1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Па не знам, некако се надевам на разумност кај сите од нас, зошто свесно сами себе би си го загрозиле животот со ризично однесување сега :?: Или многу се надевам изгледа :D

    За линков, сега и не е толку битно кој кого заразил. Не требаше воопшто да се одржи прво и основно. Ама.....
     
  2. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.410
    Допаѓања:
    260.132
    Пред да ги пуштат фудбалските лиги, сите фудбалери беа во карантин, а потоа тестирани.
    Овде не. Плус Ноле некна се забавуваше во белградски клуб.
    Криви се сите, учесници и организаторите.
    Ако сакаа да играт прво карантин и тест, а не вака, па и полни трибини.
    Сега критики. Заслужено.
    Животот мора да продолжи, ама собиритe каде би имало многу луѓе мора да останат забранети.
    Фудбалскитe натпревари се играт на празни стадиони.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, Ivan4e04 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Само кај нас, без ниту една утакмица да има,.Шкендија и Влазрими се оболеа комплет :D

    П.С...тогаш и тренинзите мислам.беа забранети
     
    На tinka-mace, kukla21, LejlaD и 5 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.410
    Допаѓања:
    260.132
    Тие на ифтари си одеа :D
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, sj *O* и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.526
    Допаѓања:
    191.479
    Не ми беше поентата кој кого заразил, поентата беше дека наводно криел симптоми.

    Зошто би се загрозувале сами, ете, не ми е јасно. Ама го прават тоа. Журки, гушкања, пијанки, баханалии. Тоа е сега ризично однесување, ама ете, како да објасниш некому дека сега МОРА поинаку. Почитување правила- па досега 100 години, ако не и 500, се развивал инстинкт за изигрување на правилата, сега одеднаш ќе се смени? Тоа е, пусто Турско :doh:.
     
    На LejlaD, Bezimenka90, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.086
    Се отвараат нови ковид центри, ама цената за тоа ја плаќаат останатите болни кои имаат други здравствени проблеми. Денес Козле пренаменета, утре Нефро или Кожно, задутре што? Кардиологија? Се повлекува медицински персонал од други градови ама што ќе се прави кога луѓето од тие градови ќе имаат здравствени проблеми? А сите знаеме дека и пред коронава ситуацијата со здравството беше за никаде и едвај се кубуреше со медицински персонал.

    Не ми се допаѓа ситуацијава воопшто. Од една страна бројките се намалуваат и ситуацијата е под контрола :^) од друга страна секој ден стигаат вести за заразени кои ги знам лично. Кај другарка колега од канцеларија болен, кај мене во зграда комшија... Чувајте се, дечки.
     
    На Martka, Purplelilac, cresa-jagoda и 31 други им се допаѓа ова.
  7. Среќичка

    Среќичка Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2017
    Пораки:
    1.471
    Допаѓања:
    3.555
    Пол:
    Женски
    Исто и јас, само добивам информации од блиски заразени..
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    И јас се повеќе заразени познавам.
    Во главно од работа го донел вирусот дома.Жена, баба дигнале Т и имаат проблеми со дишење а никаде не излагале, тој ништо.Си пот-шмркува само.
     
    На cresa-jagoda, sj *O*, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Бројките константно се лажираат и манипулираат? Нели ви стана јасно до сега?:)
     
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    53.182
    Пол:
    Машки
  12. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.378
    Допаѓања:
    119.582
    Пол:
    Женски
    Врз основа на што го донесе тој заклучок?
    Не сум иронична, сериозно ме интересира.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Настрана граници сакав нешто друго да прокоментирам.
    Не ми е јасно како во Мк се разгорува вирусот а за овде велат "се гасне" едвај на тестови се покажувал вирусот, од 150 заразени пола од нив не го пренесувале вирусот, изгубил вирулетност
    Симптоми и да немале, оние кои имале низок процент имале ептен благи скоро непостоечки симптоми.
    Јас кај што живеам одамна немаме позитивен, може 2 недели.
    Ваљда е мутиран во Мк, завзема сила, или завземал не знам.

    Еу државите сите се пуштени слободно официјално од 15 јуни, пред тоа беа само дел пуштени
    Сите се на одмор, плажи, колони низ автопат, блокирани патишта, пребукирани хотели.
    Вака е во Еу.

    Не слушам аларм за било што некаде освен кланицата во Германија.
    Еве тука е се во ред. Имаме минимални бројки. Ломбардија опадна со бројки.

    Што се случи во Мк да ми е да знам?!

    Мислам дека веќе границите се отворени и за Мк во Еу, така читав тука.
    За посигурен резултат европската комисија донесе одлука од 1 јули.
    Знам луѓе, многу луѓе кои што патуваат во моментот, кој за работа кој за одмор кој си прави екскурзија во Еу.
     
    На green.eyes, Ahoy, lovestoneddd и 4 други им се допаѓа ова.
  14. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.381
    Допаѓања:
    279.146
    Пол:
    Женски
    На Martka, Purplelilac, Stache и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.453
    Пол:
    Машки
    Врз заклучокот дека ова е Македонија. И, само исклучително наивна личност би верувал во спротивното.
     
  16. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.942
    Допаѓања:
    53.182
    Пол:
    Машки
    Реков неколку страни наназад, највеќе ме нервира кога политичарите се ставаат во улога на епидемиолози. Чуму е таа комисија ако им служи само кога им одговара нив. Поарно нека ја распуштат и премиерот нека биде стручњак виролог.
     
    На Sejfullai, Stache, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.410
    Допаѓања:
    260.132
    Витамина, бил мутиран, ама во однос на вирулентноста, всушност позаразен, ама нема промени кај симптомите.
    Ама зошто само кај нас, не знам, кога насекаде губи сила. А истиот геном бил изолиран во Авси Хрватска ќ.
    Може и овде очекуваат вака да биде. Не знам.
    Знам дека еве отвараат се. Ваљда мораат
    Економија не трпи, па затоа враќаат во нормала.
    Инаку, наскоро и Европа ќе не пушти, ЕК соопшти од 1 јули.
     
    На green.eyes, Ahoy, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    И мене ме интересира ова.
    Не само за Мк еве и тука "шушкаа" се лажира ова се лажира она. Значи во цел свет. Почнувајки од Кина.
    Ама ние тоа нема никогаш да го дознаеме дали е вака или онака.

    Прво збореа дека уствари лажираа поголема смртност ради пари од еу, после викаа ги кријат бројките ради туризам и економија.
    И ај сеа?!
    Се е рекла казала.
    Вистина ниту ја знаеме ниту ќе ја дознаеме.
    Онаа правата.
    Пола од луѓето зборат вака, пола онака.

    Факт е дека кога настанува "манџа" све испозаразено, секој ден се повеќе не може да се има ресурси да бидат истестирани сите, башка колку не се пријавиле еве?
    Кога се мал број на луѓе е друго може да се менаџира, вака тешко тешко.

    Вака во сите држави беше.
    Не се знаеше кој се е заразен.
     
    На neno0o, Ahoy, Cherry333 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    Во однос на здравство, да ви кажам најпросто од мојов случај.

    Да одевме и јас и колешката со која ако сме заедно не можеме да држиме дистанца, и сме 8 саати на метро една од друга, ќе требаше и таа да е во самоизолација две недели.

    Сега таа оди, јас сум дома. Ротациите беа направени баш поради вакви ситуации.

    Ни на нас не ни' е најсјајно вака, би сакале да можевме нормално да работиме и живееме, ама не можеме.

    И да, многу погрешија што некако непромислено се' направија сто ковид центри, без да се мисли на останатото.

    Не гледам ни една причина зошто клиниките не би работеле барем со 50% термини/операции и сл.

    Не знаеме за средина. Не мора во "нормала" со 200 души во ходник да се враќаме. Може со термини САМО, без приоритети и слично ми ти глупости. И матичните будно да се следат за што закажуваат, да добијат термин тие што треба да добијат, а не тие што сакале само да се проверат.

    Нигде, ама нигде, не се оди на лекар оти ми прднало за секој случај така. Кај нас се оди, па после хпл по ходници. Можеме и треба да работиме за тие кои имаат потреба.

    Иначе лабораториите работеа цело време, знам дека немаше некои реагенси, ама во главно не беше никогаш прекината нивната работа.
     
    На Purplelilac, cresa-jagoda, tinka-mace и 12 други им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.526
    Допаѓања:
    191.479
    Може е така во Италија, не е баш сегде така.
    Ние што немаме плажи, никој немам чуено да планира да оди на туризам на море. Внатрешните капацитети се поскапени ама странски туризам, кој прави голем дел од БДПто на главниот град- нема.
    Ни А ни Б нема кај мене за корона во медиуми, бројките само на ворлдометар и гледам секој ден стабилни (плус-минус). Значи нигде не е нула, ама нигде не ескалираат бројки, бар во регионот што го следам.
     
    На green.eyes и LejlaD им се допаѓа ова.