Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Полицискиот не може да е ефикасен без свесност на народот. Џабе полициски кога знам куп друштва што се собираат секоја вечер од кога почна пандемијата. Се соберат во стан пред полициски, пијат цела вечер и се разидат после полициски дома.
    Тоа не е никакво дистанцирање и ни еден полициски час не би помогнал тука. Тие луѓе не ги кршат мерките.
     
    На tinka-mace, azelea, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Поефикасен секако ќе беше. Дури и тој од 22-05 или никакви рестрикции ќе се поефикасни ако се спроведуваат мерките.
    Ама ете имаме пред нас факт дека не се спроведуваат или се селективни. А такви немаат ефект.
    Што ќе ни смени ако утврдиме дека народот е крш?

    Сите сакаме исто. Ова да помине побргу и да се враќаме во нормала.
    Ама со полициски веќе видовме. Не се казнува и така ќе остане. До следен празник само ќе се брануваме.

    Треба локдаун и масовно тестирање за да се утврдат заболените, бар најголемиот дел. Потоа тие ги изолираш додека да оздрават и постепено се враќа во нормала.
     
    Последна измена: 9 јуни 2020
    На sj *O*, Ahoy, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  3. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    34.764
    Пол:
    Женски
    Ефектот се виде од полицискиов...не дека допрва ќе го има За народ што не разбира не Филипче не Рајко Петко само да се казнуваа може ќе имаше ефект а не велат *полицијата им прогледа низ прсти* па меркиве створија омраза на верска припадност а уствари заборавија на тоа дека седевме од март месец за доброто на сите....
    Евентуални мерки што би имале ефект е да нема движење меѓу градови на 2недели (ко во Дебар) кој каде се нашол таму... па и по општините кај што се жариштата и полиција и војска се да е активно ...1излегување до продавница и до аптека може тогаш немаше да е ваков бројот но полицискиов по 22 или како и да е ќе е џабе (добро ќе е само вработените од 2ра смена порано ќе се прибираат), но се додека има пригледување низ прсти и затворање викенди као само тогаш го има... па и уште кажа тогаш знаевме дека ќе заминат.... па затвори рампи патарини воведи мерки заштити ги и другите градови Сакаш у Охрид тест прво па оди... Сакаш во Дојран доагаш од жариште ? Тест па оди кај сакаш а не после Цацко Е крив народот е крив министерот... кога сите сме во ова ...
     
    На LejlaD и Bezimenka90 им се допаѓа ова.
  4. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    aj site zapalete si cigara :) https://vesnik.com/node/105754
    a sega ozblno nekoj dr izvor za ova ,na nasite novinarcinja zelni za senzacii i bobmasticni naslovi ne im veruvam
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Старо е ова. Дури во Франција тестираа и никотински лепеки за заштита на здравствените работници.
    Не е дека не ги напаѓа ич, ама нешто во цигарите прави вирусот потешко да навлезе во оганизмот, веројатно никотинот.
    Е сега, ако фатиш - како пушач, поголеми се шансите да завршиш со потешка симптоматика. Така да, и тоа ти е меч со две острици.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, LejlaD и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    На lovestoneddd, Feminka22, *Amethyst* и 5 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    COVID-19 pandemic lockdowns

    Види каде се' имаше Stay-at-home order and/or Curfew
    Не, не можеш.
    Всушност можеш, ама е неодговорно и казниво, што покажува дека си криминалец ако не почитуваш забрани.

    И зошто воопшто ви треба закон да ви кажи дека нешто е опасно?
    Треба да е комон сенс тоа.
    А не: Ми се можи.
    Кој има корист од тоа: Ми се можи?
    Никој.
    Ни ти, ни тие околу тебе.

    Тоа е проблемот кога станува збор за лична одговорност и почитување на правила и закони.
    Грешка си.
    'Ми се можи' е проблемот, а не 'ќути и трај'.
    Од тоа 'ми се можи' до тука сме стасани.

    Оти се 'им се можи' на граѓаните во Македонија... И да крадат, и да манипулираат, и врски да фаќаат, и да не работат по државните институции туку да си го ладат, и да не почитуваат никаков закон.
     
    Последна измена: 9 јуни 2020
    На ph.orhideja, elenaxbbg, Tajnaotrovna и 10 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Дури не најдат соодветна вакцина и не биде достапна и кај нас за масовно вакцинирање и/или, додека не се заразиме барем 70% од населението.
    Тие се двете опции и важат секаде во светот.

    Од нас само зависи дали ќе тераме со самозаразување до (најмалку) 70%, или ќе внимаваме додека не добиеме вакцини.
     
    На sj *O*, flower30, Bunny2 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Секој полициски час е оправдан, според мене.
    Се' додека имаме народ кој не почитува мерки и полиција не казнува, рстрикциите за движење се паметно решение.
     
    На tina2018, LejlaD, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Ти седи си дома ако саакаш да те држат затворена,добро толку не сте свесни дека ве манипулира Заев преку Филипче и Комисијата за заразни болести?
    Неможеш ти цел народ да го обвинуваш само поради тоа што не си способен да носиш мерки како што треба,туку носиш политички мерки и затоа сме на ова дереџе.
     
    На TrinityNeo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Леле Ветерушке, аман од Заев, од политика и вакви заклучоци.
    Зошто се гледаш низ призма на политика??
    Толку многу ли те плаши власта на Заев, па преку пишано се обидуваш да убедуваш?

    Ајде еве, напиши јасно што е манипулацијата овде и што и е целта на таа манипулација, за да некако сврземе сите за што се работи.

    Како и секаде, така и кај нас се носеа мерки и никаде не беше по различно со мерките.
    Незнам што е тешко да се носи маска, да нема собиранки и да има хигиена!?!
    И што е манипулативно тука?

    Ако веќе некој потфрли, тогаш МВР треба да се стави на гиљотина, зашто се поткупливи, не ефикасни и заспани.

    До нас е, како народ.
    Дали ќе се пазиме или не.
    Ако повеќе од народот избра да не пази, тогаш курбан оди и остатокот што пазел.
    Просто и едноставно.

    Тркалото е свртено, тргнати сме по удолу сите заедно и нема назад.
     
    На HaleemO, oblace1, flower30 и 17 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не сакам да ме затворат на сила.
    Ама заради такви кои шетаат без маски и се лигават едни со други, морам и јас да седам дома.
    И ќерка ми, и маж ми.

    Иначе, не ми треба ни Филипче, ни Заев да ми кажи како се пренесува вирусот.
    Знам.
    Во основно учевме.
     
    На HaleemO, oblace1, ph.orhideja и 9 други им се допаѓа ова.
  13. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Е поради луѓе како горниве и ние сме постојано сами.
    Не е тоа трајно решение,сите знаеме.
    Ама барем додека вирулентноста ослаби или се најде вакцина, лек...незнам што, ќе бидеме така- што помалку дружба и хигиена.Да се прави само тоа што мора.
     
    На CameliaMiller, vitamina, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.740
    За едниот разбрав бил од лабораторија, ама за другиот вешто го скроиле соопштението да не се разбере. Веројатно од фрекфентен оддел. Знаеш кој?
     
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    На! Кој му фалеше едукација.
    Уште во Март е пишан текстов.
    А уште имаме луѓе кои 'не биле едуцирани'.

    Уште 100 години да живеат некои, нема да се едуцираат.
     
    На oblace1, elenaxbbg, Cutiepie1 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    СЗО излезе со најнови сознанија за потенцијалната опасност за јавното здравје од луѓето кои се инфицирани од коронавирусот, но немаат никакви симптоми.

    „Луѓето кои немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата“, велиепидемиологот на Светската здравствена организација, Марија Ван Керх.

    Според неа, ретки се случаите кога асимптоматските луѓе всушност го шират вирусот понатаму.

    „Тоа на што ние сакаме натаму да се фокусираме е следењето на случаите со симптоми. Да ги следиме сите симптоматски случаи, затоа што знаеме дека ова е респираторен патоген. Се шири од човек на човек преку заразни капки. Ако всушност ги следиме сите случаи со симптоми, ги изолираме тие случаи, ги следиме контактите и ги ставаме во карантин, драстично ќе ги намалиме случаите“, додаде таа.

    Некои луѓе, особено младите и здравите, кои се заразени од Ковид -19, всушност и никогаш не развиваат симтоми или пак имаат многу благи симптоми. Според неа, владите треба да се фокусираат и ангажираат на пациенти со симптоми – да ги детектираат и изолираат, наспроти асимтоматските, кои не претставуваат опасност.

    Ван Керх истакна дека СЗО добива извештаи од држави, што детално ги следат контактите на заразените, вклучително и асимптоматски случаии и тие држави не откриле дека пренесувањето продолжува со таквите случаи. Таа повтори дека вирусот се шири преку капки, што се ослободуваат кога некој кашла или кива.
     
    На sj *O*, elenaxbbg, Tajnaotrovna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.784
    Допаѓања:
    41.853
    Пол:
    Машки
    Ок, пол. час не е најсоодветна мерка за во ситуацијава. Ама веќе била донесена. Кога веќе била донесена, истата требаше да се спроведе. Ниту Филипче, ниту Комисијата, не можат да ја спроведат мерката затоа што тоа не е нивна надлежност, односно има полиција која е контролирана од МВР, односно Чулев. Чулев излегува и изјавува дека нема да казнува затоа што народот бил во тешка психолошка и материјална состојба. Да, (повеќето) сме/ се во таква ситуација, кој материјална, кој психолошка, кој и двете. Но, негова должност (на Чулев) беше да ја координира и мобилизира полицијата со цел казнување за непочитување на веќе донесените мерки, за побрзо справување со вирусот. Да се казнуваше, сега ќе бевме далеку подобри. А секој поединец да си беше свесен и да почитуваше мерки, тогаш ни казни немаше да бидат потребни. Да, сега полицијата почна да казнува (колку- толку), ама сега сме и во потешка психолошка и материјална состојба.
     
    На sj *O*, oblace1, ph.orhideja и 7 други им се допаѓа ова.
  18. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    За ова се сложувам со СЗО. Ако асимптоматските ширеа зараза, а велат дека такви се 90% од заразените, кај ќе ни беше крајот. И затоа се повеќе сметам дека масовните тестирања ништо нема да сменат. Изолација на болните со симптоми и крај, доста е.
    А кај нас бројките драстично рипнаа кога се почна со помасовно тестирање. Нешто ми вели дека сепак не отскокнуваме со број на заболени во однос на другите. Едно е да си заразен, друго е да си болен. Па на почетокот луѓе и дома умираа или на пат кон болница, а сега хоспитализираат и луѓе со полесна клиничка слика од предострожност.
    Логиката ми вели дека сепак вирусот не е поткуплив, па кај некои да биде добричок и смирен, а кај нас дека сме "стока народ" да биде Осмиот патник. Или секаде ја губи вирулентноста, или никаде.
    Само што некои земји видоа колку е саат, па ги стокмија работите како што треба.
     
    На sj *O*, g8lQQk, Bunny2 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Некои земји уште од сам почеток не третираат асимптоматски, дури не ги ни спомнуваат. Факт е дека постојат, ама тие не се заболени, тие се само носители/преносители.
    Затоа милиони пати реков дека ми фали информација за тоа колку од тие тестирани кај нас се навистина асимптоматски, или биле асимптоматски кога ги тестирале ама развиле симптоми по ден-два. Оти ако сакаш реален поглед на болеста, тоа е битна информација.
    Ама тие некако штуро некој експеримент водат, ни мерки како што треба, ни известување за болеста како што треба...
     
    На Bunny2, Sofi.ja, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Токму тоа е она што повеќето го коментиравме овде уште од старт. СЗО ги менува информациите од ден на ден и затоа не може да им се верува.

    Сега ќе проверам дали истиот исказ го потврдиле на официјалната страница.
     
    На lovestoneddd, Bunny2, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.