Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Мислам дека пресовите се држат секој ден, дури и без да се ,,случило нешто''.
    За известување за актуелната состојба.
    Да се надеваме дека овојпат ќе биде така.

    Еве денеска е убаво времето за во природа, не мора по кафичи да се затвораме. Сонце пука, а витамин Д е клучен за имунитетот.

    :)
     
    Последна измена: 12 март 2020
    На Elaine, темјанушка, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    9.156
    Пол:
    Женски
    Едит: Ја прашав и еве го одговорот:
    Screenshot_20200312_112619.jpg
    :(
     
    На Elaine и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    На Elaine, kukla21, Angie1432 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Јас исто познавам две познанички отидени на шетање во Германија,еднава на фб става слики шета по музеи, знаменитости...
    Јас вчера многу глупаво се осетив. Излегов еден круг со бебево да свртиме, поминав покрај еден човек,кивнав од сонцето (по препораките во лакт) овој се сецна ме погледна избега...па не секој што кива има корона,ама ај им работи свеста.
    Тие тестови им биле проверени,ако не се лажам рекоа во Франција ги провериле.
    Најверојатно овие од жан митрев може да не покажат точно.
     
    На Elaine, cresa-jagoda, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Зошто не ја пријавиш? Анонимно е. Или ете некој, кој било да ја пријави на телефонските броеви. Штом сама не покренала иницијатива да се изолира, тогаш известете ги надлежните. Функционира.
     
    На Elaine, ivi1987, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    8.739
    Пол:
    Женски
    Зошто луѓето паничат во ситуацијава? Зошто се купува масовно? Зошто баш тие продукти се купуваат?
    Еве како го објаснуваат тоа професорите од различни земји:

    https://time.com/5800126/panic-buying-coronavirus/

    За оние кои не знаат англиски еве груб превод од мене :)

    Психолозите на контролата гледаат како на основна човечка потреба. Оваа епидемија на заразна болест која може да биде и смртносна, го загрозува чувството на контрола кај луѓето во самата негова основа. Освен ако законодавците/властите не најдат начин да го обноват тоа чувство, циклусот на панично купување, собирање и страв ќе ескалира.

    Луѓето не се психолошки опремени за да ги процесираат овие работи - рече Андру Стивен, професор по маркетинг при Универзитетот Oxford’s Said Business School. - Затоа кај луѓето се зголемува чувството на несигурност и тие потоа прават се што им е во моќ за да се обидат да ја воспостават контролата.

    Паничното купување всушност се заканува да направи вистинска штета. Американскиот општ хирург ги премолува американците да престанат да купуваат маски за лице за да се осигураат дека здравствените работници ќе може да ги добијат, додека Јапонија најави казни за оние кои ги препродаваат. eBay забрани листа продукти откако поскапеа, на пример хигиенските средства за раце кои обично се продаваа за 10$ а сега порасна цената на 400$.

    Заради веројатноста подолго да се задржани дома луѓето се грабаат и за други продукти. Овесното млеко стана барано заради тоа што подолго може да издржи неотворено, на полица, за разлика од млечните продукти, опремата за преживување која беше популаризирана преку емисијата Doomsday Preppers на National Geographic е многу барана исто како и познатата неуништива грицка Twinkie на Hostess Brands Inc.

    Кон крајот на јануари во Хонг Конг стана студија на случај за тоа како ескалира паниката за купување, кога се појави првиот случај со вирусот. Кога Рона Лаи, 23 годишна вработена во финансиски услуги за првпат беше замолена од работодавецот да работи од дома, таа направи резерви храна за една недела. Но како што пристигнуваа извештаите од Кина така и полиците во супермаркетите се празнеа и таа почна да собира/натрупува храна.

    Започнаа гласини дека залихите на тоалетна хартија ќе бидат доведени во прашање заради епидемијата која се шири во Кина, од каде што Хонг Конг ги набавува поголемиот дел од добрата. Па кога Лаи забележа дека снемува во продавниците тоалетна хартија и таа почна да ја купува. Сега кутии со тоалетни ролни и ја зафаќаат целата софа, а марамчињата, детергентите и грицките се на куп на трпезариската маса. - Се подготвив за војна со вирусот - рече таа.

    Слична паника често претходи на снежни бури и тајфуни, но тоа што вирусот се шири глобално, заедно со пристапот до информации кои го овозможуваат социјалните медиуми, значи денешната хистерија патува на начини кои не се забележани кај претходните епидемии, како онаа на САРС во 2003 предизвикана од сличен вирус.

    Ширењето на болеста во други земји се чини дека е придружено и од гласината од Хонг Конг за недостатокот на тоалетна хартија на пр. Во Сингапур таа почна да ја снемува од полиците доста подоцна од појавата на случаите со корна вирус. Во Австралија бројот на кривични пријави за оние кои се тепале за тоалетна хартија порасна кога порасна трендот и на хаштаговите #toiletpapergate и #toiletpapercrisis.

    Дури и луѓето кои стоеа во ред за тоалетна хартија во супермаркетите немаа поим зошто ја купуваат - рече Енди Јап, професор по организациско однесување на INSEAD business school во Сингапур. - Тие едноставно ги гледаат другите луѓе што прават и тие почнуваат да го прават истото зошто се плашат дека нешто ќе пропуштат.

    Убедувањето на луѓето дека има доволно тоалетна хартија за сите може да ја намали паниката, но побитно е да се убедат луѓето дека ситуацијата општо е под контрола, рече Јап. - Можеби ниту една влада во тоа не беше подобра досега од оваа на Сингапур.

    Иако и во оваа град држава првично се празнеа полиците, работите се нормализираа откако премиерот Ли Хсиен Лонг објави видео порака со чекори кои може да ги превземат жителите за да го спречат ширењето на вирусот. Тој ги осигура дека има доволно резерви основни продукти и рече дека болеста не е толку смртоносна како САРС-от. После пораката беа спроведени сеопфатни мерки.

    Оваа информација на луѓето им даде чувство на воспоставена контрола, - рече Јап.

    Другите земји беа помалку ефикасни во споделувањето на пораката. Кинеските власти беа побавни при извесутвањето за епидемијата. Јапонскиот премиер Шинзо Абе нагло го напушти својот првичен благ пристап и направи шокантна објава дека училиштата се затвораат, со што родителите здивеа. Иранскиот заменик министер за здравство се појави на ТВ за да ја намали заканата од вирусот иако покажуваше видливи знаци инфекцијата.

    Без разлика дали овие влади можат да инспирираат доверба ќе зависи не само од одлуките на нивните водачи, туку и од карактеристиките на нивните земји. Социолозите ги рангираат земјите во однос на тоа колку нивните луѓе се индивидуалисти или се повеќе за заедница, колку доверба имаат општо едни кон други и кон нивната влада, - вели Еми Далтон, професор по маркетинг на University of Science and Technology во Хонг Конг која проучува конзумерска психологија. Општествата во кои повеќе е изразено заедништвото, каде што си веруваат повеќе едни на други и на нивните влади (како Сингапур), подобро се опремени за да се справат со епидемијата.

    Од друга страна пак, стратегијата секој-за-себе навистина ќе биде нагласена во САД, -рече таа. - Тие имаат ниска доверба, изразени индивидуалисти се и секако, тие не и веруваат на својата влада.
     
    На Elaine, Dust и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.121
    Пол:
    Женски
    Таму каде што сме сме од непочитување на пропишаните мерки од Министерството.

    А од ,,сите ќе го фатиме" доаѓа до панично купување маски, храна и тоалет. Залихите ќе се потрошат и ќе нема за оние на кои стварно им треба. Зошто да дојде до тоа кога е доволно мирно да се почитуваат мерките? Ама не, мора да узбуна да правиме ко крај на свет да дошол.
     
    На green.eyes, Elaine, jacqueline.s и 14 други им се допаѓа ова.
  8. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Многу ме интересира дали тие 3ца се оние што го донесоа тука вирусот од ќеиф или тие извлекоа жива глава па другите го кркаат?
     
    На Elaine, Sofi.ja, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.847
    Пол:
    Женски
    Цаца не е сигурно. Топ не ја бие.
     
    На Ivan4e04, Magic13, Elaine и 16 други им се допаѓа ова.
  10. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Не слушнав убаво, дали е само препорака кафулиња ресторани и казина да работат до 18 часот?
     
    На Elaine, emiliana, Tajnaotrovna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.219
    Допаѓања:
    8.739
    Пол:
    Женски
    Целосно се согласувам. Во тој контекст го споделив и текстот погоре во кој се објаснува зошто баш тие продукти ги купуваат луѓето. Луѓето го следат примерот на комшиите и пријателите, особено ако се сомневаат во институциите. Некогаш ова се прави целосно по автоматизам, да не речам несвесно.
    Ајде да демонстрираме однесување кое прилега на одговорни, совесни луѓе, кои не мислат само на себе и со доволно верба во системот за да можеме да се придржуваме доследно кон мерките што тој ни ги воведува и воспоставува.
    Јас еве се чудев зошто луѓето купуваат вода во пакети, нашата, скопската вода се пие од водовод. Дали е и тоа истотака заради пренесување на некои гласини од други земји кои ние сме ги прифатиле како пример? Не би била изненадена да е така..
     
    На Elaine и Lella им се допаѓа ова.
  12. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.054
    Допаѓања:
    9.156
    Пол:
    Женски
    И некој друг да ја пријави, ќе мисли дека јас сум ја пријавила, сега откако ја прашав.
    Ама сепак, се работи за колективно здравје.
     
    На Elaine и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Тројца во малку по критична состојба на инфективно заради проблеми со дишење, пациентите се над 60 години.
     
    На Elaine и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.441
    Допаѓања:
    60.702
    Пол:
    Женски
    А заборавив да пишам од вчера случка. Се возев у бус, прават двајца господа од околу 40тина години муабет, едниов му вика на другиов, ај бе шо и да фатиме нас ништо не ни може вирусов, ги напаѓа само тие што се со намален имунитет, со сида, тамам педериве ќе се исчистат низ земјава.

    Македонија лејдис енд џентлмен.
     
    На Ivan4e04, Jana06, SuperGirl24 и 30 други им се допаѓа ова.
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Пријави и ич да не ти биде гајле што таа ќе мисли. Штом сама нема свест и совест..
     
    На Elaine, ivi1987, темјанушка и 9 други им се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.117
    Допаѓања:
    67.120
    Пол:
    Женски
    И јас не разбрав убаво. Ем вика препораки се, ем задолжително е, исто и за приватниците. Значи ако е задолжително е наредба, не е препорака.
     
    На Elaine, темјанушка, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  17. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.450
    Допаѓања:
    38.498
    Пол:
    Женски
    Еве за сите важи сега кажа министерот. Сите што патувале во земји со висок и среден ризик. Кој да ги упати и каде, сами треба да се изолираат. (facepalm)
     
    На Elaine, темјанушка, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.271
    Допаѓања:
    18.391
    Можно е,нели едниот беше над 65 години.

    Еве занимација за мајките што не знаат што ќе прават со децата дома
    Screenshot_20200312-114318_Facebook.jpg

    Друго исто имате и креативен предизвик на инстаграм;)
     
    На Elaine, Doozy, Chantal и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.692
    Допаѓања:
    134.924
    А на кои стварно им треба а на кои не? На сите им требаат маски, на сите им треба храна и тоалет, ако речат -изолација за скоро сите, сите треба да јадат. И како да се почитуваат мерките кога луѓе работат во услови што не им дозволуваат миење раце на 10 минути кога се во постојан контакт со луѓе? Маска ако носат редовно треба да ја менуваат. Не верувам дека некој ќе купува храна за 2 месеци однапред, за 2 или 3 недели па не гледам проблем, јас редовно купувам за 2 недели храна. Кој ќе знае дали купувам заради паника или ми е нормално пазарување? Тие празни полици се во други земји каде не им е пробем да испазаруваат и за 6 месеци однапред па заради паниката тоа и прават.
     
    На babydust, cresa-jagoda, emiliana и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.138
    Допаѓања:
    21.982
    Пол:
    Женски
    Добро само кај мене звуков од канал 5 е крш, новинариве ништо не ги слушам, венко ептњн тивко...
    Го оптеретив звукот, на 2та телевизори исто.
    Ок збори човекот, ама не знам дали има за кого.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.