Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.154
    Допаѓања:
    221.756
    Пол:
    Женски
    Да.
    Читав јас тука дека во некое место во Бергамо со население од 5000 лица 37 % имале антитела.
    За ова не сум прочитала ми промакнало.
    Ама логично е вистина.
    Таму скоро сите беа заболени апа колку не отишле или залудно чекале да се тестираат ехххееее.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Денес гарант ќе има 60тина нови.
    Тамам до сабота да намали бројот до кај 20 и слободно да нема вонредна8)
    Да се отвори се што е затворено.
    Да има на 5ти избори.
    Па од 6ти натака пак јово на ново:@
     
    На *Amethyst*, sj *O*, Tsukinory и 4 други им се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.279
    Допаѓања:
    28.004
    Ама Вело кажа колективен имунитет дека ќе стекнеме.
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Само да ви кажам дека сите што се вратија со хуманитарните летови во Мкд на сите им се укинати работните дозволи.
    Работната дозвола нема да им биде прекината на оние кои ја напуштаат Малта во случај на болест,смртен случај,истек на пасош од каде што се вади посебна дозвола за наведените категории.

    Малта го враќа данокот на сите 210.000 вработени жители без оглед на националноста така што ќе им биде испратен чек на адреса по лична карта.

    Цената на становите се намали, 500 евра кирија за еднособен стан со вклучени сметки.

    Плажите и баровите се отворени,хотелите од јули месец ама не сите.
    Не враќаат во нормален живот лека полека.
     
    На cresa-jagoda и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  5. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.279
    Допаѓања:
    28.004
    И јас знам за случај на познат во скопје на кого во сред епидемија матичниот прво му рече дека е настинка, после дека е алергија со настинка, за на крај пациентот сам да отиде да се тестира на приватно и да излезе корона.
    Некои од матичниве се ептен за нигде
     
    На cresa-jagoda, 1209, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.855
    Пол:
    Машки
  7. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Низ Европа и светот веќе наголемо се прават серолошки тестови кои покажуваат дали некој прележал ковид, односно дали има стекнато имунитет. И јас сум на мислење дека овие тестови се многу поважни од другиве, кои го покажуваат само моменталното присуство на вирусот. Зошто кај нас уште абер немаме за ова?
    Следев деновиве дека во Италија веќе од пред два месеци почнале со серолошките, опфатени се повеќе региони, и на ниво на Италија излегло дека отприлика 38% од населението прележало, а во некои делови од Ломбардија тој број е дури над 55%. Италијаниве можат да се пофалат дека имаат колективен имунитет, и може да здивнат. И не, не е Италија прва по број на смртност во Европа, туку е дури на 7 место после Белгија, Франција, В. Британија, Шпанија, Шведска, Холандија...И користеле дупли тестови од два различни производители (кинески и американски), за да се анулира минималната непрецизност. Наводно тестовите имале 99% точност, а точноста била поголема кај оние земји кои имаат поголем број на заболени по глава на жител, отколку кај оние кои имаат многу помал број на заболени по глава на жител.
    Плус серолошките се поевтини и побрзи, и сепак се многу побитни не само за науката и статистиката, туку и за евентуален втор бран, за побрзо добивање на плазма потребна кај заболени, за стратегија за мерки и за чиста информација на крај краева! Секој од нас сака да знае колкав процент од населението прележало можеби и без знаење.
    Зошто сме тотално незаинтересирани за еден ваков битен предизвик и важен факт?
     
    На flower30, An-na, JuLleE и 3 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
  9. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.844
    Допаѓања:
    44.023
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    90.734
    Пол:
    Женски
    Ќе има и кај нас,беше најавено.
    Во Хрватска серолошкото тестирање месецов даде резултат од дека помалку од 2% :| население било заразено.
    https://www.jutarnji.hr/vijesti/hrv...ce-ugrozena-ako-dode-do-drugog-vala/10370023/

    Кај нас ке биде многу повеке.
    Ај на есен може ке бидеме пораат.:|
     
  11. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.844
    Допаѓања:
    44.023
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda, sj *O*, Bezimenka90 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Добро дали е нормална "докторкава".... Зошто постојат вакви луѓе? Колку милиграми мозок треба да имаш за да бидеш толку себичен и свесно да го загрозуваш животот на другите во општеството?
    Па сигурно немало непородена да ја остават...

    https://www.slobodenpecat.mk/havari...bez-da-prijavi-deka-svekorot-ima-koronavirus/
     
    На cresa-jagoda, Bezimenka90, Среќичка и 4 други им се допаѓа ова.
  13. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.844
    Допаѓања:
    44.023
    Пол:
    Женски
    И тоа од клиника отишла на приватно и таму не кажала ништо туку случајно дознале. После ја тестирале испаднала позитивна и таа. Оваа е за казна, разбирам трудница и се тоа, ама нема оправдување за вакво однесување.
     
    На cresa-jagoda, Martka, Среќичка и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Браво за докторката,пример за сите треба да е.

    П.С. Да си ја скине дипломата самата и никад да не се вработи. #смајлиштосекрсти
     
    На cresa-jagoda, Nausicaa, flower30 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. M Bison

    M Bison Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2020
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    160
    Пол:
    Женски
    Докторката прво треба јавно да објават која е, а потоа пријава да и стегнат.
     
    На cresa-jagoda и Среќичка им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.576
    Пол:
    Женски
    Во Битола полиција на секој чекор. Казнува луѓе што се во групи, и ако не се со иста адреса на живеење, а не носат маски, казнуваат. Народот повеќе почитува, затоа што врие полиција, патролираат по паркови, по кафичи, по продавници, на пазар, низ широк сокак, а никој не сака да биде казнет. Што беше толку тешко ова да се имплементира пред месеци? Значи можело, наместо ко глувци дома затворени да бидиме, да си патролира и казнува полицијата? Така се стекнуваат навики, и почитување на законите. Ем народот прошетал, ем децата излегле од дома, ем се следат препораки, а и полицијата конечно сработи нешто.
     
    На Ivan4e04, Nausicaa, flower30 и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.785
    Допаѓања:
    41.855
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1019 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19.

    - Скопје 89
    - Куманово 4
    - Штип 2
    - Прилеп 2
    - Тетово 11
    - Струга 3
    - Велес 1
    - Охрид 8
    - Гостивар 1
    - Струмица 2
    - Кичево 1
    - Ресен 1

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (79г) на клиниката од 19 мај, пациентка од Струга (66г) хоспитализирана на 8 јуни, пациентка од Скопје (54г) примена на 5 јуни и уште една пациентка од Тетово (46г) која починала при прием во амбулантата.

    Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (77г.) примена на 8 јуни и пациентка од Струга (73г.) примена на 7 јуни. Во болницата во Штип почина пациент на возраст од 87 години, хоспитализиран на 26 мај.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти.

    - Скопје 1
    - Прилеп 1
    - Велес 4

    Досега во земјата се направени вкупно 39033 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 19 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3364, бројката на оздравени пациенти е 1664, на починати е 164, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1536.
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka и emiliana им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.790
    Допаѓања:
    323.762
    Охриѓани многу рипнаа со бројката.
    Тек за 5 дена којзнае што ќе биде кај нив.
     
    На Marija_Magdalena, cresa-jagoda, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    Што е овие денови, пациенти примени месецов починале за пар денови?
     
    На cresa-jagoda и magnolija09 им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Јас бев во Холандија кога почна де се згустгува таму. Искрено страшна беше глетката. Властите апелираа секој што има симптоми да бара помош само ако е неопходно и да седи дома, ама ако сепак мора да излезе, слободно да иде и во продавница и секаде, само да се држи подалеку од други.
    По улица луѓе градите си ги оставаа, кај нас на работа една од соседната канцеларија толку кашлаше што цел спрат ја слушаше.
    Затоа сум јас на мнение дека не се крие толку лесно зголемено присутство на вирус, оти преплашена бев во Холандија, тотално небезбедно се чувствував, додека луѓе таму ме убедуваа дека „ништо не е, абе Холандија е ова, мачкина кашлица, ќе се справиме без проблем“.
    Едвај чекав да излезам од таму.
     
    На 1209, Biljarkata, orevokrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.