Нема ништо рационално во шетање во третата земја во светот, по број на заразени, пошто заразата се шири. Или мислите така е тоа, оп те фативме заразо, седи тука, да не си мрднала. Период на инкубација е 2-3 недели, допрва ќе видиме кој прошетал и каде.
Гарант ги гледала оние снимкине на CNN или BBC кај што ги заловуваат луѓето по улица, колку се релевантни не знам..
Имаше некои аматерски клипови, фаќаат дечко и девојка кои чекаат автобус и ги бутаат у метални контејнери
а од кај си толку сигурна дека нема да фатиш и нема да се заразиш? мислиш со маска да шеташ ќе помогне!? исто така, од каде си сигурна дека немаш некој мутиран ген у себе наследено од некој у фамилија ама не си свесна јер не си имала фрка до сеа!? разбравме дека не ти чуе ич за другите, битно ти да мрднеш од државава јер конечно ти се пружила можност (вауууу слики за на инста!) ама пази...карма ис а бич
Види, ја не сум нити паничар ниту песимист. Пратам новости од добри медиуми и статистики. Факт е дека вирусов се повеќе се шири, од град во град. Секојдневно. До 8ми март којзнае која регија ќе зафати. А знаеш зошто? Пошто секогаш негде има група луѓе која не почитува владини инструкции и прават на своја рака. Полека, почекајте, ќе се смири ситуацијата кај и да е, Рим и Милано, пак ќе се тука за туристите.
Така де, пошто јас нон стоп шетам (во Италија) си ја водам со мене за синџирче каде одам, не ја пуштам да шета далеку. Цела Италија е заразена, готово. А во Македонија никој. 100% Дома сте безбедни, ако сте на друго место се заразувате сигурно.
Извини Сноу, но во кое сценарио живееш? До каде со себичноста? Знаеш ли дека има хронично болни дечиња кои се постојано дома но на кои родителот може да им пренесе вирус? Знаеш ли дека во државава повеќе од пола население има респираторни проблеми поради загаденоста? Знаеш ли дека најлесна мета сме ако има макар и еден случај? И што предлог ти е тој жити се'? Да не оделе луѓе на работа, а пандемија не е прогласена. Кој ќе им носи пари за храна? Од каде ќе се снабдуваат со потребни продукти ако не излегуваат воопшто? Дај малку порационално и понесебично, те молам.
Во Кина скокна наеднаш бројот зошто се промени начинот на броење. Сите луѓе што биле во тие области на епидемија, што имаат симптоми без разлика дали се поблаги, ги водат како случаи на ковид-19. И без тест ако нема реагенси. Во време на епидемија или пандемија така се заведуваат случаите со исти симптоми. Пред тоа само тестираните се заведуваа.
Сега ми кажа другарка дека нејзина братучетка била спречена на аеродром од Италија да патува во Македонија.
Утре има утакмица Лион - Јувентус. На гостинскиве фанови ( бај д веј Торино е у областа Пиемонт кај шо има заразени) им било дозволено да патуваат за Лион. И шо праиме сеа, 2000 потенцијални носители на корона ќе хараат низ Франција. Мене ми мириса нешто тука, ама ај не е време за теории на заговор.
Во неделата, денес ме извести, страшно било. Маркетите полупразни, вода не им дозволувале да купат,флаширана.
Јас не сигурам за ништо од тоа што пиша дека сигурам. Не знам што носам во мене, ама на тоа што сум изложена на дневна база, можам да закачам било што од билокаде. Не само во Италија, ниту пак Корона. Точно 5 слики на инста, вау индид. Не знам дали не сфаќате што зборувам, или веќе губи поента пишењето мислења врз мислења каде се мешаат баби и жаби. Себична сум што велам дека секаде може да се закачи вирусот? Неочекувано, во Македонија, во Италија, Автрија, Франција, Кина, Јапонија... небтино. Исто како што велам дека никој не може да ми каже што треба да правам. Затоа што јас сум себична кога велам да се седи дома штом толку се плаши некој ( ), топ е кога некој друг го прави истото. Исто како што јас одговарам за болните и загаденоста во Скопје, ако гарант тие од пола што пишаа погоре се со коли секој ден. Сум. Себична.
Сите информации за ситуацијата во Кина ми се акумулирани од клипови на интернет (од кои многу се веќе избришани од јутуб) кои ги објавуваа луѓе кои се во Вухан, поконкретно покрај останатите рандом снимки, имаше двајца новинари кои нонстоп ја објавуваа реалната слика за ситуацијата, и моментално и двајцата се исчезнати. Искрено, не пробувам да ја разбудам свеста на луѓето за вирусов, секој има право да мисли што сака. Јас одбирам да ја видам сликата што ја презентираат луѓе како јас и ти, а притоа се цензурирани од власта. Според мене барем 90% од светските медиуми го објавуваат тоа што смеат да го објават. Извори на информации: - новинарот кој објавуваше снимки од реалната ситуација во Вухан (моментално исчезнат) - докторот кој прв го забележа вирусот, но беше замолчен од владата - карантин - дезинфекција - што се случува во Вухан https://www.youtube.com/watch?v=EX9_Ty0xuX4 - разговор на човек вработен во крематориум
А-ха, ОК. Епа не паничи и ти тогаш Инаку, на заболените од Корона им препишуваат лекарства за третман на ХИВ вирус и така ги лекуваат всушност.