Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Да земе Караџовски уште да нацрта и една инка да им става у глава.
    Од што толку се навредија новинариве?Читав по портали дека бил дрзок,па земав цел прес го изгледав.Таман си беше,1000 пати едно те исто да повторуваш и никој почнувајќи од властите да не те есапи,дури и смирен беше.

    Ни мене не ми се допаѓаат мерките,полицискиот час немаше никаква логика затоа што сите се шетаа и некоја минута пред пол.час беа дома,а најмногу не ми се допаѓа мешањето на политиката,се додека Венко си ја тераше работата како лекар,беше ок,кога се замешаа сите политики,отиде надоле работава.
    Напизден бил епидемиологот?Каков да биде?Да ни вика браво,ептен добро се справуваме со епидемијата.
    Не знам зошто професионалци во својата област си ги трошат нервите со народ кој се најдобро знае,кој е експерт во секојаобласт,безобразност и самоволие до немајкаде.Му ја плесна вистината во лице на народов,затоа е дрзок.
    Ај таму,пушти се од ланец па кој преживее нека раскажува.
     
    На green.eyes, Annath, Ivan4e04 и 40 други им се допаѓа ова.
  2. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Потпишувам од збор до збор. Дојде време Станка од Прдејци да мисли дека знае повеќе од Караџовски, чоек со 30 годишна кариера у оваа област.
    Аххх да ги слушавме докторите а не политичарите уште од сам старт немаше да дојдеме до ова дереџе.
     
    На Doozy, Ivan4e04, M Bison и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.852
    Пол:
    Машки
    Грешка си, сепак Станка знае повеќе од Караџовски. Не само од Караџовски, од цела комисија, министерство, од сите.
     
  4. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Конечно, требаше малку поостро некој(Караџоски) на прес да каже јасно и гласно за ифтарските вечери, а не Филипче да кажува семејни вечери на дел од граѓаните околу 22-23 мај. Комисијата дава предлог, владата под притисок на рејсот, не усвојува. Шо да напрси комисијата повеќе?

    Оној Филипче на почеток па до средина и овој денес се небо-земја разлика. Мора да слуша партијата.
    А Зибери да не релативизира, го знам уште студент ко бев дремеше по кладилници оделосан ќе ми кажува приказни. Еве имаме и во Центар заболени вика. Па ќе има, тие луѓе од Чаир и другите општини си се шетале и не почитувале изолација.

    Да не бидам погрешно сфатен тотално дебилно беше и литијата и она причестување со едно лажиче, ама колку и да беше неодговорно немаше зголемување на заразени.

    Де Наќе е крив, де Мицко, де цел сдс шо е у изолација, нека прекинат со пресовиве бар ментално здравје да зачуваме колку толку. Верувам дека најмалку зависи од пресовите кој за кој ќе гласа, сите гласаат за некој ситен интерес
     
    На sj *O*, M Bison, Sofi.ja и 2 други им се допаѓа ова.
  5. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Не знам како покрај зилионите киксови наоѓате оправдување за комисијава?
    Не ти се допаѓал полицискиот? Бил без логика? Па тоа им беше главна мерка. Предложена како соодветна од "експертиве". И уште не чувствувале одговорност?! Дибеци!!! По не знам кој пат ќе повторам: да ти се плукнам во експертите кои предлагаат полициски час како мерка против епидемија! Да ти се плукнам во дибеците без трошка самокритика кои упорно одат со глава во ѕид само за да не признаат дека грешат!
    А ти ми збориш народов се правеле експерти? Па што да прават кога комисијава е составена од приучени, своеглави, напувани самопрогласени експерти!!!
     
    На sj *O*, orevokrsacka, renata77 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Оти ги слушавме сме до тука! И "експертиве" од комисијата и политичариве. Полициски час како мерка за пандемија? Жити сВе! Што експерт ќе е тој?
    Да продолжам ли за тестирањата (нетестирањата) глупавиот алгоритам, селективна правда, итн...
     
    На veteruska му/ѝ се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Не, оти НЕ ги слушавме сме до тука. Мерките колку и да се лоши и да не ги поддржувам ќе беа ефективни ако ги почитувавме а не свадби и ифтари да се праат у доби короне. И сеа по 200 заразени, е па тоа е.
     
    На sj *O*, Annath, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  8. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Полициски час и карантин се спроведува насекаде со цел да се намали групирањето, а не дека короната се шири само после 22 часот. Исто така се воведува со цел да се спремат болниците и кадарот за време на периодот додека трае полицискиот час. Значи низ цел свет треба да си дадат оставка комисиите кои го вовеле полицискиот час? Кога имаше карантин зашто го има ги ограничувал луѓето, а кога нема заштоа нема па младите се собирале навечер по паркови итн итн. Ко што кажа докторот ни се водиме,ни се тераме. Најубаво да не остават сами и онака ние се знаеме од политика, економија и медицина..
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, HaleemO и 9 други им се допаѓа ова.
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Немам ништо против мекици убава работа е ама во ваква пандемија 80 души во затворен простор е ноусенс.
    Ајде преку сила 10 луње во ваква ситуација.
    Па во затворен простор или со повеќе луње има најголем ризк од зараза.
    Ја тоа неможам да разберам?:|
     
  10. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Нека ствават полициски барем навечер да не се собираат во најкритичните градови чим е сериозна ситуација.
    Барем некаква контрола да се има.
    Али мора и полицијата тука да биде поактивна, иначе ке нема доктори да лечат како тргнала работава.
     
  11. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Полициски час никогаш нема да биде ефективна мерка за пандемија. Никогаш! Да беше, сите ќе воведеа. Кај нас го воведоа или од незнаење или од мрза.
    Види во другите држави како беше. Не е до стоката народ (секаде има секакви) до системот е.
    Досадна сум си веќе самата себе си.

    Се виде ефективноста на полицискиот и експертизата на комисијава викендов.

    Које крив што се правеа ифтари, свадби, итн? Народов или одговорните?
    Ај, ме мрзи пак истото да го пишувам....
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Во кои држави што успешно се справија со вирусов имаше полициски? Наброј ми?
    Не мешајте карантин или локдаун со полициски. Различно е.
     
    На sj *O*, orevokrsacka, vitamina и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Не е точно, кај има какрантин и полициски час ? Во земјите каде е преоптеретен здравствениот систем (па ни таму) или ја гледаш Кина каде се ко мравки и немаат никакви права ?
     
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.223
    Допаѓања:
    15.382
    Пол:
    Женски
    Ама не му дале никакво ливче...само со матичен број ли да кажеш?
     
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Каде тоа секаде имаше полициски?
     
    На vitamina, *Amethyst* и Stache им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Како па ти знаеш? Мислиш дека полицискиот е крив за ситуацијата? Тоа што Мк имала полициски а другите држави -не и бројкиве сега се такви какви што се, е чиста случајност.
     
    На HaleemO, oblace1, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    Липково заболени, Куманово го ставаат под полициски час. Чаир заболени, цело Скопје го ставаат под полициски час. И на крај на денот пак Липково и Чаир се раздвижени а останатите седат дома.
     
    На sj *O*, ..barbie.., vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Ambitious

    Ambitious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    1.142
    Допаѓања:
    11.786
    Пол:
    Женски
    @fana
    @nextredstyle
    Видете, секој прашува за границите поради различни причини. И има право да праша. Не гледам зошто би било срамота. И да, некој не гледа пресови и вести и овде му е најдобро да се информира.
    Дури и да прашале во еден ден повеќе лица, најверојатно е така затоа што темава е преактивна и за само неколку часа се испишуваат по 10+ страници. Не секој има време да седи и да чита два часа за да види дали некој веќе прашал.
     
    На sj *O*, WildMk, deskarada и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е муабетот. И после крив Венко,криви политичарите. Не бе не ги сакам ама како тука да бидат криви тие? Да не дошле и од дома да ги кренале од софите ајде станувајте на мекици вие идете 100 души,вие ајде на ифтар 30 души мцкајте од една тава.
    Не е до нив,до нас е!
    И во струшко де им љубоморевме што шетале во фебруарот кај нив немало болни...ете гледам цело лабуништа е заболено. Но ние им љубоморевме.
    И за кој народ мерки? Па ние сме створени да ги газиме тие мерки баш онака за инет. Дека таков народ сме.
    Далеку сме од европскиот воспитан народ. Се гледаме по најосновното дека во европа сите гледаме ѓубре кај ке фрлиме а тука од тераси кошеви даваме.
    Тоа е дека казни немаме. Дека секој на секој му е род. И пријател. И поминуваме неказнети.
    А да бевме казнети за време на полициски сите мирни ке седевме. Ама и за тоа ке најдевме замерки...
    И да не се лажиме за да излезам на избори ми е лично право сакам одам да гласам сакам не. И не сфатив зошто заради избори би не пуштиле да се олабавиме...?
     
    На cresa-jagoda, WildMk и monibejbi им се допаѓа ова.
  20. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Не им беше главна мерка.Мерките се како имсекаде во светот:носење маска,социјална(физичка дистанца) и миење раце.
    Јас очекувам други мерки ако знаеш да ги предложиш.
    Секој е одговорен сам за себе и своите постапки,секој еден.Зошто докторов е одговорен ако таму се собирале ојле и дојле и терале вечери,собиранки и сл.
    Зошто е он или Филипче одговорен за постапките на поединецот во општеството?
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, referentka и 9 други им се допаѓа ова.