Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. monik55

    monik55 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    7.991
    Допаѓања:
    59.667
    Пол:
    Женски
    Кој не верува дека има корона нека ми дојде на гости и ручек ќе му направам.
     
    На MarchelineAmaru, cresa-jagoda, *Amethyst* и 28 други им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.003
    Ама секако со седатив на респиратор ги ставаат. :^) Обично за да стигнат таму не се во состојба да се бунат.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Biljarkata и 7 други им се допаѓа ова.
  3. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Со пандемијава, дефинитивно излезе убаво на виделина дека добар дел од нашиов народ, како да е заглавен во среден век и дека таму сака и да остане.
     
    На cresa-jagoda, oblace1, simonka93 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.003
    Џабе збориме, Хитлери, врагови :)

    ХИВ се пренесува со конкретен чин и е казниво да го пренесуваш кога знаеш дека си заразен.
    Ковид се пренесува со самото постоење на заразениот, со најнормално функционирање.

    Али ок, си ги знаеш правата (и треба!) ама делот со неисполнување обврски некако се скока.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, sj *O* и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Знам за тоа... ама изгледа овие се и претходно соС дијазепамче оти не сакаат да бидат во болница. :wasntme:

    Станува збор за Албанци од мали места, инаку

    Од кај вас ми е инфото. ;)

    Има ли уште слободни респиратори? :whew:
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.003
    Поима немам.
    Проблем е што и да има, анестезиолози нема.
     
    На cresa-jagoda, orevokrsacka, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.996
    Допаѓања:
    37.203
    Пол:
    Женски
    Па секако дека ќе се бунат за респиратор. И дека ќе кријат дека се болни. Кога се изнаслушавме застрашувачки приказни за респиратори, инфективна, како таму луѓето умираат итн. Секој и сешто излезе во јавност, без никаква контрола. Напротив, добар дел од застрашувачките приказни беа поддржани или поттикнати од владеачкава гарнитура со цел да ги “едуцира” стокава народ. И после се чудат зошто луѓе се плашат? И јас би се плашела!
    Јас не чув ниту една позитивна приказна од инфективна, само хорор стории. А има и такви кои се излекувани од респиратор (повеќе од двајца) луѓе со хронични болести кои вирусов го прележале од нога, итн... За овие ниту збор не се чу. Само за страшните работи.
     
    На BloodElf, sj *O*, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  8. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.971
    Од кај е девојката? Не е од Скопје?
    Неколку градови се без регистрирани случаи само
    Може е само асимптоматска.
    Не знам...

    Инаку премногу очекувања имате од јавното здравство, како претходно да не сре влегувале во болниците.
    Е затоа требаше да сме подисциплирани.
    Секоја една мерка се дочекува на нож, веднаш експертите да кажат што и фали.
    Секој еден во државата знае најмногу.
    Што ви е тешко да прифатете нешто што е наложено?
    Сите што се крстете во други држави од ЕУ, истото го прават и почитуваат. Да, да, има и таму глупи мерки, закони и слично, ама народот почитува. И нашите исто.
    А овде, они се најголемите експерти. И нормално хаос, особено сега, за време на вирусот.
     
    На oblace1, Bratot, BoaVista и 8 други им се допаѓа ова.
  9. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.996
    Допаѓања:
    37.203
    Пол:
    Женски
    Како е различно, објасни ми? Тој што е ХИВ позитивен и има секс со мене а не ми каже (дури и да е со заштита, знаеме дека не секогаш е 100%) и јас се заразам кој е крив? Тој што не ме известил, така? Зошто тогаш, аналогно на ова што го поддржувате, и овие лица не се објават јавно за да ме зашитат мене и другите?
    А за корона уште не се знае како точно се пренесува, се се само претпоставки, нели? Пошо нов е вирусов? |(
    Небитно, реков и пак ќе кажам. Неетичка, неуставна, неефективна, популистичка мерка. И Хитлеровска :!:

    Разликате е во системот т.е државата Јуле. Таму народот верува на надлежните и нема селективна правда, додека кај нас...
     
    Последна измена: 16 јуни 2020
    На sj *O* и Spidy им се допаѓа ова.
  10. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.003
    Ана, ама сериозно.
    Статистиката е таа, не е на Филипче или било чија желба.
    Мислам можеш и да изгуглаш и сама.
    Ако не кажат - лажат.
    Ако кажат - сеат страв.
    Што да направат?

    Да, реално малкумина се враќаат назад од респиратор. Реално и да се вратат, статистички не многу преживуваат прва година. Што да кажат? Ништо не е? Онака, малку да се помогне?

    Респиратор е последна шанса за живот и без него 100% ќе умре човекот.
    Ама мора во се' да најдеме проблем. Боже сачувај некој да знае што збори.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Ivan4e04 и 13 други им се допаѓа ова.
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    259.971
    Овој пат си скроз во право. И јас некни пишував.
    Не дека не е опасен вирусот, ама и целата таа психолошка тортура кои пациентите ја добиваат, целиот тој притисок, стигматизација, обвинувања, стравот дека вирусот е смртоносен и дека среќа е дали ќе го поминеш, ја отежнува ситуацијата. Мора да се смени пристапот, да се каже дека во најголем процент луѓето се лечат, дека се доаѓа до компликации ако не се јават на лекар.
    Ама и ова ти е меч со две острици, ќе се опушти народот уште толку и воопшто нема да се почитува ништо.
    Нема средина кај нас:D
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    т.е. трачот :D
    Имаше сторија патем, една жена што одбила да биде хоспитализирана. Потпишала дека одбива и ја оставиле на домашно лекување. Страв и било, мислела дека ќе умре ако ја хоспитализираат.
    Така да, третман смееш да одбиеш. Ќе потпишеш дека свесно одбиваш и готово. Дека се тепале за да не ги стават на респиратори, тоа тешко, со оглед на тоа што за да го стават на респиратор треба да не ни може да се тепа. Плус, сега веќе избегаваат да ги ставаат на респиратори, освен ако стварно не е крајна нужда.
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.128
    Пол:
    Женски
    и да дополнам, уште и седативи им давале за да не се бунат и ги ставале на респиратор. Не знам што е поголем хорор во приказнава.
     
    На cresa-jagoda, BloodElf, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.393
    Пол:
    Женски
    Државен карантин за тие што ќе одбијат решение за самоизолација?
    Навивам да е само со ептен најосновни услови, а скапичок. Ко воли нек изволи :)
     
    На cresa-jagoda, oblace1, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.996
    Допаѓања:
    37.203
    Пол:
    Женски
    Не мораше кој стаса да збори јавно на ТВ за тоа, на пример. Исто и со хорор приказните од инфективна. И после се плашеле луѓето. Па уште и се чудиме зошто?
    Од почетокот се води политика со сеење страв, не едукација. Го читав и Данаиловски давал некое интервју за хрватски портал, горе долу истото го кажа, дека затаиле на полето едукација.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.003
    Иначе како ми е "нормално".

    Не ми е :D

    Ама ништо веќе не ми е нормално, и искрена да бидам - како и што пишав многу страни наназад - пред 2-3 месеци несфатливо ми беше да се оправа нечија дијагноза и историја на болест макар и без јавно кажан идентитет, ама тогаш уште не знаев со колку глуп народ живеам.

    Сега веќе... не ми е нормално, ама па ни се припотресувам искрено.
     
    На LejlaD, sj *O*, emiliana и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Како да не се плашиш кога кружат муабети, еве и Камелија збори исто, дека ако стигнеш до респиратор значи поздрави се со своите. Јас не знаев, така ли е секаде или само во Мк на инфективна? :^) И јас не би прифатила, па уште со сила да ме наклукаат и стават. Мислам, ваљда треба да имаш и други опции? Не знам.
     
    На *Amethyst*, sj *O*, jacqueline.s и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Е не е трач.

    Трач е да ти каже хигиеничарката од трети шо успат поминала на спратот и слушнала дека некој вика, па сестрата и кажала оти докторот рекол дека вака, дека така.

    Инфо е кога ќе ти каже некој шо требало да се справува со тој што се бунел и што секој ден си ја пика главата у најлон за да го плукаат тепачите и буначите и неверните. ;)

    Нејќат да си одат, нејќат да потпишат да бидат ослободени од лекување, ама нејќат и респиратор. Епа што да им прават? Алах ете лично не може да дојде, не знам што очекуваат да им прават.

    И кога зборуваме за едукација, на моменти како да заборавате какво е грото од населението кај нас. Да признаам, пред коронава заборавив и јас, баш убаво што се потсетив сега :D
     
    На cresa-jagoda, *Amethyst*, oblace1 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.003
    Ни една емисија немам гледано, ни ме интересира.
    Статистиката е таа, без оглед како дошол човек до респиратор. За да биде таму, значи дека сам повеќе не можел да диши и му се дава последна сламка за спас.
     
    На LejlaD, sj *O*, fana и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Да Жапче, оти кога ќе умре, ги чека надвор семејството на починатиот со пиштоли и калашњикови и им вика - вие го умревте. И спремни се да рока пиштољот :)

    Трагично или не, тоа е реалноста во моментов
     
    На cresa-jagoda, oblace1, LejlaD и 6 други им се допаѓа ова.