Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.477
    Некако многу си политички настроена.
    Филипче не ни е крив, шо сме стока од народ, упорно едно се кажува, тие прослави, роднендени си прават, по викендици собиранки.
    До сега како министер спрема другите општо, Филипче се покажа добар. Само шо не го оставија да си ја заврши работата како доктор, туку политиката се меша.
    И кога веќе се донесе полициски час, требаше да се почитува,ама многу памети се правеа се собираа и одеа по други градови, за тоа Филипче е крив ?
    И да имаше полициски час, само полиција слабо. По викендици одеа тие на гости.

    Од политичкиве парти не видовме никаков аир, ни од едни ни од други само народов можеше малку посовесен да се покажи.
    Веќе сме во црна листа, никој не не сака.
     
    На sj *O*, Amellie13, flower30 и 7 други им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Имаш право, немаме доволно инф. Само дека последниве тестирања покажале 90% асимптоматски случаи и толку. За после што како се случувало со нив - штама. Затоа си давам право да верувам дека такви и останале.
     
    На tijanana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јас не верувам дека такви останале сите од нив, дури има истражувања дека од регистирани асимптоматски, (за други држави зборам нели) огромен дел од нив развиле симптоми 1-2 дена после позитивен тест, а имало и купче такви што не пријавиле симптоми затоа што биле преблаги или не ги препознале.
    Или пак она нашето, додека не се најдеш на смртна постела - ништо не ти е. И онака не не бидува нас за реагирање на болест.
     
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.277
    Допаѓања:
    189.749
    Повеќемина ја коментиравте информацијава.
    Алелуја.
    Затоа секој ден прашувам, колкумина се хоспитализирани? Навистина не можам да следам, немам и ќе немам ФБ, а информирањето (и начинот и методологијата на информирање) е хаос.
    Бидејќи информациите се штури, да претпоставиме дека секој ден се регистрирани 100 нови инфицирани. Да претпоставиме дека 90% од нив се асимптомски, значи 10 имаат симптоми? Колку од нив се хоспитализирани? Тоа е битната информација, и за здравствениот систем, и за психолошката перцепција на популацијата. За да реагираме соодветно, и со ниво на загриженост, и со ниво на паника, мене барем ми се потребни вистински информации.
    Ако МК влегла во СЗО студија, па за научно истражувачки цели регистрира енормен пораст на случаи, треба да знаеме. Ако е ситуацијата под контрола, треба да знаеме како е под контрола. А ако не е под контрола, треба да се преземат соодветни рестриктивни мерки, за да се стави под контрола.

    А заради моето погоре кажано, ова сценарио веќе во светот не важи. Речиси цела Европа живее речиси нормално, никој не живее во исчекување на вакцина ниту со дамоклов меч над глава, дека 70% ќе се заразиме. Ама сегде имавме методологија на следење на состојба и хармонограм на рестриктивни мерки.
    Хармонограмот на ослободување мерки беше во фази, фаза 1 се враќате на работа во канцеларија, фаза 2 отвораат продавници, фаза 3 отвораат кафани надвор, градинки и штотијазнам, фаза 4 отвораат училишта итн. Ако порасне кривата се враќаме чекор назад.
    Мерка- денес има полициски час, утре нема, не е мерка.
     
    На sj *O*, orevokrsacka, Bunny2 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Па тоа е де.
    Чекање до вакцина и/или да се заразат барем 70% за да се направи имунитет на стадо.

    Ако до тогаш до толку стане слаб вирусот, нема да има потреба од погорното.
     
    На Tajnaotrovna, tijanana и Biljarkata им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.277
    Допаѓања:
    189.749
    Ама ние не знаеме во мк дали е ослабен вирусот. Ако се асимптоматски, ослабел, ако се хоспитализираат 20 луѓе дневно, и таков ослабен е премногу силен. Ми ја разбираш поентата?
    Што мене ми значи што регистрирале 130 нови случаи на пример, ако 120 од нив се без симптоми?
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Значи, заади водење статистика.
    Колку прележале, до кај сме имунитетот, колку од заразените се со симптоми, колку од заразените се со слаби, колку со јаки симптоми.
    Секој податок е битен.

    Врз основа на тие податоци ги носат одлуките за рестрикции.
     
    На g8lQQk, Bunny2, Ahoy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.277
    Допаѓања:
    189.749
    Екзекли. Секој податок е битен. Мене некој податок ми фали:)
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Кој, оние нашите?
    Тие заглавени се во политички препирки, нит се водат нит се тераат, а не мерки да носат.
     
    На Sofi.ja, nextredstyle, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Тоа што го кажав вчера: Одлуките треба да се експертски, а не политички.
     
    На nextredstyle, Ahoy, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Комисијата предлага мерки врз база на обработка на статистичките податоци кои ги добиваат, е сега што нивните предлози се мешаат со политичките апетити на власта за брзи избори, воопшто потребата да се политизира со науката води до вакви поразителни резултати, револт и недоверба во финалните одлуки од страна на населението. Многу сме исполитизирано општество плус и многу се манипулира со сите информации заради лични интереси.
     
    На sj *O*, Angie1432, Bezimenka90 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.277
    Допаѓања:
    189.749
    На пример, Унгарија вс МК.
    Расте ли таа колоната на сериозни случаи? Имаме помала стапка на смртност од нив (однос инфицирани-починати) ама во моментов нашиот здравствен систем е многу пооптоварен од Унгарскиот со 34 критични.
    Итн
    upload_2020-6-9_10-23-32.png
    А колку време ќе треба за бројот на активни случаи, да биде помал од бројот на излечени (што и да значи тоа). Затоа е МК високо ризична земја и ниту може човек да влезе, ниту да излезе од неа.
    Ама тие со политиките тоа не ги занима, за нив играат дипломатски пасоши ваљда:?:
     
    Последна измена: 9 јуни 2020
  14. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Јас воопшто не би рекла дека сме високо ризична земја. Статистиките кои ги водат странски списанија се базираат врз бројката без да знаат од каде е изворот на заразата, дали случаите се изолирани и каква е релацијата. Едно е да се вели за Италија која на почетокот сите новозаразени и беа од различни кластери и во Македонија каде се заразуваат од семејни прославк и се знае кои присуствувале и се изолирани. Кај нас секојдневно во изолација се сместуваат 700 лица кои би можеле да ја шират заразата понатаму. Затоа не е до толку битна бројката, колку што е контролата на изворот на зараза.
     
    На orevokrsacka и Bunny2 им се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.746
    Пол:
    Женски
    Тука многу пати кажавте дека ниту самите компетенти лица - стручни доктори не можат да го осознаат вирусот па да излезат да кажат нешто официјално бидејки и тие само учат секојдневно и го проучуваат така??

    Овде кога олабавија со мерки, односно од 4 мај кога 4 милиони тргнаа на работа знаете што кажаа епидемиолозите? Чекајте рано е, резултатите ќе ги видиме крај на мај почеток на јуни, тогаш пак ќе вивне бројката и ќе ве затвориме, да да така кажаа. Ништо од тоа не се случи, па на 18 мај кога беа сите од ланец пуштени излегоа на тв и пак кажаа, чекајте рано е тек од 4 јуни ќе се пребројуваме а најверојатно пак се ќе затвориме.
    Ни тоа не се случи.

    Сега велат втор бран?
    Зарем мислите дека би се случил 100 процентно?
    Еве јас не верувам дека сигурно ќе има бран.

    Многу работи изнесуваат како критични и епокалиптични на крај се е во ред фала му на бога.

    Значи зборот ми е и тие само нагаѓаат што би можело да се случи.

    Еве ни рекоа дека бројката пак ќе рипне, тогаш и за Германија збореја ќе рипнела, не рипна.
    И сега?!

    Значи сеуште не е откриен вирусот онака како што треба. Се плашеа и дуваа на кисело млеко епидемиолозите па ни се закануваше министерот за здраство дека ќе се вратиме назад ама не се случи.

    Еве и во Кина зборуваа исто, секој ден, ќе дошол втор бран, пак ќе се заразеле вака онака.
    Не се случи.

    Не плашеа до коска.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, lovestoneddd и 9 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.970
    Пол:
    Женски
    Доволно ми е да го видам профилот на државите со полициски час и јасно ми е.
    Да беше мерка поволна за епидемии сите ќе воведеа ;)
    Ми ја изигнорира главната поента на постот: ако ќерка ти е невоспитана, чија вина е тоа?
    За закони, однесување, корупција итн... не би да зборам на темава да не ја трујам иако има поврзаност со ситуацијава.
    На пример, комисијава да не беше политички обоена и диригирана ни во сон немаше вештачко да ги намали бројките на заразени и да создаде лажна сигурност кај граѓаните. Па после криви биле што се опуштиле? Па секаде се опуштија, не само кај нас (значи во цел свет стоки се) И после ние сме биле криви, они не.
    Види го Караџоски и како ја носи маскана? После ќе праиме муабет за обичниот граѓанин зошто не знаел како се носи маска? Или зошто не знаел ништо за вируси |( (па нели не требаше експерти да сме)
     
  17. magnolija09

    magnolija09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2020
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    860
    Пол:
    Женски
    filopce pred 2 dena izjavi deka imaat dokazi deka vo poslednite 2 nedeli virusot e oslaben
    a od dr strana vcera imase 3 mrtvi i istite hospitalizirani pred nekoj den 2,4 i 5 juni , mn se za oslaben virus
     
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е тоа веродостојна информација.
    Од една страна знаеме од лекарите дека се јавуваат кога се дури во критична состојба. Исто така знаеме дека одбивале да даваат контакти. Трета работа што знаеме е дека движењето кај нас ете барем од 05-16 часот не беше забрането.

    Сега пример, како може да ми гарантира дека некое лице од Чаир не се качило наутро за на работа во преполна 57ца или што друго поминуваше таму и да се развози со се вирус? Мене тоа не ми делува на многу контролирано.
     
  19. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе се хоспитализираат на дневна база, ако е со послаба вирулентност немаше да биде така.
     
  20. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Никогаш нема да има гаранција дека некое лице заразено нема да се качи во автобус. Не се одредува вирусот со поглед па да имаме гаранција некоја. Во моментов може ти да го пренесуваш вирусот а да не знаеш. Иако од СЗО друго викаат за асимптоматските, ама тие секој ден менуваат мислење така да во кратки црти не постои гаранција.
     
    На Bunny2 му/ѝ се допаѓа ова.