Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Axiomatical

    Axiomatical Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Заради вакви размислувања сме сеа во оваа ситуација, и баш кон ваквите Караџоски се обрати. За Стојна од бичинци фактите кажувале како е... Абе земи почитувајте препораки и прајте се паметни на теми што ги разбирате... Бтњ, овде нема никаква логика - какви пониски вредности, какви самопотценувања? Не е самопотценување ако си признаеш дека знаеш помалку од епидемиолози, тое е чиста логика и реалност..се друго е занесување. Од каде вакви заклучоци дека не биле добри мерките, полициски часови, потценувачки ставови кон комисии доктори... вака така дрн дрн... Како можеш па ти да процениш?? Wtf
     
    На WildMk, Martka и Sejfullai им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Види, за да народот верува некому, истиот тој треба да има кредибилитет. Венко одамна го изгуби. Оној момент кога престана да биде лекар и стана политичар. Исто, неговите постапки не ми влеваат доверба. Несоодветно носење маска (а очекуваме обичен граѓанин да знае да носи) состаноци во затворени простории без маска, итн.
     
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Дајте бре луѓе, кои мерки освен дистанца и носење правилно маска во толпа ги сметате за океј и ефективни? Оти тие две се спроведуваат насекаде, а после секоја држава воведува други мерки за да ја одржува ситуацијата под контрола во склоп на нејзината територија (и менталитет, исклучително важно да се потенцира кога сме ние во прашање).

    Ако се каже дека нешто не е во ред, и се даде пример каде нешто некаде функционира, одма напаѓања со "таму рози цветаат" и демек нема воопшто неразбран народ, само ние сме по(нај)лоши. А рално полоши сме, ако/кога е за смеење.
    Кечот е: Како системот се справува со неразбраните луѓе? А ако на милион и пол жители некој не може да застане зад својата позиција, и да ја исполни одговорноста што ја носи истата, тогаш... зошто е државата? Еве секој нека прави што сака, нека има безредие кога секој втор мисли и пробува да се извлече од сенешто. Кој што би можел да му направи тогаш навистина?

    Караџовски и Филипче не сметале дека имаат некаква вина за ситуацијата... еве јас имам имам тогаш. Јас ќе застанам на нивно место и ќе работам со професиналци медицинари, и ќе донесувам некакви мерки за губење време.
    Срам. Трагедија. Така можам да го опишам направеното до сега.

    За прв пат денес, некој излезе да објасни нешто, статистички кое како и зошто, макар и само за последните денови кога бројот на заразени е загрижувачки.
    Нешто што некој требаше да го направи од сам почеток, да објасни што се очекува од пандемијата кај нас, а што во светот. Како ќе се прошири тука, како ќе се манифестира, најлошо сценаријо( не Италијанско, а Македонско), најдобро, кога како народот се очекува да процедира... Тие 3 месеци вонредната и полицискиот час очекуваа да завршат работа, место нивната должност.

    Сега треба да се чека да се види дали ќе се фати и последниот воз пред ескалација, или буквално ќе се остави да хара теоријата на Дарвин, оти ќе биде прекасно да се стопира.

    Односот не би да го коментирам, ниту речникот, ка-тас-тро-фа за Караџовски. "Цврс како куче." Куку...:x
    И после вакво излагање ќе очекува респект и доверба? Лол... Во норамални услови, би бил санкциониран. Ако не може да се контролира, ондак не е за пред јавност и не треба да биде на таа функција, кога не може да се носи со истата. Народот колку и да крив или прав, не треба да толерира ваков однос.

    Али далку сме ние од се' што е нормално, и очигледно само можеме да се тешиме и тапшаме по рамо и кога грешиме. Со надеж дека нешто ќе се смени.
    Да ама не.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Врска неам, у право си. Караџоски рулс!!!
    Останатине земји го*на да јадат. Што знаат тие што е справување со пандемија? Без полициски час? Требаше Караџоски да им каже! Среќа па имаат одговорен народ, ние стока дека па јадниот “експерт” не може да се справи со нас.

    Ај, еве јас не знам ништо, кажи ми ти, која држава имаше полициски час како мерка за пандемија и како истиот делува во спречување на истата? Аргументирано ако може?

    Или треба да си ќутам и слушам како мисир?
     
    На jacqueline.s и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.134
    Пол:
    Женски
    А преку Србија?Мислам дека прочитав некоја страна уназад за враќање преку Србија.
    Реално, lockdown е подобра опција од полициски, барем од тоа што видовме по други земји.
    Ама дали ние имаме моќ да го изведеме тоа не знам, веројатно не.Стручен е Караџоски ама стварно не верувам дека неговиот збор е последен и дека апсолутно ги прифаќаат сите предлози на Комисијата.
     
    На Ahoy и Mantub им се допаѓа ова.
  6. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Да Чаир треба да има полициски час, али за контрола Полицијата треба да биде поактивна и да поправи таму каде што имало пропуст.
    Али за ризичните општини да треба полициски.
     
    На ЕденЧлен и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.790
    Допаѓања:
    9.957
    Пол:
    Женски
    Немам летови сеуште Ит-Србија ;(
     
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Трагедијата е што комисија предлага полициски.
    Исто мислам дека и глупавиот алгоритам е нивна препорака, (не)тестирањето исто, итн...

    А не ни требаше ни локдаун. Можеше само активно учество на полиција, па и војска ако им се малку полицајци, редовни контроли, патроли, следење на случаи, навремена реакција, сите што влегоа во државава на почетокот не требаше да ги остават на жими мајка самоизолација...
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Се слагам дека е до народот точно затоа сега треба за ваков народмора и построги мерки таму каде што е потребно, но и нонстоп да има едукација дали преку локалните заедници да се кажува за вирусот да допрат до секој.
     
    На Happyinlove и Martka им се допаѓа ова.
  10. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.225
    Допаѓања:
    15.393
    Пол:
    Женски
    Фала ти секако, ќе се распрашаме:)
     
    На mareane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    По резултатите на пример?
    Треба да е идиот она или било кој друг за да не претпостави кон што водат пролонгираните полициски часови без резултат.

    Ако си партиски полтрон, поштеди ме од реплицирање те молам. Доволно такви веќе имам на ignore листата. ;)
     
  12. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.454
    Допаѓања:
    25.103
    Едукација за вакви работи не функционира таму каде што им се испрани мозоците со религија.
     
    На pdb123 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  13. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    @An-na полицискиот за Велигден беше целосно затварање од три дена,оправдано според мене иако не ми беше убаво,ама и резултатите беа видливи кога имаше многу мал број на заболени.Оној полициски од 19 ч.го донесоа после Велигден,кога почнаа постите.Целта беше да се спречат групирањата за вечера кои ги имаат според верските обичаи.И ќе беше оправдан ако се почитуваше она што беше замислено.
    Ете ти ја оправданоста на полицискиот затоа што цело време упорно го потенцираш и прашуваш ова.

    Ама не се казнуваше како што треба.За тоа во претходните мислења кажав.Затоа сме сега таму кај што сме.
     
    На green.eyes, smooch, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Пoлицијa a? Пa дa имaше нa јутуб еден куп видеa кaкo Мк пoлицaјци влечaт женa кoјa легнaлa нa земјa кaкo ревoлт oти не и дaле дa си истерa слaвa дo сaбaјле. Пa ќе велевте декa сте вo диктaтурa, вo кoјa држaвa пoлицaјците се влечaт и тепaaт сo луѓе вo време нa вирус...
     
    На oblace1 и BoaVista им се допаѓа ова.
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Сериозно веруваш дека постои причина која оправдува забрана за излегување во продолжение од 86ч.?
    Или колку и да беа тогаш.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Нема што јас да оправдувам или не,можам да кажам дека не ми се допаѓа,но ако е тоа донесено е за повисока цел-Да,оправдувам.
    А целта тогаш беше постигната,после се отиде надолу.
     
    На smooch, emiliana, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Axiomatical

    Axiomatical Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Па ОК освен критики исти секој пост друго конструктивно нешто нема.

    Нормално дека треба полициски час, да не треба да се остават сеа да се собираат и да се пијанчат групи цела ноќ??? Секоја совесна индивидуа треба да се погрижи максимално да ги почитува препораките, треба да се извршуваат исклучиво основни потреби, без никакви луксузи непотребни (луксузи во контекст на избегнување потенцијално ризични ситуации како кафани, кафичи, детски игралишта...да се намали контакт и слично )... Се ова до следни информации официјални... Не можеме да се справиме, тешко ни е? Тешко е за сите, но мора да се издржи, барем сеа во 2020 не е тешко... Нема потреба да одмагаме со непромислени одлуки... Сеа скарата за први мај, ифтарите и литиите и викендите во Охрид ке ни го упропастат цело лето, додека другите ќе бидат сите слободни... И да, полицијата и војската треба да применат и сила ако не се почитуваат препораките... И не треба вмро сдсм, зашто за наше и општо здравје се работи. Толку, поздрав
     
    На Ahoy, ..barbie.., f.girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.224
    Допаѓања:
    32.930
    Пол:
    Женски
    Караџоски и Филипче се криви за сè, треба да одат од врата до врата и да нè превоспитаат (facepalm) Не можам да се изанчудам на некои мислења искрено. Ја гледав цела конференција и баш ми е мило што онака настапи Караџоски, со право е револтиран, новинарите знаат некогаш да претераат и не може секогаш да се зборува нежно и смирено како Филипче. Време е да му се нацрта на сите па макар и со онаков однос, кога не сфаќаме со убаво.
    Самиот рече дека на Комисијата улогата и' е да носи предлози до Филипче и до Владата, а нивно е дало ќе ги прифатат или не. Тогаш побогу како може Караџоски да е крив? Криви сме ние, полицијата која не казнува, крива е Владата криви се сите државни органи освен Комисијата. Нивно е да предложат најдобро решение за справување со пандемијата.
    Друго за полицискиот час. Рече дека го вовеле бидејќи се надевале на соработка од граѓаните, наместо цело Ск да се рашетава три дена нормално дека е подобро три дена карантин. И не викајте дека ќе полудите, ко останаа живи и нормални сите во Италија и ние ќе останевме. Добро, тоа беше нивна надлежност и дадоа соодветни мерки. Е добро но видовме што се случи. Дали ќе се случеше тоа доколку ги затвореа патарините? Дали Комисијата решава за нив или некој друг? Ќе те тагнам @An-na бидејќи бараше некој одговор со аргументи. Не сум стручњак и не се разбирам многу во политика, ова е мое гледање на работите. Исто, доколку немаше пол. час викендот дали би останале сите во Скопје или би користеле продолжен викенд? Нормално дека второто. Според тоа мислам дека мерката е во ред, но ние сме бетер од животни и не знаеме колку е 2+2.
    Само имам замерка кон нив бидејќи мислам дека требаше цела држава да е под полициски час три дена кога знаат колку е способна полицијава.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.273
    Допаѓања:
    189.695
    Ама Бриџо, кај тебе полицијата влечеше и тепаше луѓе по улици? Пошто кај мене, не.

    Мислам ок, сегде питом и воспитан народ живее, само во мк нит се води, нит се тера?
    Полиција јок, казни никакви, верски собири на турбо, верски лидери со ореол заштитени, вирусот едино може да се самоубие во вакви фантастични услови ваљда.
     
    Последна измена: 8 јуни 2020
  20. Axiomatical

    Axiomatical Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Па освен од непочитување на мерки и неразбран( или неказнет) народ, од друго ништо не се бројките... Срамота вака според бројкиве излегува најзатуцани на Балканов а и пошироко сме
     
    На Ahoy и WildMk им се допаѓа ова.