Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Целиот Балкан врие, тоа кажува каков народ живее тука. Не е ни чудно.
    Ние битно водиме во се негативно.

    Имам блиски роднини во Грција и викаат дека по болниците е хаос и не ги кажуваат вистинските бројки за да не им пропадне сезоната.
    Инаку банкрот.
     
    На sj *O*, Ivan4e04, Biljarkata и 13 други им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Мислиш само тука губеа работа?
    Италија издржа 2 месеци со лок даун, затоа таму паѓаат сега бројките а кај нас растат, сега побезбедно е на било кое место во светот освен во Мкд, затоа ни затвараат границите и сме на црна листа.
    И моите беа 2 месеци без работа, во странство, а таму сметките до плафон.

    Не е решение сега, многу доцна е, многу, ако би дошло до тоа.
     
    На sj *O*, cresa-jagoda, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    И Дебар е позитивен пример бе луѓе, а таму доминантно е Муслиманско население.
    Ама овие не можеа Скопје метрополата да ја затворат, никако не не
     
    На sj *O*, *Amethyst*, elenaxbbg и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Тие навистина да се секираа за економијата, поинакви ќе беа мерките.

    До избори вака ќе тераме. Лок даун да воведат...и да воведат за жал мислам тоа ќе биде кога е веќе касно. Кога ќе се исполнат капацитетите и ќе бидат апсолутно приморани, што е обратно од причината за лок даун.
    Баш се воведува да се заштитат критичните сектори во економијата.
    Ако се заразат вработените во здравство, ЕВН, водовод и така натаму, не знам колку ќе бидат функционални кафичите без вода и струја.

    Се надевам дека тресам глупости и дека ќе се уозбилат.
     
    На sj *O*, Цвет88, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Имам идеја луѓе цела фемина да собереме пари и да си купиме еден остров а?;):D

    Грчки острови за продажба: цените се движат од пет на 12 милиони евра
     
    На sj *O*, *Amethyst*, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.599
    Ние сме и така во контролирана цело време.
    Има да прска.

    Ти им викаш ќе јадеме корења - не, се да се затвори, ќе се олечиме.
    Се затвори - ненормални, отворете, ќе не разболете вака.
    Ок, еве отвараме, ама почитувајте мерки - се качуваат на маса, си дишат у врат.

    Секоја вечер пешачиме на долга рута. Се чудевме зошто после 22 бараа полициски?! Зошто синоќа меѓу зградите, по градинки, паркови, школи, знаете ли колку младина, па и старина седеше и пиеше?! Дистанца?! Ма каква дистанца!
    У една куќа у козле имаше журка со пилиштарци.
    Луѓе оправете се! Ете зошто сме за полициски. Не седат по кафани и кафичи после 22, а можда ни пред тоа не седат, ама затоа "ужи" круг хахахехенеаме корона ние си се знаеме, по клупи ехеее...
     
    На pdb123, Ivan4e04, CameliaMiller и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.260
    Допаѓања:
    31.238
    Пол:
    Женски
    Секаде беше лоша ситуацијата ама ние немаме право да се огледуваме на земји кои се развиени и кои ќе се средат. Кај нас нема работа ниту во најнормални услови. Ако беше работата за локдауни уште веднаш нека ставеа па за 2-3 недели да се средевме. Здравјето е важно ама подеднакво важна е и егзистенцијата.
     
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    131.081
    Пол:
    Женски
    Не,бе,каков локдаун?
    Избори се ближат. :D
    Може само да им текне полициски час да воведат од 3-4 дена,или по изборите.
    Ради изборите ден или два пред гласањето може да видиме магична нула. :wasntme:
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  9. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Мицко е Зеко ке ја решат во три потеза,на нив е редот:D
    Никако да падне датумот
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Откако почнаа да им се разболуваат и да им умираат блиски,сега имаме нова сезона од серијалов кога веќе не бегаат и не се кријат туку агресивно самите бараат да бидат прегледани во болница и хоспитализирани. Билансот е преполна Клиника за Инфективни болести и ГОБ "8ми септември".
    Ова на твитер го видов.
     
    На sj *O*, Biljarkata, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.808
    Допаѓања:
    142.176
    Се трачари на бројка од 200 денеска. Лошо...
     
    На sj *O*, CameliaMiller, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.878
    Допаѓања:
    163.599
    И јас слушнав за 200...


    А ова меркиве со картичкиве, се жива глупост. Популистичка мерка пред избори. Начинот на кој се делени, е повеќе од јасен. Луѓе кои имаат многу ниски примања, не добија, а додека луѓе со повисоки примања, но гласачи на други партии, сите до еден. Значи... бљак бре!!!
     
    На sj *O*, VDT2906, CameliaMiller и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.400
    Пол:
    Женски
    Па има 2 опции сега:
    1. Локдаун, секако со pros & cons. Со што веројатно ќе има помалку жртви и можеби ќе се намали бројот доколку е ептен строго ко што беше во Кина и Италија.
    2. Билдање колективен имунитет и ко преживи причаче. А, ко шо гледам баш и тоа не може да го издржиме, веќе почна да си крахира здравствениот систем.
    Немаме толкав капацитет.

    Ама мислам кај нас ќе биде опција 2.
    А, ние сме нецели 2 милиони. Секоја загуба на човечки живот е голема штета за нас.
    Греота е тоа што луѓе изгубија и ќе губат животи само затоа што немаат толку сила да се изборат со Ковид...

    Воопшто не е за потценување ситуацијава. Ама чим не оставија така кој како знае да се снаоѓа, немаме друг избор освен да си се пазиме самите.
    И секако изборите се приоритет кај нас де, кој преживее преживее, тој ќе гласа, ништо страшно. :)
     
    На MrenaRiba, BlackMistery, Moon.Girl и 18 други им се допаѓа ова.
  14. LejlaD

    LejlaD Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2018
    Пораки:
    10.744
    Допаѓања:
    213.900
    Пол:
    Женски
    Исто така и без примања не добивме,а добија богами со високи плати:(
     
    На sj *O*, VDT2906, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.808
    Допаѓања:
    142.176
    Вчера од помалите градови се испратија сестри у Скопје, не можат да издржат медицинските лица веќе, има многу на клиника болни...
     
    На sj *O*, CameliaMiller, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  16. emiliana

    emiliana Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2019
    Пораки:
    3.854
    Допаѓања:
    44.084
    Пол:
    Женски
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Не само со картичките, сите економски мерки до сега се лоши, склопени ради реда. Ко да ги составил некој што 2 лекции не прочитале од економија.

    А имаме доста експерти, има доста способни професори на факултет, академици. Ама за жал никој не ги регистрира.
     
    На sj *O*, CameliaMiller, azelea и 3 други им се допаѓа ова.
  18. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19.

    - Скопје 90
    - Куманово 17
    - Штип 5
    - Прилеп 1
    - Тетово 45
    - Струга 8
    - Велес 1
    - Битола 4
    - Охрид 11
    - Гостивар 8
    - Крива Паланка 1
    - Пехчево 2
    - Свети Николе 1
    - Ресен 2

    Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.
    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

    Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.

    Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти.

    - Скопје 3
    - Куманово 1
    - Штип 2
    - Прилеп 4
    - Велес 1

    Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и WildMk им се допаѓа ова.
  19. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Луѓе многу лади умираат, што е со 31, 43, 53 години???
    Ни со 60 и некоја не е за умирање не па ова...
    Преплашена сум. Знае ли некој зошто толку млади починуваат?? Зошто не може да се изборат со вирусов.
    Потресена сум, страв ми е.
    По 4 месеци веќе не се издржува...
     
    На sj *O*, Ygritte и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-1, Тетово-45, Струга-8, Велес-1, Битола-4, Охрид-11, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Пехчево-2, Свети Николе-1, Ресен-2.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти од Скопје-3, Куманово-1, Штип-2, Прилеп-4, Велес-1.

    Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

    Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.



    На здравје бричење
     
    На sj *O* и WildMk им се допаѓа ова.