Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Овој Зекири, нели го пуштија од Инфективна, што не оди низ Чаир да разговара со луѓето, нека каже дека сепак има вирус и не е за потценување, нека објасни дека тој веќе искусил како е.
    Ако е Чаир жариште, треба нешто да се направи.
    Па и другиве политичари нека се вклучат за едукација по зафрлените места низ МК, наместо изборни кампањи да прават, нека едуцираат малку...само без типови како екс реизот :D
     
    На Martka, LejlaD, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Убаво на хартија звучи, ама во пракса тешко.
    Знаеш како се вика, телиња се учат, волови не.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, queen04 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.398
    Пол:
    Женски
    Коа некој го затворил мозокот како желка во оклоп, мислам ни со инка не можеш да му туриш памет.
    На Филипче устата пена му фати.
    За жал таквите ќе поверуваат дека има вирус, кога некој од фамилија ќе им заболи.
    А тогаш е касно.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, queen04 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    785
    Е ај сега Screenshot_20200616-140246.png
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Ygritte и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.939
    Допаѓања:
    203.224
    Пол:
    Женски
    Од тоа што контактите даваат лажни адреси, од неколкумина истово го слушнав деновиве, немаат документи за идентификација и даваат лажни адреси кога ќе ги контактираат епидемиолози.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Ygritte и 18 други им се допаѓа ова.
  6. queen19

    queen19 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2015
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.845
    Пол:
    Женски
    Се дешаваат грешки, имаат огромен број на луѓе кои на дневно ниво ги проверуваат. Дојдоа и кај нас пред месец/месец ипол затоа што жената која требала да е во самоизолација имала исто име како мајка ми а улицата иста а бројот премногу сличен(скоро ист), мојата адреса е 81/7(зграда 81 стан 7) а таму пишувало 8 1/7(зграда 8 влез 1 стан 7) и се поклопиле коцките случајно исто име и се нацртаа кај нас на врата и не убедуваа исто име таа улица тој број на стан и дека се работи за мајка ми, демек забрането е да се погреши и да дојде во ваква коинциденција, се дешава
     
    На cresa-jagoda, Bratot, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Жената ја водиле како позитивна, а не како контакт на др.заболено лице.
     
    На BloodElf, sj *O*, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.357
    Допаѓања:
    119.432
    Пол:
    Женски
    МОЖНО Е ?!? :o
     
    На lovestoneddd му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.939
    Допаѓања:
    203.224
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме што ќе излезе на крај.
     
    На cresa-jagoda, H.VAGA и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    За пари се лажираат бројки. Ете то е то.
     
    На TrinityNeo, Biljarkata и Feminka22 им се допаѓа ова.
  11. ostoun

    ostoun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2019
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    193
    Пол:
    Женски
    Кина затвора цели делови на Пекинг поради повторна појава на вирусот, а ние со многу поголема бројка на новозаразени од нив, и со 8 починати, имаме ситуација под контрола и се спремаме за избори. Браво!
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Ygritte и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    28.094
    А смеат да одбијат повик во оваа ситуација?

    Се согласувам дека во нормална состојба не се во ред зборовите. Ама пак ќе кажам, десетина доктори и исто толку сестри 4 месеци цел товар го носат, додека се калкулира со бркање политички поени , ставени се во оган. Сфаќам зошто се нервозни и кажуваат такви збориви
     
    На sj *O*, CameliaMiller, LejlaD и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.084
    Допаѓања:
    119.232
    Пол:
    Женски
    Какво одбивање повик, тогаш тоа не е медицина, доколку се одбие.
    Ќе прифатат, во секој случај.
    И јас ги сваќам, и вистина е се што пишуваш, но не со вакви навреди.
    Во незавидна положба се, им треба помош, овие не се обучени за во вакви центри, но верувај не им е целта да се шетаат таму, и не се криви тие ако не се обучени.
    Треба соработка да има.
    Овие зборови не личат кажани од такви доктори кои ги почитуваме за цел овој период.
    И двете страни ги познавам лично, и на двете страни не им е лесно.
     
    На elenaxbbg, sj *O*, M.B. и 7 други им се допаѓа ова.
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.311
    Допаѓања:
    28.094
    Точно, не се тие виновни. Затоа и пишав погоре дека критиката е кон министерството. Министерство за здравство имаше 4 месеци да обучи кадар

    Те кажуваа дека се спремни, дека има кадар обучен, имале онлајн обуки, дека има капацитет. Излезе ништо од тоа не е вистина. Сега само поголем ризик да се дозаразат заради лошо ракување со опрема.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, CameliaMiller и 7 други им се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Ме чул новиов реис :D

    Новиот реис на ИВЗ: Коронавирусот постои, нема шега со оваа работа

    Кристијан Ландов
    [​IMG]
    Новиот в.д. реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, посочи дека коронавирусот е вистински и опасен, за разлика од неговиот разрешен претходник, Сулејман Реџепи, кој го прогласи вирусот за мртов.

    Фетаху пред новинарите кажа дека ИВЗ не е компетентна институција да зборува за вирусот, ниту, пак, сакаше да каже дали Реџепи е разрешен поради тоа што оженил млада жена или финансиското работење.

    „ИВЗ од првиот момент е во служба со цел да замине оваа болест, која е вистинска, бидејќи сите компетентни органи потврдиле во целиот свет дека оваа болест постои и многу е опасна. И нема шега со оваа работа. Ние сме верска институција. Не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или невистинска. Ние одиме кон компетентноста. Институциите кои се професионални потврдиле дека постои, посебно по следните моменти, во неколку градови каде почнала да се шири со поголема брзина“, рече Фетаху.

    Според него, во сите џамии се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, потенцирајќи дека: „Во оваа борба, како ИВЗ, влеговме со зборовите ‘Страв не, но голема свест против оваа болест – да’. Мора да се бориме со сите сили оваа болест да се надмине“.

    За разлика од Сулејман Реџепи, кој фрлаше клетви кон новинари, Фетаху сака соработка со нив, најавувајќи дека ќе биде транспарентен во тоа. Но, иако двапати беше прашен, тој одби да одговори за разрешувањето на Реџепи, ниту, пак, упати осуда за неговите постапки во минатото.

    „Оваа наша средба не ја сметам како формалност која треба да се исполни поради куртоазија, напротив ИВЗ ја цени улогата на медиумите во општеството и ја изразува својата почит во придонесот на медиумите кога во прашање е информирањето и јавната дебата. Наташа институција чувствува должност да ги почитува правилата на транспарентност и во секој момент и пригода да им овозможи изворни информации на претставниците на медиумите, со единствена цел да си ги извршуваат своите задачи и должности на независен начин. Ние посакуваме и пријателства со вас новинарите, ние сакаме да ѝ се обраќаме на јавноста презентирајќи ги нашите успеси и презентирајќи ги нашите евентуални грешки и причините за тоа“, додаде Фетаху.


    ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Ygritte и 3 други им се допаѓа ова.
  16. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.996
    Допаѓања:
    37.203
    Пол:
    Женски
    Ај, не ми ги извртувај мислењата. Не бев јас против давање контакти, туку сум против кривично казнување ако некој не ги дал сите контакти. Оти просто е недокажливо дали некој намерно или ненамерно изоставил контакт. И ти како правник треба ова да го знаеш. Инаку, еве имавме случаи со неиздаици кои отворено си кажувале дека не даваат контакти. Што се случи со нив? Казнети ли се? Или закониве само за македонци важат, по можност да не се од владеачка гарнитура, оти и нив не ги фаќа закон освен ако не се скарани со главните |(
     
  17. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    7.678
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200616_151919.jpg
    ;(;(
     
    На cresa-jagoda, BloodElf, sj *O* и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.402
    Пол:
    Женски
    На sj *O* и queen19 им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Значи женава немала корона и починала од друга причина?
    И како бе човек да го оставиш цела недела без дијализа...:|:|
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, nevermet18 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Cherry333

    Cherry333 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2019
    Пораки:
    2.742
    Допаѓања:
    7.678
    Пол:
    Женски
    И јас тоа помислив, и да имала корона, не знам тоа. Ама да оставиш човек да се отруе 1 недела, без коментар..
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.