Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Во последните 24 часа се направени 841 тестирање, а регистрирани се 103 нови случаи на ковид-19.

    - Скопје 46
    - Куманово 6
    - Штип 6
    - Прилеп 2
    - Тетово 17
    - Струга 9
    - Велес 3
    - Битола 1
    - Охрид 3
    - Кавадарци 1
    - Гостивар 1
    - Струмица 1
    - Свети Николе 1
    - Ресен 6

    Починати се пет лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово (80г), хоспитализиран на 5 јуни. На Клиника за гастроентерохепатологија почина пациентка од Скопје (74г). Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациентка (73г.) примена на 11 јуни и пациентка (45г) примена на 2 јуни. Во Клиничката болница во Тетово почина пациент од Тетово (65г) хоспитализиран на 6 јуни.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 13 оздравени пациенти.

    - Скопје 10
    - Прилеп 2
    - Тетово 1

    Досега во земјата се направени вкупно 43.881 тестирање на ковид-19. Од направените тестирања во изминатото деноноќие 123 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, каде се потврдени 4 позитивни случаи, два во Штип и два во Охрид.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4157, бројката на оздравени пациенти е 1723, на починати е 193, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2241.

    [​IMG]
     
    На LejlaD, nextredstyle и WildMk им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.306
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Мене ме интерсира ако некој знае.
    Дали во вкупен број на тесрирања влагаат и оние кои се по втор пат тестирани?
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.079
    Допаѓања:
    131.270
    Пол:
    Женски
    И тоа е можно,ама пак рекоа зависи од ниво на контакт и пазење,ама штом некој е позитивен,треба да се брои.Со кратење на бројките,народов уште понепослушен ќе стане.
    Будаливе ова го планираат ради изборите.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Политичарите веке одамна си наштетиле,така да не те чуди што можат да не ги бројат асимптоматските случаеви,преку лешеви се оди за пуста власт.:x(facepalm)
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Ете не мора да не ги рачунаат воопшто асимптоматските, ама покрај број на заболени, починати и активни, да има постојано статистика и колку се асимптоматски од заболените или биле од оздравените.
     
    На cresa-jagoda и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Game of Thrones.
     
    На sj *O*, Ygritte и nextredstyle им се допаѓа ова.
  8. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.888
    Пол:
    Машки
    Цела Европа не брои асимптоматски, нема да сме само ние ако одлучат така.
     
    На sj *O*, lovestoneddd и elenaxbbg им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.079
    Допаѓања:
    131.270
    Пол:
    Женски
    Тоа што го прават другите си е нивен проблем,ние не мора и не треба како нив.
     
    На cresa-jagoda, H.VAGA, emiliana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Тогаш зашто до сега се броеја?
    Зашто секогаш ние самите си тераме како нас ни одговара?
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  11. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.079
    Допаѓања:
    131.270
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам...
    И дробеа 3 дена дека целта на скринингот е да се откријат асимптоматски случаи оти очигледно се зголемувале.И сега одеднаш оп,да не ги бројат,идеја баш кога се планираат избори.... :rofl::rofl:
     
    На cresa-jagoda, ostoun и veteruska им се допаѓа ова.
  12. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.472
    Допаѓања:
    8.587
    Да, и вирусот учи, се прилагодува. Зарем тоа ти е непознато и смешно? Ако сака да преживее, мора да му дозволи и на домаќинот да преживее.
    Веројатно многу одамна, кога се појавил грипот некоја друга Бриџит, Венко, којидае, исто вака реагирале. Ги терале луѓето да се прилагодат на вирусот. „Сменете си ја днк-та, заменете си ги рецепторите во белите дробови, иначе готово, изгина цело човештво!“. Така некако ова го замислуваш?
     
    На sj *O*, lovestoneddd и manja666 им се допаѓа ова.
  13. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.449
    Пол:
    Женски
    Нека ги бројат и асимптоматските зш до 2100г ќе се расправаме со вирусов |(
     
    На cresa-jagoda и nextredstyle им се допаѓа ова.
  14. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Да се крстиш е малку,ете кој не води,богда чува:x
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Налет заболените, што правиме со починативе ???
    Како ќе се оправда оваа смртност....страшно.
    И да не заборавиме, Жан Митрев вчера немаа пријавено бројка, денес е вкуона за 48 часа од кај нив.
    ИЈЗ тестирале секако помалку ....бројот е мал привидно.

    Ме боли глава, ушите ми се затнати, грлото не ме гребе ама го чувствувам ко во пламен, носот по малку тече, одбегнувам луѓе од страв да не ми е нешто да не пренесам, ама како детето дома да си го одбегнам....побудалев.
    Форумов се трпи, па и мене....
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Скринингот скоро и да не даде ни еден позитивен. Скринингот беше за процентот на тестирани/заболени да биде под 5%, за да може да се попуштат мерките.
     
    На Bezimenka90, Bunny2 и Igle им се допаѓа ова.
  17. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Јас не го слушнав да кажа дека 90% се асимптоматски.Кажа само огромен број се,а негде по портали прочитав дека се работи за 65%.
    Е сега се размислува да не се бројат како ради избори така и ради фактот што сите полека почнаа граници да ни затвараат.А истите тие не ги бројат асимптоматските.
     
  18. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    До толку ги мрзи да се приспособат на технологија. Ако не може да се сноси со модерните времиња, нека оди во пензија. Некои (ако не и сите) професии имаат континуирано обучување, што па професори да се исклучок.

    Навидум небитна ситница можеби, ама вакви луѓе што ќе релативизираат се за да си го задржат комфортот се дел од целиов проблем кај нас.
     
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Има такви што не веруваат во корона и дека бројките се лага.
    Тука има и такви што мислат дека сите до еден од заболените се на смртна постела, нема ниеден со лесна клиничка слика или асимптоматски и шминкаат бројки за да спасат економија или да има избори. Па ругаат ако некој подал глава низ прозор или случајно виделе некој рандом човек на улица без маска. Па пишуваат најцрни можни предвидувања.

    И вака да ви кажам, исти сте ко првиве.
     
    Последна измена: 15 јуни 2020
    На sj *O*, lovestoneddd и BloodElf им се допаѓа ова.
  20. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800