Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Elaine

    Elaine Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Си поднела писмено барање до претпоставен или се на муабет останува?
    Ти велиш по закон вака треба...а претпоставен ти вели производство не треба да трпи...?
    Некаде е евидентирано тоа писмено па има донесено решение кон твоето барање кое можеш или да го прифатиш или оспориш во рок од 8дена?
     
  2. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Прес 11.03.2020 - 12:30

     
    На Purplelilac, VoodooGirl, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Ваквите ситуации се вистински тест за домашниве компании. Како вработени во нив сега ќе имате прилика да видите колку вашиот работодавец навистина се грижи за вас како свои вработени и воопшто како луѓе. Сум работела во фирми во кои грижата била лицемерна и каде едно се зборувало а спротивното се правело, но сум работела и во фирми кадешто навистина на прво место биле вработените и нивната благосостојба, зашто реално од нив зависи и се друго во фирмата па конечно и профитот. Искуството ме научи да бегам од овие првите.
     
    На Mrs. Lovett и Elaine им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Утрово директорите добија насока да ги повикаат наставниците да одат на работа да издадат потврда.
    Најверојатно ќе ве известат во текот на денот.


    Србија нема нема,оп 12 случаи корона:x редици луѓе чекале пред воено медицинска академија да се тестираат за корона.

    Инаку вчера мм беше да пазари до кам маркет,ми се јавува пола од работите на список вика ги нема. Како бе нема? Нема брашно,нема зејтин,нема шеќер,нема макарони,луѓево со пакети влечат.
    Земала една пакет шеќер и викаат за слатко да не ти е госпоѓо(facepalm)
     
    На candy.cane, Tajnaotrovna и smile:) им се допаѓа ова.
  5. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.056
    Допаѓања:
    40.398
    Пол:
    Женски
    Ти ова озбилно:^)? Друг пат пред да се расфрлаш со лоши коментари прочитај кој што пишува.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    И ние одиме со ред на јадење, но на секои 15-20 минути по 100-120 луѓе влегуваат и излегуваат од кантина.
    Ама они уште се воделе по тоа што нема ниту еден случај во Ист. Македонија и затоа немало потреба. А само еден да заболи, 2000 луѓе и плус нивните семејства во изолација и не се мала бројка за нас, и ќе се затвори цела фирма. Затоа, сметам дека барем родителите со мали деца треба да седат дома, а не да се снаоѓаат со баба, дедо, рајко, петко...

    За членката што праша погоре зошто да не одам на работа ако сум се снашла со баба и дедо, немам деца и не сум во таа група родители, ама ги поддржувам.
     
    На Mrs. Lovett, emiliana и Elaine им се допаѓа ова.
  7. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Реално, се да се одвиваше нормално ќе имаше за сите. Нема фабриките и продавниците да се затворат, вака прават полошо на другите. Секој си мисли за себе, ептен лошо..
     
    На Purplelilac, Feminka22 и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  8. Elaine

    Elaine Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Токму така најчесто работниците заминуваат не поради висината на платата туку поради работната атмосфера.
    Ама мора да им се докаже и покаже на работодавците дека е така, а не сите кога заминуваат и прашуваш зошто ти велат па види повисока плата ми понудија.
    Не и не, кажи си, најдов подобра работна позиција во околина во која се пронаоѓам и планирам да напредувам како што треба.
    Ај да не одам надвор од темава. Ама многу ме нервира кога се толкува законот селективно како што посочија погоре во примеров немало уште случај во Источна па ај не треба претпазливост(facepalm)
     
    На Mrs. Lovett и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  9. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.387
    Допаѓања:
    25.029
    Пол:
    Женски
    Нема да не биде.
    Нема поради вакви ретарди што ги празнат маркетиве.
    Аман.
    Па ќе направи паника на некој што отишол да купи кило леб и така во круг.
     
    На Sofi.ja, KuklickaSk, Tajnaotrovna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    33.879
    Пол:
    Женски
    Во секој случај мислам дека сите многу го потценивме вирусов и целата ситуација во Кина. Па така мирно си лежевме на тоа уво ехе далеку е нели Кина, нема да дојде наваму.
    Ама дојде, јасно беше и тоа дека ќе се рашири, само никој не беше свесен дека до овие размери ќе стигне. Ситуацијата е излезена од контрола затоа и толку драстични мерки во Италија, иако според мене каснат многу. Драстични мерки би требало да си преземат и други држави, а не да чекаат како Италија.
    Како што слушав официјални информации на вестите на RTL, во Италија 95% од сите капацитети по болниците се исполнети. Тоа е навистина загрижувачко.

    Во Србија ги враќаат патниците од загрозените подрачја, не ги примаат, ги примаат само нивните државјани и право во изолација. Хрватска карантин за секој кој иде од загрозено место, странците самите ќе си го платат карантинот, додека за нивните добиваат наредба за самоизолација.

    Од предмети на кои треба најмногу да внимаваме и да вршиме често дезинфекција: клучеви, мобилен и пари. На нив воедно се задржуваат најмногу бактерии и вируси. За банкнотите како идеја дадоа да се пуштат во машина за сушење алишта на 60 степени.

    И за крај епидемиологот убаво објасни се синоќа во емисијата "Само вистина".Кој не ја погледнал нека ја изгледа, сигурно ја има поставено некаде. Најбитно да не си мислиме дека ова е исто како и грип, кога не е.
     
    Последна измена: 11 март 2020
    На Doozy, Dust, Annora и 4 други им се допаѓа ова.
  11. smile:)

    smile:) Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2019
    Пораки:
    802
    Допаѓања:
    2.644
    Пол:
    Женски
    Сериозно а на тие што им требаат што да прават, тие што немаат залихи ама и така за сега? Вие дома случајно војска да не храните.
     
  12. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    2.527
    Пол:
    Женски
    @Elaine Верувај, кај нас им се кажува, ама како да не сакаат да слушаат. Е ние сме од тие првите што ги спомна Cosmic Girl. Една обична потврда во HR со месеци од поднесувањето не е доставена до соседната канцеларија. Да не зборуваме за посериозни ситуации како оваа.
     
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.374
    Што му фали на Филипче?? Никад не ми бил симпатичен, ама со кризава менаџира повеќе од добро.
     
    На boomsleng, темјанушка, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Elaine

    Elaine Активен член

    Се зачлени на:
    8 март 2020
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Женски
    Во ред имаш и опција да пријавиш до трудов инспектор ако ти се загрозени работничките права или соодветен надлежен орган надвор од фирмава во согласност со проблемот кој го имаш.
    Еве ти конкретно спомна не бараш отсуство за чување деца до 10годишна возраст, но ако бранат работодавците слободно можат да бидат пријавени во МЗ.
     
    На Purplelilac и Feminka22 им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.162
    Допаѓања:
    49.363
    Пол:
    Женски
    Морам да се убацам извинете.
    За симпатичност не коментирам пошто ми е океј човекот.
    Ама да не го урочам досега добро се слага и добри мерки направи.
    Не е само до министерот луѓе..треба и нашата свест малце да работи.
    Он нѝ дава препораки и совети.Со инка во мозок не може да нѝ стави, не може пред сечиј можен дом да седи полиција и да патролира дали некој почитува мерки или не.До нас е.
     
    На Ivan4e04, boomsleng, темјанушка и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.817
    Пол:
    Женски
    Ова со градинкиве..
    Мислам сета среќа што не го пуштив детето од овој месец да оди. Јас сум во приватна здравствена установа каде не дозволуваат отсуства, категорично НЕ ни кажаа за ослободувањата.
    А маж ми е во полиција ..
    Што во вакви случаеви, кој би ги чувал тие деца?
    Колешка моја исто, само што сопругот и е војник :|
    Не е рамноправност ова.
     
    На Spidy, Dust, Mrs. Lovett и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Да не забегувам од темата само на кратко би предложила - Ако не сте задоволни од некој во одделението за човечки ресурси или општо од нивната работа најдобро е прво да се пожалите на надредените што се над нив. Можеби знаат менаџерите, ама можеби и не знаат, па ќе се обидат да го решат проблемот. Ако се нема слух, барајте чаре надвор од фирмата, како што кажа и Elaine.
     
    На Elaine и smile:) им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.983
    Допаѓања:
    26.374
    Мора да бидат полиција, војска и доктори спремни ако ескалира ситуацијата. Нема рамноправност при таков избор на професија. И мој другар е доктор со хронична болест на клиника, па нема ни ден слободен. Да фати корона, многу веројатно дека нема да се извлече.
     
    На JuLleE, Chanell*, Dust и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Не го земај лично, ама кој го чувал детето минатите 10 дена ? Од кризава ќе се потепате кој да седи дома, не дека нема кој да ги чува децата. Реално треба некој и да работи, останатите луѓе што имаат поголеми деца и мораат да работат за Вас што да кажат ? Треба да се знае, само оние што немаат на кој да остават дете само тие да се ослободени од работа. Ова ќе биде турлитава.

    Коментаров е општо, можеби Ти немаш на кој да го оставиш детето и те разбирам во потполност. Во тој случај земи го како критика за другите.
     
    На kukla21, H.VAGA, Chanell* и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.216
    Допаѓања:
    8.734
    Пол:
    Женски
    Епа здравството и одбраната се посебни категории, природата на работата ви е таква што во вонредни ситуации сте први на фронтот. Значи во принцип и не се рамноправни овие професии со другите..И ова не го мислам со потценување, напротив, со сета почит го говорам ова
     
    На Doozy, Chanell*, Alishan30 и 6 други им се допаѓа ова.