува да му се дере каква пица, мрш назад дома одма! Човеков остана запрепастен и почна да им се извинува и седнува на точакот да оди и полицајциве почнуваат да се смеат во гласови и му викаат "Абе се зафркаваме со тебе оди слободно земи ја пицата" и човеков вчудоневиден си замина.

    И овие луѓе спроведуваат јавен ред и мир. Колку жал ми падна за човекот што го мајтапеа не можам да ви опишам. Да сум на негово место не знам дали ќе останев толку смирена.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.800
    Пол:
    Женски
    Зашто бе им смета музика м....
    Јас баш сакав да пушта тука кај мене некој, да разбие оваа монотонија..
    Само детево мое се слуша како вика на тараса.
    Додуше, шо ме чуди...
    За велигден пуштивме од едно мини звучниче на тараса, малце ко чукната ме гледаа, среќа ете никој не ме пријавил.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Broken♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Ова за филм сценарио цело, да не знаеш дали да плачеш или дали да се смееш. Нашава полиција за бруки и резил(facepalm)
     
    На sj *O*, lovestoneddd, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.572
    Пол:
    Женски
    Надвор ти се ограничени правата, дома ти се ограничени правата, и после пак народот крив.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, P.S.love и 13 други им се допаѓа ова.
  14. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Зошто?
    Зошто не ја слушаат сите музиката што ја слушаш ти

    Зошто во моментот можеби имаме обврски и не можеме да ги спроведеме ради музиката што некој не приморува да ја слушаме без наша согласност.

    Зошто можеби некој е болен, некој се одмара и пробува да заспие бебе а не може ради некој што му текнало да замара со звучници на полициски час без ничие одобрение

    Луѓето мора да имаат свест малку...
     
    На sj *O*, ohlalalala и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  15. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Видете, во ред е да се реагира ако комшиите претерале. Ама реакцијата на полицијата е страшна и екстремно брутална. Ко терористи да апсат.

    Слична ситуација како со дечкото со кученцето.
     
    На Ivan4e04, sj *O*, yourfavoritegirl и 18 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.951
    Допаѓања:
    36.958
    Пол:
    Женски
    Џабе избори :(

    Зошто мене ситуацијава генрално со полицијава, селективноста итн. ми личи на политичко сценарио? Само не знам од кого е, од ВМРО со Наќета на чело за да создаде раздор (класично нивно сценарио) или од СДСМ кои намерно прават вакви сценарија и сакаат да го насанкаат Наќета и ВМРО? М? :?:

    Како и да е, одамна ситуацијава е зрела за протест.
     
    На kukla21, prominent, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.333
    И пак народот глуперда нели?
    А на оние во Чаир не смеат да им зуцнат.
    Ене две ќеси со ѓубре ми скапуваат на тераса и не го фрлам од страв да не ме сретнат и да ми се испонашаат ко со терорист.
    Ебате гнидите.
     
    На sj *O*, prominent, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Реално, треба да се протестира за многу работи.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  19. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.279
    Допаѓања:
    226.782
    Пол:
    Женски
    Полицијата дефинитивно се изживљава со народот. Посебно тие со малце појаки комплекси од типот-дома никој не ме јебе 2% ама вие морате.
    Среќа толку ќе им биде.
    Не дај боже од утре па натака џандар да ме праша кај сум пошла.
    У фаца ќе му се изнасмеам..
     
    На sj *O*, Doozy, P.S.love и 6 други им се допаѓа ова.
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Туку, нели требаше денеска комисија за заразни болести да има состанок?
    Ах да, недела, ги боли онаквото да организираат состаноци.
    Која граѓанска непослушност ги чека само ако пробаат да не затворат пак, одамна не памтам ваков револт кај народот како последниве денови што го има.
    А и со изборите можат да се поздрават.
     
    На sj *O*, faye, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.