Форумџика на годината

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    На нет читам- се намалува бројот на заболени.
    Ама стварно се нервирам.
    Постојано се движи бројот од 9% до 13% од тестираните:devil:.
    Некако сите кои зборат по ТВ како да сакаат да го реларивизираат сето ова, да го сведат на опасно но нормално.

    ...или јас многу читам па уште сум во заседа:wasntme:
     
    На cresa-jagoda, mareane, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.165
    Допаѓања:
    20.585
    Пол:
    Женски
    Убо рече некој, пред некое време на форумов. Стокхолм синдром!!! Некои потсвесно уживаат да слушнат дека нема спас, и се опираат на се спротивно на тоа што ќе слушнат.
    Подеднакво безвезно како муабетот дека корона не постои, и 5г теориите.
     
    На lovestoneddd, christinnn, Tan4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.792
    Пол:
    Женски
    Кои се неговите предвидувања?
     
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.397
    Допаѓања:
    28.358
    Вело за претседател на СЗО
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    194
    Пол:
    Женски
     
    На Sejfullai му/ѝ се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.800
    Допаѓања:
    323.809
    Од вчера 905 лица во изолација:o
    Нели е многу?
     
    На cresa-jagoda и LejlaD им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.830
    Допаѓања:
    201.498
    Таман е. Уште да останат во изолација(fingers)
     
    На cresa-jagoda, Sofi.ja и Среќичка им се допаѓа ова.
  8. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Во државен карантин 14 дена ќе одат лицата кои не сакаат да се самоизолираат или даваат лажни податоци, одлучи Владата, каде на седница бепе донесена измена на Уредбата од законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба.

    Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови (домашна самоизолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена, во објекти определени од Владата на Република Северна Македонија, за што Министерството за внатрешни работи донесува решение.

    Трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на тоа лице, информираат од Владата.

    (y)
     
    На Angie1432, Sofi.ja, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  9. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.851
    Допаѓања:
    122.993
    Пол:
    Женски
    Дека сите ќе се разболиме.
     
    На Sejfullai и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  10. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.851
    Допаѓања:
    122.993
    Пол:
    Женски
    Хехенце
     
    На lovestoneddd, Mantub и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  11. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.868
    Пол:
    Женски
    Што убавко :D
     
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.249
    Всушност, сите ќе се инфицираме, но малку ќе се разболат, и тоа е добро. :) Јас барем така сфатив. И онака само мал број имаат симптоми, тие луѓе не се болни.
     
    На lovestoneddd, An-na, orevokrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.851
    Допаѓања:
    122.993
    Пол:
    Женски
    Абе види .. за убо не е убо.
    Ама друго решение нема.
    Да седиме дома со години - не можи.
    Да чекаме вакцина затворени дома - исто не можи.
    Е останува сите да се разболиме. Пошто ние сега одложуваме да не се разболиме сите наеднаш.
    Грдичко е малце, да.
     
    На sj *O* и thequeen95 им се допаѓа ова.
  14. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.490
    Допаѓања:
    18.821
    Да правеа по 1000 тестови во март ,како сега што прават може и ќе имаше по 100 позитивни и тогаш
     
    На renata77, Kitten и ostoun им се допаѓа ова.
  15. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.384
    Допаѓања:
    26.776
    Пол:
    Женски
    Луѓе, 5 карти имсв земено за авион,5 ми пропаднаа освен оваа на 19ти. Не верувам дека до тогаш ќе се отворат аеродромите. Е сега, знам дека имам право да си одам накај Австрија пошо сме со документи, а и морам да одам ама имам бебе 4 и пол месечно, маж ми не може со нас да иде, зедов карта и од Ниш за сваки случај.
    Дали знаете дали треба тест за корона, дали има некаков начин маж ми да не однесе до Ниш и да се врати истиот ден, ако не, тогаш начин како тоа да се изведе јас и малава да отидеме до Ниш.. многу ми е се комплицирано, не знам каде да прашам,само нервози сум.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Прво како му верувате толку на Вело човек кој што смени 200 мислења во текот на пандемијата. Друго свесни сте дека ако сите се заразиме наеднаш ќе го оптеретиме здравствениот систем? Затоа и карантинот беше низ цел свет и сеуште е присутен некаде бидејки да не крахира здравството од многу заразени во ист период. Во нашата земја Македонија каде со 1000 активни случаи тие веќе враќаат пациенти со други проблеми. Замислете па со 20000 или 500000 активни случаи кога ќе треба да бират дали да спасат некој млад или постар номално ќе го одберат помладиот. И кога луѓе со скршена нога/рака или на некој што им е потребна операција ќе настрадат оти болниците ќе се полни. Така да лесно е да се каже сите да се заразиме и Британија планираше со тој колективен имунитет додека не се зарази и самиот Борис Џонсон. А зошто имаме сега новозаразени толку многу криви се најмногу албанците и нивните собири. Зошто таму полиција не оди да апси? Страв им е заради политички гласови може и двете. Ама битно кај македонските градови ќе пишат казни и тоа е тоа...
     
    На sj *O*, Anie93, AsteryStella и 3 други им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.835
    Допаѓања:
    135.575
    Пол:
    Женски
    1.Не е етички да се дозволи да се разболат.Размислете и дека ќе нема место во болниците за лица болни од друго и дека ќе нема достапен медицински персонал.Преоптоварување до даска и крах на здравствениот систем.
    2.Сите нема да бидат во иста состојба.Некои ќе бидат асимптоматски(дел од овие може подоцно да добијат симптоми),други со полесни или потешки симптоми,а трети ќе умрат.
    3.Скринингот во Дебар покажа дека само кај мал број луѓе има присуство на антитела.И во остатокот од светот не се забележани во значаен број.
     
    На cresa-jagoda, Martka, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. queen04

    queen04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2019
    Пораки:
    247
    Допаѓања:
    785
    Не се мисли во рок од 1 месец сите да се разболат. Туку со олабавувањето нормално е дека повеќе ќе се разболуваат. Тоа ќе е нормален процес се додека не се најде вакцината.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.830
    Допаѓања:
    201.498
    Бергамо е на 50% антитела. Па анализирајте
    https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/...arishtata-vo-italija-se-pozitivni-na-antitela
     
    На orevokrsacka, fana и злоба им се допаѓа ова.
  20. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.873
    Допаѓања:
    42.537
    Пол:
    Машки
    Прв случај во Ресен, статусот е преземен!

    ВИСТИНАТА И РЕАЛНОСТА ЗА ТОА ЗОШТО И КАКО РЕСЕН НЕМА "НИЕДЕН" заразен со коронавирусот!!!

    Статус со МНОГУ ГНЕВ, БЕС и наплив на емоции. ВЕ МОЛАМ КОЈ САКА НЕКА СПОДЕЛИ.

    Доцна синоќа после полноќ добивме информација дека наш близок член на фамилијата е позитивен на COVID19, хоспитализиран на 08.06 понеделник, брис земен на 09.06 вторник. Информацијата не е пријатна, никој не би сакал да ја слушне, посебно кога пациентот е веќе хоспитализиран со средно тешка клиничка слика. Пациентот е жител на градот Ресен.

    НО, да тргнам со ред да го истурам гневот на ова "здравство" и на оваа "држава" каде што наназад 30 години само со среќа се преживува!!!

    Понеделник 01.06, пациентот оди на работа како и секој друг нормален работен ден, го поминува денот нормално без симптоми. Во попладневните часови на 01.06 се јавуваат првите симптоми на "настинка", покачена телесна температура, малаксаност, болки во зглобови и главоболка. Истото попладне на 01.06 пациентот се јавува кај матичниот доктор, ОТТУКА ПОЧНУВА ГОЛГОТАТА ДОДЕКА ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ТЕСТИРАЊЕ НА КОЕ НИЕ КАКО ФАМИЛИЈА ИНСИСТИРАВМЕ ОД САМИОТ ПОЧЕТОК!!!

    Докторот со несериозен однос и пристап према актуелната пандемија и со тотално несериозен пристап БЕЗ ДЕТАЛНА ЕПИДЕМИОЛОШКА АНКЕТА (само нафрлени едно-две прашања) дава инструкции дека НЕМА ПОТРЕБА ПАЦИЕНТОТ ДА ДОЈДЕ НА ПРЕГЛЕД ВО ОРДИНАЦИЈА (со тоа ја крати можноста да направи преглед на бели дробови и секако комплетен преглед) и телефонски дава насоки пациентот да пие парацетамол за температурата и да зема витамин Ц, во продолжение на разговорот кажува: "Не се тоа симптоми на коронавирус (мислиш 1000 пациенти поминал со коронавирус во животот) уживај, обична настинка е, ПОЛА ГРАД Е НАСТИНАТ"!!! (мн. ме интересира дали тој матичен доктор ја знае епидемиолошката историја на градот и дали статистиките велат дека секоја година во јуни "пола" град е настинат)

    Пациентот ги следи инструкциите на докторот, но ПРИРОДНО сите во фамилијата не сме мирни и инсистираме на второ мислење. Сепак пациентот на моменти чувствувајќи се малку подобро и окуражен од докторското мислење дека е "настинка" седи и се лечи дома се до петокот 05.06. Во меѓувреме телесната температура варира, се намалува, но по извесно време повторно се враќа, и така се до петок 05.06 кога ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО ДОКТОР, ФАМИЛИЈАРЕН ПРИЈАТЕЛ пациентот добива совет да отиде на клиниката во Битола на инфективното одделение затоа што сепак е време на пандемија и треба сериозно да се сфати секој со тие симптоми! АФЕРИМ, КОНЕЧНО НЕКОЈ НОРМАЛЕН! По добиениот совет, и по непромената здравствена состојба пациентот по сопствена иницијатива повторно се јавува на консултација со матичниот доктор и КОНЕЧНО добива упат за преглед на инфективната клиника во Битола, ТУКА ПРОДОЛЖУВА ГОЛГОТАТА И НА ПОВРШИНА ИЗЛЕГУВА ПОВРШНОСТА И СИТЕ НЕДОСТАТОЦИ НА ОВА БЕДНО МАКЕДОНСКО "ЗДРАВСТВО"!

    При приемот КОНЕЧНО (ФАЛА qрцу)! Е НАПРАВЕНА ДЕТАЛНА ЕПИДЕМИОЛОШКА АНКЕТА и по ФАМОЗНИОТ АЛГОРИТАМ кај пациентот НЕ Е ИНДИЦИРАНО ТЕСТИРАЊЕ!!! При приемот е направен РТГ на бели дробови и е даден СУМАМЕД две дози (веројатно по наод, не ја знам точната дијагноза, го немам извештајот на увид, не сакам да шпекулирам, а како дополнително инфо, крвна слика на пациентот не е направена во ниеден момент до хоспитализацијата). Ако добро го слушав министерот, а го слушав во овие три месеци ПОВЕЌЕ ОД СОПСТВЕНОТО ДЕТЕ ШТО ГО СЛУШАВ, кажа дека терапија на сумамед (плус лекот за маларија) на пациенти позитивни на коронавирусот ќе се дава само кај одредени пациенти кај кои ќе се оцени дека се подобни за тоа, односно кај пациенти каде ќе нема опасност од контраиндикации кои комбинацијата на лекот ги дава! Во случајов докторот го дава сумамедот (без лекот за маларија секако, НО СЕПАК) без да знае дали пациентот е позитвен или не. И тоа можеби и не е толку битно и страшно во конкретниот случај, не сакам детално да навлегувам во процедурите на лечење, колку што е страшно што пациентот кај кого ги има повеќето симтоми на вирусот на сред пандемија ДОКТОРОТ НЕ ГО ПРАЌА ПАЦИЕНТОТ НА ТЕСТИРАЊЕ, НЕМАЛО ПОТРЕБА, чунки алгоритмот така кажал!!! Се' тоа се случува во петокот на 05.06. Пациентот заминува дома и седи дома се до понеделникот 08.06, кога после 4 дена терапија со сумамед ситуацијата не се подобрува, телесната температура не се симнува и сите останати симптоми се сè уште присутни. Во понеделникот ПОВТОРНО САМОИНИЦИЈАТИВНО се јавува на преглед на инфективно на клиниката во Битола, пациентот е ПРИМЕН ОД ИСТИОТ ДОКТОР од кој беше примен на 05.06 и КОНЕЧНО после 8 дена борба со малаксаност, главоболки и висока телесна температура, пациентот е задржан И ИНДИЦИРАН Е ТЕСТ ЗА КОРОНАВИРУСОТ КОЈ ЗА ЖАЛ ДОЦНА СИНОЌА Е ПОТВРДЕН ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН!

    Пациентот е префрлен на КОВИД одделение при инфективната клиника во Битола и општата состојба е со средно тешка клиничка слика. Ние како семејство во овие моменти единствено што сакаме е пациентот да оздрави! НО, во исто време сакаме и да го истуриме гневот на здравството во оваа недојдија!

    Пациентот кој има двомесечно внуче во Скопје кое сè уште го нема видено, три месеци од почетокот на пандемијата не е мрднат од околината на Ресен, токму од причина почитување на мерките, но сепак, се заразил. Од каде, како, треба да кажат епидемиолозите, секако ако се зафатат сериозно со подрачјето!

    Заклучоци:

    1. Со десетици луѓе кои исконтактиравме од Ресен, пријатели, роднини, познаници, ни' раскажаа дека они или нивни блиски, пријатели, познаници, колеги, периодов биле со симптоми на настинки, кој полесно, кој потешко. Никој од овие луѓе со кои разговаравме не биле препратени од матичните доктори на тестирање или пак има и такви кои воопшто и не консултирале доктор! Но тие што ни' раскажаа дека консултирале доктор го добиле истиот одговор како погоре, "настинка е"! Секако останува простор дека некој што не е во кругот со кого разговаравме МОЖЕБИ бил препратен, а одбил т.е. не сакал да отиде (имајќи предви што се слушавме изминатиов период не би ме чудело) но од нашата интерна "анкета" со познаници во градот никој не ни' кажа сведоштво дека он/она или некој што го познава бил пратен на тестирање, што секако не е потврда, но со оглед дека досега нема ниеден позитивен, не е ни чудно. ОЧИГЛЕДНО Е МАСОВНОТО ИГНОРИРАЊЕ НА СЕРИОЗНОСТА НА ПАНДЕМИЈАТА ВО ГРАДОТ ОД СТРАНА НА СИТЕ ИНВОЛВИРАНИ, И ГРАЃАНИ И ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ!!!

    2. КОНСТАТАЦИЈАТА НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА (не моја лична, ЛЕКАРСКА КОМОРА КОНСТАТИРА, линк во коментар) дека дел од докторите во Македонија не веруваат дека вирусот постои и не ги праќаат пациентите на тестирања, полека се потврдува!!! За тоа дека добар процент народот во Македонија не верува дека вирусот постои одамна е констатирано!

    3. Во градот како мало место, а за жал и во голем дел од државата вирусот е табу тема! Луѓето го игнорираат од причина да не бидат покажани со прст, а матичните доктори (конкретно за Ресен говорам, МОЕ СУБЈЕКТИВНО МИСЛЕЊЕ) не се спремни за ваква пандемија!

    На крај, клучната поента на статусот покрај истурањето на гневот е дека НЕ Е СЛУЧАЈНО ШТО САМО РЕСЕН НЕМА "НИЕДЕН" СЛУЧАЈ!!!

    Пазете се!
    Почитувајте мерки!
    Сфатете сериозно, Ресен не е во Нов Зеланд, тука е во оваа недојдија од 25.000 km2!!!

    П.С. Сведоштвото и и точноста на споделените информации ги кажувам и споделувам под целосна морална, материјална и кривична одговорност со име и презиме позади реален, а не скриен профил! Пресериозно е ова што се случува за да трачариме по социјални мрежи, ОВА Е РЕАЛНОСТ!

    П.П.С.

    СЕПАК во сите негативности има и позитивни работи. ОГРОМНА благодарност ДО НАЈБЛИСКИТЕ кои веднаш се ангажираа и ги ставија во функција својот авторитет како доктори и како луѓе, ги ставија на располагање луѓето кои ги познаваат кои ги стекнале како пријатели низ годините за да ни' помогнат, тоа се пред сè ЛУЃЕ, а потоа врвни професионалци! Исто така благодарност и ДО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ на чело со градоначалникот Zhivko Gosharevski и неговата фамилија кои веднаш се обратија и се ставија во функција на помош на нашата фамилија (и логистичка и со збор за поддршка) и во исто време веднаш почнаа со дејствија што побрзо ова да се заузда и ДА ГИ ПОТТИКНАТ здравствените институции да пристапат посериозно кон подрачјето на Ресен и Преспа имајќи предвид дека очигледно досега здравствениот систем функционирал со многу пропусти!
     
    На cresa-jagoda, Ivan4e04, 1209 и 12 други им се допаѓа ова.