Коронавирус: Состојбата во Македонија и светот

Дискусија во 'Коронавирус' започната од LovelyGirl3, 26 јануари 2020.

  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Вознемирува навистина ама еден доктор, не се сеќавам кој, на ТВ изјави дека 2 починати на 30 новозаразени секој ден и 9 починати на 150 новозаразени секој ден е слично, ако не и исто. Мислам дека е во право, колку повеќе заразени толку повеќе починати.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Во Шведска дневно има по 1200-1300 нови, најголем дел од нив асимптоматски или со многу лесни симптоми. Бројката на хоспитализирани и тие на интензивна секојдневно опаѓа, наспроти високите бројки новорегистрирани.
    Само за споредба, заклучно со четвртокот имало само 170 лица на интензивна, а имаше 3 или 4 пати повеќе во Април на дневно ниво. Тогаш тестираа по 4-5000 неделно, сега над 60000 неделно. Во Април имаа по 300-400 нови позитивни лица дневно, сега по 1200-1300. Процентот на сериозно болни сега е помал од тоа што беше во Април.

    Капацитетите ги проширија за 150% од пред кризата. Персоналот им е исцрпен, на повеќето им даваат недела одмор плус од тоа што им следува. Убедени се дека во есен и зима ќе биде полошо од она што беше пролетта, и затоа се спремаат интензивно за тоа.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Значи покољ продолжува тие никакви мерки, или воведија? Важно за зима се спремале, сега тест им беше ова, ама на зимо...има од корен да пресечат.
     
    На LejlaD и mal.ecka им се допаѓа ова.
  4. TrinityNeo

    TrinityNeo Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2013
    Пораки:
    464
    Допаѓања:
    835
    Пол:
    Женски
    Убедени се дека во есен и зима ќе биде полошо од она што беше пролетта, и затоа се спремаат интензивно за тоа.[/QUOTE]
    Еве мене не ми е јасно како сите со сигурност тврдат дека од есен ке биде повторно и полошо
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Еве мене не ми е јасно како сите со сигурност тврдат дека од есен ке биде повторно и полошо[/QUOTE]


    Затоа што почнуваат други вируси, грип плус корона, хаос.
     
    На cresa-jagoda, DAngel, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  6. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Неколку пати повторија дека ако треба ќе се воведат порестриктивни мерки. Не знам зошто е потребна иронијата :)

    Мислат дека ќе биде полошо зашто овде сезонскиот грип секоја година е исклучително тежок, редовно има рота, други стомачни вируси и “зимска стомачна болест” буквално преведено, не знам соодветен превод. Мислат дека се’ ова во комбинација со короната ќе допринесе за исклучително тешка зима за сите. Нормално дека не знаат во кој обем ќе се шири вирусот, дали ќе мутира исл., само сакаат да бидат барем малку поспремни од пролетта :)
     
    На cresa-jagoda, fana, LejlaD и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    22.828
    Пол:
    Женски
    Еден случај што знам, почината од друго, пишана како корона без било каков тест,ама починала во болница,им рекле или потпишете или мора обдукција вие да си ја платите сами.
    Домашните се тестирани и негативни, за да можат на погреб, погреб по протокол.
    Ете не верував искрено, ама блиски ми се луѓево ептен.
     
    На cresa-jagoda, lovestoneddd, LejlaD и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Ако треба? Значи сега за сега се е по план?
    Поспремни за нив значи да се наоружаат со опрема, кревети, персонал, ковчези?
    Ко за богата држава која може да си дозволи да се стави на пауза неколкупати за општо добро, одлучи да жртвува граѓани.
     
    На tinka-mace, Pepa B.. и Rozich им се допаѓа ова.
  9. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Моментално државата можела да се справи со ситуацијата во овие мерки, така кажаа официјални лица, не е ова мое мислење.
    Не, не се однесува толку на ковчези и кревети, туку на персонал. Не се мисли на нов, туку малку одморен и рехабилитиран постоечки персонал.
    Од кај знаеш колку може да си дозволи да биде затворена? Линк? :)

    Како и да изгледа состојбата отстрана, не се жртвуваа луѓето, намерно никој не жртвувал. Луѓе живеат овде, побогу, не монструми.
     
    На fana, LejlaD, mareane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.509
    Допаѓања:
    91.339
    Пол:
    Женски
    Токму тоа е најголемата грешка во Шведска,се жртвуваа луѓе поради погрешната проценка на само еден човек.
    Analiza na Igor Rudan,epidemiolog ,profesor na univerzitetot vo Edinburg.https://m.vecernji.hr/vijesti/igor-...a-svedske-borbi-s-pandemijom-covid-19-1398552
     
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.836
    Допаѓања:
    275.007
    За тие со кои била во контакт додека била жива (семејството пример) да знаат дека биле во контакт со заразен.

    Мислам дека (не тврдам) секој починат во болница и суспектен по протокол го закопуваат, а без оглед на причината за смрт погребите се само со најблиските (во минативе месеци двајца што познавав починаа од друго, немаа погреби по протокол за корона, но само најблиско семејство присуствуваше).
     
    На cresa-jagoda, LejlaD, green.eyes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски

    Не ја води само Тенел стратегијата за справување со вирусот. Цел тим стои зад него, има и над него други.

    Кажа самиот многу пати, најголем проблем испадна што се прошири заразата во старските домови, кои не биле спремни да се справат со зараза од овој тип. Ова мислење го делат и оние што му се спротивставија на стратегијата.
    Одлуката зошто мерките беа онакви какви што беа се донесени врз проценка на тогашните сознанија за вирусот и како би делувале одредени рестриктивни мерки кај народот и воопшто во општеството.

    Серизно мислите дека се’ зависело само од него? :?: И дека другите знаеле дека греши ама ете си ќутеле?
     
    Последна измена: 27 јуни 2020
    На LejlaD и JuLleE им се допаѓа ова.
  14. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Балкан апдејт:

    1. Романија- 325 новозаразени
    2. Србија- 227 новозаразени
    3. Македонија- 150 новозаразени
    4. Хрватска- 85 новозаразени
    5. Албанија- 61 новозаразен
    6. Грција- 23 новозаразени
    7. Словенија- 14 новозаразени

    ------

    Босна- нема објавено
    Црна Гора- нема објавено
    Косово- N/A
    Бугарија- нема објавено
     
    На cresa-jagoda, tinka-mace, LejlaD и 4 други им се допаѓа ова.
  15. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    Роднините во Шведска скоро сите беа заразени. Не ги ни тестираа. Според симптоми знаат дека беше корона. Дома беа со отежнато дишење, ама среќа помина. Не хоспитализираат средни случаи, само најтешки, барем таму кај што се родниниве.


    А за в зима хаос ќе е сегде, сезонски грип, настинки, вируси, капак корона.. :(
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и mareane им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Добро зошто толку лично ги земаш критиките кои всушност не се од мене сега измислени туку факти кои ги гледаме низ бројки кои не можат да се побијат. Да беше некоја трета земја ќе зборевме дека се неспособни, неорганизирани, диво племе од народ итн итн...што е Шведска поразлична со начинот на кој се справи? Демек топла вода ќе измисли? Експеримент неуспешен на сметка на луѓето. Како оправдуваш толку жртви? Тоа што твоите блиски роднини и пријатели не се таму за да настрадаат па полесно е од страна да се гледа?
     
  17. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Кај реков дека лично си земам и оправдувам? Членка праша како е моментално, кажав официјални бројки и што се случува моментално.

    Како мислиш не ме засега???? Кај ќе се лечам ако го закачам чудово, или било што друго?? И тоа како ме засега, тука живеам, тука растам три деца од кои две бебиња во ризична група, јас и сопругот во принцип не би требало да сме ризични, ама никогаш не се знае. И тоа како ме засега не толку за мене колку за тие три деца. Мислиш сеедно ми е кога ги гледам бројките секој ден?

    Бројките се превисоки. Не верувам дека постои разумно суштество што ги оправдува. Кажав она што се кажува овде, прашање милион пати поставено од новинарите, зошто тогаш биле поставени тие мерки. Не одлучував јас за тоа што да се прави за кризата.

    Она што малку ме иритира е што други луѓе од страна пробуваат да го опишат секојдневието и “нормалниот” живот малку неверодостојно или искривено. И тоа не од лично искуство туку од она што ќе се прочита на нет. А факт е дека заради стратегијата што ја имаат, одредени работи и изјави се тотално извадени од контекст и пренесени на друг, бомбастичен начин.
     
    На CameliaMiller, fana, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  18. mareane

    mareane Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    9.385
    Допаѓања:
    279.202
    Пол:
    Женски
    И да нема некој поголем бран на корона сепак ќе биде стресен период.
    Нормално е тогаш да има настинки сезонски грип...Симтомите се тие.Секое поткашлување или тт ќе биде знак за паника.А кој на есен зима не се подразболел.
    Само да се надеваме дека потешките форми на короната ќе бидат помали .И да може здравствово да функционира како така понормално...
     
    На cresa-jagoda, mal.ecka, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.976
    Па се осеќа твојот дефанзивен став, демек не знаете што се случува овде а зборите. Ок, некои работи се преувеличуваат, измислуваат, ама претежно се збори она што на секој портал можеш да го прочиташ, се коментираат бројки и проценти. Можеби сум пропуштила некој твој пост ама јас немам приметено да ги критикуваш. Може сум грешка. Колку за споредба за Ноле еден куп критики фрли оти не испочитувал мерки и ставил луѓе на ризик, потсмевање за неговата арогантност и "јас сум над вирусот" став, а државата во која живееш така се понаша од старт. Каде си со таквите критики?
     
    На темјанушка му/ѝ се допаѓа ова.
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Каде на нет пишувало дека во август ќе стивнела коронава а на есен поточно во ноември ќе било толку јако што пак сите домае сме биле?

    Има некој линк?

    Ова ми го кажаа, ама неможам да го најдам, па реков ако некој го читал да постира.
     
    На cresa-jagoda, LejlaD и LiliBoz им се допаѓа ова.