Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.401
    Пол:
    Женски
    Што сте се фатиле за Караџоски како ја фаќал маската на говорница, значи кога ќе запнете за нешто, запнато е :rofl:
     
    На Ahoy, Waverly Raven, elenaxbbg и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Да не има инфо некој тука за трудница породена со корона во Ремедика?
     
  3. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Меѓу другото,да.Караџоски со маскана на брада да не во право,така треба да се носат.

    Оф топик-Лелееееее водителкава,со маскава ништо не се разбира,само влетува во збор и прекинува..не го разбира што и одговара,ужас.Многу дрдори,а всушност ништо не кажува,прашањата...не можам.:@
     
  4. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    И јас прочитав некаде дека и кај нас плазмата дава добри резултати.Така да ако знаете некој излекуван,потсетете ги да донираат обавезно.

    Инаку сега баш видов дека една жена бараше плазма во Женски Домакински на фб од излекуван,крвна група АБ+.И требало помош на некоја 54 год. жена на инфективна.
     
    На vitamina и LejlaD им се допаѓа ова.
  5. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.670
    Допаѓања:
    92.579
    Пол:
    Женски
    Добро сега хрватските медиуми беа поарни,ама не дека се богзна какви.
    Да не заборавиме како медиумски ја држеа кралица Колинда.:D
    Многу од нив се во рацете на Хдз тајкуни па не смеат да врескаат.
    Имаше и има кај нас презентации за миење раце ,дистанци и итн,не е дека немаше.
    Па и преку апликацијата за воздух одеше.
    Вили Берош е министерот за здравство исто како Филипче.
    Е да, само што не се караа јавно и гласно ко нашиве со Караџовски.
    Може зошто Алемка строго делуваше,што знам,ама и неа ја развлекуваа.
    Јас инаку мислам Хдз ќе ги изгуби избори.
    Иако супер Вили го ставиле за носител на листа во X изборна единица.
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.848
    Допаѓања:
    264.678
    Косми, ХДЗ не се корумпирани до коска? Знам нешто имам читано. А ти знам пратеш светска политика?
     
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.674
    Пол:
    Женски
    Како бе нема кај нас кампања седи дома? Па и на врапчињата на гранките веќе им е јасно од што буквално по медиуми, весници, ама секаде беше пораката седи дома. И милион дебатни емисии направија теливизиите на оваа тематика. Скоро сите еминентни доктори во државата излегоа на Тв. Па само Вело Марковски минимум пет пати е на ТВ на тема Ковид. Па Данаиловски, па Пановски, па Караџоски, па Жан Митрев и кој уште не. Ја стварно незнам како може да кажете дека немало реклами или пораки. Секој ден прес на Венко. На социјалните мрежи само за тоа се пишуваше. На секој филм или емисија идеше хаштаг #седидома. Во Ск не сум била ради ситуацијава незнам дали имало билборди, еве скопјани нека кажат. Ама и да немало, едно битно па што е дали ќе има три билборда. Едукација ипол.
    Градоначалникот кај нас на секој заболен од нашиот град, имаше изјава со давање препораки и објаснување на ситуацијата. За секоја шпекулација искачаше и кажуваше дека е дезинформација. Кризниот штаб во нашиот град исто искачаше после секоја седница со мерки и препораки. Ја стварно незнам како кажувате дека немало едукација.

    И реално ако збориме, баш мислам дека најмалку вина во целата ситуација кај нас има Комисијата за заразни болести и Караџоски. И баш мислам дека Караџоски не е партиски човек! 27 години, со сите влади бил во комисијата. И на пресот вчера, колку сакајте критикувајте го, ама се виде дека не зборува како политичар, да се лиже за политички поени. Баш убаво ни ја плесна вистината у лице. А богами и требаше некој веќе и јавно да ја каже. И прв јавно кажа за попуштањето за Рамазан и за ифтарските вечери.

    Според мене, освен луѓето што се недисциплинирани, грешка беше свесното неказнувањето, посебно па во местата каде има етнички албанци и попуштањето за Рамазан Бајрам.
    Две клучни грешки, и кога на тоа ќе додадеш народ што верува дека ќе добие 100 тенди на фб ако пише споделено или верува дека ако постира дека не дозволува фб да му ги злоупотребува податоците ќе е заштитен, а не верува дека постои корона, го добиваш ова што го имаме денес.
    Али не се секирајте, како тргнала работава и кај нас ќе почнат да ги шминкаат бројките, како кај сите држави во сосетството па и пошироко. Зашто никој не може да ме убеди дека Црна Гора, Србија, Бугарија, Хрватска, Грција не шминкаат бројки, посебно па овие со излез на море каде пропадната летна сезона така би им го намалила БДП да незнаат што ги снашло.

    И тоа е тоа. Вирусот ќе е тука, лек и вакцина нема. Животот мора да продолжи и да се врати колку толку во нормала, пред се од економски причини. Сите држави веќе увидоа и затоа демек сека одеднаш сите колективно прогласуваат победа над вирусот. Ќе прогласиме и ние кај и да е, пошто очигледно избори идат. И така додека не се измисли вакцина ќе си живееме во шминкани бројки, зависно од потребите.
     
    На Ivan4e04, CameliaMiller, Grungie и 38 други им се допаѓа ова.
  8. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    378
    Пол:
    Женски
    слушнал дека еден студент од Црна Гора кој студира во Белград има корона ... толку за Црна Гора и нивната corona free destination реклaма ...
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.848
    Допаѓања:
    264.678
    Да се надоврзам на Боа и тендите:D
    FB_IMG_1591737339817.jpg
     
    На Ivan4e04, CameliaMiller, sj *O* и 18 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Јас сум човек што не гледа телевизија, така да не сум баш релевантна да зборувам за тоа.
    Само знам дека имаа телевизии замерки дека само на Код им давале дозволи да снимаат во инфективна, дека одбивале да одговараат на прашања, дека биле безобразни и си створиле сами телевизија со пресовите кои ги стримуваат на јутјуб каналот за да не им даваат на медиумите слобода да известуваат.
    А за гласања искрено ич не ме интересира, ни во Македонија не сум гласала кој знае од кога. Мислам дека заради короната ќе победат ХДЗ, ама можеби и грешам. Останува да видиме.
    Во секој случај, кој и да победи - и кај нас, и кај нив - исто срање. Од политичар ли ќе чекаш арно?
    Што вика еден политички научник кој ептен ми лежи при срце периодов „единствено решение за нас е да ја смениме државата, а не власта“
     
    На Amelia, Makedonka007, Cosmi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Според мене,токму тоа што сме последни во шминкање е проблемот.Зошто секогаш последни,зошто?Сите ја сфатија играта,ние не баш.
    А за народот,не би да потценувам али ова Црногорциве,Србиве дека се нешто апла подисциплинирани и попаметни од нас...
    И другото,рибата од глава се засмрдува,не од опашка.
     
    На Ahoy, Feminka22 и Cosmi им се допаѓа ова.
  12. VDT2906

    VDT2906 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.401
    Допаѓања:
    20.153
    Пол:
    Женски
    Пу пу не важи сега го пренесуваат... А дали навистина постои Ковид 19 да се договорат и за тоа за секој случај да не згрешиле нешто???
     
  13. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Тоа тек можеме да очекуваме, да набавиме пуканки со време.
     
    На VDT2906 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.670
    Допаѓања:
    92.579
    Пол:
    Женски
    До коска, политиката кај нив особено ја пратам од 2007 наваму.
    Последниов корупциски скандал од 2 милијарди куни е со државен секретар на управа Јосипа Римац.
    Се што беше позната екс ЈУ фирма,мама му подраа,бустаат народот со патриотизам,со Србите по потреба,и си вршат работа,пола држава млади им се отсели.
    Едино што вика Ангел, Истра горе се друга приказна,а друго или Загреб или странство.
    Да ги составиш нивните ,нашиве и српските не знаеш кој најбетер ќе излезе.
    Едино премиер во таква комбинација набузениот Вучиќ бил,таква драма Квин другиве немаме.
    @DAngel
    Права си,нема арно од политика.
    Оди на одмор Корчула,ладничко Истра:)
    Ние најверојатно до септември нема од дома да мрднеме;(
    Пошто најново што разбрав со чипирањето Гејтс и расположението ќе ни го менувал на сите,еден ден лути,еден ден весели,на државно ниво.
    Е и тоа ми кажаа денеска.
    Да не знаеш дали да се убиеш,смееш или плачеш.:@
     
    На CameliaMiller, KateKane, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    Груевски го заборави :D Кога го гледав Вучиќ околу пандемијава, како Груевски реприза да имаше.
     
    На Avery, CameliaMiller, nena2010 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. mssuniquee

    mssuniquee Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 февруари 2015
    Пораки:
    3.805
    Допаѓања:
    53.534
    Пол:
    Женски
    А дали е точно дека ако напуштиш држава и се вратиш истиот ден освен негативен тест и домашен карантин потпишуваш изјава дека неможеш да се вратиш во Мк 3 месеци??

    Или има ли некој инфо за границите... :?:
     
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.943
    upload_2020-6-10_2-20-53.png
    Вработени во лекарска комора бе...
    Леле, не можам...
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    Воопшто не мислам дека ќе умрам од ковид.

    Ама не ми е релевантен инфектолог што се расфрла со теории и кажува тоа што ќе и се свиѓа на јавноста. Од почеток збори за колективен имунитет, а ете ви го примерот од Шведска каде главниот инфектолог зе извини за тој пристсп.
    Да го слушавме Вело од почеток, бројките од 100+ пациенти ќе ги имавме уште од март.

    Ете слушни ја директорката на инфективна вчера беше во топ тема, па види зошто не го слушам Вело.

    И тоа што не го слушам Вело, не значи дека мислам дека комисијата за заразни болести не напраи утки.
     
    Последна измена: 10 јуни 2020
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, H.VAGA и 5 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.334
    Знам како се носи маска, фала на прашање.
    Ако јас некому за нешто верувам, не мораш и ти.
    Хасан од Чаир е исто одговорен колку Ана од Аеродром.
     
  20. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.851
    Допаѓања:
    122.992
    Пол:
    Женски
    Предвидувањата на Вело ќе се случат, ни се допаѓало или не. И комисијата знае за тоа. Само што заради комисијата ќе се влечеме 325 години, а поради Вело ќе се влечкавме 2 месеци.
     
    На lovestoneddd, renata77, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.