Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Ти пиша дека е оправдано, според тоа ти оправдуваш. Безразлика дали твоето (не)оправување ќе има некакво влијание врз голема маса, тоа има врз твоето опкружување.
    И, зарем е потребен 86ч. "затвор" според тебе за да не се шири вирус?

    Според мене не, не сметам целта беше постигната, уште помалце на правилен начин. Прво, затоа што тогаш малку се тестираше, и не се правеа ист број на тестови континуирано околу Велигденските празници. А второ, не сметам дека полицискиот час е мерка за постигнување на билошто во денешно време.
     
    На sj *O* и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. Axiomatical

    Axiomatical Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки

    Не треба 86 часа затвор се согласувам.. Треба 20 дена, ама озбилно а не секој да се рашетава..
     
    На Ahoy, WildMk, HaleemO и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Јас озбилно сметам дека тоа не е правилно.
     
  4. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Дa имaше мaсoвнo тестирaње бoлниците уште тoлку извoр нa зaрaзa ќе стaнеa, нели недoстaтoк нa oснoвнa oпремa зa зaштитa имaше? Јaс сетo oвa гo пишувaв нa пoчетoк, oпрaвдувaњaтa беa -немa мaски, немa oпремa, немa пoлицијa дoвoлнo, немa пaри зa кaзни, немa пaри зa летoви, немa oвa немa oнa. Oк, легитимнo. Немaaт сите земји исти ресурси нa рaспoлaгaње. И кoгa веќе знaеш кaде живееш и декa oд држaвaтa aир мнoгу немa дa видиш, дaли oти е сирoмaшнa, дaли oти е неспoсoбнa, дaли oти е пoделенa, зoштo кaкo пoединец не се пoтрудиш пoштo oвa е нештo зa кoе и мaлo дете мoже дa придoнесе. Амa, не. Имaaт тие гoлемa oдгoвoрнoст, aмa имa и нaрoдoт.
     
    На LivingGlam, sj *O*, green.eyes и 19 други им се допаѓа ова.
  5. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
    Не е мерка.Се сложувам.Ај сега кажи ми ти подобра.
    Затворање ни требаше затоа што здравствените капацитети ќе се преоптовареа и ќе колабиравме како Италија.Е тек тогаш сите ќе седевме дома и ќе молевме за целосно да не затворат.
    На многу тежок начин и многу касно ги учиме грешките,на своја кожа,како и секогаш.
     
    На green.eyes, dunika, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.852
    Допаѓања:
    41.135
    Пол:
    Женски
    Добро и што би предложила, ако сметаш дека ни тотално затварање ни полициски не се правилни?
     
    На cresa-jagoda, Ahoy и WildMk им се допаѓа ова.
  7. Axiomatical

    Axiomatical Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Можеби и не е, но во нашиов случај со неразбран народ кој покажа последниве 3 месеци дека не е самосвесен, не се грижи воопшто за сопственото здравје а камоли за некакви повисоки општествени одговорности, кој повеќе верува во чипирање место во препораки и апели од доктори, за жал освен строги карантини се друго значи продлабочување на кризата... Во Дебар се покажа како правилен пристап, и се стави под контрола.... Во СК некако е вон контрола и не ми изгледа дека ќе се намали според тоа како се однесуваат лугето
     
    На Ahoy, WildMk и M Bison им се допаѓа ова.
  8. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.339
    Допаѓања:
    51.772
    Пол:
    Женски
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    Сакам да пробам да се обајснам зошто до некаде ја подржувам ан - на и зошто и ги подржувам останатите како орхидеа јулие.

    Нема да зборувам за Италија, ќе зборувам еве и за Шпанија и за Франција бидејки имам блиски па ми кажувале преку телефон.

    Полицискиот час не се воведува во епидемија, не можат да воведат таков полициски час врз основ, пазарете туткарете се, собирајте се, идете си по гости, прајте си свадби, идете во парк и останато ( што е забрането нели од страна на државата, ама па за жал скоро никој не почитува нити почитувал) со оглед на тоа кога го виделе народот дека ги прави сите овие контраефекти на заштита требаше да воведат локдаун, не смееш да излагаш и крај.
    Требаше да стават патроли и војска, да, имаат капацитет, можат луѓето до маркет до лекар, до аптека, на работа со дозвола и крај. Полиција насекаде, да се нема милост при секоја мала заебанција од страна на безсовесниот народ.

    А што направија тие полициски та полициски, ем гледаат дека кога се осолободени ништо не почитуваат и после пу сите дома.
    Кој ефект ја има ваквата мерка полицискиот еве кажете ми? Не можам да разберам.

    Кога до 16 часот, до 19 сите до еден се мешаа насекаде нема ефект жени. Ова искрено.

    За оние што помислија направија фешта по дома надвор од дома на покрив у подрум беа приведени и соодветно казнети.
    И тоа.

    Точно дека Филипче не може повеќе освен да едуцира и каже, носете маски, држете растојание не се групирајте, шетајте сами во шума, пазете се. И човекот 4 месеци зборува.
    Ама кога гледаш дека се несовесни удри им локдаун 1 месњц и крај.
    Вака само се залажуваме, пола ден домче пола ден на лулашки мекици у кафич на водно и слично.
    Каде грешам ова што го зборам?

    Од друга страна, значи не знам ни кој е министер ни од која партија е само ја гледам реалноста што се случува уствари, значи не казнат.
    Зошто?
    Си играат играчки буквално со вирусот ради неказнењето.
    Ако правиш нешто за заштита на население прави ја до крај а не половично, де не казнеле народот немал пари, де полициски пола ден а пола ден се шетаат.
    Не знам еве.

    Сведок сме на 100 видеа на интернет беше некој казнет? Не.
    Зошто не пријавуваат свадби веселби собиранки?
    Зошто не казнат?

    Во време на светска пандемија, 200 новозоболени дневно, 100 ци умираат излагаат и зборат за избори со фраза "бујрум" останатото е се во ред нели?
    Многу е подла и долна оваа постапка на политичарите.
    И ја нема апсолутно никаде.

    Пак ќе кажам.
    Не не е Венко крив што народот не мисли ни за себе ни за својте блиски и прават фешти како никогаш да не виделе пиење и јадење, гаги, не е Венко крив што населениети упорно не сака да се заштити и носи маски ракавици и остало нити комисијата ама кога веќе гледате дека народот не слуша и упорно се понаша како амеба удрете локдаун 1 месец со образложение така и вака.

    Вака што правиме?
    Венко збори никој не го слуша.
    Политиката заинтересирана е само и само за избори и фотељи и?

    Не смеат да дозволат да прават имунитет на стадо знаете и сами па затоа удрете построго, нека работи полиција на терен зошто народот не сака мозокот да си го заамгажира за да ја сфати опасноста.

    Добро, само Албанците се бели овци са алават ифтар бајрам не знам штои да идаѕ у џамии, само Мк се бели овци да мора да идат у црква за време на пандемија и исто да слават мекици и дрнгулашки ние овде Ит Шпанци Французи ептен глупи сме што седевме дома за велигден и гледавме од тераса и прозор??

    Озбилно мора да се дешаваат прослави и да се оди по храмови за време на пандемија каде што луѓе умираат на секој час?
    И не, тие не се плашеле.
    Па мајка му, секогаш сте славеле ќе славете пак, стрпете се малку, не е крај света, ехеее ќе се славите та што ќе правите.

    Сериозно можеше една година да поминеме празнична атмосфера дома без никого, и ете преживеавме бе.

    Несовесни секаде има, ама се казнети, ете тука е разликата, додека во Мк несовесните се оставени така само на видеа да ги гледаме како се глупираат ко амеби и глуперди без трошка совест страв и срам.

    Ете ја разликата.
     
    На sj *O*, Sofi.ja, green.eyes и 23 други им се допаѓа ова.
  10. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Јас не подржувам ниту полициски, ниту лок даун.

    Што требаше според мене? Пишав, објаснување од самиот почеток за вирусот, според се' што беше познато тогаш, и после секоја промена околу истиот. Да одат видеа нон стоп за подигање на свеста, народот цело време да биде информиран за се околу него итн. Со статистики, со репортажи како е во болниците, како им е на болните, персоналот, да се визуелизира како функционира пандемијата. Реално да се сервира се', да се доближи сликата до граѓаните да имаат чиста перспектива. Па кој ќе верува, или нема да верува, негов избор нека биде, ама да има основа врз која ќе го направи истото. Оти и за време на пандемијата, и после неа, перцепцијата е најважна. А секој се води по себе и/или домашните.

    Место сувишни пресови и глупи новинарски прашања.

    Место полицијата да се занимава со полициски час, (колку и да (не) се занимаваа), да го контролира групирањето надвор. Да се спречи гужвата. Кој загрозува туѓо здравје, и не држи дистанца, соодветна казна да добие. И сите законски мерки да беа во таа насока, а не кон полициски час и колку часа ќе трае денес(условно земено) истиот.

    Вака јас размислувам, и би одела со овие мерки за почеток.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    Луѓе, никој не подржува локдаун. Јас плачев за локдаунот, не е воопшто лесно и пријатно АМА е единственото решение за да после 2 месеци живееш нормално.
    Друго решение и лек за сега нема.
    Кој сака да биде затворен во локдаун?
    Никој.

    Никој не можеше да претпостави дека ќе се случи тоа што се случи во Мк, на почетокот кога немаше ништо се беше затворено а сега чорба?
    Во цел свет народ повеќе од 2 месеци локдаун не може да издржи ни психички апа економски?

    Баш ради оваа причина што никој не можеше да претпостави дека ќе избувне епидемија после 2 месеци а беше за затворено не можат да си дозволат уште 2 да бидат.
    Не можат, економијата би паднала до точка да сите молат за корка леб.
    Ама кој да претпостави дека вака би било?!
     
    На sj *O*, green.eyes, smooch и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Како народот нема вина во целиов циркуз? Најмногу вина. На прво место е народот, на второ политиката. Жалам ама во оваа ситуација ние ја заебавме во многу наврати. Ако цел свет вика, не се збирај, тоа не значи да правиш литија, ифтар или мекици со 80 души пошо ти се родил син. Политиката греши кога казнува селективно, кога носи карантин за град кој е жариште, а не размислува дека 20 000 ќе излезат и ќе се рашетаат низ цела држава, кога не тестира доволно, кога не вложува во здравство, работи кои се пребитни. Ама тоа што јас денес ќе излезам и ќе одам да се гушнам со разболен, никој тука не ни е крив.
     
    На sj *O*, green.eyes, flower30 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Axiomatical

    Axiomatical Нов член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2020
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки

    Se ok, ama neveruvanjeto na nekoi vlijae i na tebe, kolektivnoto zdravje e vo prasanje... Ne smee nekoj da ne veruva (facepalm), i da si pravi sto saka, utre dali ke imaat odgovornost zasto svesno shirat?
     
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.529
    Допаѓања:
    17.605
    Пол:
    Женски
    Смее да не верува, лично право е кој во што ќе верува. Она што не смее поединецот да го прави е да загрозува туѓо здравје, што се прави со директен контакт, и треба да има мерки кои ќе го попречат во тоа. Ако и кога ќе ги прекршува тие мерки, да има последици т.е. казни.
     
    На WildMk, ..barbie.. и Axiomatical им се допаѓа ова.
  15. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.700
    Допаѓања:
    213.383
    Пол:
    Женски
    @vitamina се согласувам со се што кажа.Еве од тие сум кои се придржуваат на мерки,се кажа Велигден дома-дома,сега се кажа Задушница дома-дома,ни на гроб не отидов,бев во вторникот претходно.Но револтот и бунењето ми доаѓа баш од не почитувачи.Уште згора на се Ск под полициски скоро сите заминаа.Уште пак капак Филипче изјави знаеле дека ќе е така.Еми што не ставија полиција,војска на излез од град-каде ќе одеа.Полиција од друга страна чуваше празни гробишта,плочите де,а народот им се мешаше по кафичи и ресторани.Сите колективно сме криви,народ кој не почитува мерки,оние кои треба да ги спроведат,а не ги спроведуваат итд итд....Кривицата е во секој еден и поединечно и во сите колективно со се тие кои требаше да спроведат се.Политичари со друштва по викендици,обични граѓани исто....И сега....Изгледа не не бива ни за владеење со држава ни како народ совест имаме-жал ми е што е вака....Не мислиме за доброто на сите,оние кои земаат сеуште плата мислат така и натаму ќе биди,оние кои веќе јадат стап се преплашени како натаму,ама пак по старо се тера....чудо не видено комплет сме...
     
    Последна измена: 9 јуни 2020
    На Herrera, sj *O*, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    Луѓе, ај да не ви пастирам дискусии од други теми. Сами сме си криви :) Да, да, мизерија сме! Кој сака нека се вреѓа, кој сака нека се треска од патриотизам ама фактот останува дека сме тиња од народ.

    Мерките беа за полека да се вратиме во нормала. Ти се скинале гаќите? Оди ко човек во продавница и купи си. Ти треба шишање? Ок, оди ама почитувај мерки. Само што, тоа важи за нормален народ, кој ние очигледно не сме. Кај нас, олеснување на мерките значи „Ќе правам крштевка со 100 гости!!!!“ :party::party::party::party::party: И после корона. Епа корона дечки :)
    И тоа е до нас.
    Не дојдоа албанците да ни ги организираат кршевките и мекиците.

    Исто, фб групана што беше за загаден воздух, што ги организираше зимоска протестите? Читате македонци какви глупости пишуваат? Сакате да ви пастам? Исто, петџи групата? Само македонци ќењаат таму. Ете, ако не сте знаеле, коронава ни е од Грета, Сорос и Бил Гејтс. И тие фаци здрвени од ракија на глас ќе раскажуваат како короната е заговор додека на некој ист како нив му честитаат син или ќерка. А ние како мрднати ќе чекаме секој ден да видиме колку има новозаболени и дали ќе има некои нови мерки.

    Со народ како нашиов, или целосен лок даун па да се сликаме сите, и македонци и албанци, и теоретичари на заговори и едуцирани, или пуштете не слободно, со се мекиците и полуматурите, па ко преживи-причаче. Пошто ова сегашново, тргни-застани, демек нешто се прави, нема никаква поента.
     
    Последна измена: 9 јуни 2020
    На VDT2906, flower30, smooch и 25 други им се допаѓа ова.
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Затоа мора да има полициски за да нема излегување и групирање тоа е поентата, за да не излага некој, и врз основа на таа мерка се активираа полицијата.
    Какко што биле ажурни сега викендов освен поедини кои што немо гледале али тие треба да бидат санкционирани за да утре види дека некој еказнет и ке почне да казнува таму каде што треба.

    И Народот е крив што се собирал а упорно се труби да нема прослави ни на отворено ни на Затворено.
    Е затоа и кај нас и Кај Албанците има заразени.Највеќе ради собири.

    Така е Не требаше да дозволат да се оди од еден град во друг како што беше во други држ, али тоа е памет за друг пат.
     
    На Ahoy, Axiomatical и LejlaD им се допаѓа ова.
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Ајде не се нервирајте. Од 22 до 05 има 7 саати помалку во денот за потенцијално ширење на вирусот. :D

    That makes me feel so much safer 8)
     
    На LejlaD, christinnn, tijanana и 2 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Караџоски муабетот. 100 пати истото го повтори. Новинарите со разводнети прашања сакаа да го нападнат.
    Има подобра мерка од полицискиот час. Просторно ограничување на граѓаните наместо временско. Затвори ги градовите да не може да се излегува од град освен со дозволи. Автоматски им ограничуваш со колку луѓе можат да дојдат во контакт, на број. Оти полицискиот тоа никако не го прави, оти јас можам сето она што сум сакала во 24 часа да го направам да го изгурам и во 17.
    Нема да кажам да можат да шеташ само околу адреса, оти на адреса скоро никој не живее, во Скопје посебно. Знаеме како се изнајмуваат станови, ама контроли на влез и излез на градовите се нешто што требаше уште веднаш да го направат. А не, ставивме полициски ама очекувавме сите да излезат.
     
    На Ahoy, princess5, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.250
    Допаѓања:
    118.900
    Пол:
    Женски
    Абе и полоцоскиот може ќе беше ефикасен ако беше неселективен. Кој знае :|
     
    На sj *O*, *Amethyst*, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.