Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    22.823
    Пол:
    Женски
    Прво ќе престанете да пишуваат умираат луѓе со 2 3 болести на пример?
    Тоа не е оправдување никакво.
    Не знаемњ кој што носи во себе и какви последици остава се уште непознатиов вирус и кај здрави луѓе.
     
    На tinka-mace, elenaxbbg, Srckata28 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Точно кај некои има оштетувања на дробовите ама битно со тек на време се враќало во нормала. Ако бројката не почне сама да се намалува еве што мислите вие оти ќе се случи?
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    @KuklickaSk дојди малку, објасни ако можеш.

    Вчера DJ-от мислам дека немал никакви болести, почина од ковид на 48 години. И?
     
    На sj *O*, elenaxbbg, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  4. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    Не сакам воопшто да давам примери зошто не сакам уште толку да уплашам луѓе овде на темава кои се болни, пошто имам емпатија, а за пример, имам.
    Може и да се влоши ситуацијата па...
    Камелија дробеше на темава за истото, здравствено лице е, ваљда знае повеќе од мене и тебе.
     
    На *Amethyst*, sj *O*, Alishan30 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
    Јас носам маска на јавни места.
    (Како и со маска, како и без маска) јас стојам на 2 метри растојание од вас.
    Јас постојано ги мијам / чистам рацете!

    Сакам да знаете дека ве почитувам, затоа што можам да бидам асимптоматски и да го пренесувам / и да ве зразам со вирусот.

    Не,... не живеам во страв од вирусот!
    Само сакам да бидам дел од решението, а не дел од проблемот.

    Не се чувствувам како „власта да ме контролира“, туку како одговорно возрасно лице кое придонесува за општеството.

    Светот не се врти околу мене.

    Овој вирус не знае раса, боја, возраст или статус!

    Носењето маска и останувањето најмалку 2 метри во растојание од вас, не ме прави параноиден, слаб, исплашен или глупав, но ме прави сакан и почитуван.

    Јас ставам маска за да ве заштитуваме вас!
    Ставајте и вие маска за да ме заштитите мене!

    *****

    Преземно од Фб.
     
    На rainbowmama, simonka93, tinka-mace и 20 други им се допаѓа ова.
  6. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Ако ти кажам дека Dj-от имал рак а ниту еден медиум тоа не го пренесе ќе веруваш дека медиумите сакаат само паника да шират? И пак ќе спомнам жално да не бил ковидот може ќе го победил ракот ама здрави лиѓе не би требало толку да се плашат од вирусот. Искрено и јас самата незнам колку сум здрава ама сепак не се плашам и да се заразам немам контакт со баба ми и дедо ми они дома си седат и продукти им купува мајка ми ама нема никаков контакт со нив.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.385
    Допаѓања:
    21.037
    Пол:
    Женски
    :puke::puke::puke:
    Стварно некои мислења ви се чувај Боже.
     
    На crimson, tinka-mace, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    22.823
    Пол:
    Женски
    Нема да се намали се додека не се почитуваат мерки.
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Па од албанците и од македонците со свадбите,мекици и собирања во големи групи незнам како сам би исчезнал вирусот.
     
  10. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Може и коронава ќе реши да крене раце од нас. Ќе ослабе и таа на психа ко ќе види на што организми се закачува. (facepalm)
     
    На *Amethyst*, deskarada, tinka-mace и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    22.823
    Пол:
    Женски
    Епа дека не треба да се плашиме, само стари и болни умираат.
     
  12. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.793
    Допаѓања:
    41.889
    Пол:
    Машки
  13. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.222
    Допаѓања:
    26.240
    Пол:
    Женски
    Вчера се вратив во Австрија, за да не бидам 2 недели домашна изолација морам да направам тест и доколку покаже негативен се укинува карантинот. Денес бев да направам тест во лабаратотија, внатре носат најобични маски докторите и сестрите, тестот се прави дома со утринска гргара и течноста се става во пластична чашка, ја носиш во лабор и то е се, брисеви не земаат сами. Ова како заебанција тука.
     
  14. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    [

    Само пробувам да ви објаснам дека не треба толку страв и паника бидејки ако продолжат вака бројките поголемиот број од населението ќе го поминеме некако.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  15. make90

    make90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    26
    Ако не се откаже таа од нас психава сигурно ќе ни откаже веќе ;(
     
    На sj *O*, WaitTillTheEnd и Ahoy им се допаѓа ова.
  16. make90

    make90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    26

    Страв треба, бидејќи со нашиот менталитет без страв ништо не правиме. Еве кога малку се олабави ситуацијата и излегоа со изјави дека сме ја победиле короната, погледнете што се случи... паника не, рационален страв да! Само тогаш внимава народов... за жал.
     
    На rainbowmama, tinka-mace, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.492
    Допаѓања:
    22.823
    Пол:
    Женски
    Работата е што сега е вирусот непознат, со тек на време ќе се дознае повеќе за него. Лекови, терапии, третмани, кого напаѓа, зошто, зошто е смртноста таква, сега се е ризик,и за стари и за млади, и за болни и за здрави.
    Ако ме фати, нормално подобро да е кога повеќе ќе се знае за него..
    Паниката е дека нема доктори нема кревети по болници. А ако продолжи, знаеш што ќе се случи со хроничните и да не фатат корона?
    Луѓе на контрола не можат да отидат...
    Не е работава само короната.
     
    На sj *O*, queen19, make90 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. WaitTillTheEnd

    WaitTillTheEnd Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Женски
    Пратам што се случува и дека сме најблиску до крахирање на здравството. Ама тука за тоа сите сме свесни затоа и викам и да се зараземе на крај ќе го поминеме некако не мора одма секогаш на најлошото да се мисли.
     
  19. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.865
    Допаѓања:
    77.330
    Пол:
    Женски
    Ај види си ја реченицата и малку размисли што зборуваш. Сите треба да се плашат од вирусот, се докажа дека не се знае веќе кај кој бетер напаѓа, а кој полесно поминува, а кој без симптоми. Треба да се заштитиме и пазиме, па и плашиме. Може ке прележиме сите да, ама нашиот здравствен систем неможе да поднесе одеднаш огромна бројка.

    И уште еднаш, реченицата не ти е во ред. Да не се плашеле здравите...(facepalm) Па тие здрави имаат познаници, семејства, а во многу семејства има луѓе со некоја болест и стари лица.
     
    На crimson, sj *O*, elenaxbbg и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.744
    Пол:
    Женски
    Па не е само страв и паника. И нервоза е.

    Нервоза пошто на дело го гледаме тоа што сме си го мислеле до сега. Дека живееме со крајно себичен, ограничен, неизживеан народ. :puke:

    Здрави сме биле. Од кај да знам дали сум здрава веќе. На преглед не може да се отиде, пошто морало во автобус и продавница без маска да се влезе, да не се загушат. Од земјава не може да мрднеме, дека мора баш да се вечаат сега со 500 души. Мекици мора да се раздаваат, ифтари мора да се слават.

    Ако утре срцев удар ме стрефи и не можам да одам во болница зошто немаме веќе лекари, се надевам дека прекрасно ќе спијат сите тие кои мислат дека корона не постои, не чипираат со Г5 и шо ти знам.

    Ако некој се најде повреден од ова, навистина ми е жал. Исто толку жал, колку што ним им е жал за сите изгубени животи кои не морало да се изгубат ако сите биле повеќе претпазливи.
     
    На WildMk, rainbowmama, tinka-mace и 9 други им се допаѓа ова.