Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Границите кога веќе мораа да ги отворат, мораше да остане барем мерката да се прави задолжителен тест пред влез. Вака ептен безредие ќе биде. Еве, уште сега ми излегуваат многу споделувања на луѓе кои се во странство, со поздравување за отварањето, ок разбирам дека секој сака да се врати дома, ама ради сигурност на сопствената фамилија прво, па после и ради колективна сигурност, секој еден треба да направи тест пред да влезе во државава, па ако е негативен ок е, не мора карантин. Зашто вака на жими мајка, нигде не сум бил и со никој не сум се видел црно ни се пишува.
     
    На Harper, Martka, Purplelilac и 19 други им се допаѓа ова.
  2. rokmibejbi

    rokmibejbi Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Машки
    Да лажираа бројки овде немаше ни да имаме троцифрен број на новозаразени. Не гледам како би му било во интерес на некого да прикаже толкав број на новозаразени.
    А според однесувањето на народот овие бројки не се ни изненадувачки.
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Го читав ова, мал милион пати. Прво сакаа на 15 јуни со оглед на ситуацијата преместија за 1 јули.
    Значи цела еу така?!
    Оти баш комисија на еу е.

    Мене нешто не ми квадрира.
    Глеам на фб луѓе слободно се шетаат си праат еу тури со сопствени коли одејки надоле накај мк.
    Од друга страна зборат друго.
    Баш некна го коментиравме ова.
     
    На referentka, LejlaD, fana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Не знам кај си ама според пишувањето австрија мислам дека си.

    Кажувам оти знам, живеам на море, знаеш колку австријци германци дојдоа?
    Плус золвами е кај бренеро живее меѓу германско население (90% се германци) погоди дека од резервациите само 7 % ги имаат откажано. Гувернерот така кажа.
    Нон стоп шетам и нон стоп се возам на автопат, германци австријци белгијци до сега имам видено колку ти душа сака.
    Исто и морето кај нас веќе е преполно.

    Золвата во сабота оди за римини и кажале дека почнала сезоната и е гунгула од народ.

    Познато е тука во северна кај нас дека германците ни доминираат. Полно е.

    Кај мене у гратчето има германски коли.
    Што друго да кажам еве, кога гледам со сопствени очи.

    Плус маж ми е секој божји ден по автопат венеција претежно па секој ден ми кажува за гужви и странски таблици.
     
    На green.eyes, sj *O*, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  5. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.410
    Допаѓања:
    260.132
    Сега читам во коментарите на фб дека Судот за човекови права на 11.06.донел одлука за укинување на карантини и изолација во сите држави. Не можам да ставам линк од одлуката. Колку е точно, не знам.
     
    На cresa-jagoda, Ahoy, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  6. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.378
    Допаѓања:
    119.582
    Пол:
    Женски
    Го имам видено и јас. Не можам да го најдам линкот.
     
    На cresa-jagoda, vitamina, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.410
    Допаѓања:
    260.132
    Ја има одлуката, ја ставиле во коментар и на француски е.

    Коментарите претходно беа дека не ги отвараат границите за да не избега народот па ќе немало кој да гласа. Сега коментарите се, ги отвориле за да дошле да гласаат. Најди им крајот ако можеш:D
     
    На cresa-jagoda, green.eyes, elenaxbbg и 5 други им се допаѓа ова.
  8. rokmibejbi

    rokmibejbi Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Машки
    Не верувам дека судот за човекови права одлучува за отварање граници и укинување карантини. Не се они најкомпетентни па да кажат дали има потреба од карантини или не.
     
  9. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.650
    Па нормално, како иначе роднините на племенската заедница ќе дојдат на гласање. Се е политика.
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    @BoaVista ние од дијаспората од било која земја да излеземе ќе мораме со приложен тест да излеземе од земјата каде сме. Истата процедура ќе биде и за назад,а доколку немаме тест ќе имаме 14 дена карантин.
    Плус безбедноста во авионите е на големо ниво,не пуштаат на аеродром овде ако немаш билет да влезеш внатре. Плус мора да се носи визир и маска.
     
    На cresa-jagoda, referentka, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Цк. Не ни треба тест на нас. Италија ги пушти границите од 3 ти јуни. Од тогаш не знаат кој пие кој плаќа.
    А вирсот сплана.
    Не ми треба ниту изолација ниту тест ако одам мк и се вратам.

    Италија уствари игра на карта "не дискриминирајте" оти нели, најпогодена. И сега слободно и дозволува влез и излез на сите, сите што сакаат да ја посетат.
    Бидејки на Италија првенствено сите им затворија граници па сега играат на карта "ние не дискриминираме" оваа вест кружеше и кружи по порталите сеуште

    Е ајде де.
    Скопјани вс провинцијалци беше, сеа е мк вс "странци"
    Исто и за изборите.
    Се нешто се "рчкаме" за секоја една одлука што ја носат.
    Никако не ја бива.
     
    На candy.cane, cresa-jagoda, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.912
    Допаѓања:
    31.673
    Пол:
    Женски
    Не се надлежни.
    Европскиот суд за човекови права одлучува само по жалби. За да може да се поднесе жалба, мора прво да има завршена правосилна постапка во матичната држава за кршење на права од Европска конвенција за човекови права ЕКЧП, па грѓанинот да поднесе жалба пред Европскиот суд, па кога ќе се одлучи по жалбата, одлуката е задолжителна и мора да се спроведе во матичната држава, ама таквата одлука важи само inter partes, односно само за засегнатата страна, не генерално.

    Незнам, може имаат дадено некоја препорака, па сега државите да ја имплементираат препораката, зашто ако ЕСЧП дал таква препорака тоа во превод значи дека ако не се испочитува и утре некој граѓанин поведе постапка пред ЕСЧП, тој ќе пресуди во корист на граѓанинот. Официјален документ на страната на ЕСЧП не најдов.
     
    На cresa-jagoda, Biljarkata, Bratot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20200624-130159_Samsung Internet.jpg
    Венеција, чекаат ред за да влезат .
    Тоа се само тие што сакаат да влезат таму. А замисли колку туристи има. Баш некна читав дека е преполно.
    @Biljarkata
    Не битно.
    Поентата ми беше дека циркулираат најмногу германски коли во моментот. Маж ми вика полни се автопатите.
    И да, има туристи.
    Е сега во Милано чисто сумњам дека има.
    Ама останато од Милано, Италија е во полн поход еве од онаа недела кога затопли.
    Да не зборувам за плажите.
    Баш ќе одам за набрзо и ќе споделам.
     
    На buba4e89, orevokrsacka, green.eyes и 3 други им се допаѓа ова.
  14. rokmibejbi

    rokmibejbi Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Машки
    Документ сигурно и нема. Европска комисија препорача отварање граници. Сите граници се отвараат.
    Некој ќе се види со фамилијата, некој ќе се прошета, забавува, кој што милува.
    Вирусот а бил, а не. Некој ќе го добие, а некој не. Лотарија е се.
     
    На orevokrsacka, JuLleE, lovestoneddd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    5 новозаразени на ден- се лажираат бројките.
    20 новозаразени- се лажираат бројките.
    50 новозаразени- се лажираат бројките.
    100 новозаразени- се лажираат бројките.
    200 новозаразени- се лажираат бројките.

    Колку треба да има според вас, за бројките да не бидат лажирани?

    200 тестови на ден- не тестираат.
    500 тестови на ден- многу малку тестираат.
    1000+ тестови на ден- лажираат број на тестирани.

    Сериозно, за овој народ решението е 0 тестови на ден. Никако да ви се угоди.

    И од СЗО нè пофалија како една од ретките земји која сеуште прави 2 теста за да се потврди дека некој пациент е оздравен, како една од ретките која прави постмортем тест и така натаму.
     
    Последна измена: 24 јуни 2020
    На Purplelilac, cresa-jagoda, green.eyes и 32 други им се допаѓа ова.
  16. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    :!: Заборави да додадеш дека и СЗО појма немаат.
    :D
     
    На Martka, cresa-jagoda, orevokrsacka и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Во последните 24 часа се направени 1208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на ковид-19.

    - Скопје 80
    - Куманово 6
    - Штип 1
    - Прилеп 3
    - Тетово 24
    - Струга 1
    - Велес 3
    - Охрид 5
    - Гостивар 4
    - Струмица 1
    - Крива Паланка 1
    - Кочани 1
    - Кичево 1
    - Ресен 4
    - Неготино 1

    Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.

    - Скопје 26
    - Штип 1
    - Прилеп 1
    - Тетово 6
    - Велес 4
    - Гостивар 2
    - Кочани 1
    - Пробиштип 1
    - Кратово 1

    Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095.
     
    На WildMk и vitamina им се допаѓа ова.
  18. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Тоа што немаат- немаат, ама дека е така- така е.
     
    На JuLleE и vitamina им се допаѓа ова.
  19. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Сеа овие штелувани ли се :sweat: ?
     
    На Ahoy му/ѝ се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.166
    Допаѓања:
    221.862
    Пол:
    Женски
    Сеа процентот колкав е?
    Благо паднат а?
     
    На LejlaD му/ѝ се допаѓа ова.