Франција нема да дозволи тек така да помине тоа. Верувам дека ќе поминат низ соодветни контроли за да се провери дали има носители на вирусот или не. За жал, ние како земја, ниту ја имаме таа можност, ниту свест, ниту одговорност.
Мене искрено паника ме фаќа, премногу информации во еден ден довив. Се надевам дека наскоро ситуацијава ќе се стабилизира.
Термални камери, медицински екипи за проверка на патниците. Тоа требаше да го има и на нашиот аеродром, ама не обезбедиле.
Има ама колку што знам веднаш ги пуштаат а штом периодот на инкубација е подолг веројатно кај повеќето ништо нема да се покаже
Има термална камера на нашиов, барем така прочитав. Ама не се контролирале сите патници, само летовите од потенцијалниве жаришта. И како би го откриле у период на инкубација живо ме интересира, ефикасни се термалните камери против тоа или ги покажува само заразените?
Од вчера сите патници се проверуваат а ова за инкубација не се покажува само ако има некој со покачена температура
Ама што ако ги контролираат аеродромите кога границите ни се отворени. Со тој народ што ќе допатува со автомобил што прајме?
@John Snow само тие со покачена температура. Затоа се изолираа по 2 недели работниците од Кина, ама еве сега нови информации дека и подолго трае периодот на инкубација.
Има, ама не поминале низ неа. Медицински екипи немало. Како и да е, кога поединци немаат свест, тогаш треба да настапат владини правила и прописи во вакви случаи. И да нема: "Мене никој не може да ми забрани." Пошто може и мора кога нема колективна свест кај народот.
Факт е дека никакви проверки не се прават. https://sitel.com.mk/korona-virusot-se-pobrzo-se-shiri-vo-italija https://sitel.com.mk/avtobuskiot-pr...nici-od-italija-vlezeni-bez-medicinski-nadzor Читање на флаери не помага во спречување на ширење на вируси. Филипче убедува спремни биле како го гледам и тој не си верува на тоа што го зборува.
Со тоа што не се проверуваат се загрозуваат себеси а и нас, а дали се прават проверки не знам ама мислам дека треба, а ние спремни ќе бидеме вакцина кога ќе има. Ама како што кажав и така кај нас нема големи шанси да се прошири ама ајде да не се повторувам...